Уапсен е актерот Кили

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Видеово...:vrtioci: Не го ни догледав.:vrtioci:

Ова видеово ти е типично “Аман жити Бога немој да ги браниш“.:vrtioci: Сами подобро ќе си се бранат.:tapp:
Не ми е ни смешно дури, тажно е.:facepalm:
Не зборел македонски од протест. А претходно па пустиот се уби од зборување.:pos:

Никогаш не сум имала ништо против неговата ексцентричност. Прифаќам дека секој си е своја индивидуа и има право да си живее живот по своја мера, ама па никогаш не ми било јасно како е величен до тој размер. Секогаш сум била тотално рамнодушна кон неговиот лик и дело. Не ми бил никогаш интересен, ама со видеово...:vrtioci: Најјако ми е кога некој се прави маченик, а едноставно и самиот признава дека направил нелегално дело. Со години беше толериран и сега кога го претера, одеднаш он е маченик...:vrtioci:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.071
Поени од реакции
30.829
... самиот признава дека направил нелегално дело. Со години беше толериран и сега кога го претера, одеднаш он е маченик...:vrtioci:
Дело кое во голем дел од светот станува сосема легално. И тоа во многу поразвиени држави од оваа нашава.
Никој не вели дека Кили е светец, напротив. Ама ете еден е од ретките кој од овие или оние причини отворено зборува за овој проблем. Тоа е поентата која не ја разбирате, од дрвата не ја гледате шумата.

Упорно ви се објаснува дека постојат видови медицински канабис кој скоро и да нема THC канабиноидни масла. Значи нема „хај„ нема „дрогирање„, туку е дефакто и дејуре, ЛЕК.
Зошто овој ЛЕК, не се легализира и овде како во толку други држави, тоа е поентата на приказнава. Поентата НЕ Е Кили, и поентата НЕ Е неговата ексцентричност (и некогаш, ступидност).
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дело кое во голем дел од светот станува сосема легално. И тоа во многу поразвиени држави од оваа нашава.
Никој не вели дека Кили е светец, напротив. Ама ете еден е од ретките кој од овие или оние причини отворено зборува за овој проблем. Тоа е поентата која не разбирате, од дрвата не ја гледате шумата.

Упорно ви се објаснува дека постојат видови медицински канабис кој скоро и да нема THC канабиноидни масла. Значи нема „хај„ нема „дрогирање„, туку е дефакто и дејуре, ЛЕК.
Зошто овој ЛЕК, не се легализира и овде како во толку други држави, тоа е поентата на приказнава. Поентата НЕ Е Кили, и поентата НЕ Е неговата ексцентричност (и некогаш, ступидност).
Јас зборам за тоа што тој се обидува себе да се направи маченик.
Јас сум за дебати и да зборуваме за темата, апсолутно сметам дека секое прашање треба да биде дебатирано и дискутирано и да ги видиме сите страни и аргументи, и за и против, ама Кили тоа не го прави од желба за општествена промена и Кили не почна да употребува канабис откако се разболе, да бидеме искрени.
Фино е што неговиот случај покрена дебата, ама истиот Кили одеше и држеше предавања против дрогата на деца едно време, така што неговиот збор мене ништо не ми значи, ниту неговите аргументи.

И јас сум за дебати, да не се сфатиме погрешно, само не сакам Кили да ми продава памет и морал и да се прави маченик. Тоа ми е муабетот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.071
Поени од реакции
30.829
Па муабетот токму и е во тоа дека не е поентата Кили, туку тоа што неговиот случај покрена дебата. Поентата на целата дискусија @Crazy in Love, е во тоа дека медицинската употребна вредност на канабисот е голема. Се работи за евтин лек, што е алтернатива на многу многу други лекови кои реално прават зависност. Колку луѓе познаваш што се зависни од разни лекови за смирување, дијазепами и што се не?
Се работи за цела една скриена епидемија на зависност која се игнорира во Македонија, затоа што некој од тоа прави дебел профит. Фармацијата не може да наплаќа премиум цени за нешто што во подоста развиени земји секој има можност сам да го сади (во сосема мали количини).

Ајде, во сопствен интерес погледај го документарецов подолу. Од CNN е продуциран и снимен, значи меинстрим медија (ако веќе немаш доверба во алтернативни медиуми). Ај погледај го и да правиме реален муабет, а ако имаш проблеми со англискиот -кажи, ќе се обидам да преведам нешто.
http://www.youtube.com/watch?v=B4GUkzTnFG0
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
@Vanlok ама ти не ги знаеш моите ставови во врска со темава, колку што знам никаде и ги немам искажано, ниту знаеш дали имам читано на темава. И не се секирај, имам одлични познавања од англиски јазик. Јас зборев за Кили и неговото “мачеништво“. Не знам како дојде до тоа да ме убедуваш, а не ни знаеш кое е моето првично мислење за тоа. :)
 

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
:oftopik:

Да зејме грубо, 90% од тие шо го хејтаат Кили, е овие фацки ја сметаат ганџата за тешка дрога и исто тие шо ја пафкет за тешки наркоси.
:pos:
Глупости еден куп.
Исто од нив имат wannabe спортисти шо секој викенд се пијанат до бесвест, ама нели ето то не е штетно. Алкохолот не е воопшто штетен, цигарите не се... аха да, само марата е. Смрт за наркоманите шо пафкет трева, пропалици едни сите да умрите:pos:
21 век сме бе , 2015 година. Ама ние излеа на овие простори, балканов, ојме наназад со времево :D
Кај и да е ќе се вратиме во времето на пештерскиот чоек.

Во доба на интернет достапен нон стоп, уште тие истите го користат само за фб и слушање песнички на youtube. Па земи прочитај нешто, едуцирај се а не само на празно да тресиш зелени.

Кој менталитет, какво размислување имет денес одредени особи, да се чудиш.

Тежок циркус сме цел народ :D Алал да ни е . Требит филм да напрајт некој за нас.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.071
Поени од реакции
30.829
Епа сега @Crazy in Love, дали дискутирам или те убедувам... тоа е веќе работа на аголот на гледање на работите. ;)
Штом си овде на темава, ваљда си за дискусија дојдена. Не за монолог, се надевам? :)


Јасно е дека ти зборуваш за Кили, и ти и другите.
Но не е поентата во тоа каков е Кили. Поентата е во пораката што ја праќа, нели може пораката да ја дискутираме без да го „убиваме гласникот„?

Патем, никако не го прокоментира посоечениот документарец. Ни во тоа не беше работата дали знаеш англиски, туку да ја погледаш содржината што е на англиски (јазик).
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А од каде знаеш дека не сум го гледала? Мое е да одберам дали да дискутирам на одредена тема или не. Темата е за тоа дека е уапсен Кили, а и генерално за него, а и за него коментирав, го сподели некој видеото и јас за тоа коментирав, а за легализација има друга тема, да сакав да зборам за тоа ќе се префрлам на таа тема, не знам што си толку упорен, кога гледаш дека не коментирам на таа тема, ниту имам намера на форумов да го правам тоа, мојот став за темава сум си го изразувала во живо, а не на форум и немам ни намера. Мој избор. Ич немај гајле за тоа што сум гледала и читала, само не сакам да коментирам, аман.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.071
Поени од реакции
30.829
Пасив-агресив пристап. Коментираш за нешто, а потоа демек се лутиш зошто и твоето мислење се коментира. Зошто ли се толку јавни, тие... јавните форуми.

Како и да е, @Crazy in Love моја грешка е што помислив дека можеби те интересира дискусија за суштината на темава. Продужи си со трачарските аспекти на сево ова, и извини ме те молам.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Мислам дека поддржувачите за легализација на марихуана си прават лоша услуга кога го бранат Кили бидејќи фаците како Кили и даваат ептен лош имиџ на марихуаната.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.071
Поени од реакции
30.829
Донекаде точно. Со таа разлика што никој не го брани Кили џанкерот, туку се брани Кили пациентот. Обрати внимание на разликата, пошто целата поента на дискусијата е токму во неа.
И никаде не зборуваме за легализација на канабис за „дрогирање„ туку за медицински канабис со кој не е можно „дрогирање„ дури да сакаш да го употребиш за тоа.
(и нема ни да почнувам за тоа зошто употребувам наводници, ионака нема да разбереш)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Ме интересира пошто очигледно си заинтересиран (засегнат!?) од темата, во државите во кои се легализираше, колку луѓе користат марихуана и колкав процент од нив ја користат за немедицински цели? Дали справување со стрес на пример ти дава право да побараш марихуана?
 
Член од
22 мај 2014
Мислења
88
Поени од реакции
146
Пасив-агресив пристап. Коментираш за нешто, а потоа демек се лутиш зошто и твоето мислење се коментира. Зошто ли се толку јавни, тие... јавните форуми.

Како и да е, @Crazy in Love моја грешка е што помислив дека можеби те интересира дискусија за суштината на темава. Продужи си со трачарските аспекти на сево ова, и извини ме те молам.
Хехе, ме насмеа. Ја обвинуваш Крејзи за пасив-агресив пристап, а вториот параграф ти е класичен пример за пасив-агресивност, како од учебник да е изваден.
 
?

..........

Гостин
Во државава во последните неколку месеци марихуана нема ни за лек, минатата година 50 грама марихуана се продаваше за цена од 3000 до 4000 илјади денари во зависност од квалитетот, денес истите 50 грама марихуана се продават за цена од 7000 денари па нагоре, тоа е 100% покачување на цената на црниот пазар, дека нели е нелагална. Појавено е како последица на недостаток на истата, и нормално цените се формираат во зависност од побарувачката и количините на пазарот...
Но за сметка на тоа пак пазарот е преплавен со хероин, и истиот има невообичаено ниска цена, во Куманово може да се најде паковка хероин за само 200 денари, паковка од која може да се направат 4 дози, и поради таквата состојба бројот на зависници од хероин е значително зголемен...
Ете на кој начин државата менаџира со дрогата, значи главна цел на МРВ беше сопирање на каналите за марихуана, за да порасне побарувачката на хероин, се тоа е направено од главниот дилер за набавка на наркотични средства, а тоа се МВР и тајните служби под контрола на С..о М......в и неговите соработници од Грчец и Албанија, значи по затварањето на најголемиот производител на марихуана во Лазарат Албанија, Сашето и неговите нарко партнери увидоа шанса во хероинот, и затоа денес македонските деца се трујат со хероин коиј е неспоредливо поштетен во секоја смисла за човекот од марихуаната........за да профитират луге во власта..
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.071
Поени од реакции
30.829
Фала @marsky за офтопикот, и за искреноста во целосното промашување на суштината на напишаното.


Ме интересира пошто очигледно си заинтересиран (засегнат!?) од темата, во државите во кои се легализираше, колку луѓе користат марихуана и колкав процент од нив ја користат за немедицински цели? Дали справување со стрес на пример ти дава право да побараш марихуана?
Ad hominem пристап?
Можеш да се обидеш, се разбира. Но можам и јас да те прашам зошто ти си заинтересиран за активна одбрана на се што е меинстрим став на естаблишментот во државава... М’хмм...?

Идам офтопик, ама морам за да ти објаснам. Можеш (ако сакаш) да провериш на кои се теми сум активен на форумов, и какви ставови имам на разни теми.
Моја тенденција е да пишувам за неправдите. Во овој случај неправдата е дека еден евтин и од технички аспект лесно достапен лек, е недостапен за популацијата... од чисто бирократски званични причини. Од незваничен аспект, медицинскиот канабис е недостапен како лек, заради штитење на профитот на фармацијата (а ете се шпекулира и заради некои други, позлобни и полоши криминални причини).

Ете така сум јас засегнат. И јас сум имал познати, кои страдале од канцери кои можеле да бидат можеби и целосно инхибирани од масло од канабис. И јас имам познати, и роднини, кои се зависни од дијазепами и разни седативи кои се продаваат малтене и без рецепт во оваа држава.


Е сега прашањето е дали тоа ми дава право да побарам легалзирање на медицински канабис кој е 100% само лек, и со кој не е можно да се „издрогира„ некој... Да, јас мислам дека имам целосно морално, и секакво, право да го побарам тоа. И не само јас, туку и многу други. Луѓето полека стануваат свесни за мединскиот потенцијал на канабисот. Од тој аспект, еве и тебе те канам да го погледаш документарецот на CNN.
Дали (и колку) сум во право, ќе видиме многу добро на некои следни избори кога некоја од страните ќе се сети да искешира гласови поповод ова прашање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom