Туризмот донесе за 20 проценти поголем девизен прилив

Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
А тие 20 % освен во споменици и повисоки административни плати кај одат? Нешто евиденција курци-палци?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Охридски Метропол со зголемени приходи и поголем број ноќевања


Хотелот Mетропол, Охрид објави позитивен финански резултат во првите девет месеци од годинава. Според неревидираниот биланс за успех, објавен на Македонската берза, Метропол во овој период остварил 2,3 милиони евра приход кој е за 17,15% поголем во однос на истиот период лани, и оданочена нето добивка од 611 илјади евра.
“Метропол своето работење го оставруваше во услови на економска и финансиска криза како на меѓународниот така и на домашниот туристички пазар. Но, сепак поместувањата на приоритетните пазари за меѓународните туристички субјекти, макроекономските мерки преземени во земјава, како и промената и прилагодувањата кон другите услови и превземени активности доведоа до зголемен остварен број на ноќевања од 69.377 или 8,31% во однос на истиот период лани “, се вели во образложението од Метропол.
Вкупните расходи во првите девет месеци изнесуваат 1, 7 милиони евра и се намалени за 13.24% во однос на расходите од истиот период лани.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ЛАНИ МАКЕДОНИЈА ЈА ПОСЕТИЈА 7,3% ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ОД СТРАНСТВО



Според податоците од Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2012 година, во однос на истиот период 2011 година, бројот на туристите е зголемен за 2,5%. Кај домашните туристи има намалување за 2,4%, а кај странските зголемување за 7,3%.
Во периодот јануари-декември 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5,5%, а кај странските зголемување за 7,5%.
Бројот на туристите во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, е намален за 4,5%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0,5%. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2012 година изнесува 31.396, а бројот на ноќевањата изнесува 63.260.
Бројот на домашните туристи во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, е намален за 7,1%, а бројот на странските туристи е намален за 2,1%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2012 година, во однос на декември 2011 година, е намален за 1,2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2,1%.
http://kapital.mk/mk/makedonija/92555/lani_makedonija_ja_posetija_7,3_povekje_turisti_od_stranstvo.aspx
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Бројот на туристите годинава ќе достигне рекорд


Туристичките работници велат дека во изминатите неколку години со воведувањето на летовите од нискобуџетните авиокомпании бројот на туристи во Скопје е зголемен, а се очекува да расте и во иднина




Туристите најчесто доаѓаат од Холандија, Белгија и сѐ почесто од Турција
СКОПЈЕ - МАМКА ЗА СТРАНЦИТЕ
Скопје станува најпопуларна туристичка дестинација меѓу странските посетители од градовите во државава. Вкупниот број на туристи за февруари 2013-та во однос на февруари 2012-та е зголемен за 8,7 отсто. Според Државниот завод за статистика, во февруари Скопје го посетиле вкупно 7.754 туристи, од кои 6.614 биле странци. Слична е ситуацијата и за јануари, кога Скопје го посетиле 6.086 странци од вкупно 7.340 туристи. Споредбено со планинските места, странските туристи повеќе се одлучувале да го посетат Скопје за време на зимските месеци. Планините во февруари биле посетени од вкупно 4.153 туристи, од кои 1.534 странци, а во јануари тој број изнесувал 9.530, од кои само 2.043 биле странски туристи.

Хотелиерите и оние што работат во туристичките агенции велат дека годинава не е за изненадување доколку забележиме рекордна посетеност од туристи на градот.

Веќе не сме попатна станица

Туристичките работници велат дека во изминатите неколку години со воведувањето на летовите од нискобуџетните авиокомпании бројот на туристи во Скопје е зголемен, а се очекува да расте и во иднина.
- Со воведувањето на нискобуџетните авиокомпании се зголеми и бројот на туристи што го посетуваат Скопје. Оние што доаѓаат во Македонија само за да го посетат Скопје доаѓаат самоиницијативно и седат најчесто три дена, односно доаѓаат за време на викендите - вели Дончо Таневски, претседател на ХОТАМ.
Дека Скопје најчесто е викенд-дестинација потврдува и бројот на ноќевања на странските туристи во Скопје, кој во февруари изнесува 12.644, што значи дека странците во Скопје просечно остануваат по два дена.

- Тие обично се индивидуалци, кои сами си прават тури, а доколку остануваат повеќе денови одат во посета и на други делови од Македонија, како Охрид, Струга, Маврово, Тетово - додава Таневски.
Исто смета и Александар Чоневски, туристички работник и сопственик на туристичката агенција „Игуана турс“, кој вели дека порано Македонија ја посетувале туристи чија цел била да ги прошетаат балканските земји, а Скопје им било попатна станица.

- Сега сѐ почесто доаѓаат туристи директно во Скопје, а тоа значи дека полека станува број еден туристичка дестинација во Македонија - вели Чоневски.

Комбинација Скопје - Охрид

Очекувано, најмногу туристи и државата генерално, но и само градот Скопје, бележи во текот на летото, кога странските туристи со чартер-летови и организирани аранжмани го посетуваат Охрид, но доаѓаат и на еднодневни екскурзии во Скопје.

- Во изминатите две-три години некои од туристите што доаѓаат со чартер-летови на одмор во Охрид, доаѓаат и на еднодневни екскурзии во Скопје. Минатата година околу 40 отсто од туристите, односно 8.000 туристи дојдени во Охрид со седумдневен аранжман дојдоа да го посетат и Скопје. Ги посетуваат музеите, Старата скопска чаршија, Матка, Старата железничка станица, плоштадот, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Калето - вели Таневски.

Споредбено со Охрид, во Скопје доаѓаат исто, дури и поголем број туристи, затоа што Скопје има посетители преку целата година, а Охрид има ударна сезона, која трае во текот на летото.

- Скопје, како и секој главен град, нормално е да има многу туристи, без разлика какви други туристички места нуди земјата. И во Виена има многу повеќе туристи отколку на скијачките центри на австрискиот дел од Алпите. Во Охрид туристите доаѓаат организирано со агенции и аранжмани, а во Скопје повеќе доаѓаат во сопствена режија - додава Чоневски.

Според Чоневски, мора уште многу да се работи за да се привлечат поголем број туристи, односно треба да поголема организација, поквалитетна презентација на туризмот во Македонија и поголема соработка меѓу агенциите и угостителите.

- Во Скопје треба да се внимава повеќе и на хигиената. Градот треба да биде почист. Исто така, проблем е што во моментов Скопје е градилиште. Се надевам дека за две-три години Скопје како проект ќе се затвори целосно за градот да биде попристапен за туристите. Исто така, фали поквалитетна промоција. Голем проблем е што туристите бараат, а за Скопје не постојат нови, современи мапи, каде што ќе бидат обележани најинтересните локации. Недостига и организација и поголема соработка меѓу туристичките агенции и хотелите - вели Чоневски.

Според туристичките работници, туристите најчесто доаѓаат од Холандија, Белгија и сѐ почесто од Турција, а има и од Аргентина, САД, Јапонија, Кина, но повеќето од нив се изолирани случаи.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42913811195&id=14&prilog=0&setIzdanie=22868
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Некој тука лаже :свиркам:

ХОТАМ: Поради неисплатени субвенции годинава ќе има помалку гости од Бенелукс

На охридската ривиера оваа година ќе одмараат десетина илјади туристи помалку од земјите на Бенелукс, а наместо предвидените 12, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ неделно ќе се реализираат 5 чартер летови неделно, информираат од ХОТАМ. Како причина за значително намалениот број на гости од Холандија и Белгија, од ХОТАМ го наведуваат повеќе месечното доцнење на исплатата на државните субвенции за реализираните аранжмани во 2012 година на туроператорите, за што е задолжена Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.





-Оваа година според најавите на трите партнери од земјите на Бенелукс, кои две години го работат овој пазар, имаше најава за пристигнување на 30 илјади туристи од Холандија и Белгија, но за жал ќе пристигнат можеби околу 20 илјади. Тоа е последица на ненавремено исплаќање на субвенциите на туроператорите од странство. Иако барањата се доставени уредно до сега се обработени и ипсратени решенија само за мај, јуни и јули 2012, а за останатите три месеци, август, септември и октомври, ни решенија за исплата не се испратени до туроператорите.-изјави Дончо Танески, претседател на ХОТАМ.



Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, која е задолжена за исплата на субвенциите, објаснуваат дека поради одредени административни процедури, наместо овој месец, како што првично било предвидено, туроператорите ќе ги добијат средствата за донесените странски туристи во 2012, по велигденските празници.

-Субвенциите за 2011 беа исплатени крај на јуни, а за 2012 ќе бидат исплатени во првите денови од мај. Нема логика да кажува некој дека доцниме. Вкупно ќе бидат исплатени субвенции некаде милион и 50 илјади евра цирка.-изјави Јордан Трајков, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.



Трајков смета дека институцијата со која тој раководи е мета на напади на претседателот на ХОТАМ, бидејќи одбила на агенција блиска на него да исплати субвенции кои немало основ да бидат пресметани.

-Конкретно во нивните барања за субвенции има и барања за деца за кои не се плаќа, како и барања за лица кои не се туристи, односно за обични патници кои доаѓаат со чартер авионите.-истакна Трајков.



Танески, пак, тврди дека простор за манипулација со субвенциите нема затоа што тие се исплаќаат врз основа на 13 прописи пропишани од државата, посочувајќи дека средствата не легнуваат на сметка на домашните хотели и агенции, туку кај туроператорите кои ги носат странските гости.

-Не е само листата на документи, туку мора сите меѓусебни плаќања да бидат завршени. Исто така многу важно е тоа што составен дел од постапката се авионските листи, како и листите за прием на гости во хотелите кои мора да се совпаднат со авионските листи, исто така и издадените фактури за истите гости, плаќањето на истите, но и потврда од ТАВ аеродроми дека се подмирени трошоците за аеродромски услуги и дека летовите се реализирани. Јас мислам дека простор за манипулација со ваква обемна документација нема.-вели Танески.



Согласно закон, субвенции се исплаќаат на секој туроператор или агенција, кои се организатори на патување, односно изготвиле програма, ги продале аранжманите и кои донеле гости во Македонија каде тие оствариле најмалку три ноќевања со појадок. Субвенцијата за земјите во Бенелукс изнесува 65 евра по турист.

Г.М.


28.04.2013 00:20


Прочитана е : 1359 пати​




© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.​
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ГРЦИТЕ НАЈБРОЈНИ ТУРИСТИ ВО МАРТ ВО МАКЕДОНИЈА



Туристите од Грција се најбројните гости во март годинава што престојувале во Македонија, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. По нив следат туристите од Србија и Турција, а меѓу дестинациите каде биле најбројни туристите е Скопје.
Според податоците на Државниот завод за статистика, од Грција бројот на туристи изнесува 5.019, од Србија 2.615 и од Турција 2.578.
Скопје, како што покажуваат податоците, го посетиле 11.158 туристи.
Бројот на туристи во март во земјава изнесува 34.495 и во однос на март лани бележи пораст од 7,5 проценти. Пораст од 18,4 отсто е забележан кај странските туристи, а кај домашните има намалување за 8,8 отсто.
Бројот, пак, на ноќевањата изнесува 73.241 и бележи пораст од 10,2 отсто. Кај домашните туристи има намалување на ноќевањата за 4,5 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи бележи зголемување за 22,6 отсто.
Раст на бројот на туристи од 2,8 отсто е забележан и во првите три месеци од годинава, при што кај домашните има намалување за 1,5 отсто, а кај странските зголемување за 3,5 отсто.
Во периодот јануари- март 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4,3 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 1,4 отсто, а кај странските има зголемување за 6,9 отсто.
http://kapital.mk/MK/makedonija/95081/grcite_najbrojni_turisti_vo_mart_vo_makedonija.aspx
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
РАСТ НА БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ЗА 4,1% ВО АПРИЛ



Бројот на туристите во април 2013 година, во однос на април 2012 година, е зголемен за 4,1%, а бројот на ноќевањата за истиот период порасна за 9,7%, објави денеска Државниот завод за статистика. Според податоците, бројот на туристите во април 2013 година изнесува 42.380, а бројот на ноќевањата изнесува 93.455.

Бројот на домашните туристи во април 2013 година, во однос на април минатата година, е зголемен за 3,4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 4,5%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2013 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 11%.

Во периодот јануари- април 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3,2% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0,2%, а кај странските има зголемување за 5,4%.

Во првите четири месеци од оваа година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,9% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,3%, а кај странските има зголемување за 8,2%.

http://kapital.mk/MK/makedonija/95584/rast_na_brojot_na_turisti_za_4,1_vo_april.aspx
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089

Субвенциите во туризмот донесоа огромен девизен прилив

Во текот на минатата година од државниот буџет за промоции и за субвенции на туризмот во Македонија се потрошени 1.814.430 евра, додека, пак, девизниот прилив од оваа дејност во Македонија бил над 180 милиони евра




Во Македонија има постојан пораст на бројот на странските туристи
ПОДДРШКАТА ДАВА РЕЗУЛТАТИ
Девизниот прилив од туризам во Македонија за 2011 година изнесувал над 170 милиони евра, додека, пак, веќе во 2012 година пораснал над 180 милиони евра. Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, од каде што исто така истакнуваат дека порастот на приливот во 2012 година бил 6,7 отсто во споредба со претходната година. Субвенциите за поддршка на туризмот во 2011 и 2012 година изнесувале само 786.885 евра годишно. За оваа година за субвенционирање странски туристи државата одвоила над 900 илјади евра, поради што може да се очекува уште поголем пораст на девизниот прилив.

Повеќе пари за субвенции

Покрај средствата за субвенции, од државниот буџет за поддршка на туризмот се одвојуваат и пари за промоции, кои во 2011 година изнесувале 171.837 евра, додека, пак, во 2012-та пораснале на сума од над еден милион евра, за веќе оваа година да се одвојат речиси две и пол милиони евра за оваа намена.

- Реализацијата на проектот за субвенционирање странски организиран туристички промет бележи позитивни резултати. Овие резултати се потврдени и од Државниот завод за статистика и од Народна банка на Република Македонија, кои бележат зголемување на бројот на странски туристи и остварен девизен прилив во земјава врз основа на патувања. Доколку сакаме овој тренд да продолжи, неопходно е континуирано вложување, но и поддршка од сите инволвирани страни и од сите граѓани, за да оставиме позитивен впечаток кај посетителите - вели Валентина Переска, претседателка на Комисијата за субвенционирање странски организиран туристички промет при Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

Повеќе заинтересирани туроператори

Од агенцијата појаснуваат дека сите субвенции и средства што се одвоени за туристи или за промоции се користат токму за намената за која се издвоени. Оттаму потсетуваат дека субвенционирањето на странските туристи се практикува веќе четврта година по ред, а веќе е добро познато дека најчести гости за кои се бараат субвенции се Холанѓани, Белгијци, Турци, Финци и други.

- Од година на година се зголемува и бројот на туроператори од различни земји, кои се заинтересирани да ја посетат нашата земја како атрактивна туристичка дестинација, но се зголемува и бројот на домашни туристички агенции што се посветуваат на инкаминг-туризмот - додава Переска.

Од агенцијата појаснуваат дека за 2012 година биле поднесени 339 барања за субвенционирање, од кои дури 84 проценти биле одобрени, а преостанатите 16 отсто се одбиени поради некомплетна документација. Оттаму велат дека средствата предвидени за субвенционирање на агенциите што носат странски туристи секоја година се искористени целосно, па затоа нема префрлање во следната година.
Шеесетина странски туристи еден месец кампуваа покрај Рабетинска Река
Малку жители на Македонија слушнале за Рабетинска Река и за селото Патеец, Кичевско, но за недопрената природа во околината на селото, преку Интернет, дознале европските љубители на природата, кои посакале летово да поминат дел од својот одмор во ова питорескно место. Така, шеесетина странци, Холанѓани, Германци, Канаѓани, Англичани, Белгијци, Французи и Италијанци, повеќе од 30 дена престојуваа покрај изворите во селото Патеец. Тие секојдневно собираа шумски плодови, а навечер, кога ќе паднеше мрак, крај огнот се веселеа, играа и
пееја разни песни.
- Шеесетина странци од повеќе европски земји, како и од Америка и од Канада, повеќе од еден месец кампуваа во близина на нашето село. Повремено се дружеа со малобројните жители на селото, ги пробаа нашите специјалитети, научија понекоја македонска песна и оро, а на разделбата ветија дека повторно ќе дојдат во ова село, за да поминат дел од летниот одмор. За цело време хигиената ја одржуваа на блиските извори, а крај нивниот камп немаше ниту едно парче хартија или некаков отпад, бидејќи беа големи душегрижници за природата. Нивното дружење беше совршено и просто на сите ни беше по малку жал што овие кампери си заминаа од нашето село - рече Драган Павлески од селото Патеец.
Камперите од Патеец се упатиле во соседна Грција, каде што ќе престојуваат одреден период. Ова е втор престој на странски туристи на Рабетинска
Река, откако пред две години на овие извори престојувале исто така поголема група странци. З.А.
Девизен прилив од туризам

Година Сума во евра
2011 171.200.000
2012 182.718.455

Буџет за промоција

Година Сума во евра
2011 171.837
2012 1.027.545
2013 2.420.650

Буџет за субвенции

Година Сума во евра
2010 163.934
2011 786.885
2012 786.885
2013 983.606
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=712131554561&id=10&prilog=0&setIzdanie=22927
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089

Бројот на туристи од минатата година е зголемен за 11,2 проценти. Само во Скопје бројот на домашни и на странски туристи досега изнесува 17.434, што е за околу 4.000 туристи повеќе од минатата година




Околу 100 илјади посетители го посетиле Музејот на македонска борба
ГОДИНАВА ПОВТОРНО СЕ УРИВААТ РЕКОРДИ ВО ПОСЕТЕНОСТ НА ОБЈЕКТИТЕ ВО ГРАДОТ
Новите споменици, Воинот на коњ и фонтаната, Триумфалната порта, Музејот на холокаустот, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Македонскиот народен театар, Старата скопска чаршија, ноќниот живот и вечерното амбиентално осветлување во градот сѐ повеќе ги привлекуваат туристите во овие летни денови да ја посетат нашата метропола. Со градењето голем број културно-историски објекти се прикажуваат нашите национални добра и се докажува македонскиот идентитет. Овие објекти раскажуваат приказна во која Скопје претставува престолнина на една од најстарите цивилизации и култури во светот.

Секојдневно низ централното градско подрачје може да се забележат туристи што го обиколуваат градот со фотоапарати и видеокамери. Според нив, Скопје веќе е туристичка атракција во регионот. Со добра промоција и понуда, градот ќе стане сѐ побарана дестинација, со што ќе се зголемува и приливот на средства од туристичките услуги.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во државата во мај 2012 година изнесувал 67.588, а бројот на ноќевања достигнал 152.117. Жителите од Турција во нашата земја биле најмногубројни до јули. Бројот на туристи од минатата година е зголемен за 11,2 проценти. Само во Скопје бројот на домашни и на странски туристи досега изнесува 17.434, за околу 4.000 туристи повеќе од минатата година.

Иселениците најприсутни во музејот за историја

Музејот на македонската борба за државност и самостојност ја претставува историјата на македонскиот народ од повеќе периоди. Странците и Македонците се воодушевени од овој музеј, чиј број на посети од месец на месец сѐ повеќе расте.

- Импресиониран сум од изградбата на музејот, особено од претставувањето на историјата. Додека бев во посета на овој музеј имав експлозија од емоции, еден од највредните објекти во Скопје е Музејот на македонската борба - вели Жарко Киковиќ од Австралија, кој пред неколку недели го разгледуваше објектот.

Директорот на музејот, Бранислав Светозаревиќ, вели дека досега имало околу 100.000 посетители.
- Во споредба со минатото лето бројот на посетители е во исти рамки. Можам да напоменам само дека е зголемен бројот на странски туристи. Најмногубројни се посетителите од Австралија и од Канада, Македонците од дијаспората - објаснува Светозаревиќ.

Тој додава дека од септември почнуваат со нови проекти во музејот, при што ги следат трендовите во светот, но тоа ќе биде презентирано со наши историски приказни.

Илјада посетители дневно

Странски туристи и македонски иселеници исто така многу сакаат да ја видат Спомен-куќата на Мајка Тереза, која во летните месеци бележи рекордна посетеност. Водичите во Спомен-куќата велат дека за време на летото имаат до 1.000 посетители дневно.

- На годишно ниво Спомен-куќата има 100 илјади посетители. Влезот во Спомен-куќата на Мајка Тереза е слободен, немаме карти за да ја кажеме точната бројка на посетеност во летниов период, но се случува само во рок од три часа да дојдат осум групи по 40 луѓе. Тоа е значително голема бројка и ние сме презадоволни од посетеноста - објаснува Жаклина Глигоровски, кустос-водич во Спомен-куќата.

Таа додава дека одѕивот на странски туристи е многу голем. Има туристи од Холандија, Полска, Хонгконг, Јапонија, Словачка, Турција, Израел, Индија, Јужна Кореја...

Оваа година на 26 август се одбележуваат 103 години од раѓањето на големата хуманитарка Мајка Тереза.

На Израелците им е омилен центарот на холокаустот

Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи е лоциран во срцето на она што некогаш беше Еврејско Маало. Меморијалниот центар на холокаустот постои веќе две години, а директорот на музејот Горан Садикаријо вели дека бројот на посетители, споредувајќи со минатата година, драстично се зголемил.

- Посетеноста на Меморијалниот центар на холокаустот во текот на летниов период е 9.810 посетители. Од оваа бројка на посетители, 80 отсто се странци. Доаѓаат организирани групи од Израел, како и делегации од други држави - објаснува Садикаријо.

Тој додава дека во текот на јуни до завршувањето на школската година Меморијалниот центар беше посетуван и од основни и средни училишта како и од организирани групи на пензионери од државата.
- Во тек е реализација на меѓународниот проект „Нови сведоци на холокаустот“. Ова е трета година како се појавуваме како носители на овој проект. Македонските млади уметници, со различно етничко и културно наследство, ја создаваат својата уметност онака како што го гледаат холокаустот денес. По завршувањето на колонијата нивните дела ги имаме во нашата колекција, при што ги изложуваме во Меморијалниот центар, како и во други градови низ државата - вели Садикаријо.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=891399404&id=14&prilog=0&setIzdanie=22948
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Драстичен пораст на бројот на туристи, приходите околу 140 милиони долари

Собраниската седница на чиј дневен ред се пратенички прашања почна попладнево со прашање до министерот за економија Ваљон Сарачини за вкупните приходи остварени во Република Македонија од оваа летна сезона споредено со приходите остварувани во минатите години.

-Има позитивен драстичен пораст на бројот на туристи, особено странски, како резултат на серијата владини мерки, активности и субвенции за развој на туризмот, нагласи министерот Сарачини.
Тој посочи дека бројот на туристи во Република Македонија, според последните податоци од Државниот завод за статистика, се зголемува за 12 проценти секоја година. До 2020 година целта е, како што рече, приходите од туризмот да постигнат 5 проценти од вкупниот БДП.
Информира дека минатата година приходите од туризмот изнесувале околу 180-200 милиони долари, а годинава, согласно последните податоци, се 138 милиони долари.
За тоа колкав е процентот на учеството од приходите од руралниот туризам од вкупниот приход од туризмот во 2013 година, Сарачини најави поволни кредити за развој на овој туризам, а секое село, подвлече, може да планира да направи промотивни туристички рурални куќи, кои ќе се категоризираат согласно закон.
Тој ги повика локалните власти што е можно повеќе да се вклучат во промоција на туризмот.
Министерот Сарачини потсети дека Владата за развој на туризмот има преземено и мерки поврзани со туристичките агенции и авио превозниците, а во таа насока во април 2013 година се планираат нови три авиолинии за да се зголеми бројот на странски туристи.
Најави и отворање шест до осум туристички развојни зони, каде ќе се нудат бенефиции за изградба на хотели во Македонија. Тој информира дека се подготвува и проект за промоција на еко туризам односно посета на националните паркови, а изготвено е и туристичко упатство за домашните туристички агенции за задолжителна понуда на домашниот туризам.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/135612-Drasticen-porast-na-brojot-na-turisti-prihodite-okolu-140-milioni-dolari
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
СПОРЕД МИНИСТЕРОТ САРАЧИНИ

Расте бројот на туристи во Македонија

Расте бројот на туристи во земјава и во минатата 2013-та година имало 15 отсто повеќе странски туристи од претходната година.​
Ова денеска го изјави Ваљон Сарачини, министерот за економија, откако ја посети Агенцијата за промоција и подршка на туризам каде ги проверуваше постигнатите резултатите на ова поле.
Според него, постигнатите резултатите биле мотив за уште поголем ангажман на полето на туризам.
Тој најави дека Македнија годинава ќе биде преставена во повеќе светски дестинации,ќе се организираат роуд шоуа на кои ќе има средби со туроператорите, со туристичките агенции и со работници во туризмот, а ќе бидат претставени и можностите за инвестирање во туристичките зони во земјава.
http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/raste-brojot-na-turisti-vo-makedonija
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Бројот на туристите во Македонија во јануари годинава изнесувал 30.836, а на ноќевањата 65.019. Во однос на јануари лани туристите и ноќевањата се намалени за 2,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.


Во јануари годинава, споредено со јануари минатата година, бројот на домашните туристи е намален за 5,8 проценти, а на странските за 0,2 проценти. Кај бројот на ноќевањата на домашните туристи има намалување за 6,2 проценти, а кај странските туристи зголемување за процент.


Бројот на туристите во јануари 2014 година, во однос на претходниот месец, е намален за 8,4 проценти, при што кај домашните има зголемување за 8,3 проценти, а кај странските намалување за 19,5 проценти. Намалување за 5,8 проценти е евидентирано кај ноќевањата. Кај домашните туристи има зголемување за 22,2 проценти, а кај странските намалување за 24,8 проценти.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/150819-Nad-30000-turisti-ja-posetile-Makedonija-vo-januari

Некој да ми одговори со колку проценти учествува туризмот во БДП-то на Македонија на годишно ниво.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Некој да ми одговори со колку проценти учествува туризмот во БДП-то на Македонија на годишно ниво.
многу малку. Заедно е во групата З што според овие податоци ако добрро ги читам е негде 1.2% за 2011. Според постари информации, целта на владата беше до 5%.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
ВО НАЈНОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА СВЕТСКИОТ СОВЕТ ЗА ПАТУВАЊЕ И ТУРИЗАМ


Македонскиот туризам годинава ќе порасне за 6,5%


Туризмот лани придонел со 408 милиони евра во македонскиот БДП, во него се вработени 4,5% од вкупното вработено население. Во овој сектор минатата година биле инвестирани 47 милиони евра


Секторот туризам во Македонија во текот на оваа година ќе порасне до 6,5%, стои во најновиот извештај на Светскиот совет за патување и туризам. Во извештајот се наведува за економското и социјалното значење на туристичката индустрија во Македонија, како и на нејзиниот потенцијал во текот на следната деценија.

Од Светскиот совет за туризам анализирајќи ја 2013 година наведуваат дека вкупниот придонес на туризмот во македонскиот бруто домашен производ изнесуваше 25,1 милијарда денари (408,13 милиони евра), што е 5% од БДП.
- Во овој сектор минатата година работеле 31.118 вработени што е 4,5% од вкупно вработеното население во Република Македонија - се вели во извештајот.
Исто така, во туризмот лани имаше инвестиции во вкупна вредност од 2,9 милијарди денари (47 милиони евра), што е 2,1% од вкупните инвестиции во земјата.
- Се претпоставува дека инвестициите во овој сектор оваа година да се зголемат за 13,9% - нагласуваат од Светскиот совет за патување и туризам.

Инаку, секоја година Светскиот совет за патување и туризам прави економска анализа за влијанието на туризмот во 184 држави во светот. Така, во извештајот се наведува дека лани придонесот на туризмот во глобалната економија изнесувал 7 трилиони долари и се очекува оваа година да порасне за 4,3%.
- Во светски рамки во овој сектор лани биле вработени 265.835.000 лица што е 8,9% од вкупната вработеност, или во туризмот бил вработен еден човек на 11 од сите работни места на планетава - стои во извештајот.

За Дејвид Скаусил, претседател и извршен директор на Светскиот совет за патување и туризам, 2013 се покажа дека е уште една успешна година за овој сектор.
- Придонесот на оваа индустрија во светската економија расте четврта година по ред, а во тоа особено помогна силната побарувачка од меѓународните патници. Парите потрошени од страна на странските туристи се зголеми за 3,9 % на глобално ниво достигнувајќи до 1,3 трилиони долари. Јасно е дека растот во секторот се должи на се поголемиот број туристи од средната класа, особено од Азија и Латинска Америка, кои се подготвени и поспособни од кога да патуваат во и надвор од нивните граници - вели Скаусил.

Со оглед дека изгледите за патување во следните 10 години се исклучително поволни и со очекуван раст од над 4% годишно, Скаусил ги повикува владите на земјите да воспостават поотворен визен режим и наместо казни да воведат превентивна даночна политика.
- Од суштинско значење е јавните и приватните партнерства да осигураат одговорни и одржливи планирани долгорочни информации и потреби за човечки ресурси со цел да се обезбеди растот што го предвидуваме. Ако се преземат вистинските чекори, секторот Туризам може да биде добар за сите - вели Скаусил.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B93EB919247C9244AE474BAA21BE9525
 

Kajgana Shop

На врв Bottom