Според адвокатот на Поп Христов неговата официјална одбрана пред истражниот судија била , дека марихуаната му била за лична употреба а не за продажба и тврдел дека неговиот брат не е поврзан со случајот . Адвокатот потврди дека братот на Кили е надвор од Mакедонија но треба да се врати во државата .
Холандската марихуана растена во скопско Визбегово го однесе актерот Кирил Поп Христов во полиција.
МВР го сомничи него и помалиот брат дека во викенд куќата сопственост на нивната мајка одгледувале и произведувале Канабис Сатива. Полицајците кои со кучиња упаднале во куќата - во подрумските простории нашле 80-тина саксии марихуана во лабораторија опремена со сите неопходни услови за одгледување,вентилатори рефлектори систем за наводнување. Некои од стеблата биле високи до еден метар.
Имено, двајцата пријавени во текот на 2012 година, неовластено од Холандија набавиле семенски материјал кој го донеле во Р.Македонија со намера да го засадат. За таа цел, во подрумската просторија во викенд куќа во с. Визбегово (сопственост на нивната мајка) во која живее В.П.Х., специјално подготвиле и опремиле две простории, на тој начин што инсталирале систем за вентилација на воздух (четири вентилатори и едно алиминиумско црево за вентилација), систем за осветлување (три електрични рефлектори и алуминиумски фолии) и систем за затоплување и регулирање на температурата (еден термометар и два термостати) по што во специјално наменет пластичен сад во кој има инсталирано систем за наводнување, произведувале расад од семенскиот материјал кој потоа го пресадувале во саксии со цел да израснат стебла од растението “Canabis Sativa“ , информираат од МВР
Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека првоосомничениот, 46 годишниот Кирил Поп Христов, и претходно добивал пријави од полицијата и му биле изрекувани и затворски казни.
Актерот Поп Христов полицајците го затекнале во дворот во куката во Визбегово и го привеле, во текот на денот ќе биде изведен пред истражен судија. Неговиот 35 годишен брат кој е познат музичар се уште е недостапен. Според МВР последните 6 месеци браќата редовно доаѓале во куќата и ги надгледувале растенијата. Во МВР веќе ги вештачеле стеблата и оценуваат дека се работело Канабис Сатива со висок квалитет.