Туризмот донесе за 20 проценти поголем девизен прилив

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Расте бројот на странски туристи
Бројот на странските туристи кои ја посетиле Македонија во јули годинава бележи пораст од 9,9 проценти во однос на јули лани. Најбројни биле Турците, Србите, Холанѓаните, Полјаците и Грците.


Спред податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи од Турција изнесува 6.913, од Србија 5.742, од Холандија 4.067, Полска 3.744 и од Грција 2.761.

Вкупниот број туристи во јули годинава е 107.231 и бележи пад за 3,9 проценти во однос на јули 2013 година. Во овој период остварени се 478.911 ноќевања, кои во споредба со јули лани бележат намалување од 7 отсто.

Бројот на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 14,1 отсто. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 10.8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.8%.

Во периодот јануари - јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3,1 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 2,5 отсто, а кај странските има зголемување за 7,2 отсто.

Во периодот јануари - јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0,7 отсто и тоа кај домашните туристи има намалување за 6 проценти, а кај странските има зголемување за 6,3 отсто.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/171416-Raste-brojot-na-stranski-turisti
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Жал ми паѓа за тебе, најискрено. Еве ти ја вистината, сумарно, без спинови од Курир

Намален бројот на туристи и ноќевања во однос на лани

Државниот завод за статистика измерил дека бројот на туристите во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 3.9%, а бројот на ноќевањата е намален за 7.0%.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Жал ми паѓа за тебе, најискрено. Еве ти ја вистината, сумарно, без спинови од Курир

Намален бројот на туристи и ноќевања во однос на лани

Државниот завод за статистика измерил дека бројот на туристите во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 3.9%, а бројот на ноќевањата е намален за 7.0%.

Не е точно во однос на минатата година бројот на турсти е зголемен а намелен е бројот на турсти за месец ЈУЛИ во однос на 2013. Но дури и во овој месец имаме зголемување на бројот на странски туристи додека намалувањето го повелкуваат домашните туристи. Во курир пишува дека бројот на странски туристи е зголемен и тоа е ТОЧНО додека во товојот цитиран текст најверојатно од некоја од соросоидните медиуми е класично извртување на вистината затоа што не се спомнато дека намалувањето се однесува само на месец ЈУЛИ. Точно е дека и во насловот на Курир има тенденција да се претстават работите во позитивно светло но ако ништо друго текстот одговара на вистината додека твојот цитат е чисто изветоперување.

Така да ти оставам сам да си процениш кој е за жалење.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Така да ти оставам сам да си процениш кој е за жалење.
Прво и прво нетпрес не се комуњарски медиум.
Второ, и на двата медиуми информациите се однесуваат за јули. Ама само едниот спинува.
Трето, треба да научиш да што е спин. Тоа е точна информација, ама само за делот од целината што е од интерес за спинерот. Пример @@valvoline ќе ти каже дека гољфот што ти го продава има одлична машина, ама нема да ти каже дека каросеријата е петпати крпена ради сообраќајка. Спинот е прикривање на битна информација со изнесување на небитна, но точна информација.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Не е точно во однос на минатата година бројот на турсти е зголемен а намелен е бројот на турсти за месец ЈУЛИ во однос на 2013. Но дури и во овој месец имаме зголемување на бројот на странски туристи додека намалувањето го повелкуваат домашните туристи. Во курир пишува дека бројот на странски туристи е зголемен и тоа е ТОЧНО додека во товојот цитиран текст најверојатно од некоја од соросоидните медиуми е класично извртување на вистината затоа што не се спомнато дека намалувањето се однесува само на месец ЈУЛИ. Точно е дека и во насловот на Курир има тенденција да се претстават работите во позитивно светло но ако ништо друго текстот одговара на вистината додека твојот цитат е чисто изветоперување.

Така да ти оставам сам да си процениш кој е за жалење.
Не е работата да се брои сувопарно број на туристи туку е проблем да се избројат парите кои ги оставаат за што не мислам дека таква статистика се води кај нас. Може да се случи бројот на туристи да се зголеми, но да не се зголемуваат приходите од туризмот.
Хрватите и тоа на пример го мерат.
Хрватска од туризам заработила 6,6 милијарди евра

Во Македонија веројатно се води некоја упростена евиденција за истото, но која покажува дека бројот на туристи не кореспондира со средствата прибрани по основ на туризам, кои зависат и од други фактори освен од бројот на легла.

Cover Story - Какви се странските туристи во Македонија?
Остануваат кратко, малку трошат, не се враќаат!

Еве информација и од телеграф за табиетот на туристите по држави
http://www.telegraf.mk/aktuelno/164213-ohrid-vrie-od-korejci-i-japonci-ama-slabo-trosat-pari
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Не е работата да се брои сувопарно број на туристи туку е проблем да се избројат парите кои ги оставаат за што не мислам дека таква статистика се води кај нас.


Тоа е поентата Луртз ама тоа е и капацитетот на нашите медиуми и статистички центри со се луѓето кои работат во туризмот. Бројот на туристи е бројка која е интересна како податок но не е мерило за ефикасноста ниту за финансискиот прилив од туризмот. Често си правам некој калкулации за тоа колку троши еден странски турист колку нашите и тн. Нормално тешко е тоа до цент да се каже но некоја приближна бројка би била сосема доволно да се видат вистинските трендови во туризмот.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Бројот на туристите во Македонија во август годинава изнесувал 145.445 и во споредба со август лани е зголемен за 14 проценти. Во август годинава се регистрирани 630.230 ноќевања, или за 7,4 проценти повеќе во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.


За 12,2 проценти е зголемен бројот на домашните туристи во август годинава споредено со август лани, а на странските за 16,8 проценти. Кај ноќевањата на домашните туристи е евидентирано зголемување за 6,2 проценти, а кај странските за 11,9 проценти.

Во периодот јануари- август годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5,9 проценти, кај домашните за 2,3 проценти, а кај странските за 9 проценти. Бројот на ноќевањата во тој период бележи зголемување за 2,1 процент, при што кај домашните има намалување за 0,9 проценти, а кај странските зголемување за 7,4 проценти.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/175009-DZS-Zgolemen-brojot-na-turisti-vo-avgust
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131

Macedonia: 14% of French visitors in 2014

the number of commercial overnight stays increased by 28%

http://www.tourmag.com/Macedoine-14-de-visiteurs-francais-en-2014_a71815.html

In 2014, 5,327 French tourists visited Macedonia . This represents a 14% increase in visitor numbers for the destination. The number of shopping nights it is up 28% compared to 2013. Growth in hexagonal market leading Wizz Air to add frequencies to its direct link between Paris-Beauvais and Skopje, the Macedonian capital.The company low- cost will connect the two cities three times a week from June 30, 2015 . It serves the line at 2 weekly rotations at present. The low-cost carrier will also launch a new flight from Mulhouse- Basel to Lake Ohrid. It will be provided 2 times weekly from 1 July 2015.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Мислев дека не е сериозно спрема датумов, ама имало видео.И не само Охрид - екскурзија низ Македонија, а не се 8-мо одд :icon_mrgr: Шала на страна, добро е во Април вакво минимално движење.



Туристичката агенција ВИС ПОЈ ја почна сезоната на инкаминг туризам со првата група туристи од Данска кои попладнево пристигнаа во Охрид.

Оваа група се смести во хотелот Тино, а домаќините од ВИС ПОЈ и овој хотел ги преекаа гостите со традиционални обичаи и храна од нашето поднебје, како и чашка ракија.



-Минатата година остваривме околу 3.000 ноќевања на дански туристи, а оваа година очекуваме да оствариме околу 5.000 ноќевања. Дел од групите на дански туристи, во Охрид ќе престојуваат во април, мај и јуни, а останатите во месеците септември и октомври, со што ќе се обезбеди збогатување и проширување на туристичката понуда надвор од летната сезона.Во нивниот престој во 22 дена имаат 20 ескурзии низ цела Македонија. Тука би ги издвоил Свети Наум, Битола Струга, Вевчани, а исто така ќе има органиизрани тури за Албанија, до Тирана и Поградец како и уште неколку други ескурзии. Во рамки на престојот, данските туристи ќе имаат осум вечери во национални ресторани со типично македонски јадења, но и во делот на хотелската услуга да бидат опфатени традицоналната храна и вино - вели Јаким Маленко менаџер во ВИС ПОЈ.

Маленко вели дека покрај овие подолги аранжмани од 22 дена, ќе има и групи дански туристи кои ќе престојуваат ипо 7 дена.

 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Во Македонија над 62 илјади странски туристи
Во првите три месеци од годинава Македонија ја посетиле 62.171 странски туристи. Најбројни биле од Србија, Грција, Турција, Бугарија и од Албанија.


Податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал покажуваат зголемување на странските туристи за 9,6 отсто.

Во овој период бројот на домашните туристи изнесува 36.538 и има намалување за 8,4 отсто.

Бројот на ноќевањата на странските туристи во овие три месеци има зголемување за 9,6 осто, а кај домашните туристи намалување за 12,4 отсто

Во март вкупниот број туристи изнесува 36.160, а бројот на ноќевањата изнесува 75 150. Бројот на домашните туристи во однос на март лани е намален за 13,5 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 8 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2015 година, во однос на март 2014 година, е намален за 13 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 1,8 проценти
http://vecer.mk/ekonomija/vo-makedonija-nad-62-iljadi-stranski-turisti-vo-prviot-kvartal
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
За четири години бројот на туристи зголемен за 25%
Странците ги обожаваат македонските хотели со 4 и 3 ѕвезди

Ланските туристи кои допатувале во земјава претпочитале да се сместат и да ноќеваат во хотели, а најголемиот дел од нив потекнуваат од Холандија. Веднаш по нив следуваат туристите од Турција, Србија, Бугарија и Грција.


Туризмот, како економските сектор доживува ренесанса во Македонија. За само 4 години бројот на туристи во земја е зголемен за повеќе од 25% односно од вкупно 586.341 туристи во 2010 година на 735.650 лани. Интересен е податокот што порастот се должи на растот на странските туристи, бидејќи ако пред 4 години преовладувале домашните туристи, во 2014 година примарни се странските гости, покажуваат податоците од публикацијата "Туризам во Република Македонија, 2010-2014" која ја објави Државниот завод за статистика.

Статистичарите укажуваат дека туристичките места треба да бидат атрактивни, да поседуваат природни и културни убавини, туристичките работници да бидат комуникативни, но и да понудат квалитетни сместувања, брза и квалитетна услуга, добра храна, сигурен транспорт...

Во неа се сублимирани и податоците за бројот на туристите и бројот на ноќевањата од сите деловни субјекти кои даваат услуги за сместување од областа на угостителството и хотелиерството, како приватните капацитети.

Во публикацијата се дадени и податоци за бројот на туристите и ноќевањата по години и по месеци, по видови места и по видови и категории на деловни единици, по земја на припадност на туристите, по региони.

Во овој временски период земјава ја посетуваат туристите кои најмногу претпочитаат да се сместат во хотели. Така лани од вкупно 735.650 гости повеќе од 60% , односно 508.913 биле сместени во хотели и тоа најмногу со 4 и три ѕвезди.

Но лани 28.976 лица биле дел од сместувачките капацитети на бањите кои се познати по своите лековити води, а над 100.000 лица во приватните сместувачки капацитети.

Сличен е односот на домашните и странските туристи и во 2013 година. И таа година најголем дел од нив биле сместени во хотелите.

Ако во 2010 година во земјава биле реализирани 688.171 ноќевање во хотелите, во 2014 година таа бројка поминала над милион, односно 1.044.887 ноќевања.

Што се однесува за вкупниот број на ноќевања тие лани достигнале 2.195.883. Турските, грчките и српските туристи се најбројни во земјава. По нив следуваат туристите од Грција, Холандија, Бугарија, Албанија, Словенија, Германија...

Организираните авиотури во кој од рана пролет до есен пристигнуваат холандските туристи, даваат и високи статистички бројки. Така според бројот на ноќевањата Холанѓаните се најбројните гости од странство во земјава, а веднаш по нив следуваат туристите од Турција, Србија, Бугарија и Грција.

Во публикацијата се дадени податоци за бројот на туристите и ноќевањата по години и по месеци, по видови места и по видови и категории на деловни единици, по земја на припадност на туристите, по региони, како и податоци за капацитетите за сместување.

По региони најмногу странци го посетиле Скопје, но не заостанува ниту посетата на југозападниот и југоисточниот регион.

Домашните пак туристи повеќе го претпочитаат езерскиот туризам, а Скопје им е повеќе наменет за шопинг.
http://vecer.mk/ekonomija/strancite-gi-obozhavaat-makedonskite-hoteli-so-4-i-3-dzvezdi
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Туризмот во подем, заслужени награди за 30 туристичко-угостителски субјекти

Во периодот од јануари до јули 2015 година, бројот на туристи во Македонија е зголемен за 7,9 отсто во однос на истиот период во минатата година, а бројот на ноќевањата за 4,8 проценти.


Министерството за економија додели признанија на најдобрите туристичко-угосителски деловни субјекти кои во претходната година придонеле за подобрување на туристичката понуда во Македонија. Наградени се вкупно 30 субјекти во седум категории, избрани од Секторот за туризам во Министерството во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

Во категоријата најуспешни хотели во претходната година наградени се: Холидеј ин-Скопје, Инекс Горица-Охрид, Аурора ресорт и спа-Берово и Буши ресорт и спа-Скопје.

Во категоријта "Нова туристичка понуда во хотелиерството" : х. Изгрев од Струга, х.Русија од Скопје, х.Ибис од Скопје и х.Мираж од Струга.

Наградени се и пет туристички агенции од Скопје меѓу кои Фибула ер травел, Карачи, Вардар-експрес, Торија и Атлас корпорејшн.

Меѓу тур-операторите наградени од страна на ресорното министерство се : Аса-тур оператор и Вас-тур, а во категоријата ресторани признанија добија: „Стара куќа", „Воденица" и „Твинс" од Скопје, „Стоби" од Градско и „Артениј" од Гостивар.

Наградени се и манифестациите: Охридско лето, Тетовско културно лето и Скопско лето, Звуците на чаршијата и фестивалот ИФФК „Браќа Манаки"-Битола.

Признанија има и за најдобро уредена плажа, тоа го добија градските плажи во Дојран и во Преспа, Голден бич од Охрид, плажата на хотел Дрим во Струга и плажата Версус, исто така во Струга.

- Ова е мал гест на почит кон субјектите кои придонесуваат за развој на туризмот во нашата држава и за бројките кои во последните пет-шест години се во пораст. Секторот за туризам во континуитет прави анализи за цела година за сите агенции во овој домен колку придонеле, колку туристи поминале преку нив и тие што биле најдобри се избрани- рече министерот за економија Беким Незири на одбележувањето на Светскиот ден на туризмот 27 Септември.

Министерот истовремено информираше дека во 2014 година бројот на туристи во однос на 2013 бил зголемен за 6,5 отсто, а бројот на ноќевања за 7,6 проценти. Туристичкиот нето девизен прилив лани бил 295 милиони долари и бележел зголемување од 2,3 проценти во споредба со 2013 година. Во периодот од јануари до јули 2015 година, рече Незири, бројот на туристи во Македонија е зголемен за 7,9 отсто во однос на истиот период во минатата година, а бројот на ноќевањата за 4,8 проценти.

- Особено успешен се покажа месецот јули во кој е регистрирано зголемување на вкупниот број туристи за 11,7 отсто, а бројот на ноќевања е зголемен за 8,6 проценти. Притоа, зголемувањето на бројот на странските туристи изнесува дури 16,1 отсто во однос на јули 2014 година. Сето ова укажува на фактот дека и оваа фискална година ќе оствариме поволен девизен прилив од туризмот и угостителството, рече Незири.

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Кристијан Џамбазовски истакна дека странските списанија и портали специјализирани за туризам во последните неколку години ја рангираат Македонија помеѓу десет најатрактивни дестинации.

- Владата на РМ приоѓа кон турзимот како кон приоритетен сектор и веќе се преземени низа активности, со што Македонија станува се повидлива и бележи се подобри резултати. Тоа е резултат на агресивната кампања на Владата и на нашата Агенција, активно учество на саеми, странски тур-оператори и новинари, презентации во странство, субвенции и евтини линии, намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти, што доведе до раст во туризмот во Македонија, рече Џамбазовски.

Во последните осум години, додаде тој, се бележи раст повисок од 100 проценти и доколку продолжи трендот, во 2020 година бројот на туристи во Македонија може да биде над 1,2 милиони, кои ќе остварат повеќе од 3 милиони ноќевања. Посочи и дека се зголемува бројот на патници на аеродромите во Скопје и Охрид, што се должи на чартер-летовите, но и на над 30-те линии кои ја поврзуваат Македонија со Европа и светот.

Наградите на најдобрите им беа доделени во комлексот „Македонско село" во Нерези. Незири појасни дека Министерството за економија склучило договор со Секторот за општи и заеднички работи на Владата на РМ за примопредавање на овој објект и дека очекува за еден месец тој да премине во владение на СОЗР.
http://vecer.mk/ekonomija/turizmot-vo-podem-zasluzheni-nagradi-za-30-turistichko-ugostitelski-subjekti
 

Kajgana Shop

На врв Bottom