Уапсен е актерот Кили

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.060
Поени од реакции
80.946
Се фаќаш за најнебитниот елемент од мојот исказ погоре и сега ме чекаш да кажам дека марихуаната му го изела телото, така што ти потоа ќе почнеш да ми објаснуваш како марихуаната не е дрога ;)
Таква тема има на друго место за докажувања, и таа тема мене не ме интересира, затоа што имам изградено свое мислење за истата во која што никој не може да ме разубеди.
Овде муабетот е стриктно за Кили и те молам да се задржиме на истиот доколку намерата ти е таа што ја пишав, се разбира.

Да скратиме, наместо тоа, наврати се на мојот пост и прочитај уште еднаш дека пишав дека нема дрога што Кили ја нема пробано и користено.
Ако тоа не е доволен одговор на твоето прашање „Која дрога му го уништила телото на Кили (во однос на масовно слабеење, и психичка деформација), ондак нема што да разговараме понатаму :)
Ах, толку ли е тешко да се одговори на просто прашање?

Тоа од дрога му е, ОК.
А иначе нема шанси да му е од ракот нели?
...тоа слабеење и деформации
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Тоа од дрога му е, ОК.
А иначе нема шанси да му е од ракот нели?
Кили го знам многу, многу години уназад. Не само него, туку и неговата фамилија. Кили беше слаб дечко по природа - да, ама ти викам дека дрогата го уништи и го ослабе така многу што се направи тенок како соленка.
Тогаш тој немаше ниту рак, а ниту пак имаше било каква сериозна болест...

Тек потоа протече медиумска информација дека има рак на коските за која што нема медицинска потврда дека е тоа вистина, ама и да е, тоа не би ме чудело...
Секако, можеби и ракот допринесува за неговото слабеење во моментов (доколку вистински го има), ама она што сакав да ти го кажам е дека ракот не е првата причина за неговото слабеење :)

Од ваков тип на човек, ништо повеќе не би ме изненадило.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
На човеков толку шанси му беа дадени и пак....патмам пред 10 или колку и да беше години кога го ангажираа да зборува против дрога со карван низ македонија, претстави му даваа иако беше очигледно дека е под дејтво на дроги, златна бубамара му доделија дојде хај како змеј, паркче си направи во капиштец и го толерираа комшиите и тн. Како глумец е добар ама дрогата очигледно му го помрачи умот. Немам симпатии за нарко зависници и алкохоличари на кои им е дадена шанса не еднаш туку сто пати.
 
Последно уредено:
Т

Триптико

Гостин
Марихуана не го лекува ракот (ако го има воопшто). Докажано е дека само ги намалува болките. Наместо да биде на синтетички опијати, вака е природно и помалку штетно. И доста го браните и јас го знам, уште од времето кога на цело маало им шиткаше. Ни гледал колкав е тој што зема, ни го интересирало. Дека е роден за песна, пијано, глума...ДА. Од друга страна, дека е обична домашна џукела, поголемо ДА.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Апсолутно се слагам!

Како го направија ко да е најголем херој во државата, а всушност се работи за една таква голема тешка битанга што не заслужува да го дише воздухот ни секунда.
Оние што подобро го познаваат приватниот живот на Кили (ван медиумските текстови, неговите изјави и „новинарските“ објави), многу добро ќе знаат за што зборувам и на што алудирам.
Ја умре мајка му бе луѓе! Жена што беше цврста како карпа и полна со живот. Ја умре од грижи, секирации и јадови затоа што беше наркоманско бесчувствително створење без поим за животот.
И сеуште е, и сеуште остана, и никогаш нема да се промени.
Вие мислите дека тој ради лековитоста сади марихуана, па ве читам се објаснувате како била лековита ....хахахаха, дајте ве молам....
Тој има пробано се што е од дрога, ама не затоа што сака да го проучува нејзиното својство и лековитост, туку затоа што си е тежок нарко зависник кој не сака и не може да се откаже од зависноста.
Тој ослабе и се направи коска и кожа, баш од таа дрога што му го изеде телото.
Читам и се смеам колку може медиумите да влијаат и да манипулираат со мозокот на луѓето.
Па оттаму, гледам го браните ко да е некој прочуен научник што открил некој голем изум, а всушност се работи за обичен уличар попознат кај дечињата (кои немаат појма каков му е него всушност животот) по неговата модерна фраза „Ма немој да ме јебеш бре“... :)

Па кога ги прочитав оние дебилине од Курир, Пулс24 итн. со статијата „Прочитајте ја трогателната исповед на Кили од Еквадор“.... :facepalm::facepalm::facepalm:
Овој е бараба, битанга, наркоман, сељак и ги умрел неговите од секирации, ама Игор Џамбазов е шоумен, ѕвер, пејач, актер, водител, сите му идат на концерти зошто низ животот се некои семејни и морални вредности промовирал и кај и да е за некоја година и светец ќе го направиме.
Не ме интересираат ни па ќе си ја мавам главата од ѕид ни за едниот ни за другиот, ама кога имаме двајца што правеле грешки во животот, ама зошто едниов доаѓа од познато семејство и дедо му е Петре Прличко и затоа го ставаме како репер на општеството, а другиов го оценуваме како колатерална штета тешко ни на нас. Или и двајцата ќе ги сакаме и обожуваме или и двајцата ќе ги сметаме за ѓубриња.
 
Последно уредено:

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.096
Поени од реакции
9.022
Кили е македонскиот Terence McKenna, се има пробано чисто од научни побуди. :D

Кога бев основец ни држеше предавање против дрогата во школо...
 

»gêlê«

Delete!
Член од
17 декември 2010
Мислења
254
Поени од реакции
77
Марихуана не го лекува ракот (ако го има воопшто). Докажано е дека само ги намалува болките. Наместо да биде на синтетички опијати, вака е природно и помалку штетно. И доста го браните и јас го знам, уште од времето кога на цело маало им шиткаше. Ни гледал колкав е тој што зема, ни го интересирало. Дека е роден за песна, пијано, глума...ДА. Од друга страна, дека е обична домашна џукела, поголемо ДА.
Не дај госпо да ти затреба... тогаш убо би научил дали лекува или не лекува...

Кили има само специфичен начин на искажување на нештава и е гневен на прости луѓе што кажуваат што и да му текне од ракав вака како тебе...

Конопот не е ДРОГА (доколку користел хемиски супстанци да тука не коментирам) милиони години го салделе одгледувале и користеле во секакви цели после дошле паметњаковци и му го испрале мозокот на луѓе ко тебе и дале страшно име (Марихуана) кое се користи во последниве децении и го забраниле конопот затоа што фарацијата нема чар од тебе бе другар ако те излечи во 1 месец од нешто шо можиш да умриш...
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.408
Поени од реакции
6.028
Бар сменете го имево на темава во Кили си замина во Еквадор...

Иначе му посакувам секое добро таму, се надевам дека подобро ќе го одживејт остатокот од животот таму него овдека.

Иначе за некои овдека штета шо не умре па да го издигнувавте како бог меѓу актерите кај нас, по шо само кај нас е за мртвите се најдобро а додека се живи плукај ги дури мојш.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
584
Поени од реакции
704
Овој е бараба, битанга, наркоман, сељак и ги умрел неговите од секирации, ама Игор Џамбазов е шоумен, ѕвер, пејач, актер, водител, сите му идат на концерти зошто низ животот се некои семејни и морални вредности промовирал и кај и да е за некоја година и светец ќе го направиме.
Не ме интересираат ни па ќе си ја мавам главата од ѕид ни за едниот ни за другиот, ама кога имаме двајца што правеле грешки во животот, ама зошто едниов доаѓа од познато семејство и дедо му е Петре Прличко и затоа го ставаме како репер на општеството, а другиов го оценуваме како колатерална штета тешко ни на нас. Или и двајцата ќе ги сакаме и обожуваме или и двајцата ќе ги сметаме за ѓубриња.
Апсолутно си во право другар. Двајцата имаат згрешено многу, но на различен начин.
За нив никој не ни треба да си ја лупа главата.

Единствената, но голема разлика меѓу нив двајца е што Игор е човек кој ја увидел својата грешка и покажува длабоко покајание, во однос на Кили на кој уште не му работи главата и продолжува по старо :)

Можеби јас лично го почитувам Игор како најдобар шоумен, актер, пејач, водител, ама како човек - никогаш нема да го почитувам, токму поради сите тие грешки кои ги има направено во животот.
Алкохол, тешко коцкање, пропаднат брак поради коцка, последици во фамилијата поради неговиот однос, загубен имот и пари итн.
Тој за мене поради тие работи претставува длабоко нестабилна, недифинирана и неизградена личност.
Има грешки во животот на кои им се прогледува низ прсти, ама грешки од таков енормен тип кои знаат да го превртат целиот живот наопаку, воопшто не се поправаат, или се поправаат ама не така лесно.
Ако ги направиш сите тие грешки, ти си го уништил животот на твоите најблиски, а пред се - си го изгубил сопствениот живот.
Ајде еве не е проблем, ќе се покаеш и можеби ќе си го поправиш животот некако, но како ќе ги вратиш сите тие моменти со саканите личности кои си ги изгубил? Како ќе ги вратиш личностите и семејството кое си ги изгубил? Како ќе си ја вратиш популарноста и позитивното мислење на луѓето за тебе? Како ќе создадеш ново „свое јас“?
Тоа е речиси невозможно. Затоа Игор ќе мора целиот живот да живее со тој товар, и тој лично сеуште го признава тоа, но тоа што искрено се покајал и прекинал со глупостите, ќе му помогне барем малку да заживее повторно. Ако ништо друго, ќе ја добие поддршката од луѓето кои го ценат поради неговата професија, и ќе ја добие поддршката од луѓето кои разбираат како е да си сам доколку си го уништил сопствениот живот.
Игор повеќе не зема алкохол и длабоко се кае,
за разлика од Кили кој изиграва научник и македонски „експерт“ кој го пронашол лекот за рак во канабисот :facepalm: .

Се на се, моето лично мислење за нив како луѓе (не од аспект на професија) е рамно на 0 :)
 
Т

Триптико

Гостин
Овој е бараба, битанга, наркоман, сељак и ги умрел неговите од секирации, ама Игор Џамбазов е шоумен, ѕвер, пејач, актер, водител, сите му идат на концерти зошто низ животот се некои семејни и морални вредности промовирал и кај и да е за некоја година и светец ќе го направиме.
Не ме интересираат ни па ќе си ја мавам главата од ѕид ни за едниот ни за другиот, ама кога имаме двајца што правеле грешки во животот, ама зошто едниов доаѓа од познато семејство и дедо му е Петре Прличко и затоа го ставаме како репер на општеството, а другиов го оценуваме како колатерална штета тешко ни на нас. Или и двајцата ќе ги сакаме и обожуваме или и двајцата ќе ги сметаме за ѓубриња.
И двајцата се исти ку..ц. Кратко и јасно.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ама може ако Кили го добил истото внимание и шанса како Игор може и он сега ќе прераснеше во светец, обожуван од широките маси. Ама пак ќе кажам разликата е што едниов доаѓа од познато семејство и што имал дедо како Петре Прличко и некако како да мораме да го сакаме него, и што и да направи он секогаш ќе се оправдува тоа и ќе го препишуваме на лошото општество кое е вакво какво што е поради нели луѓе како Кили...
Кога Џамбазов раскажува за неговите грешки во животот, слушаш коментари од типот „кој ѕвер е овој“, „види го мангуп, шо се праел“, „еднаш се раѓа човек како Игор“...
Човеков дури и си напиша книга за сите глупости што ги правел и се е тоа супер прифатено од народот, како нешто најнормално да е. Башка зошто е внук на Петре Прличко денес него го зборат како боем, а не како пијаница...
Од друга страна слушаш ете коментари како пропалица, битанга, наркоман за Кили.
Дали Игор стварно не пие веќе и дали Кили и покрај се продолжил да се дрогира, ќе знаеш ако си стварно близок пријател, а тие рекла-казала муабети се смешни.
За мене Кили е подобар филмски актер од Игор, ама тоа никој не го кажува или ретки се тие што го зборат тоа.
Да, Кили се обраќа на сељачки начин, со многу србизми и пцовки, ама во никој случај не се плаши да каже тоа што сака отворено и јавно, и затоа го почитувам.

За тоа колку е голема разликата што ја правиме меѓу Кили и Игор најдобар показател е гостувањето на Кили во Алфа пред некој месец, кај што водителот пробуваше да го исмее Кили, да го направи да се осеќа како гомно, како нешто безвредно, како нешто што е терет на останатите. Да беше Игор гостин друг однос ќе имаше водителот, ќе му се восхитуваше на Игор, очите ќе му беа полни со солзи радосници што ја има таа привилегија да биде во друштво на Игор, ќе му ги бацуваше нозете...
Срамота е што едниот го величиме, а другиот го понижуваме и го плукаме, а во суштина двајцата се исти.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.418
Поени од реакции
47.048
двајцата се куртони, дигнати на ниво на величина пошто вистинска величина нема нашево општество
 

Zbo

Член од
12 јануари 2014
Мислења
107
Поени од реакции
277
Да му се фатите на Кили, зналци брееееј...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom