Денес си се ишишав и се избричав, и таман видов како изгледам, од брадиштето едвај фацата си ја гледав, ама пуста мрза, ми се чини попрво бавча ќе ископам отколку да фатам да се избричам
Се јави брачед ми за да излезиме на едно кафе, од ко потпиша за Металург ѕвезда стана да го ебам, сега демек контрола на излегување, режим во јадење и пиење, карантин пред утакмицата со Вардар недела
фаца, идол ми е, го обожавам чоекот, знае да ме насмее квалитетно.
Исто уживам поради помислата дека утре си одам дома, кафенце мафенце покрај езеро, истите 20 луѓе што седат на истите маси и пијат иста работа секој ден, ама пак ми недостига монотонијата понекогаш, ко ќе размислам и јас сум таков, па да се видам со другарите, цела една недела не сум се видел, да си погугуткаме малу, па после Милан играт аууу викенд ипол ќе бидит.
Плус убаво е чувството сите предмети да си ги положиш на колоквиуми, дури сега сфаќам колку им било убаво на колегите све така фино и средено. Со моите скромни бодови кон долните граници мислам дека еден ден ќе седам во собрание, а не пак да си поучам малку повеќе ќе мислам бесмртен сум зато сеј си мирен
Убав период.