Убавата страна на мултиетничноста и соживотот... па нема апсолутно неубава страна во мултиетничност и соживот. Ако истите постојат.
Соживот е кога не постои потреба од зборот соживот, кога постои само зборот живот.
Кај нас такво нешто нема, кај нас постојат паралелни универзуми, замислени граници, посебни училишта, посебни кафулиња... ние сме поделени од градинка натаму
Поделени од градинка натаму.Не добиваме сите образование на јазикот на земјата во која сме од раѓање и не го добиваме во мешани паралелки.
Туку поделено е образованието по јазици и етничка група.После тие истите се жалат дека не биле интегрирани (со одбивање за учење на јазикот на земјата во која живеат на децата од 1 одд.), а самите си се/ги гетоизирале од деца и не можат да го користат без потешкотии јазикот на земјата во која живеат настрана од нивната околина и не можат или подобро нејќат да се потрудат за да се прилагодат.
А ако речам зошто во Њујорк во ист клас се и Американци, Мексиканци, Кубанци, Македонци, Кинези, Корејци, Руси, Хрвати, Италијанци и наставата на сите им е на англиски и учат историја на САД, ќе речат таму била друга ситуација.И да земат националности таму така да почнат со јазична сегрегација на Американциве ќе им е потребно едно 30 јазици да научат на основно ниво, само за својот град.
Од прво одд. па навака сум имал соученици/колеги од сите националности, освен од албанска.Најголем дел добро се прилагодувале и биле прифаќани од останатите, јазикот го владееа најнормално, без разлика дали дома или фамилијарно можда комуницирале поинаку.И никој не ги асимилира, никој после не стана Македонец.Сите си останаа Турци, Власи, Роми, Египќани, Хрвати, Срби и добија почит како секој друг.
А знам за еден брачен пар од албанска националност, добија страшно презирање и одбивање од ‘своите‘ поради пуштање на нивните деца во македонска паралелка.