Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Каков мизерен живот. Колку залудно проживеани години. Толку многу порази без ниту еден, барем случаен успех. Како можеш да живееш така?
Знам. Живееш со помислата дека за секој твој погрешен чекор е виновен некој друг. Но, дали е тоа така? Си се запрашал некогаш дали твојата е и единствена вистина? Зарем никогаш, во ниту еден момент не си признал, само на себе, дека токму ти си тој кој не можел да ги препознава подобрите патишта?
Туку чекај ... ти беше тоа мало наивно момче кое живееше со еден родител, кој не беше добра замена за двајца? Кој не внимаваше на тебе доволно добро? Кој не умееше да ти даде доволно љубов? Кој со сето тоа, како со намера те фрли во прегратките на хероинот?
Да, ти беше.
Па добро, ти признавам, за тоа била виновна мајка ти.
Но, кој беше виновникот кога после првото, имаше и второ навлекување на истото ѓубре?
Знам, се сетив.
Тоа беше повторно таа, кога со своите сомнежи ти наметна инает, доволно силен да почнеш се` од почеток.
Но, нели имаше шанса да застанеш на свои нозе кога стана независен од неа, кога ја доби својата прва работа и почна да живееш сам? Нели тогаш повторно, чист, зачекори по еден нов пат? Кој беше проклетникот што те врати повторно назад?
Ах, немој да ми кажуваш уште еднаш ... и на тоа се сетив.
Повторно беше таа со тоа што индиректно те избрка од дома и те остави сам. Колку лоша мајка и уште полоши трауматични искуства.
Морам да признаам ... па ти воопшто не си бил виновен за ниедна лоша постапка од твоето детство!
Но сепак, јас сум упорна и ќе продолжам да ја барам твојата вина, за да си го потврдам своето мислење за тебе и твојот живот.
После уште едно тешко откачување од твојата најголема навика (како што знаеше да ја наречеш) животот ти се насмевна. Продолжи да живееш со другари, се избори за подобра работа, почна конечно да живееш нормално како другите околу тебе. Можело и така, нели?
Но, нов тест и твое ново паѓање. Зошто мораше да ја сретнеш неа, да ти биде толку недостапна, да неможеш да најдеш начин како да ја освоиш. Немаше такво искуство, незнаеше како да постапиш, ти требаше храброст да го прифатиш и тој предизвик. А што можеше тука да ти помогне освен дрогата? Ништо друго душо, знам.
Не смееше да дозволиш да ја испуштиш таа девојка ... постапи правилно како и секогаш. Но не, не беше ти виновен и тогаш. Тоа беше девојката ... таа требаше да знае колку си несигурен и преплашен и да ја преземе цела ситуација во нејзини раце.
Но, дали вредеше?
Успеа и беше со неа долго време, но дали го живееше тоа свесно? Дали ја сакаше откако стана твоја, дали уживаше, дали ги слушаше нејзините зборови, дали ја почувствува нејзината грижа и љубов, дали го препозна моментот кога едноставно ја премина границата? Дали забележа кога и зошто остана сам? Дали после тоа ти беше тешко и се обиде да го пронајдеш виновникот за се` што доживеа или не?
Ах да, па тоа беа повеќе виновници ... помисли дека ќе згрешиш ако посочиш само еден.
Твоето семејство е првиот виновник, нели? Трудејќи се да ти помогне, ти стана најголем непријател. Незнаеше зошто ги гледаш така, немаше сили да размислуваш, па со некој потаен гнев реши да ја зголемиш веќе големата доза.
Твоите вистински другари ... просто да се запрашаш дали воопшто некогаш можеле да се наречат другари. Сакаа да ти укажат на тоа дека имаш проблем, да ти помогнат, но после повеќе неуспешни обиди те напуштија. Повторно некоја мачна тага и некој нелогичен гнев залиени со уште поголема доза хероин.
Твојата девојка исто така. Па таа толку години помина со тебе, толку моменти заедно, за на крај да те остави? Како можеше на крај дури и да те уценува ... како можеше да ти каже да избереш? Знаела ли воопшто дека ти немаш проблем со дрогата, туку мразиш уцени? Што ли очекувала на тоа? Да ја молиш да се врати? Жени ...
Голема вина имаше и твојот директор, морам да признаам. Ти понуди толку добра работа, толку добра плата, а те отпушти само затоа што си крадел од фирмата. Па кој не краде во денешно време? И тој како да не знаел колку е скапо уживањето наречено хероин.
Сепак и тоа не е лошо. Ти си интелигентен човек, добар работник, ќе си најдеш и подобро од тоа.
Нека не биде твоја грижа што толку многу луѓе те изгубиле. Ти никого не си повредил, а види како тоа ти се враќа. Голема неправда!
Не очајувај, барем јас те сфатив на крај, дури ти должам и извинување. Извини што те навредив со тоа што помислив дека си сам виновен за се`.
Ова е твојот живот, незнаеме ни јас ни ти како и кога ќе заврши, но барем заклучивме дека ти не си виновен за ништо ... едноставно тој не е фер!