Уапсен е актерот Кили

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Па да не се лажеме, му требала за лек (и за уживање, секако).
Он не ја продавал.

Инаку, ни ја не сум за двојни аршини околу примената на законите, но во нашава држава тоа е пракса. Примери миљон.

Он више еднаш го фатија со количина, за време на Љубчо, али мислам дека преку Снешка се извади. Сеа немал врски.
А бе замисли на накој му помага кокеин на некој марихуана некој сака да си носи пиштол за своја безбедност (нема никого да загрози) јас сакам моторот без кацига да го возам......
 
Член од
25 септември 2014
Мислења
264
Поени од реакции
394
Кили колку знам цел живот се дрогира.Уште пред да се разболи.Тоа му е само изговор.
Инаку докажано е дека маслото од канабис е лек за многу болести.Али тоа е друга тема.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Kили си е во Еквадор, ич не му чуе веќе за македонските закони.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
Па да не се лажеме, му требала за лек (и за уживање, секако).
Он не ја продавал.

Инаку, ни ја не сум за двојни аршини околу примената на законите, но во нашава држава тоа е пракса. Примери миљон.

Он више еднаш го фатија со количина, за време на Љубчо, али мислам дека преку Снешка се извади. Сеа немал врски.
Кили не ја пропагира марихуаната како лек, туку се жали дека Македонија го одјебала.

Јес да многу работи се пракса во нашата земја, ама не е пракса да си наркоман и да имаш легло во болница, кога ќе претераш да дојдеш на себе.
Имам слушнато дека Кили тоа го имал кога конзумирал малку појаки супстанци, кои се исто така забранети со закон, а само затоа што татко му беше лекар.

Не ни знам како воопшто работел, кога е глумец што не знае една реченица да склопи на литературен македонски јазик.

Реков и пак ќе речам: разгалено детиште кое имало премногу шанси во животот.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Толку сељачизам е собрано во неговите „ми се дига“, „мразам мали куриња“ и сите слични на овие, ама има добра поента целиот негов текст, а тоа е дека имаме необразован медицински кадар (добро не се сите доктори необразувани, ама ете изглеа ги има многу такви) кој не истражува и не се интересира за новините од својата област и се плашат од промени.
Во обидот да ни се сервираат и да ни се всадат некои морални и семејни вредности (што е добар потег, ама не по секоја цена), ги пропуштаме благодетите од секојдневниот развој.
Може ете ја не ги следам многу информациите за тоа колку помага марихуаната во лекувањето на ракот, ама ако тоа што он го пишува е точно, тогаш дефинитивно треба да се разгледа и нејзино легализирање за медицински употреби.
Тоа дали некој во минатото или и сега се дрогира, дали бил алкохоличар, криминалец или било што, не треба да служи како оправдување за да му го скратиме животот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Гледам Тито Виланова го излечија од рак, ене го во Мајами дреми на базен.

Кога ќе го ослабиш организмот од злоупотреба на толку лекарства, супстанци и пороци, џабе ти е се. И да си ги уништил еднаш скрос тие клетки, прашање на време е кога ќе се појават пак и ќе те докусурат вториот пат.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.977
Поени од реакции
12.522
Толку сељачизам е собрано во неговите „ми се дига“, „мразам мали куриња“ и сите слични на овие, ама има добра поента целиот негов текст, а тоа е дека имаме необразован медицински кадар (добро не се сите доктори необразувани, ама ете изглеа ги има многу такви) кој не истражува и не се интересира за новините од својата област и се плашат од промени.
Во обидот да ни се сервираат и да ни се всадат некои морални и семејни вредности (што е добар потег, ама не по секоја цена), ги пропуштаме благодетите од секојдневниот развој.
Може ете ја не ги следам многу информациите за тоа колку помага марихуаната во лекувањето на ракот, ама ако тоа што он го пишува е точно, тогаш дефинитивно треба да се разгледа и нејзино легализирање за медицински употреби.
Тоа дали некој во минатото или и сега се дрогира, дали бил алкохоличар, криминалец или било што, не треба да служи како оправдување за да му го скратиме животот.
А Бојан шо требало да му рече докторот? Му ги понудил сите легални и возможни алтернативи во нашава земја. Замисли коа го фати полиција да речеше Еј, па мене докторот ми рече...брука ќе беше. Убаво пиша Лет, ај на сите да им дозволиме по една желба која се коси со законот, супер ќе ни е.
Од стално ми бил антипатичен Кили, и со речникот и со понашањето.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
А Бојан шо требало да му рече докторот? Му ги понудил сите легални и возможни алтернативи во нашава земја. Замисли коа го фати полиција да речеше Еј, па мене докторот ми рече...брука ќе беше. Убаво пиша Лет, ај на сите да им дозволиме по една желба која се коси со законот, супер ќе ни е.
Од стално ми бил антипатичен Кили, и со речникот и со понашањето.
Имав блиско искуство со доктори летово, затоа не ги брани те молам ;)
Идејата ми беше ете нека ги следат они тие работи, нека следат дали стварно марихуаната помага во лечењето на ракот, нека истражуваат и самите ваљда има нешто од ЕУ фондовите и за такви работи предвидено, па нека покренат иницијатива да се променат законите и да се легализира марихуаната за медицински потреби, ако стварно се покажало дека дава позитивни резултати, подобри и поздрави од хемотерапијата.

Пак ќе кажам, во таа борба да се всадат некои морални и семејни вредности (што пак ќе кажам е добро, зошто светот во таа смисла отиде у мајчину), изгубивме контакт со реалноста и со добрите работи кои произлегуваат од развојот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Искрено се надевам ќе се излечи, искрено, никому не посакувам таква болест, одвратно е, тажно е и за него и за сите што му се блиски.

Писмото го немам прочитано и нема да го прочитам.
Уживањето на дрога тој го правеше долго пред да се разболи.

Дебатата дали треба да е легализирана или не и медицинската марихуана е друг муабет, кој нема да го почнувам сега.
Моментално не е легална и е забранета. Може само да дебатираме околу тоа.
Голем дел од пациенти се борат и без употреба на марихуана и успеваат во борбата. Некои и со марихуана, пак подлегнуваат на борбата. Здравството ни е ужас, ама си имаме и ние специјалисти кои спасиле животи (имам лични примери). Да не го претеруваме сега.

Жал ми е за Кили и за болеста и навистина се надевам ќе се излечи, но големиот дел од неговото конзумирање на марихуана ( и не знам што се друго) беше одамна пред да се разболи. Да знаев дека сега конзумирал само за да се излечи, можеби и ќе реагирав поинаку, ама навистина немам потреба да го читам, можам само да му посакам побрзо оздравување од човек кон човек, каква сака нека му е терапијата, тоа не е мое да судам.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.977
Поени од реакции
12.522
Имав блиско искуство со доктори летово, затоа не ги брани те молам ;)
Идејата ми беше ете нека ги следат они тие работи, нека следат дали стварно марихуаната помага во лечењето на ракот, нека истражуваат и самите ваљда има нешто од ЕУ фондовите и за такви работи предвидено, па нека покренат иницијатива да се променат законите и да се легализира марихуаната за медицински потреби, ако стварно се покажало дека дава позитивни резултати, подобри и поздрави од хемотерапијата.

Пак ќе кажам, во таа борба да се всадат некои морални и семејни вредности (што пак ќе кажам е добро, зошто светот во таа смисла отиде у мајчину), изгубивме контакт со реалноста и со добрите работи кои произлегуваат од развојот.
И јас имав искуство со доктори, впрочем дедо ми почина од рак. Не можам стварно да се пожалам од односот и знаењето нивно. Пробавме се од алтернативна медицина ( чаеви, треви, некој мешавини ) и се од модерна медицина, ама не оди.
Бојан ние немаме средства за да обезбедиме класични начини на лечење ( со татко ми купувавме шприцеви бидејќи немаа во болницата ), камоли некој алтернативни истражувања. Кога ќе се среди се во здравството кај нас можеме да правиме муабет за вакви алтернативни видови на лечење, дотогаш биди задоволен и со исправен кревет на клиника.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
И јас имав искуство со доктори, впрочем дедо ми почина од рак. Не можам стварно да се пожалам од односот и знаењето нивно. Пробавме се од алтернативна медицина ( чаеви, треви, некој мешавини ) и се од модерна медицина, ама не оди.
Бојан ние немаме средства за да обезбедиме класични начини на лечење ( со татко ми купувавме шприцеви бидејќи немаа во болницата ), камоли некој алтернативни истражувања. Кога ќе се среди се во здравството кај нас можеме да правиме муабет за вакви алтернативни видови на лечење, дотогаш биди задоволен и со исправен кревет на клиника.
Прво, наредна нова година морам да си го сменам никот зошто се плашам кога вака по име ме пишувате во постовите :D
Ајде нема да коментирам ја какво искуство сум имал, ама секогаш барам совршенство или сакам работите да се движат во таа насока. На крајот се супер се заврши, ама ипак далеку од идеално беше...
Имаме пари, ама не се искористуваат правилно и ја не можам да се помирам со тоа. Еве не постојат некои ЕУ фондови или ако никој не дава грантови за такви истражувања, бар нека ги следат истражувањата на докторите и земјите кои имаат средства за тоа, сигурен сум дека ги има такви. Еве ако на Кили му помогнало ова, значи сите тие муабети „марихуаната помага“ изглеа и не се празни, само треба некој да ги разгледа истражувањата. Ако има земји во кои е легализирана марихуаната за медицински потреби не знам зошто ние треба да се дистанцираме од тоа.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Ако го кажам моето искрено мислење сите бескичмењаци тука ќе ми се обесат за врат и ќе јадам бан.
Ќе кажам само нешто.... Колку што Кили има во пенисот, толку вие немате во главата.
Кили е закон човек, и такви луѓе не се бре раѓаат! Вие не сте свесни за многу работи, ќе сфатите кога = тогаш, ќе видите за што станува збор.
Поздрав, турбо уметници.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.064
Поени од реакции
36.662
Пола од срањата наречени лекарства што моментално ги користат и се легални за борба против ракот , се далеку далеку поопасни од марихуаната. Пред 3 месеци изгубив близок човек од фамилијата од вакви хемо срања, кои патем беа 80 % причина за смртта. Но во никој случај тоа не ја оправдува "мини" плантажата на Кили како што самиот си ја нарече. Ако една супстанца е нелегална и не е одобрена за одгледување , ќе си бараш чаре надвор или каде што е дозволена , и во тој случај државата не ти е крива. Ако ништо друго барем малце респект за мал милион луѓе кои секојдневно се соочуват со истите проблеми како него , а немаат средства да бегат надвор.

Се надевам ќе оздрави и се најдобро , али глупо е да се понаша како само на него да му се дешава ова , и да везе срцепатални статуси низ фб.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Не ни знам како воопшто работел, кога е глумец што не знае една реченица да склопи на литературен македонски јазик.

Реков и пак ќе речам: разгалено детиште кое имало премногу шанси во животот.
Се пратиш ли што збориш ти?
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.977
Поени од реакции
12.522
Прво, наредна нова година морам да си го сменам никот зошто се плашам кога вака по име ме пишувате во постовите :D
Ајде нема да коментирам ја какво искуство сум имал, ама секогаш барам совршенство или сакам работите да се движат во таа насока. На крајот се супер се заврши, ама ипак далеку од идеално беше...
Имаме пари, ама не се искористуваат правилно и ја не можам да се помирам со тоа. Еве не постојат некои ЕУ фондови или ако никој не дава грантови за такви истражувања, бар нека ги следат истражувањата на докторите и земјите кои имаат средства за тоа, сигурен сум дека ги има такви. Еве ако на Кили му помогнало ова, значи сите тие муабети „марихуаната помага“ изглеа и не се празни, само треба некој да ги разгледа истражувањата. Ако има земји во кои е легализирана марихуаната за медицински потреби не знам зошто ние треба да се дистанцираме од тоа.
Да, ама има и пациенти кои оздравиле со класични начини на лечење, и пациенти на кои не им помогнале. Се е тоа зависно од организмот и колку е длабоко навлезена болеста. Ти викам дека при немање основни услови во болниците, имаме толку исфрустрирани доктори кои едвај чекаат да си заминат од на работа и да го исклучат мозокот, не па да отворат нешто да истражат шо се дешава по светов.
Да не забегам од темава, Кили си растеше и за сатисфакција. И сите кои застануваат во негова одбрана врска си немаат какво дејство има канабисот врз пациентите заболени со рак. Им се дува па сеа нешо ќе се буниме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom