Тука пишуваме на зададена тема

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Don't cry to me
If you loved me
You would be here with me
You want me
Come find me
Make up your mind
....
...стиховите кои ги слушаше цело попладне мислејќи само на него. Беше толку блиску, а така далеку. Повредена од животот, предводена од болката и стравот, беше потпполно изгубена во неговиот поглед. Само поминвањето покрај него ја возбудуваше. Но таа беше свесна дека некогаш и некаде ќе успее да ја пронајде својата среќа. Само неколку минути откако размислуваше за својот живот, повторно ја пушти истата песна. Овој пат стихот make up your mind доби едно поинакво значење. Таа нагло стана, и цврсто застана на двете тенки ноџиња. Беше цврсто уверена дека ќе успее. Започна да чекори со бавно темпо, но возбудата и мислата дека ќе успее ја натераа да го забрза чекорот. Како ветер пролета низ тесниот ходник на училиштето, и излезе во дворот. Како сокол кој го гони својот плен, таа го насочи својот, овој пат, остар поглед, барајќи го него. Но, тој не беше тука. Длабоко во себе веруваше дека можеби и тој го чувствува истото за неа, како и таа за него.
Неколку врели солзи се стркалаа по нејзиното мило ангелско лице. Заплака и избега, оставајќи го ранецот на блиската камена клупа. Следниот ден некој заѕвони на нејзината врата... Тоа беше тој носејќи го нејзиниот ранец со него. Таа се вчудоневиди. Сега, тој стоеше пред неа. Сега таа имаше шанса да му каже се’, но не знаеше што да каже. Се изгуби. Заплака од вознемиреност. Но оваа вознемиреност која таа ја почувствува беа нејзините солзи...
Тој ја праша Дали би...дали би сакала да излезеш со мене?!
Одеднаш низ нејзината глава прелетаа неколку стихови од веќе одамна заборавената песна...
Don't cry to me
If you loved me
You would be here with me
You want me
Come find me
Make up your mind
....
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Ти сокрив и те излажав. Јас навистина сум главниот лик во приказната од таа проклета фотографија која толку опсесивно ти ги обзеде мислите. Не знам од каде ми се нашле црвените прамени во косата и не знам побогу во кој дел од плакарот далеку од твоите очи сум ги замотала новите златни чизмички кои ни тебе, а богами ни мене не ми се познати. Ама таа сум, еве погледни, и овој голем белег на вратот кој најверојатно го исцртувам секогаш кога се наоѓам со некој од моите љубовници и тој е мој. Мои се и нозете иако изгледаат како половина од оние кои ме движат надвор од објективот. Не знаев дека некогаш сум купила ваков блузон, ама можно е да сум го позајмила. Знаеш драги, премногу сум напната во последно време за да би можела да се сеќавам доследно на секоја своја постапка...

Дали би ме држел и понатаму за рака и би ми кажувал колку е благословен моментот на спојување на нашите души? Дали би го сопрел времето повторно само за да се насладуваш на ветрот додека игра подмолни игри со моите кратки прамени коса? Дали би ме сакал исто, недопрено и бесно, подано и верно, восхитен од мојата суштина како и пред да ја дознаеш оваа моја вистина?

Ти сокрив и те излажав. Не беше ти првиот кој го пиеше нектарот на благодет од моите шуплини. Наивно што верував дека нема никогаш да се посомневаш во тоа, ама ете го и мигот кога играта мора да продолжи со широко отворени карти на малата масичка во собата за моите љубовни интриги. Не си единствениот кој лежел и се препелкал на овој кревет драги, не си единствениот кој го достигнувал врвот и дното, смеата и плачот, не си единствениот кој бил почесен гостин на мојата маестрална мачешка претстава. Се мазам и ги прегазувам сите збунувачки табуа со кои ме запозна, ти беше мојот најпосветен учител, а по тебе толку многу други со искрена желба да учат од мене... Како можев да одолеам?...

Дали би размислувал да ме примиш чиста во твоите прегратки, да избришеш само со еден потег на раката небројни органски остатоци од безброј други на мојот кревет, и повторно да ја положиш на него твојата силина и цврстина, твојата подана љубов? Или дали би замавнал силно со истата таа рака и би продолжиш свирепо во истиот правец се дури не ја видиш длабоката црвена бразда од мојата усна облеана преку гнездото на разврат што требаше да биде најчистото гнездо на љубов?

А сега удри ме најсилно што можеш, дај ми видлива причина зошто би плачела. Продолжи со истата сила, исцеди ја последната моја капка живот над седлото на блуд за поука на сите после мене за антонимот на вистинската љубов. На крајот, задај го најдобриот удар, а после одврзи ја машната на подарокот. Ти ги подарувам црвените прамени коса и златните чизмички некаде зафрлени во ормарот и белегот на вратот можеби исцртан при секоја развратна средба и блузонот кој не се сеќавам најдобро дали сум го позајмила. Ти ги подарувам сите овие работи подарувајќи ти ја онаа фотографија, прекрасна девојка во страстен бакнеж со момче кое не си ти. И девојката е прекрасна мило, можеби и милион пати попрекрасна од мене и само затоа ми е жал што на таа фотографија никогаш не сум била јас...

Ти сокрив и те излажав... И веројатно го читаш ова, а твоите раце се веќе крвави. Те излажав, ама ќе се одбранам само со мојата гордост, недостижна во висина да ги објасни дилемите. Премногу дрска за да те натера да прогледаш дека секогаш си бил САМО ТИ... Без ничии допири на вратот, без ничии бакнежи на рамото. Без ничии трагови на креветот...

Дали би можела и после смртта да размислувам и моето спознание да биде целосно? Дали би можела да ја држам твојата рака? Можеби и не физички. Но можеби ќе постои некаква врска... еден вид спојка. А?....Можеби....
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Теодор живееше во центарот на градот и во склоп со тоа живееше градски живот. Сакаше да се забавува , да пие со друштвото додека не се онесвести , да се буди на места кој првпат ги гледа (трезен) . Го живееше секој ден само за забава !
На 15 години ја запозна својата прва голема љубов , Мартина. Се забавуваа 4 години . На таа возраст врска од 4 години се чинеше како нераскинлива , вечна .
И двајцата имаа многу сличности, и двајцата се плашеа од громови , мислеа дека Бог со секоја молња ги цели токму нив. Но не знаеа дека судбината може да ги раздели нивните патишта на друг начин .
Тој се запиша во гимназијата „Никола Карев“ незнаејќи што ќе учи понатака . Четирите години му минаа брзо меѓутоа незаборавно. Реши да се запише на Природно Математичкиот Факултет во Скопје иако негова желба беше да студира во странство , поради Мартина. Мартина пак беше 1 година помала од него , и годинава беше матуратнтка исто така во „Никола Карев“ . Единствениот ден за кој што таа живееше во тоа време беше денот кога таа со одредена група на ученици од средните школи требаше да одат на една недела во Хаваи како награда за претставување на државата на светскиот натпревар по математика.
Теодор беше горд со неа.

******
Бојана беше средношколка во „Ѓорѓи Димитров“ . За разлика од останатите девојки на нејзина возраст кој се што правеа беше поради секс , Бојана навистина веруваше во љубовта. Таа уште од мала имаше неколку непријатни моменти на љубовен план , неколку страни во нејзините дневници кој посакува да бидат избришани, некој страни кој колку пати и да ги скинала , сепак се наоѓале на тоа место. Последните 3 години тие страни се изоставени и врз нив се напишани цели приказни на кој се темели нејзината љубов со Виктор . Виктор беше нејзин врсник во гимназијата „Р.Ј.Корчагин“ . На изглед беше бунтовник меѓутоа длабоко во него имаше повеќе од тоа што изливаше на површината. Без разлика на сите часови кој ги испушти поради средби со Бојана , тој сепак успеваше да зема први мести на натпревари по математика. На 7 годишна возраст веќе ја знаел таблицата за множење на памет , се разбира не до бескрајност меѓутоа поголемиот дел. Тој беше малата гордост на Бојана , тој беше рамо со рамо со некоја ученичка од „Никола Карев“ на светскиот натпреварот по математика .И двајцата добија награда одмор во Хаваи на 1 недела . Бојана помалку чувствуваше љубомора бидјеќи тој требаше таа една недела да ја минува со некоја непозната девојка .
*****
Стигна денот кога Виктор и Мартина требаа да одат на летување на Хаваите . Прв во авионот седна Виктор на местото до прозорецот а после 3-4 минути пристинга и Мартина.
„Здраво јас сум Мартина“ се претстави таа .
„Здраво , Виктор , мило ми е “ се насмевна тој.
„И , се чини дека заедно ќе ја минуваме неделава?“ одговори таа возвраќајки на насмевката
„Па да , имаме време да се запознаеме подобро , кажи ми нешто за себе“ беше љубезен Виктор.
Започнаа да ги раскажуваат своите животи , од раѓањето па се до сега , слушајќи го нивниот муабет од страна изгледаше како да се знаат со години . И двајцата имаа исти сваќања за животот . Беа како створени еден за друг , само , имаше еден проблем во сета таа средба. И двајцата беа во долга врска и од некоја чудна причина и двајцата го изоставија тој детал во муабетот. Како да сакаа да изневерат, а двајцата беа морални личности кој никогаш не би ги пречекориле нивните принципи.
Во моментот кога авионот минуваше преку океанот се случи нешто неочекувано.
Виктор ја тргна косата од очите на Мартина , ја стави неговата рака на нејзиниот врат и ја бакна.
Моментот на бакнеж беше проследен со бурно тресење, овојпат не беше од страст , туку авионот навистина се тресеше. Се слушна паничниот глас од Авиопилотот како вели „Врзете ги појасите, има турбуленции“ .
Турбуленциите не се смируваа , стануваа се посилни и посилни , настана општ хаос во авионот а Виктор и Мартина иако се знаеа неповеќе од 3 часа си ги разменија зборовите „Те сакам“ .
Тоа беа последните зборови кој ги разменија.
Немаше потреба од вклучување на болничкиот апарат кога сите знаат дека линијата ќе биде рамна , празна.

******
Бојана и Теодор се најдоа на гробиштата неколку дена потоа , иако не се знаеа претходно си искажаа сочувство. Започнаа да ги раскажуваат своите животи исто како што ги раскажуваа веќе покојните.
Без разлика колку и да беше тажен тој разговор , сепак беше убаво да се види како можат луѓето да слушаат. И двајцата слушаа будно , не го чекаа само својот ред за да си ги искажат маките , туку реплицираа на емоциите од другиот.
Раскажааа што раскажаа, се гушнаа , се исплакаа.... И си отидоа.
Се видоа повторно за 40 Дена , овој пат се знаеа , овој пат повторно направија разговор , како им е без покојните.
После ова , нивните средби се случуваа повремено и најчесто завршуваа со обострано плачење . И двајцата не најдоа партнер после несреќата, и двајцата се наоѓаа во истата состојба.. Се чинеше дека и двајцата се идентични.
После 3 години од случајни средби кој и на двајцата во најмала рака им беа пријатни , после разговори во кој се отворија , ги отворија своите чувства , сватија дека не ги знаат своите имиња.
Теодор реши дека беше време ...
-„Здраво , се имаме запознаено претходно,емоционално , чувствувам дека моја одговорност да се претставам како гласи моето име , кога веќе претставив како гласи мојата душа. Јас сум Теодор . Дали би и дала на љубовта уште една шанса?“
-„Веќе му дадов на мојот живот втора шанса, зашто да не и дадам и на љубовта ? “
Започнаа да одат синхронизирано кон излезот на гробиштата. Првпат после толку време со насмевка изговори „Патем , јас сум Бојана“ ги стави нејзините прсти меѓу неговите и рече „А ова е другата шанса на љубовта“ .
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Со последната капка сила го испушти последнот здив и ги затвори очите. Ја изгуби последна битка, во која остана сама, војниците ги изгуби во предходните многубројни. Во собата настана тишина. Не се слушаа веќе звуците од болката што ја растргнуваше. Конечно после толку маки, стивна. Премина во длабок сон, во кој ќе се одмори.Вечен сон. На лицето и телото останаа врежани само осакатувањата кои требаше да придонесат за да биде подобра.
Нејзиниот син, единствен син, штотуку ја изгуби својата мајка, и иако овој ден беше предвиден со месеци наназад, тој несакаше да поверува. Остана без мајка, и иако беше возрасен, имаше семејство, две ќерки, тој се чувствуваше толку осамено. Беше лут, лут на себе што неможеше да и помогне, лут на светот кој не направи ништо да го спречи овој момент.
Следното утро беше погребот. Многу луѓе, пријатели, роднини, се собраа да и оддадат последна почит. Меѓу толпата која изразуваше жал, се слушаше плач. Плач на девојче кое неможе да стивне. Одеше напред пред погребалната кола, а во рацете ја држеше нејзината слика, голема слика со црна лента. Незнаеше за себе, незнаеше за никој околу себе. Штотуку ја загуби личноста која и беше подкрепа целиот свој краток живот.
Сандакот се спушти, попот ја заврши својата молитва, а девојчето непрекидно липаше и се криеше позади толпата. Сепак попот не издржа а да не и рече: Девојче зашто плачеш?
Дали би ја вратиле моите солзи? - реков и уште посилно ја стегнав урамената слика.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
кога јас би бил лик во драма, се прашувам колку таа би наликувала на шекспировата или на жосефовата? кога јас би бил некој автор , се прашувам колку мојата љубена би наликувала на алигеровата или франческовата? или кога би бил актер во некоја серија, се прашувам колку мојата улога би наликувала на ѕверковата? Си помислив, ја угаснав сијалицата и легнав.
Ме разбуди мојата несмасна сестра, паѓајки на подот поради нејзината прекумерна пијаност што се должи на долгата разделеност со нејзините другарки. Зарем морам да ја трпам? - пак си помислив и се свртив на другата страна.
Телефанот ти ѕвонииии... ејјјјј глуп... - слушнав глас и се свртив да видам. И тој вистина ѕвонеше.
Ало?
Ејјјј... спиеш бе?
Да бе! Шо сакаш аман???
АБе да те прашам нештоо
Прашај и да легнувам ми се спие...
Дали би... Дали би одел на Таламаска со менееееееееее ааааааа:vozbud:
Дали си сериозен???
Мртов сериозеннн...
Лелееееееееееееееееееееееееееее даааааа.... оф фала му на бога се вразумивте!!! - ја гушкам сестра ми и ја бакнувам од срека. Ај сега легнувам.
Важи. се гледаме утре...!!!
Чао
ЧАО
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Дали би дошол?
Дали би седнал?
Тука,до мене.
Блиску до мојата река,по која плови сиво-зеленото гранче?
Тивко и невино.
Водено од импулсите на бранот.
Без идеја.
Без цел и насока.
Полека оди до раскрсницата и се врти во круг.
Не знае што да одбере,не знае на каде.
Размислува.
Премногу раскрсници деновиве.
Премногу за едно мало и невино гранче.
Се споменуваат насекаде.
Сјаат,блескаат,се вртат.
Ги опседнуваат сите делови на неговото постоење.
И збунуваат.
О,да.
Нудат милијарда насоки.
Опции.
Избори.
Погледи.
Аспекти.
Ниеден од нив не е реален.
А сите се точни.
И сите,погрешни.
Пеколно им завидуваат на своите роднини-лавиринтите.
Зеленеат од завист,зошто неможат да бидат како нив.
Неможат да ја достигнат нивната комплексност и убавина.
Затоа,само се издолжуваат насекаде.
Измачуваат,малтретираат.
Само за да ја покажат својата важност.
Да се уверат самите себеси,дека се доволно вредни за некој да им обрне внимание.
А сепак,длабоко во нив се свесни дека нудат само четири насоки.
Ништо повеќе.
Комплетно недоволно,секако.
Тоа ги мачи и ги комплексира.
Несреќната судбина на малите раскрсници.
Сепак,гранчето веќе немаше време да размислува за нив.
Немаше време за сожалување,иако му потекат солзите.
Реката го притискаше.
Се повеќе и повеќе.
Го приморуваше на избор,навидум слободен.
Но никој избор не е слободен,ако некој ти го зема правото да не избереш.
Така размислуваше малото гранче.
Се лутеше за ова.
Кој би создал вакво нешто?
Кој би дал избор,кој не е комплетен?
Зошто тогаш воопшто постои изборот?
Реката надоаѓаше се повеќе и повеќе зад неговиот грб.
Ликуваше со својата супериорност над него.
Реката е позната по тоа што сака да доминира врз послабите.
Тоа и дава сила да се докажува и енергија да го длаби своето корито.
Секој бран го туркаше гранчето.
Не му дозволуваше да размислува.
А мислите испаруваа од него.
Валкани снегулки од идеи паѓаа врз неговата глава и го печеа.
Тивко му зборуваа:
-Врати се.
Црковните ѕвона удираат за тебе.
Лисјата те очекуваат во својата свилена постела.
Малото дете ја пружа својата рака за да те допре.
Светлината е тука и нестрплива.
А самовилите ја пеат својата најубава ода за тебе.
А ти?
Дали би дошол?
Дали би седнал?
Дали би отишол?
Дали би не напуштил?
Раскрсници и прашања.
Одново и одново.
Чуден живот на гранчето.
-Свести се.
 
С

Сатори

Гостин
Може да смениме тема... се сложувам. Но ме интересира... Дали би...
Денес бев среќна затоа што постојам.
Ја гушнав мајка ми и се обидов да и кажам дека нема никаде да се вратам освен дома.
Го бакнав татко ми кога излегував од колата и му ветив дека нема да заборавам да му се јавам кога ќе ме бара.
Ја гушкав Сања зошто понекогаш не може да го издржи „совршенството“ на својот живот и што мора на 18 години да биде жена од 30 со искуство за лошата страна од животот како да има 40.
Ја наговорив Ели да оди на гимназиската забава на која ќе се собере цела генерација да слави што сме избуткале четири години од животот заедно.
Пушев цигар со Викица моја додека се смееше како што се нема година веќе смеено, најсреќното суштество на светот што човекот во кој што е заљубена конечно се врати.
Ја бушавев Тамара зошто косата денес и беше прекрасно виткана и делевме зборови за наредните месеци тортура полна кафиња и планови за заеднички одмор во далечна Русија.
Денес водев љубов со моето сонце и го бакнував како првиот пат кога го направив тоа пред 5 месеци ветувајќи му се себеси од почеток до крај и пак назад.

Дали би била толку среќна денес да бев родена со аритмија на срцето во некое село во Бугарија?
Дали би била толку среќна денес да бев гладна, боса и на работ на смртта во Етиопија?
Дали би била толку среќна да бев мајка на 15?
Дали би била толку среќна да имав сида при незаштитен прв сексуален однос од незнаење?
Дали би била толку среќна ако бев без никој на светот?

ЧУВАЈТЕ го она што го имате и ЧУВАЈТЕ се себеси!Нема дали би кога животот ви дава јагоди и праски наместо лимуни!!!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Застана со мерцедесот на црвено, нервозен е го гледам, нервозно ја стега пурата меѓу заби.
Има да паднеш на земја после дваесеттата секунда ме разбра?
Те разбрав-му одговорив.
Кур мој ме разбра, немој да ми изиграваш херој, и што мислиш дека си силен дека си јак, нема да преживееш ако не паднеш после дваесеттата секунда.
Молчам јас молчи и тој, загрижен е за мене, никогаш го немам видено толку нервозен, додека пак јас сум смирен знам што ме очекува и знам што да очекувам.
Светна зелено на семафорот, го чувствувам движењето на мерцедесот, метар по метар, момент по момент. Ја допирам главата на прозорецот од моето седиште и гледам луѓе. Каде ли одат овие луѓе во овај мравјалник наречен град, не знаат ни сами.
Стигнавме до паркингот полека брат ми го паркира мерцедесот, полека полека оп добро е.
Ќе паднеш после дваесеттата секунда-бакнувајќи ме во чело ми го кажува тоа.
Веќе не очекуваат, арбитерот стои покрај оружјата, тој е висок слаб проќелав средовечен човек со околу педесетина години. Не го познавам. Ведран е на другата страна од паркингот заедно со неговиот братучед.
Ги знаете правилата, има три вида на оружје катана, сатар и мала секира- гласот на арбитарот проструи низ просторот до моите, а и до ушите на другите.
Што ќе одбери предизвиканиот?
Пеколна минута-изустив јас со сета своја самодоверба несомневајќи дали би го преживеал тоа.
Одбери ебано оружје!!!!-се затресе затворениот бетонски паркинг од гласот на Ведран.
Тишина...предизвиканиот ја одбра опцијата пеколна минута-говорејќи го тоа арбитерот во истиот момент даде знак да се соберат оружјата.
Застанав став мирно поглед право, и земјотрес да има нема мрдање. Првиот удар ми е во левото адамово јаболко , вториот во десната слепоочница, третиот во градниот кош. Целиот воздух ми излезе од моите гради.
Десет-изговара арбитерот со неговиот груб глас.
Крв ми тече од нос, од уста, од уши веќе не ги чувствувам ударите во мојата глава, ама сеуште сум на нозе.
Дваесет.
Низ умов ми поминуваат мисли како го поминувавме летото со мојот брат кај дедо ми на село. Ја гледам старата јаболкница пред мене, гордо исправена, кинам едно јаболко од нејзе и го загризувам. Вкусот е прекрасен скоро и да го заборавив.
Триесет.
Не чувствувам повеќе болка само мир и спокој, и нозете мои две кои стојат цврсто на земја.
Темнина.
Лежам во кревет и брат ми е над мене, го ѕиркам со мооето лево око кое што е помалку отечено. Очите му се насолзени.
Четириесет и две секунди, никој нема издржано толку, што ти реков јас тебе да паднеш на дваесет-неговиот плачлив глас го издаде дека не е толку цврст тип. Мојот постар брат кој што го сакам најмногу на свет.
Важно е дека си жив-ми вели.
Да- му одговарам јас.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Не ме знаеш...
Воопшто не ме познаваш..Не знаеш ништо за моите гревови,не знаеш што сум направила,што сум згрешила...
Не можеш ни 5 маани да ми посочиш,научив да се камуфлирам,научив да те лажам..
Страв ми е да ти раскажам се,страв ми е дека нема да разбереш,дека ќе ме оудиш..Ќе ме мразиш..
Ќе ме избришеш од животот и ќе посакаш никогаш да не си ме познавал...Се тресам како мало дете на самата помисла дека може да те изгубам..
Не сакам веќе да те лажам,не можам да те лажам,се мразам себеси зашто ненамерно те повредувам,се повредувам самата...

Дали би ме сакал кога би ја знаел вистината?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Дали би верувал во празни зборови обвиткани во слатко ветување?
Дали би верувал во искрени лаги и напразни извинувања?
Дали би верувал во човек кој држи нож и ти се насмевнува?
Дали би верувал во човек облечен во овчјо крзно, а кој те набљудува крвожедно како волк и чека да му го свртиш грбот за да те распарчи?
Дали би верувал во некој кој вели 'засекогаш', а нема ни најмала идеја што ќе се случи во следниот момент?
Дали би верувал во некој кој вели дека те љуби а веќе потоа не му го гледаш трагот зошто егото му се лупи премногу лесно а гневот му останува во форма на намќореста маска?
Дали би верувал во пријател кој ти ја подава раката, искрено и верно, а потоа кога ќе настапи невреме тој бега како сите што се разбегуваат очајни да си го спасат само својот ценет задник? Дали би прашал тој потоа каде си ти, дал во некој ендек дал во некој двор?
Дали би верувал во човек кога веќе луѓето ги снемува од лицето на земјата, и остануваат само ползачи и ѕверови, паразити и канибали?


Дали би верувал дека сепак постојат искрени и добродушни луѓе иако немаш доказ? Да, ќе се тераш да веруваш со секој еден чекор зошто животот без верба во луѓето би бил безвреден, не би бил живот.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Дали би

Ништо не е толку тешко од недоречениот збор кој никогаш повеќе неможеш да го кажеш и да те слушне вистинската особа. Самата помисла дека има нешто во тебе што седи и неможе да излезе те убива. Се навраќам на денот, во мислите ми е сликата, во срцето горчината и нерасчистените мисли. Ако го кажав зборот што требаше да го кажам, дали би сменил нешто? Дали јас ќе бев помирна и немаше сите овие години секој ден да мислам што би било ако би било? Дали неговата насмевка мене ќе ме смиреше и мојот збор ќе ветеше мирен сон?
Дали? дали? дали? дали ? - го мразам овој збор. Ме навраќа на минатото кое е болно и замаглено од солзи. Врескам во себе, го проколнувам денот кога не го изговорив зборот, се останато е само остаток од убавиот живот. Дали би? Што би сменило со тоа дали би? Ништо, само ќе се зголеми празнината во душата, малку ли е?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Костенлива бушава косичка... црни очиња кои делуваат насолзено само затоа што јас во нив гледам кристално чиста љубовна слика во создавање, преку нив се гледам во иднината. Дали би? Без двоумење.

Долга права и плава, со заносен од и заводлив поглед. Усни кои ветуваат целовечерна забава, плиток дуел со утринско кафе и гарантирани проблеми недела подоцна. Гради кои измамуваат љубоморни погледи и го растат егото како да печурка под дожд две недели подоцна и еротска наслада која неизбежно ќе ја овозоможат истата вечер. Дали би? Секако.

Костенлива косичка која на сонцето делува како палаво детенце, патичиња со одврзани врвки и маичка која јас ја носев како дете, со две дупки на грбот од багремите кај вујче. Маичката на неа стои како да не смее да носи друга, бидејќи во било која останата ќе делува толку несвојствено, толку непристојно, толку не сопствено, толку не моја. Кога ќе ме бакне наопаку, додека ја неведнува главата од зад мене а јас лежам во онаа мрежа врзана за крушката и кајсијата, се смее, како да се моите усни стопено чоколадо а таа сака да се измачка со нив. Јас нема да ја искарам зашто се направила како мало прасенце, бидејќи и јас самиот уживам да бидам кал... а тие две едноставно одат заедно. Дали би повторно, ех...

Часови посветени на својата екстравагантна руса грива, која сосема јасно го отсликува статусот кој го има, ја доведуваат до совршена слика на подредени коцки. Кога таа седнува, светот станува, потоа светот седнува, таа заминува бидејќи веќе со него не припаѓа, тие никогаш не можат да бидат едно. А сепак, и покрај тоа, заради сиот свој сјај и етикетата на ѕвезда која ја носи како ореол над себе, светот се уште ја сака како божица. Ниту е, ниту заслужува ореол, но тоа го знаеме само јас и вие, што во никој случај нема да и ја смали вредноста која ја има.
Покрај неа седам како султан со омилената анама на прием на на соседните големци. Таа срамежливо кокетира со сите, додека тие се насладуваат од нејзината убавина и се надеваат следствено дека сладокусец како мене од слаткото ќе сподели со нив. Тоа и ласка и гребе, но разговорот кој авторитативно го водам, а масата со почит го следи, има двојна вредност и смисла кога на крајот на денот повторно во нашата топла и мила одаја таа самата лично ќе ги оспори сите коментари мои или туѓи, а нејзините нозе неуморно ќе се обвијат околу мене и без текст ќе објаснат дека сите ега, празни дебати и надмудрувања паѓаат во вода кога во креветот ќе го имам совршенството на секој почеток и крај на денот. Секс, моќен, силен, и страсен кој ќе заврши со прегратка и продолжи следното утро до пладне. По него, повторно ќе се претвориме во елегантни скоцкани чудовишта кои сите сакаат да ги разграбаат на улиците. Дали би повторно... хех...
 

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Синоќа се осеќав како гомно, утрово уште полошо едниствената убава мисла која ме бодреше да станам од топлиот кревет беше помислата на утринското кафе.
“ Сандрааааааа станувај стигна писмо за тебе“ ме извади од такт пискавиот глас на мајка ми. Се извлеков од постелата безволно мислејќи дека се работи за новиот каталог од Авон и им пцуев се по список. Го зграбчив плокот набрзина со полузатворени очи не обрнувајќи внимание на пликот и адресата на испраќачот.
По отварањето веќе се ми беше јасно... Фотографија... Ах па супер ....На фотографијата убаво украсена божиќна елака, неговата вештачка насмевка на неговото убаво лице зачинети со Новогодишно црвено-бело капче, до него неговата прекрасна и постара женичка со новороденче во рацете. А на задниот дел од фотографијата уште попрекрасна посвета “ Gravity pulled me back to the ground, but thinking of you is the only way i could fly... Среќна нова„
Истрчав назад во собата, истовремено те мразев, ми недостигаше и се сеќавав колку бевме среќни и помислував на тоа колку уште ќе бевме ако не се претвореше во празноглав материјалист. Се обидував да се сетам што се случи со тебе, што те смени толку. Се сеќаваш, на нашето прво летување заедно, и првото будење еден до друг? О да јас се сеќавам како да беше тоа утрово.
Ме будеше со нежни бакнежи по грбот и ми шепотеше „Сакам да избегаме заедно во некој град, некое место каде не познаваме двајцата никој...сите луќе да се за нас само сенки... цело време што го имама да го трошам на тебе...да нема никој друг...сакам да има една голема фонтана каде што ќе го поминуваме денот...сакам да има клупа од каде што ќе се гледа зајдисонцето за да поминуваме дел од ноќта таму... тогаш ќе бидам најсреќен“ Се прашував што се случува со тебе и почнав да се смеам, но твоето лице беше скаменето и погледот сериозен “ Дали би дошла со мене во тоа измислено градче?“ од џебот извади пластичен прстен и онака со блага насмевка изусти “Дали би сакала да бидиш моја измеќарка до крајот на твојот и мојот живот,и дали би сакала да заспиваш со моето милозвучно грчење секоја ноќ?“ Ми го стави прстенот на рака силно ме гушна, а потоа водевме љубов беше нежен како никогаш предходно.
“Петар што се случува денес со тебе“
“Незнам бејби ПМС ваљда“
Две години потоа.
Да и на тоа се сеќавам како да беше предмалку, три дена... како да те проголтала земјата... Четири часот наутро ме буди добро познатата мелодија “Is this love ...“ и го слушам твојот растреперен глас како ми објаснува некои работи кои неможев да ги сватам или не сакав затоа што се плашев дека не сонувам или затоа што посакував да сонувам сеедно “ Ти ветувам ќе се вратам по тебе, штом ќе ја добијам визата, те молам бејби свати ме ова е за наше добро. Немав храброст да ти го кажам ова во очи, авионот полетува за саат време те молам одговори ми дали би ме чекала да се вратам, дали би заминала од тука со мене кога ќе дојдам по тебе?“
Ја гледам фотографијата како гори ...
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Дали би?

Моравме да го сториме тоа. Постојаното менување на темата и избегнување на одговори го излудуваше Татко ми. Јас ги знаев одговорите но, поради неа не можев да ги дискутирам наоколу. Татко ми ја разбираше мојата лојалност кон нејзе и затоа не навалуваше да дознае преку мене што се случува со неа. Но, сепак иако имаше претстава што може да биде тој имаше потреба да дознае. Затоа, денес, тргнавме по нејзе. Може да се нарече тоа следење, но, следење на нејзините изрази на лицето и реакциите на се што се случува. Такви сме јас и Татко ми, silent observers, набљудуваме, говорот на телото кажува милион повеќе вистини отколку зборовите кои излегуваат низ устата. Тие секогаш ја кријат вистината, на половина или во целина. Тие секогаш се полни со лицемерие, страв, љубомора, желба за самоактуелизација а понекогаш и омраза. Така таа денес ја носеше насмевката која не откриваше ништо, но мене и татко ми ни значеше многу. Отапена среќа. Сепак е среќа, си помисливме и разменивме погледи. Како што се движеше изгледаше како да лебди, се движеше толку лесно кон целта, дури изгледаше безгрижно. Таа насмевка одвреме навреме стануваше поочигледна и поразвлечена. Изгледаше како да секој момент ќе почне да се смее на глас, како да секој момент ќе застане и ќе почне да пее на сет глас, а можеби и да почне да игра на сред улица. Но, таа упорно се движеше со малата смирена насмевка. Погледнуваше наоколу но, незаинтересирано. Силуетите кои се движеа околу неа изгледаа толку празно и обично што не провоцираа никаква реакција кај нејзе. Одвреме навреме како да мрмореше нешто, но, најверојатно потпевнуваше некоја песна. Кога се сретнаа почна да пее на глас:

I can get her back, but I don't want her back,
I Realized that, She don't know how to act
Never been a dumb dude No, I'm not dense
I just had a slight lack Of common sense
I was the good guy She was the bad girl
I'm thinking one girl
She thinking me, Earl, James and Jimmy
Yep, she had plenty
But love for me, she didn't have any.

Се прегрнаа силно и заминаа. Без тешкотии го убедив Татко ми да им подариме приватност и да не и ја одземаме повеќе. Сепак имавме почит спрема нејзината филозофија дека: „Приватноста е дар од мене, само за мене, и за никој друг. И тогаш дојде некој кој што се замислуваше дека е Господ и ми ја зеде.“ А јас и Татко ми и Господ не одиме заедно. Таа ја избегнуваше и таа тема. Со право. Многу луѓе се преполни со предрасуди, па зошто да ја нарушува својата смиреност со нив.
Кога полека се упати кон нејзиниот дом, застана во една продавница и кога излезе нешто и шушкаше в чантата. Татко ми се насмевна за себе веројатно поврзувајќи го новиот пар гаќи со денов, но, јас не чувствував никаква потреба да го разубедувам. Се насмевнав не коментирајќи ништо. Чудно, одејќи полека зад нејзе не изустивме збор. А богами и немаше потреба од тоа. Се наближуваше кон местото. Татко ми не можеше да ја скрие својата возбуденост а таа се повеќе шепотеше нешто за себе. Се насмевна. Татко ми се зачуди. Јас не. Ова беше знакот. Ова беше тоа што Татко ми сакаше да го знае. Таа пееше:

Oh, please don't worry 'bout me I'm fine
(Please don't worry 'bout me I'm fine)
Only gonna play the fool one time
(Only gonna play the fool one time)
Trust me when I say That I'll be OK
Go on girl (Go on girl)
Go on girl (Go on girl)
Go on girl

Го погледнав Татко ми и јас почнав да му пеам. Си направив и инстант ремикс пеејќи му:

[Tech N9ne]
The Religion!
First thing I wanna say is (what!)
Y'all can't fuck wit us
Y'all can't fuck wit us


Потоа пак се вратив на песната:

Baby I’m feeling no stress I’m too fly to be depressed!

Како што се движеше се повеќе лебдеше таа, а Татко ми ме замоли да ја чувам оваа тајна за себе. Изгледаше виновно, се чувствуваше виновно. Знаев зошто, и не сакав да му речам дека навистина е виновен. Сакаше да биде сам. Во молк му климнав со глава и кога ме прегрна почувствував дека се тресе. Си помислив дали би ја признал вината out loud, но изразот на неговото лице кажуваше се. Тргнав да ја стигнам нејзе за да ја подели својата нова приказна со мене. Ја прегрнав и и шепнав:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Бидејќи должам поклони, помогнете ми да им се оддолжам на неколкуте девојки кои овој валентин/нова година/роденден/младенци не го добија од мене. Приказнава, место поклон ти ја дарам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom