Услови за другарство

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Што според вас е предуслов за да започне едно другарство, како и истото да продолжи и да успее?
Да наведам неколку примери со кои ќе ве насочам во кој правец да размислувате ...
Исти или различни (кои би се надополнувале) карактери?
Исти или различни професии?
Исто или различно работно место?
Иста или различна материјална состојба?
Ист или различен вкус за партнери?
Ист или различен пол?
Исти или различни погледи општо на животот?

Има некоја посебна работа која мислите дека е клучна за вистинско другарство или тоа треба да е целина од повеќе работи? Кои би биле тие?
Ако никоја од овие работи кои ги наведов како примери според вас не е клучна, наведете тоа што го мислите вие.
:helou:
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Според мене е доста битно да имаат исти интереси, да слушаме горе долу иста музика, добри карактери што се надополнуваат... воопшто не е битна националност, религија или финансиска состојба...
 
N

NeMiRnA

Гостин
Nema nekoja ekstremno klucna rabota,nema uslovi za drugarstvo,kako sto ljubovta e bez uslovna,taka i drugarstvoto(i toa e eden vid na ljubov neli),no sepak neli od nesto treba da se pocne.Najcesto lugeto gi spojuvaat slicni zivotni situacii ili pak slicni problemi,togas sme najranlivi i sekoj sovet,sekoja uteha e najdobredojdena i taka poleka se steknuva doverba i zapocnuva od eden nevrzan muabet i prerasnuva dobro prijatelstvo.Nesto sto mene i moite drugarki sto ne spojuva se slicnite interesi i slicniot nacin na domasno vospituvanje,no nikogas ne mi bilo uslov za druzenje so nekogo materijalniot status,nemam zasto,ne sum grebator ili pak iskompleksirana da moram da se dvizam vo takvi krugovi,imam drugari/ki od sekakov tip.No,sepak nekoe nepisano pravilo,bogati so bogati,siromasni so siromasni,sekoj se dvizi na razlicni mesta so ogled na negovite finansiski moznosti,pa taka nastanuvaat prijatelstvata,no sepak se ona sto e bazirano na materijalnoto,dali ljubov ili prijatelstvo,za mene e plitko i licemerno.
Sepak smetam deka klucni se slicnite interesi,domasno vospituvanje i slicni zivotni patista.
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Kaрактерно се надополнувам со 3ца другари
1. Турчин
2. Босанец
3. Македонец

И сме си прекрасно друштво немам ни проблени ни навреди едноставно сме како Челична алка во која сите се држиме цврсто кога треба се надополнуваме веселиме Зафркаваме смееме реметиме.
Едноставно опстојуваме феноменално секој си е интересен на свој начин се надополнува на друг начин а се почитуваме на 3тет начин.
најубаво ми е кога сум во нивно пристутво и тие во мое =))) сакал нејкел мора да падне некој ремет смеа или било што: имаме исти погледи кон животот и скоро на исти цели ѓаѓаме сите во зависност од нашите професиии. :helou:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па, има неколку предуслови за започнување на пријателство.
Една од нив е дефинитивно надополнување на карактери,имање заеднички теми за разговор,и секако да се има до некоја мера слични сфаќања (овде не мислам да мислат или резонираат исто, меѓутоа сепак мора да има некој заеднички интерес, кој што би го створил тоа пријателство.На пример, ако некој ги цени луѓето само со брендирана облека, не би можел да ми биде другар,бидејќи тоа мене не ми е важно,нешто во тој смисол).
Еднаш прочитав една реченица која многу ми се допаѓаше која би можела да биде во контекст со темава.
Ти го немаш она што го имаат другите,тие пак ги немаат твоите доблести...од таа нецелосност се раѓа друштвеноста.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Дивајн напиша:
Исти или различни (кои би се надополнувале) карактери?
Две личности потполно исти или потполно различни карактери според мене не може да имаат. Некои ќе се со исти, некои со различни карактерни црти. Средината е најдобра опција.
Дивајн напиша:
Исти или различни професии?
Професијата и образованието за мене немаат врска. Што сака нека работи, ако е човек со кој можам да комуницирам нормално, воопшто не ме интересира дали има факултет или поразлична професија од мојата. Ако имаме иста професија, можеме да зборуваме за исти работи, а ако е различна - да размениме искуства, да научиме нешто ново.
Дивајн напиша:
Исто или различно работно место?
Може некој и да не работи, а да ми биде другарка. Не ми е некој фактор кој би бил пресуден за едно другарство. Ако работиш на исто место со другарка, имаш можност почесто да се гледаш, само тоа го гледам како некоја предност. Барем мене, никогаш не ми е доста од другарките и би ми било задоволство да работам со нив.
Дивајн напиша:
Иста или различна материјална состојба?
Не ги бирам другарките според нивниот џеб. Парите можеби се некој услов за да си дозволиш излегување, можеби некогаш нема да сум во можност да излезам или некоја од нив ќе биде во таква ситуација, но тоа не би требало да влијае врз дружењето. Е ова секој различно го прифаќа и сфаќа. Ако денес немам пари да пијам кафе со другарката - ќе плати таа, а ако утре нема таа - ќе платам јас. Задоволството да бидеш во нечија близина е поважно.
Дивајн напиша:
Ист или различен вкус за партнери?
Нејзиниот вкус е нејзина работа, мојот е моја работа. Апсолутно никаква врска ми нема вкусот со другарството. Секогаш партнерот од другарката го гледам само како пријател (на почеток поради нејзе, а потоа после самиот него откако ќе го запознам), а сум го забележала тоа и кај другарките. Затоа и не ми е гајле дали нејзиниот вкус се разликува од мојот.
Дивајн напиша:
Ист или различен пол?
Бидејќи не верувам во другарство (во вистинска смисла на зборот) меѓу машко и женско, би рекла ист пол.
Дивајн напиша:
Исти или различни погледи општо на животот?
Барем слични.

Дивајн напиша:
Има некоја посебна работа која мислите дека е клучна за вистинско другарство или тоа треба да е целина од повеќе работи? Кои би биле тие?
Разбирање, заеднички јазик, компромис, доверба, искреност.

Смеам да прашам нешто во склоп на темава, нели? (ако ви се пишува, ако не, здравје)
Дали мислите дека на едно вистинско другарство може да му влијае тоа колку често се гледате со личноста?
- Дали може ако некое време сте оддалечени (патувања, промена на живеалиште и сл.), тоа да ве оддалечи?
- Или обратно, ако често се гледате со другарот/другарката, да ви здосади и да посакате да одморите малку од гледање?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Некои посебни услови или критериуми за зближување не постојат освен оние вообичаените, за мене е битно да е личноста искрена, забавна, да ме почитува и да ми верува. За многу кратко време се зближив со другарката која денес ја чувствувам како сестра иако се знаеме помалку од една година ама сме буквално исти на карактер, сакаме исти работи, имаме исти ставови за се.
Материјалнта состојба воопшто не ми е важна, не се дружам со некого за да покажам пред народот кого имам за другар или пак да го користам тоа за да го искористувам, да ме финансира, ниту пак се срамам ако е слаб од финансиски гледна точка.
Пред се другарството се темели на доверба, а останатото ќе дојде само по себе.
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
со особата да сме со слични карактери и погледи на животот. професијата, работното место, материјалната состојба, вкус за партнери не е битна, а за полот, претпочитам другар(значи ист пол). секако, клучна работа е и искреноста, другарската пожртвуваност, разбирање, безрезервна поддршка...
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Да не збори многу. Ме нервираат луѓе што многу зборат.
 
Член од
24 мај 2005
Мислења
957
Поени од реакции
16
Малце ќе го нарушам розевиот свет на другарството, сепак најбитен услов е користа која ја имаат еден од друг.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
За другарство пред се е битна довербата и искреноста.И пријателската врска е лесно кршлива како било која друга.Битно е пријателите да имаат,ако не исти,барем слични интереси.Не е битно од кој пол се,иако од ист пол мислам дека подобро пријателство може да се изгради.За партнерите,секој има свој вкус за својата "сродна душа".Најбитни фактори значи за да се изгради пријателство се довербата и искреноста.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
111
Поени од реакции
0
Мислја,че другарство има не ,когато хората се гледат един в друг а когато гледат в една посока...
 

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Немам некој голем предуслов за некој да ми биде другар или другарка.Не ми се важни вероисповеста, економската состојба, полот...Барам само личноста да биде искрена со мене, убаво да се постави, да има разбирање, да ме цени како другарка и доверба да имаме еден кон друг
 

Kajgana Shop

На врв Bottom