Уживам кога можам онака да се опуштам, да не правам ништо и да не размислувам за ништо освен за тоа колку е убав животот
Уживам во добра книга/филм.
Уживам кога можам некому да речам told you so.
Уживам кога ќе видам дека некој ги цени и применува моите совети.
Уживам кога го дочекувам будна изгрејсонцето, чувствувајќи се одморена како да сум спиела цела ноќ.
Уживам кога после ладен туш ме дочекува топла прегратка.
Уживам кога некој ме гали по косата.
Уживам да се мешам во животите на моите најблиски.
Уживам кога ќе ги видам најблиските среќни, посебно ако и ја сум придонела за тоа.
Уживам во пролетта (освен денес, пошто ме фати некоја алергија
), шаренилото, сонцето, мирисот на расветани дрвја...
И понекогаш, ама само понекогаш (добро, во последно време малку почесто) уживам во самотијата и сопственото присуство
И уште во многу други работи уживам, ама толку ми текнаа во моментов.
Бај д веј... НЕ УЖИВАМ во учењето