Avoid The Void
mrow
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 2.504
- Поени од реакции
- 72
Колку време веќе го чекорам истиот пат, со истите луѓе околу мене, а постојано се чини како да сум скршнала и како тие луѓе да ги смениле маските.. Рацете ги склопувам во тупаници, но ги кријам во џебовите од палтото, а наведнатата глава ја поткренувам да видам до каде сум стигнала и дали останал некој до мене. Тесни, мрачни улички, а во еден крај пригушени светла менуваат редослед:сино, виолетово па црвено.. Љубопитност убива, ама никој не се ни бори против тоа. Се шмугнав низ даските, но испуштив таков писок како кога женска штикла би згазнала невино опавче на мачка.. гаден клин ми го распара здолништето и пушти неколку капки крв..
"Aјде малечка, па тоа не е ништо, ти да знаеш колку поодвратни рани имам видено, смири се"
Се приклештив до ѕидот и успеав да пропелтелчам и прашам кој се крие и кој ми се обраќа.
"Име баш и не ти е потребно, нема ни така да го памтиш.. ниту пак ликот ќе го покажам, не е секој така мил како тебе... Но, продолжи по што дојде.. сакаше да видиш од каде доаѓаат светлата, знаеш и самата дека има нешто повеќе од тоа, нели? "
Ми ги читаше мислите..
"Знам, ти ги читам мислите, нели? Не се чуди, не се противи, само продолжи напред.. ќе видиш еден мал мост кој ќе те одведе до ѕид. Ќе видиш три различни порти..."
Молчев и стоев како закована, а моите очи само пробуваа да видат нешто барем што личи на човек во тој ужасен мрак. Но, имаше нешто познато во тој глас, нешто што ме смируваше и не предизвикуваше никаков страв.
.. И така беше, пред мене стоеше поставен ѕид со три порти во различна боја и извртени облици.
Првата беше сина, старо сина со прекрасна златна клучалка и смирувачка форма. Следната беше како порта на дворец, магично виолетова, со црна стара квака и неколку катанци, и искрено личеше како позајмена од "Алиса во земјата на чудата". А и кога ќе размислам, така и се чувствував, а овој глас кој ме водеше и се криеше од мене беше блесавиот зајак и мистериозната мачка во едно. Но, третата не беше ништо како претходните две. Беше висока, но тесна, нејзините горни рабови беа во форма на ѓаволски рогови, а долните беа корења со кои беше прикрепена на земјата. Со крвава темно-црвена боја, пред оваа порта мислев дека стојам пред самиот ѓавол.
"Е па малечка, стигна каде што тргна.. Сега знаеш што следи."
Но, јас најискрено не знаев. Само покорно одев по тој пат кој ме водеше напред, не вртејќи ни лево ни десно, избегнувајќи ги вировите, скршените камења, никогаш со мисла дека ќе стигнам до нешто повиско и потешко. А сега беше се' на мене. Сино, виолетово или црвено. Изборот беше мој, но и животот после тој избор, и каењето, и радоста, и секоја мисла и прашање кое следеше со тоа.
Бев добро запознаена со лицемерието и дволичноста, и ако нешто научив од годините е дека ништо не е така како што изгледа.. Смирувачката сина може да биде и немирно море, со бранови кои ќе те потопат до дното... Виолетовото ќе те потчини, ќе те окова до смрт.. Но, крвавата црвена ме опи мене. Не беше тоа ѓаволски рог, туку силен бик и горд лав кој ќе ме чува и брани. Корења за да ме задржи на сигурно, да не залутам по темните катчиња. Беше без квака, што уште повеќе се вклопуваше во мистериозноста на самата порта. Да, таа е. Ја турнав полека вратата, се провнав низ тесниот отвор и.. потонав во заслепувачка светлина, мирис на маж и прегратка љубов.. Да, ова е тоа што го барав.