Услови за другарство

Член од
28 април 2007
Мислења
6
Поени од реакции
0
-drugarstvo e koga nekoj ke ti pomogne vo teskite momenti,koga ke te utesi,ke go najde vistinskiot zbor i ke ti pomogne da ja najdes smislata za zivot.E toa e prav drugar!

drugarite se retki...postojat mnogu poznanici......
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
Што според вас е предуслов за да започне едно другарство, како и истото да продолжи и да успее?
Мислам дека не можи да има предуслов, бидејки, ако е пишано да бидиш другар со некој ке бидиш, ако не никогаш! Имам една таква замисла што, со некој можеш да станиш другар за еден ден, а со некој да се мачиш и 100 години не можиш! Така да треба само доверба!
Исти или различни (кои би се надополнувале) карактери?
Карактер-па барем слични! Ако се сосема исти не би било тоа тоа, се исто ваљда некогаш тоа ке затупи! Ако се малку поралични, ке има нови идеи,мали несогласувања кои дрѕрарството го прават поубаво!
Исти или различни професии?
Нема врска работата и професијата! Кој шо сака нека работи, тоа не го мешам со другарството!
Исто или различно работно место?
Исто како и минатото прашање! Нема врска и иста да е и различна работата сеедно! Макар да има предност ако рАБОтат една иста работа, бидејки можат да менуваам мисења, идеи, доживувања...
Иста или различна материјална состојба?
Никогаш не сум гледала кој колку пари има! Матерјалноста е последна за мене! Поглупаво од тоа да гледаш кој колку има според мене е нешто грдо! Без разлика кој колку има, на прво место го ставам другарството!
Ист или различен вкус за партнери?
Па, пак би рекла слични! Али има и предности и маани! Предност што и двајцата другари имаат сличен вкус и можат да зборуваат секој за себе, и на крајот да донесесат една иста одлука! Маани-ако двајца другарки/другарки се затрескаат во еден ист/а! После? Но, сепак ако е силно и стабилно другарството ни еден ни друг нема да дозволи да се случи тоа!
Ист или различен пол?
Некогаш машките знаат да бидат многу подругари од девојките, но сепак не верувам во другарство помегу машко и женско како што верувам помегу женско и женско/машко и машко!
Сепак-ист пол!
Исти или различни погледи општо на животот?
Не исти, но не различни! Барем слични!
 

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Услови и предуслови за другарство немам, сите имаат шанса да ми бидат другари/ки, не ме интересира ни што работи, ни што учи, ни што има завршено, ни ништо. Карактерите мислам дека не играат голема улога, може да бидат со исти карактер како мојот, а може и сосема спротивен карактер од мојот да има, кога се работи за другар/ка не ми претставува проблем. Се додека можам да комуницирам со него/неа не ми смета. За изборот на партнери до сега не сум се нашла во ситуација да ми се допадне некој дечко кој истовремено ќе и се допадне и на моја другарка, за сега сите сме биле со различни вкусови, а и имам една мана кога некоја другарка само ќе спомене дека некој дечко и е симпатичен во моите очи тој никогаш буквално никогаш нема да биде прикажан како симатичен дечко со кој би можела да имам нешто, дури и кога би прекинало другарството помеѓу мене и таа другарка јас неможам да го гледам со други очи:toe: . Материјалната страна на другарите/ките никогаш не ја гледам, ако имаат си имаат за нив, ако па немаат тогаш повторно си немаат за нив не за мене. Кај мене преовладува истото она како и кај Форчн, кога нема другарката, а имам јас тогаш одиме на кафе на мој трошок и обратно. Мене ми е важно да сум во друштво на луѓето што знам дека ме ценат и ме почитуваат поради тоа што сум и каква што сум. А со тие лицемерните после првото кафе прекинува секаков нареден контакт.
Со правите другари/ки ни времето ни далечината не ми претставуваат никаков проблем, без разлика дали ќе се гледаме секој ден по цел ден или еднаш неделно/месечно, не ми менува ништо. Секако дека сакам што повеќе да бидат околу мене и ништо да не не разделува но не е секогаш како што сакаме. Имам другарки кои се далеку од мене но тоа не не оддалечило, сеуште сме блиски исто како да се тука, а исто имам и другарки со кои се гледам секој ден па не ми здосадиле дури понекогаш ми е малку и тоа што цел ден сме биле заедно па посакувам денот подолго да трае :vozbud:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Имам другар(к)и со комплетно различни карактери од мојот, со различни гледишта и ставови, различен вкус за мажи, другар(к)и кои се по“богати„ но и по„сиромашни“ од мене, (машки:)) другари кои ги гледам само како пријатели и ништо повеќе...Ниту еден од наведените критериуми не ми е потребен како предуслов за склопување пријатели.

За да почне едно пријателство веројатно е доволна само добра комуникација, да ви иде муабетот.:) Понатаму некои заеднички карактеристики, интереси, погледи, за да го упатат познанството во правец на пријателство, и на крајот доверба, почитување, разбирање, искреност, лојалност, за да се оддржува тоа пријателство.

Смеам да прашам нешто во склоп на темава, нели? (ако ви се пишува, ако не, здравје)
Дали мислите дека на едно вистинско другарство може да му влијае тоа колку често се гледате со личноста?
- Дали може ако некое време сте оддалечени (патувања, промена на живеалиште и сл.), тоа да ве оддалечи?
- Или обратно, ако често се гледате со другарот/другарката, да ви здосади и да посакате да одморите малку од гледање?
Може, и тоа многу. Што почесто се гледате, толку повеќе ќе се зближувате. Ако се оддалечите физички, многу веројатно е дека и „душевно“ ќе бидете се помалку блиски, додека конечно на крајот, не се распадне пријателството. Контактите мора да се оддржуваат, зошто доаѓаат нови потенцијални пријатели што може да ги засенат старите.:) Е сега, добрата работа кај пријателствата е што, за разлика од врските, оставаат простор за повеќе од еден пријател, ама па и тоа си бара време и посветеност, а и не можеш со секого да бидеш исто близок.:)

А дека може да ви здосади од премногу гледање, па, не верувам... Мислам дека ретко кој поминува до тоооолку многу време со само еден пријател за да би му здосадил.:) А и да се случи, тоа би било моментално само.
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
...vo zivotot ima tri bitni raboti za mene...ednata vika deka rodninite ne sme vo sostojba da gi birame-ama drugarite da...drugata vika deka sekoj partner/ka,e donekade najlubomoren na nashite drugari...i tretata e deka podobro e da se ima odreden pomal krug na vistinski drugari otkolku eden kup poznanici...
 
S

Sith_Lord

Гостин
Немам навика да анализирам зошто сум другар со некого. Ако почнам да чепкам во механиката на таа појава, постои можност да заебам нешто во "фабричките" сетинзи. Не сум психолог, ниту имам претензии кон тоа.

Sith
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
PSYtisfaction напиша:
Може, и тоа многу. Што почесто се гледате, толку повеќе ќе се зближувате. Ако се оддалечите физички, многу веројатно е дека и „душевно“ ќе бидете се помалку блиски, додека конечно на крајот, не се распадне пријателството. Контактите мора да се оддржуваат, зошто доаѓаат нови потенцијални пријатели што може да ги засенат старите.:) Е сега, добрата работа кај пријателствата е што, за разлика од врските, оставаат простор за повеќе од еден пријател, ама па и тоа си бара време и посветеност, а и не можеш со секого да бидеш исто близок.:)
Не би се сложила со болдираното, бидејќи моето искуство кажува друго:) Сум била оддалечена од другарките и со месеци, но никогаш блискоста не ни се намалила, а уште помалку се распаднало другарството. Секогаш сме наоѓале начин како да контактираме и да си се известуваме за новите случки во нашиот живот, едвај сме чекале да се видиме и да надокнадиме за сето време додека не сме биле во близина.
Се сложувам со тоа дека контактите мора да се одржуваат, но не се сложувам и со тоа дека потенцијални пријатели можат да ги засенат старите:)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Мислам дека не се многу важни тие услови.Едноставно пријателство може да почне многу спонтано,но сепак влијае доколку се делат исти интереси или слични професии за започнување на првиот разговор.
Ама не е пресудно зашто може едноставно да се појави блискост и поврзаност дури и меѓу тотално спротивни личности.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Прв, и најважен, услов ми е интелектуално да се надополнуваме и да имаме заеднички интереси. Занчи не да имаме идентични ставови и гледишта(во тој случај би станало досадно:) ), туку контактите со пријателот да ме поттикнуваат на размислување, да ми раѓаат интерес...кратко кажано да направат да имам желба да разговарам со него/неа. Потоа тука е и чувството дека можам да се ослонам на него/неа и да се осеќам опуштено во негово/нејзино присуство, затоа што во спротивно би останале само познаници. Инаку, нештата како општествен статус, пол, физички карактеристики и сл. ми се тотално неважни. А, од карактерните особини, апсолутно не поднесувам егоцентричност и особи со "комплекс на виша вредност".
Околу тоа дали честината на контактите и оддалеченоста влијаат на пријателството? Сметам дека влијаат, затоа што во периодот кога не сме комуницирале и на двајцата ни се случиле многу промени(било мали или големи), кои не сме ги споделиле еден со друг, а тоа ствара празнина која може да доведе до ладење на односот. Но, доколку навистина се сакаме и сме на слична "бранова должина", доволна ќе биде една средба за да се надомести пропуштеното.
И да, после подолг период на интензивно комуницирање со пријателот, скоро секогаш се јавува чувство на заситување. Едноствано се доаѓа до точка кога освен да си раскажувате што сте правеле денес(тука мислам на онакви тривијални детали) или да оговарате, немате што друго да зборите. У такви случаи, обично се изолирам некоја недела, и монотонијата ја снемува, па пак со нетрпение очекувам да се видам со пријателот.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Fortune напиша:
Не би се сложила со болдираното, бидејќи моето искуство кажува друго:) Сум била оддалечена од другарките и со месеци, но никогаш блискоста не ни се намалила, а уште помалку се распаднало другарството. Секогаш сме наоѓале начин како да контактираме и да си се известуваме за новите случки во нашиот живот, едвај сме чекале да се видиме и да надокнадиме за сето време додека не сме биле во близина.
Се сложувам со тоа дека контактите мора да се одржуваат, но не се сложувам и со тоа дека потенцијални пријатели можат да ги засенат старите:)
Абе фала богу, напредни времиња се, дадено ни е и телефон и месинџер и брза пошта и мејл и што ни душа сака што ќе ни овозможи да држиме контакт со некого.:) Ама не е тоа тоа сепак, не е исто како во живо. Тоа ти е слично како врските на далечина- ти можеш и по 5 саата дневно да разговараш со личноста, а сепак полека ќе се оддалечувате и ќе си недостигате и нема да функционира како во живо.
А дека новите пријателства можат да ги засенат старите, тоа не можеш да ме разубедиш. :icon_lol: Ако со еден пријател си поминувал заедно голем дел од денот секојдневно, кога ќе си замине пријателот, нормално е дека ќе почувствуваш потреба да стекнеш друг пријател кој ќе ти биде исто близок, или спонтано ќе запознаеш некого, кој со тек на време ќе го засени стариот... Не викам дека ќе го избрише од твојата меморија де:), ама ќе го зазема негово место и полека ќе станува повеќе „значаен“ од стариот.

Не мора секогаш да значи де, ама по мое искуство, така е обично. :)
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
PSYtisfaction напиша:
Абе фала богу, напредни времиња се, дадено ни е и телефон и месинџер и брза пошта и мејл и што ни душа сака што ќе ни овозможи да држиме контакт со некого.:) Ама не е тоа тоа сепак, не е исто како во живо. Тоа ти е слично како врските на далечина- ти можеш и по 5 саата дневно да разговараш со личноста, а сепак полека ќе се оддалечувате и ќе си недостигате и нема да функционира како во живо.
Сега се такви времиња, порано поинаку комунициравме:)
Врска е едно, а другарство е друго:) Кога се работи за врска (пример=) може да те мачи нешто (кое го нема во другарството) и тоа да те оддалечува.
PSYtisfaction напиша:
А дека новите пријателства можат да ги засенат старите, тоа не можеш да ме разубедиш. :icon_lol: Ако со еден пријател си поминувал заедно голем дел од денот секојдневно, кога ќе си замине пријателот, нормално е дека ќе почувствуваш потреба да стекнеш друг пријател кој ќе ти биде исто близок, или спонтано ќе запознаеш некого, кој со тек на време ќе го засени стариот... Не викам дека ќе го избрише од твојата меморија де:), ама ќе го зазема негово место и полека ќе станува повеќе „значаен“ од стариот.

Не мора секогаш да значи де, ама по мое искуство, така е обично. :)
Ма немам намера да те разубедувам во ништо:icon_lol:
Ниедна личност во мојот живот не може да заземе место од друга личност. Секој си има посебно место, затоа кажав дека моето искуство кажува дека не постои засенување.
За да ти стане појасно на што мислам, ќе ти кажам еден пример. Имав другарка која живееше во друг град, но секогаш наоѓавме начин да останеме блиски, се трудевме да го одржуваме другарството. Комунициравме преку телефон и преку писма, па потоа и преку интернет, а често и се посетувавме. Секогаш кога нешто ново ќе ни се случеше, веднаш се информиравме. Сплет на околности (не се важни конкретните причини, но немаат врска со далечината), прекинавме да се дружиме. Секако дека си имав и други другарки, ама никогаш не ја сакав помалку од нив и не барав личност која ќе ја замени. Со сите другарки имам различни спомени кои не` врзуваат и затоа ниедна не може да ја замени и засени другата доколку недај боже се оддалечам со некоја. Ако склопам ново другарство, со таа личност ќе имам моменти кои ќе ме врзуваат само со неа.
Значи, местото во моето срце за секоја личност е посебно и не барам други за да ги заменат:) И празнината која би останала, никогаш друга личност не може да ја пополни, таа личност ќе си најде ново место:)

Да не ја тупам уште, ме сфати. Сепак, секој со своето искуство:)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Site od drustvoto se TOTALNO razlicni od mene..
No dobro mozebi zatoa so sum si takof karakter sto samo zbori i so sakam da bidam onaka sekad na tronot ko so se vika mozda e i podobro taka..
Ali devojceto so mi e najbolja drugarka e ISTA kako mene.. ISTA SKROZ..
Ist horoskopski znak LAV.. Isto ponasanje.. Isto mislenje.. MN MALKU razlicen vkus za tipci.. Potocno ideme negde.. Dvajca ni se svigaat i na dvete samo sto ne podednakvo.. Mene edniot pojse nea drugiot.. SEKAD E TAKA.. Se razbirme onaka BEZ ZBOROVI.. So pogled.. Isto mislenje iame.. ISto gledame na zivotot.. I dvete zborime po cel den :D:D Ali razlikata e u toa sto ona e malce postara pa ja sum pozeleno i pogolemo beljadzi4e a ona se smiruva POPOLEKA :D Sepak nemozam da kazam kakfi luge baram za prijateli.. Zatoa sto ete.. Sekad mislef deka treba da se nadopolnuvam so lugeto.. A so nea mi e super druzenjeto iako sme ISTI.. Nemoze tuku taka da se donese vakov zaklucok.. Mozebi toa sto najmn go mrzis kaj nekoj za prijatel.. Na pr ko so spomna nekoj MN ZBORENJE.. Bas toa moze mn slatko da izgleda kaj nekoj i da ti odgovara na nekoj nacin.. Taka da.. :baeh:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Што според вас е предуслов за да започне едно другарство, како и истото да продолжи и да успее?
Компатибилност на личностите. Не мора да значи дека се што сакаме е исто, но размислувањата да се во ист правец.
Исти или различни (кои би се надополнувале) карактери?
Она фамозно спротивностите се привлекуваат би го оставила за љубовните врски. За другарство, барем јас гледам колку-толку да ни се поклопуваат карактерите. Што повеќе заеднички работи-толку повеќе теми за разговор.
Исти или различни професии?
Ова не е битен фактор. Општите размислувања не зависат директно од професијата. Се додека можеме да се најдеме во муабет, професијата не ја сметам за релевантна.

Иста или различна материјална состојба?
Немам обичај да ги прашувам другарките колку се богати и слично :). Така да-не ми е битна материјалната состојба. Не е проблем ако некогаш нема пари, на сите ни се случува тоа.
Ист или различен вкус за партнери?
Различен!:pos:
Се шалам. Нека биде ист, се додека не ми се „меша у штипки“.:)
Ист или различен пол?
Не е толку битен, иако полесно можам да се доверам на женско. И нели, при решавање на проблеми (особено љубовни) поубаво е да чуеш исто размислување како сопственото (секогаш ТОЈ е крив :pos:).
Исти или различни погледи општо на животот?
Исти погледи не постојат. Слични може.
Има некоја посебна работа која мислите дека е клучна за вистинско другарство или тоа треба да е целина од повеќе работи? Кои би биле тие?
факт е дека многу ретко се наоѓа вистински пријател. Таа врска треба да се темели на искреност, цврстина и взаемно помагање. Едноставно, тоа треба да е личност на која можам да се потпрам кога сите други ќе ми го свртат грбот.
 

PoisonGrl

~Malo crveno~
Член од
8 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
2
Ne mi se vazni poveketo gorenavedeni raboti. Vazno mi e samo lichnosta da bide komunikativna i iskraena od samiot pochetok na prijatelstvoto. Se ostanato bi bilo interesna tema za razgovor. :)
 
Член од
14 април 2007
Мислења
793
Поени од реакции
6
dokolku nekoj te pocituva, ne te potcenuva ne go intresira kaj rabotis, so koj iskacas , kako si oblecena... i najvazno e tuka koga ti treba i ti pomaga togas toj e vistinski prijatel:3:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom