Туризмот донесе за 20 проценти поголем девизен прилив

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Туризмот донесе за 20 проценти поголем девизен прилив

Штотуку завршената туристичка сезона во земјава донела за над 20 проценти поголем прилив на девизи од претходната, а уште поважно е што македонскиот туристички производ станал поконкурентен. Вниманието веќе е свртено кон следната година, а целта е бројот на странските туристи уште повеќе да се зголеми. За промоција ќе бидат потрошени два и пол милиони евра.


248 милиони долари нето девизен прилив забележа Македонија од туристичката сезона 2011 или за 21 % повеќе отколку претходната година. Во првите шест месеци од оваа година забележан е раст на странските туристи за 10,5% а на домашните за 3,5%. Македонскиот туристички производ станал поконкурентен на светскиот пазар и како резултат се забележува зголемен промет од оваа дејност, велат надлежните од Министерството за економија. Предизвик за следната година ќе биде како да се донесат повеќе гости од странство.
Засилената промоција на земјава, новите авионски линии, субвенционирање на донесените туристи од странство, намалување на ДДВ од 18 на 5%. Ова и планираните 2,5 милиони евра за промоција на туристичките капацитети треба да ги повторат успешните две претходни години во туризмот. Во насока на тоа е и новата категоризација на хотелите каде се воведуваат построги правила.
Денеска и Македонија го одбележува Светскиот ден на туризмот. Министерството за економија додели награди на неколку агенции и хотели за успешно сработената сезона. За најуспешни туристички настани за 2012 година ги прогласи Галичка свадба, Звуците на чаршијата и Пивофестот во Прилеп.

 
P

Princ

Гостин
Безидејноста и несодржајните понуди на туристичките аранжмани кои се креираат, ги празнат нашите туристички центри,проценуваат експертите по туризам.Охрид живурка,а останатите , замираат оти згора на се и не се одржуваат. Гостите сакаат да истражуваат, а ние само на зборови го развиваме алтернативниот туризам и продаваме приказни за недопрената природна убавина.

- Државата и локалните власти треба прво да го уредат просторот за да можат после да го продаваат.За мене е дегутантно да имаме ситуација на Отешево која денес е неиздржлива.Таму и она што е направено не се одржува, изјави проф.д-р Науме Мариноски, од Факултетот за туризам во Охрид.

Сепак експерите по туризам ќе ги чекаат официјалните статистички резултати за да покажат дали била успешна или не оваа сезона во Охрид, но напомуваат дека за тоа статистичарите треба да ги бројат само гостите кои престојувале во градот,а не да вадат просек за сите кои летово дошле во Македонија.

Охрид во шпицот на сезона е полупразен. Домашните гости не одбегнуваат, дали е прифатливо причината за тоа да се бара во паѓањето на животниот стандард кога македонците одат надвор на одмор, каде не е ништо поевтино од Охрид?

- Тука треба тур агенции да бидат инвентивни да ги искорстат можностите на отворањето на Албанија, ситуацијата финансиска во Грција и на таа основа да ги базираат своите аранжани што ќе ги формираат, вели мариноски.

Експертите сугерираат и туристичките работници да ја продолжат сезоната,да соработуваат со туристичките дестинации од Балканот,а власта да дава субвенционции за домашни туристи.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=53172 вест од 03 Август 2012

Не разбирам, Охриѓани дрога да не шиткаат штом имаат повисоки приходи? Затоашто на два пати што бев Охрид навистина беше доста празен.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.007
Поени од реакции
4.176
Не е до Охрид, во Скопје оваа година имаше многу туристи. Летово во Скопје само странци гледав :)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Туризмот донесе за 20 проценти поголем девизен прилив
248 милиони долари нето девизен прилив забележа Македонија од туристичката сезона 2011 или за 21 % повеќе отколку претходната година.
Дардан ќе ти искочи со статистика.

Морам бе Цитро , не е добро за здравјето што и да слушнеш одма да речеш амин.

Број на туристи во 2011та порасна за 10% , а велат приливот на девизи пораснал за 21% , интересно , почнале да трошат повише.

Иако и понатаму странските туристи во Македонија престојуваат просечно само 2,3 ноќи.

Кога ќе почнеме да бидеме како соседните земји , каде престојуваат по 7 ноќи , тогаш ќе има повише пари. Ама со споменици не можеш да натераш туристи да престојуваат 7 ноќи.
Центарот на Скопје може да се прошета за еден ден.

Наместо да се инвестира во Охридско-Струшкиот регион овие ги потрошија сите пари во 1км2.

=
Ах, заборавив да кажам дека во Скопје во 2011та во споредба со 2007ма , бројот на туристи пораснал за неверојатни 7.000 (односно за 5%).
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Не е до Охрид, во Скопје оваа година имаше многу туристи. Летово во Скопје само странци гледав :)
Па нормално, има и во Скопје што да се види. Не е само охрид.
--- надополнето: 27 септември 2012 во 19:16 ---
Сега одма ќе се јават дежурните.. лага е,во Грчка е поубаво :D
Дардан ќе ти искочи со статистика.
Да не работи во завод за статистика дечкото? :pos::pos:
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Без врска!
Како прво незнам што се фалат овие, кога немаме ни министерство за туризам! Па уште Сарачини објавува дека ќе се заостри категоризација на хотеливе...бла бла бла! Абе оди види ги хотеливе не се ни за 2 ѕвезди:tapp:
Друго, кога сме кај туризмов ни наш митски, која природна убавина ја опејуваат во митовиве? Ниту се одржува ниту се промовира! КОнцентрацијата на туристичкиот пазар се наоѓа само во Охрид, и сега наново и во Скопје, но што е со останатиот дел од државава! И не е само тоа прашање, се работи за најголемиот туристички пазар (кој реално гледано, може и то како да донесе прилив),но одделен од централната власт, намерно се кочи неговиот развој!
Каде е промоцијата на другите видови на туризам : зимски, бањски, планински, селски, пештерски ....
Да нагласам дека Охридскиот саем за туризам се укина,пред 2 години мислам!
И највежо, се возев во Сло железници, и имаше реклама во возот која гласеше : Во Охрид градот на црквите (така нешто беше), со словенски железници! Кој црни железници? Охрид нема ни пруга, никогаш не ни имал! Е вака, некој турист-авантурист ќе види реклама, и оп кога сака да допатува до Охрид со железница, ќе заглави во Кичево некаде.....
Абе немам зборови за нашиов туризам.... лук и вода!
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ако евентуално Визаир ја поврзе државата со повеќе дестинации низ Европа како што се шушка, можеме да очекуваме некој пораст во профитот од туризмот.
Ќе има доста бекпакери на кои интересни им се дестинациите како Македонија од причина што не се доволно истражени и се релативно ефтини за посета.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..
И највежо, се возев во Сло железници, и имаше реклама во возот која гласеше : Во Охрид градот на црквите (така нешто беше), со словенски железници! Кој црни железници? Охрид нема ни пруга, никогаш не ни имал! Е вака, некој турист-авантурист ќе види реклама, и оп кога сака да допатува до Охрид со железница, ќе заглави во Кичево некаде.....
аахахахахааа слатко ме изнасмеа, па кој будала таа глупост ја смислил??:pos: :facepalm::facepalm:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Без врска!
И највежо, се возев во Сло железници, и имаше реклама во возот која гласеше : Во Охрид градот на црквите (така нешто беше), со словенски железници! Кој црни железници? Охрид нема ни пруга, никогаш не ни имал! Е вака, некој турист-авантурист ќе види реклама, и оп кога сака да допатува до Охрид со железница, ќе заглави во Кичево некаде.....
Со воз до Скопје и после со автобус, ништо нејасно.Веќе имаше летово вакви патници.

Izlet v Makedonijo

Oglejte si najlepše Makedonsko mesto in biser Balkana in se nam med 18. in 23. 9. pridružite na 6 dnevnem vodenem nostalgičnem potovanju z vlakom v Makedonijo, na Ohrid. Čakajo nas lokalni ogledi, samostani, vožnja z ladjico do sv. Nauma, zabava, kulinarika, obujanje spominov… www.slo-zeleznice.si/sl/potniki/tujina/na-izlet-tujina/izlet-makedonija. Prijave za še zadnja prosta mesta zbiramo v Infocentru Ljubljana, po e-pošti na: info.potnik@slo-zeleznice.si in na številki 01 29 12 391.

http://www.slo-zeleznice.si/sl/potniki/tujina/na-izlet-tujina/izlet-makedonija

2. dan: Prihod vlaka v Beograd je predviden ob 6.11, odhod naprej proti Skopju pa ob 7.50. Na relaciji Beograd-Skopje bo v sestavo vlaka uvrščen tudi jedilni vagon, kjer bomo imeli možnost kosila (doplačilo pribl. 10 evrov). Prihod vlaka v Skopje 18.00. Pot do Ohrida bomo v spremstvu lokalnega turističnega vodnika nadaljevali z avtobusom prek Tetova, Gostivarja in Kičeva. Po namestitvi v hotelu ob Ohridskem jezeru sledijo sprejem z dobrodošlico, nepozabna večerja z glasbo in plesom. Prenočitev.

Ако мислиш дека Охрид немал железница, слабо ја познаваш историјата на сопствениот град, со извинење :D
Шо мислиш, з‘ш имат улица Железничка?Е ваква била улица Железничка до пред 46 години...


Пошто ова е 600мм. пруга (нестандардна линија), во 1966 ја демонтирале со ветување дека ќе донесат воз на 1435мм. пруга (стандардна линија)...до Кичево донесле, кај нас уште го носат ко шо знајме :tapp:
с. Врбјани, под Пресека
Искачување на Пресека


Не само до Охрид, туку и до Струга воз, возен ред од 1964



Возен ред од 1961
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.203
Со воз до Скопје и после со автобус, ништо нејасно.Веќе имаше летово вакви патници.
Да ме извиниш, ама сликата која што ја видов во возот, беше од Охрид, и имаше и пруга! Што дава нереална слика, за оној кој што сака да патува до Охрид! Треба да наведат дека се оди прво со воз, а потоа со автобус! А не, да монтираат слики на таков начин!

А, за пругата никогаш немам слушнато досега, но добро е да се знае! Голема штета е, што не се обраќа железнички сообраќај до овој град!
Toтален fail :tapp:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Да ме извиниш, ама сликата која што ја видов во возот, беше од Охрид, и имаше и пруга! Што дава нереална слика, за оној кој што сака да патува до Охрид! Треба да наведат дека се оди прво со воз, а потоа со автобус! А не, да монтираат слики на таков начин!
Маркетинг :icon_lol:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Туризмот доби милион евра од ноќевања на странци повеќе од лани
Бројот на ноќевања на странски туристи е поголем за над 32.000 во споредба со првите осум месеци лани.

Странските туристи во првите осум месеци годинава оствариле 32.136 ноќевања повеќе од истиот период лани, односно 9,3 отсто повеќе од лани, потврдуваат најновите официјални податоци на Државниот завод за статистика. Според проценките на еснафот ова значи зголемување на приходите за македонската туристичка индустрија од околу 1 милион евра само по основ на ноќевања.
Овој податок покажува дека странците веќе ја препознаваат Македонија како туристичка дестинација и дека вложувањето во промоција на нашата земја дало резултати.
Според официјалните податоци само во август годинава во земјава имало 41.695 странски туристи што претставува 19 отсто од сите туристи кои од странство дошле во земјава во првите осум месеци годинава. Овој податок покажува дека бројот на странски туристи во август годинава е барем двојно повисок од месечниот просек за годинава. Странските туристи во август оствариле 119.174 ноќевања што е раст за 2,5 отсто во споредба со истиот месец лани.
Во август најбројни Холанѓаните
Статистиката покажува дека традиционалните гости од Холандија се вратија на охридското крајбрежје. Статистиката регистрирала 5.262 туристи од таа земја што претставува 12,6 отсто од сите странски туристи кои ја посетиле земјава во шпицот на туристичката сезона.Холанѓаните очекувано оствариле и најмногу ноќевања 32.859 што претставува речиси 28 отсто отсто од сите ноќевања на странски туристи во август, годинава. Тие просечно во земјава престојувале на седумдневни аранжмани со просечно шест остварени ноќевања.
Во овој период регистриран е голем број гости од Турција – 5.238 лица. Но статистиката покажува дека Турците многу пократко престојувале вкупно 9.290 ноќевања или одвај просечно по две ноќевања по лице. Традиционално годинава во шпицот на сезоната имало гости од Србија вкупно 4.577 туристи. Но трендот на ноќевања е сличен како кај Турците. Вкупно се реализирани 9.533 ноќевања што значи просечно малку повеќе од 2 ноќевања по лице.
Очекувано Грците продолжуваат да доаѓаат на викенд тури, но пред се во казината на македонско-грчката граница. Од таму се регистрирани 3.416 туристи со реализирани 5.280 ноќевања.
МКД.МК
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Изгледа и наредната година ке биде добра. Иако е многу рано да се радуваме,калкулираме, еве една оптимистичка најава
За наредната пролет во Македонија продадени 15.000 аранжмани во Австрија

Петнаесет илјади аранжмани и осум чартер летови Виена-Охрид се продадени за наредната пролет.

Туристичката агенција „МакСан-Травел“, австриско-македонска компанија, ова го соопшти на македонскиот амбасадор во Австрија Ѓорѓи Филипов на Туристичкиот саем на тур-опереатори во Виена, каде Македонија ги презентираше туристичките потенцијали.

Оваа бројка е за три пати повеќе од реализираното оваа година.

Македонија е вклучена во каталозите и од чисто австриската компанија „Клуг туристик ГмбХ“, партенр на „ТУИ рајзе центар“. Сопственикот на компанијата го информира амбасадорот дека на таков чекор се одлучил следејќи го интересот на австриските туристи и позитивните искуства на „Мак Сан Травел“.

Манифестацијата беше отворена само за деловни партнери, тур оператори и хотелиери.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/65587/za_narednata_prolet_vo_makedonija_prodadeni_15_000_aranzhmani_vo_avstrija.aspx
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089



Се зголемил бројот на странските туристи

60.428 туристи имало во Македонија во септември годинава



Македонија во септември годинава ја посетиле 60.428 туристи, а бројот на ноќевањата изнесувал 166.343. Во однос на септември лани во државава имало за 3,1 проценти повеќе туристи и за 13,9 проценти повеќе ноќевања, објави вчера Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во септември 2012 година во однос на септември 2011 година е намален за 6,2 проценти, а на странските е зголемен за 8,1 проценти. Кај ноќевањата на домашните туристи има зголемување за 5,9 проценти, а на странските за 19,1 проценти. Во периодот јануари-септември годинава во однос на истиот период лани статистиката евидентира дека бројот на туристите е зголемен за 2,5 проценти. Притоа кај домашните туристи има намалување за 3,6 проценти, а кај странските зголемување за 9,1 проценти.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111312928565&id=10&prilog=0&setIzdanie=22728
 

Kajgana Shop

На врв Bottom