Колку и да звучи нелогично, мора да има наталитет за раст на економија(или барем имиграција како на запад). Не знам дали си отишол во помалите градчиња низ државава да видиш дека ништо не успева. Зашто е тоа така? - Затоа што нема народ. Во Скопје се се движи, и има пари заради што се доселуваат од провинција.
Да претпоставиме ситуација. Во помало градче отвараш сендвичара, ама пошто нема доволно народ, немаш приходи, и не можеш да опстоиш. Затоа што ти немаш доволно, не можеш да отидеш во продавница за облека и да си купиш нешто, па така тој што ја држи продавницата(и зависи од такви како тебе) не може да заработи доволно. Така и тој не може да отиде да си ја реновира куќата, да купи прозори да искречи итн. Па тие што продаваат прозори или креч, не можат доволно да заработат и пропаѓаат. А замисли ситуација, каде што се раѓаат многу деца и има многу повеќе народ и тој со сендвичарата не само што заработува добро, туку има простор и за уште неколку да се отворат. Па така тој има пари да троши за многу други работи кои се пак приливи за некои други. Па така се создава далеку подобра економија.
Се е поврзано, едно од друго зависи. За раст и развој мора да се зголемува бројот на населението, или во најмала рака да се репродуцира(ако постојното е супер ефективно). Да, знам дека не е лесна транзицијата, пошто некоја генерација мора да стисне заби за другите да имаат добивка.
И уште една работа што морам да ја потенцирам, е дека Македонскиот народ, врска нема од капитализам. Промената од плански систем кон пазарен систем, сеуште не е завршена и треба да поминат уште некои генерации за да почне народот да размислува дека треба да создаде ВРЕДНОСТ за да заработи нешто, а не да чека "вработување". Задолжително за сите оние кои се воспитувани во социјалистички дух (и тие кои се родени тогаш, а и овие транзициони генерации) е читање на "The Wealth of Nations" од Adam Smith, или "Human Action" и "Man, Economy and State with Power and Market" од Ludwig von Mises. Сите три книги се надвор од аворски права и се бесплатни.
А за Груевски, сметам дека има донесувано и носи многу погрешни одлуки. Имам чувство за него дека како и претходните работи против интересите на Македонците.