Услови за другарство

Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
Не бирам пол..сакам подеднакво и машки и женски како другари се додека се искрени со мене,ме почитуваат,ме прифаќаат таква каква што сум,имаат смисла за хумор(воедно ја разбираат и мојата)..убаво е да се имаат слични интереси што би дало повеќе теми за муабет....а да, и не сакам лажно претставување за да се дојде до некоја цел,се додека не ме форсираат,додека не ми глумат и ми е убаво во нивното присуство,можам да почнам другарски однос
 

cyberlady

стара чупа
Член од
2 ноември 2005
Мислења
329
Поени од реакции
12
Другарство

Според мене услов за другарство е довербата. За да ми биде некоја девојка другарка треба да има доверба во мене и да биде подготвена да ми каже некои работи кои ги смета за лични, интимни и тајни. Еве зошто:

Пред неколку дена излегов чаршија да си купам бела памучна танга и ја сретнав Аница. Ми кажа дека Мимоза се вратила од бања. Бев многу загрижена за Мимоза затоа што се оперираше од рак. Кога стигнав дома, веднаш се јавив во МАНИЛЕНД И КОМПАНИ. Мимоза звучеше изнемоштено, но беше на нога.

Не сакав да одам во МАНИЛЕНД И КОМПАНИ онака, само на кафе без да имам некаква работа, ама не издржав. Викнав такси на своја сметка и отидов да ја видам Мимоза. Навистина беше во канцеларија и седеше на стол. Топло ја прегрнав и ја бакнав, затоа што ми беше жал за неа.

Не поминаа ни неколку дена, ми се јави Аница и ме замоли да одам во МАНИЛЕНД И КОМПАНИ за да го поправам програмот за вирмани да работи со новите вирмани кои ги купуваат. Си зедов такси овојпат на сметка на фирмата и отидов во МАНИЛЕНД И КОМПАНИ.

На програмот работев два дена и дури ми стана досадно. Аница беше таму, па пробав да ја искористам шансата да започнам разговор со неа.

- Кажи ми, Аница - и реков - немаш ли момче?

- Не, ти кажав - ми рече Аница.

- Добро, толку ли никој не се наоѓа - ја прашав очајно.

- Ама добро сега - почна речиси да вика Аница - некои работи се сепак интимни, нели? Лични и не се кажуваат на секого? Е па и оваа работа е лична и интимна и немам никаква намера да ја поделам со тебе!

Е има ли овде услови за другарство?:toe:
 

Љупка

CLAW
Член од
30 јули 2008
Мислења
69
Поени од реакции
5
Услови за другарство?
Па...
ИСКРЕНОСТ
ПОЧИТ
ДОСЛЕДНОСТ
И многу други...
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
82
Поени од реакции
2
Pa jas iskreno imam 3ca drugari sto bi gi izdvoil od mnogute kako drugari sto bukvalno zivotot bi go dale
za mene...i nikogas ne bi me odbile za sto bilo da e..nitu pak jas bi go storil istoto....
a za steknuvanje na takvi drugari spored mene nema nekoj poseben recept osven...osven da si ISKREN, i da ne si DVOLICEN sprema niv....a jas poznavam mnogu luge sto mectaat da imaat vakvi drugari ..i sekoj vo sekoj vtor se nadeva na drugarstvo...sto nikogas ne bi go dobile....bidejki deneska sekoj saka da go dobie toa sto go saka....i ic ne go boli za "drugarot" ili "drugarkata"...a posledicite ostanuvaat.....kako i da e.....dobra tema....
 
D

DeviL_32`

Гостин
Услов за другарство...Па не е битно дали е машко или женско, но на сите би одговарало да слушаме иста музика, да не љубоморе и лицемере, и има добар однос со нас и со другите :smir:
 

Alien®

Finally founded...in love...
Член од
3 февруари 2008
Мислења
162
Поени од реакции
5
Што според вас е предуслов за да започне едно другарство, како и истото да продолжи и да успее?
Да наведам неколку примери со кои ќе ве насочам во кој правец да размислувате ...
Исти или различни (кои би се надополнувале) карактери?
Исти или различни професии?
Исто или различно работно место?
Иста или различна материјална состојба?
Ист или различен вкус за партнери?
Ист или различен пол?
Исти или различни погледи општо на животот?

Има некоја посебна работа која мислите дека е клучна за вистинско другарство или тоа треба да е целина од повеќе работи? Кои би биле тие?
Ако никоја од овие работи кои ги наведов како примери според вас не е клучна, наведете тоа што го мислите вие.
:helou:
За мене ништо од горе наведеното не е предуслов за започнување пријателство со некој. Битно ми е само неговото однесување спрема мене и искреноста...да не ми прави лице...
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
..не гледам раса..боја...пол..сакам само да е ведра личност(као мене)..увек да се смее...да знае заебанцие..а не некои ко дрва..само седа..гледаа и чутат...хмм со нив не можам да се дружам..ама ипак услови за другарство?:toe::toe::toe:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Услов за другарство? Многу просто - да ми биде убаво во друштвото на тој човек/луѓе.

Сум бил во друштва во кои ми било многу напорно и каде сум морал да внимавам кој како мисли и да ги контролирам своите зборови, чувства, па и мисли. И не бев среќен, само за другите да бидат среќни.

Потоа раскрстив со тие луѓе и сега сум тотално посреќен.
 
Член од
2 септември 2008
Мислења
52
Поени од реакции
2
Јас имам неколку другари и многу пријатели. Значи има разлика. Пријател е онака некој што го познаваш. А другар... некој што нема да те одбие кога ти треба помош, ниту па ти ќе го одбиеш. Заедно во секакви ситуации, и не ти е досадно со нив мжеш да киснеш по цели денови. Имаш заеднички интереси дефинитивно.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom