Се заколнал дека ќе се обричи кога бин Ладен ќе биде фатен, се начекал!
Американскиот учител Гери Ведл (50) после 11 септември 2001, се заколнал дека нема да се обричи додека Осама бин Ладен не биде фатен. Не очекувал дека тоа ќе трае 10 години.
По терористичкиот напад 11. Септември 2001 година, американскиот учител Гери Ведл од Вашингтон се заколнал дека нема да се обричи додека не го фатат Осама бин Ладен, сепак мислел дека се во прашање месеци а не 10 години. Иако цела Америка се веселела во понеделникот Гери се веселел најмногу. Конечно се ослободил од долгата брада, која достигнала до неговите гради.
-Првите 5 минути плачев, а потоа го грабнав жилетот и не можев да ја отстранам доволно брзо – изјавил Гери, а неговата сопруга Донита е пресреќна што повторно може да го види лицето на својот сопруг.
-Изгледа како да е десет години помлад. Ова е многу среќен момент за нас, а исто и за цела нација-рекла таа. Управителот на школото го пофалил пред учениците и рекол дека треба да се угледаат на него, зашто го одржал зборот цели 3454 дена.
-Ако сакаат да ми ја обричат брадата во ковчег – може. Но сам тоа нема да го направам. Не го заборавив 11 септември и нема да дозволам некој да го заборави - рекол во 2003 година. Луѓето тогаш го исмејувале и велеле дека тој само прави будала од себе.