Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

R

Razorblade Kiss

Гостин
Скакулец

Скакулец

Не бев спремна да го дочекам со раширени раце. Помислата на неговото присуство, овде, во мојата соба, секој ден, секоја минута...моја минута...чувствував дека го украде сето она што некогаш мене ми припаѓаше. Беа фасцинирани од неговиот невин изглед и спокојноста со која му пристапи на светот. Неговата насмевка предизвикуваше возбуда, а плачот симпатичен немир.
Не сакав да го погледнам од причина да не го засакам,да не почнат да ми недостасуваат звуците на кои се навикнаа другите,а за мене претставуваа мачнина.
Одеднаш се најдов пред влажниот темен прозорец на нашата куќа, додека на другата страна беше светло, хармонична атмосфера со центарот на внимание-тој. За момент се почувствував осамено.
Како што минуваа годините,така и тој растеше.И јас растев,и повеќе не ја чувствував онаа грутка во грло која се наметна сама по себе.Но не го ни сакав.За мене,тој сеуште претставуваше натрапникот на мојата радост.
Едно утро дојде во мојата постела.Мамурна од кошмарите што ги консумирав,првото што ме отрезни беше неговиот поглед право во моите црвени очи.Се насмевна,ме искуба за косата и замина да му додева на друг. Бев лута што ме вознемири,но на некој начин и благодарна што ова утро не наликуваше на претходните.Веќе ниедно не наликуваше на претходното.
Минуваа лета,подем по пад,пад па повторно подем,не секогаш се водеа по шемата на предвидливоста...но мораше смело да и се спротивставиш,бидејќи слабаците ја губат битката уште пред да ја започнат.
За првпат по толку време почувствував дека се вратив дома.На мојот кревет ме чекаа локви од солзи,и потонати крилца.Ги затворив очите за момент,а таму беше тој,ме повикуваше да му помогнам,но моето внимание беше одвлечено од пискотниците на глувонемите.Бев гневна бидејќи го земаа единственото нешто што ме потсетуваше дека сум сеуште тука.
И денес,кога се будам со твојот лик во моите крвави солзи,сакам да предизвикаш хаос.Но натрапниците доаѓаат еднаш,а заминуваат без збогум. Држи се малечко,нешто во себе ми кажува дека ќе се избориш со себе,и ќе извојуваш победа против сите што сакаат да те вратат на страната на сожалуваните.
Твоите крилца те чекаат во мојата постела,а јас чекам да ја вратиш мојата радост.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Јас сум неодлучна. Не знам дали соодветниот глагол во оваа реченица треба да биде да ви кажам, убедам или докажам. Така јас се мислам како да ви кажам, убедам или докажам за тоа колку ми е чудно, не колку ми е смешно или не, колку ми е необично што некогаш сум тажна некогаш среќна а пак некогаш меланхолична. Ама не е битно, јас пак сум неодлучна. Она што сакав да ви кажам е дека така некогаш кога седам, а притоа сум тажна,среќна или меланхолична чудно или смешно или необично ми е како оддеднаш, од никаде, туку-така, пред мене ке видам голем зелен скакулец.Обично во лето или не. Не знам.Неодлучна сум.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Скакулец

Си бил еден скакулец.И скакал.Скак-скак-скак.Од гранка до гранка.Од ливче до ливче.Полека,спонтано,уништувајки се пред себе.Се,во неговата мок.А таа била мала.Не како би знаело малото скакулче какви несреки предизвикува со тоа што невино лево-десно?
Едно дете се разболе и умре поради него.Тоа ја уништи мајката,која се самоуби.Таткото неможеше да го трпи тој фамилијарен ужас,и реши да му се одмазди на Бог,во кој дотогаш силно веруваше и ги полагаше сите свои надежи за подобро утре.Доби...пропадната фамилија.Тоа го порази комплетно.Удри каде што неговото дејство би било најразорно.Во мозокот.Таткото стана шизофреничар.Масовен убиец,со една цел,да му се одмазди на бог,земајки ги неговите чеда.Ја почна својата војна.Хах,војна против нешто што не постои.Секс со замислен противник.И убиства.Едно по друго.Ожалостени фамилии,обезглавени кланови,вдовици...тоа беше хоророт што го оставаше зад него.
Кога конечно си го исполни срцето со посакуваната одмазда,се самоуби.Брзо и лесно.Уживаше.Уживаше во тие кратки моменти на својата смрт,повеке од било кога во животот.Парадоксално,нели...Ма не,ова е само секојдневен настан.Парадоксалноста лежи на друго место.Сетете се,се почна од малото скакулче.Си одеше лево-десно,скокаше весело,и случајно ја закачи за него Малечката бактерија.Детето го допре,ја зема во себе и нејзе и преостануваше само да се размножи.The rest is history.


п.с:smir:
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Скакулец


Беше прекрасен денот кога се запознавме. Уште при првиот поглед се заљубив, а дури не ни верував во љубов на прв поглед. Совршен беше мигот кога нашите усни се споија, а влажните јазици пишуваа љубовни текстови исполнувајќи ја мојата уста со твојот пресладок вкус. Не се сеќавам на миг на тага, го гледам само твоето насмеано лице. Толку насмевки поделив со тебе, толку среќа за моето срце, спокој на моето лице. А длабоко во мене...

Мрак и страв! Само темнина и камбани, бијат крај на нашето време. Кога? Како скакулец на мојата дланка, така себично те чувам, а кога? Ќе скокнеш ли некогаш, за миг ќе те снема и твоите лесни нозе ќе го скршат моето срце со осаменост како горка планина. Ќе овенам како тревата врз која фрлив камен, печат на старата болка. Пекол, љубомора, горам при секој поглед на туѓите очи врз тоа што е само мое, тоа што никому не припаѓа! Не заминувај никогаш и мојот прстен ќе ја краси твојата љубов! Зароби ме, да бидам вечен дел од тебе. Подобро така, не можам јас да го забранам твојот магичен танц, а ти само ќе ја разгориш мојата инспирација. Повторно страв, дали е доволно тоа што го нудам?

А сонцето ветуваше среќа со секоја небесна прашина на нашите лица. Еден зрак врз испреплетените дланки, друг помеѓу воздишките „Те сакам.„. Бевме крунисани на вечност, со златна дијадема од сончев прав. Само светлина имаше во мојата душа. Не си ти повеќе скакулец злато мое, ти си пеперутка. Ќе одлеташ и ќе леташ. Засекогаш во моето срце. Секогаш за нашата љубов.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Tи кажувам постојано бре дека си пропаднат.
3 ипол секунди те меркам и прелетувам околу таа жешка изобличена карикатура на неколку симетрично распоредени коски посадени со глава, и една шарена грмушка на врвот.
Ма само кога би можел да се погледнеш додека го стегаш со тенките жилави прсти образованието украдено со сласт, цврсто се држиш за металниот пад, сјаен скоро колку твојата чиста природа.
А јасно ли ти е дека ако си чист во вибрацијата на умот, чиста и диреткна ќе ти е и болката на празните циркови.
Тоа е твојот константен момент во чија бавна удобност вешто ги грицкаш туѓите нокти, ги црташ туѓите месечини а потоа се згадуваш кога во душата, врз ѕидот во распад, цинично ти одѕвонува нивната светлина.
И тука пријатно задреман смислуваш понатамошен план.
Секогаш, на секој почеток прво се осмислуваш како мувлосана пеперутка во последните денови живот, доволни колку за да ги прелеташ океаните од чија растеглива маса имаш страв.
Потоа евентуално сфаќаш дека мораш да се претвориш и во оса за да си го пробиеш замаглениот вид.
И откако повторно ќе добиеш вивидни дрвја во видеокругот, немарно насмевнат навруваш и свеж костум на скакулец врз кристалните крилца, слеан во ритуален танц врз зелената дисторзија, па ти почнуваш да молиш за дожд од сопствен плач....!

Ох мој распарчен човеку.
Распарчен човек, во прекрасно распарчена земја.
Ми ги лижеш прстите привлечен од мирисот на месо.
Понекогаш, надежта во стравот, не врзува за животот кој го одбиваме.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Се сеќавам на оние ноќи кога се враќав сама по темната патека со насмевка на ликот. Бев сведок на звуците од штурците и се плашев кога некој скакулец ќе ми застане на патиките, па го газев најсилно што можев. Тоа не го уништи моето задоволство, се борев со неговите инстинкти за преживување. Впрочем тогаш најмалку размислував за тоа. А можеби би требало. Доцна е. Веќе ми е сеедно што и да ми кажат, веќе рамнодушно гледам на оние моменти што беа празник за мојата душа. Само помислата на нечие присуство ме правеше среќна. Сега тоа е минато. Толку ли не можам да се помирам и да го спакувам како рамка за роденденски подарок?
Објаснувања не се потребни, ќе ги задржиме за себе сите спомени и ќе скитаме осамено повторно по истите патеки.
Овојпат ќе размислуваме за скакулецот.
Знаеш, тој и оваа ноќ скокна на мојата патика но сега го оставив да живее. Така би се соочил со истата немилосрдност на животот како и јас.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Во ред, одиме понатаму... денешната тема и за следните неколку дена ќе биде Johny Walker и јас...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Во ред, одиме понатаму... денешната тема и за следните неколку дена ќе биде Johny Walker и јас...
Не сакам виски, премногу ме боли главата кога ќе се опијам од него, понекогаш дури не се ни сеќавам на тоа како поминала вечерта и на тоа со кој сум си дошла дома, затоа не пијам виски, премногу е јако за мој вкус.
Додека цел свој живот сакам силни работи, силни мажи на пример, ете со вискито тоа не е случајот, некако не ми лежи.
Се сеќавам еднаш еден мој близок пријател се опи од виски, дојде вечерта и ми кажа дека ме љуби, до тој ден, до тој момент, тој човек ми беше најдобар пријател, братот што сум го немала.
Срање, го мразам вискито, ми заеба еден од најубавите делови од животот, ми го извалка.
Јас и Jonny Walker ... не сме за заедно, судбина.
Премногу убиствено делуваме еден на друг.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Johny Walker и јас....сме два тотално различни поима.Ни јас го сакам,ни па он мене.А сме се запознале.И се гледа бе дека не ни оди муабетот.Јас имам нешто против него и против сите од неговиот вид.Ги мразам.Не гледам ништо во нив.Само ферментиран шекер,кој влегува во мозокот на човек,и предизвикува некоја хемиска реакција која влијае на однесување.И како влијае?Човекот оди,пее,се дере,се тепа,плаче по пропаднати врски,по девојки кои не ни ги погледнал во нормална состојба.И крај завршува сам дома,со цигар во рака,или ако има доволно срека,со некоја слична на него,со слично ниво на виски во неа,имаат секс...Другиот ден,се чудат што се случило,ги боли глава,ги мачи совест...им требаат недели да се опорават,а кога конечно ке се случи тоа,се фалат на сите што правеле...изоставувајки ги сите гнасни детали од случајот.И...шо е тоа...тешка,голема глупост...неможам така.За мене постои само едно.Растението.Од него знам дека од него нема да пагам у бедови,нема другиот ден да ми смрди животот и да неможам да јадам како шо треба,мозокот нема да ми се концентрира на некоја пропадната врска...девојка за која знам дека е отидена засекогаш,нема да одам да се тепам за неа.Не.Во растението има само мир и љубов.Длабоко размислување.Преминување на границата поставена од свеста и одење во непознатото.Дознаваш.Сакаш...и те сакаат.Ја осекаш хармонијата на универзумот.Непрекинато движење на енергијата,логичката подреденост на настаните,влијанијата врз нив,врз тебе...Го осекаш она што го осекаат другите,ако некој до тебе е тажен,и ти си...барем ке пробаш да му помогнеш.А знаеш дека убаво ке се почувствува ако знае дека некој е тука за него.
Ете затоа ме мрази мене Johny Walker.Поради ваквото мислење.Он сака да става под контрола,ја непрекинато рушам секаква контрола и граница...премногу се сме различни,неможе да бидеме еден со друг.

п.с ја истрипав малце,се извинувам и се надевам дека нема да ми замерите.Ама стварно мразам алкохол бе...:pos2:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Walker - псевдонимот зад кој се кријам веќе 2 години всушност нема никаква врска со Johny Walker.

Не сакам виски, воопшто и не го сакам алкохолот. Двојно би ми ја отрул душата, а доволен ми е внатрешниот немир. Неосетно би навлегол и би станал твој најдобар пријател ако не успееш навреме да го спречиш. Кога дружењето со него станува рутина, тогаш заплеткан си во неговите мрежи. Вокер е интригант, вешт измамник кој не ги открива своите намери. На крајот сфаќаш која е неговата филозофија, но веќе си измамен.

Но, што би можела јас да зборувам за него кога никогаш и не сум го запознала?
Jonny Walker и јас сме тотални странци.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
*Болката ја пригушува молњата што доаѓа од полупразната чаша.. Проследена со матен поглед и скокотлив сјај на заборав..*

Памтам како вчера..
Пред три години го запознав..
Пиевме старо виски во неговиот стан..
Седев на фотељата од чиста кожа и се повеќе се губев во тој поглед проследен со чистината на небото и бојата на дождот од секоја наредна голтка Johnny Walker..
Таа вечер првпат видов сјај на љубовник во детскиот поглед притаен од сенката на неизјаснета бунтовност..
Таа вечер првпат ме бакна..
Таа вечер ми призна дека ме сака.. Дека ме сакал со години..
Ех таа вечер..
Проклета работа..
Поради баш таа вечер и старото виски следниот ден добив отказ од работа..
Поради истото следниот ден ја прекинав венчавката со човекот што до тогаш мислев дека го сакам..
Во неколку саати ми го смени животот..
Ми го смени светот..
Работите тргнаа навидум на подобро.. За понатака пак да се распаднат водејќи во сјајот на невозможноста на заборавот..
Живеевме заедно 2 години после таа вечер.. Градевме нешто што не претставува нас..
Се додека истото што не спои не не раздели засекогаш..
Шише - Johnny Walker.
Памтам кога ми рече дека ќе излезе со другарите..
Памтам кога ми се јави пијан и рече дека ќе дојде наскоро..
Памтам..
Памтам дека не дојде..
Никогаш.
Големото количество виски доведе до распад на мојот свет што истото го создаде..
Тој почина во сообраќајка пред неполна година..
Мразев Johnny Walker од тој ден..
Всушност го мразев и животот..
Мразев се околу себе..

А денес..
Јас и Johnny Walker сме два различни светови а сепак исти..
Проклетото виски ми го даде но и одзеде животот..
Тој ми беше животот..
Сега амбицијата ме води напред.. Проследена со старо добро виски нормално..
Вискито е обележје на мојот живот.. На пекол и рај во едно..
Сакам Johnny Walker.. Како што го сакав него.. Безусловно..
Едно сме..
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Johnny Walker и јас...

Работеше како шанкер со години. Секакви луѓе проаѓаа и нарачуваа пијалоци. Имаше и многу луѓе кои ги споделуваа своите приказни со него и секогаш ги ислушуваше сите. Но, имаше еден човек кој особено му го привлекуваше вниманието. Секогаш седеше на крајот од шанкот и секогаш нарачуваше Johnny Walker со две коцки мраз. И не се поместуваше цела вечер.Се држеше за чашата и гледаше во празно.
Не беше човек кој зборува многу.
Таа вечер како и останатите, човекот влезе во барот. Шанкерот знаеше однапред што ќе биде нарачано, но сепак отиде да праша:
- Што ќе се напиете?
- Johnny Walker со две коцки мраз. - отсутно одговори човекот.
Знаев, помисли шанкерот и му ја однесе чашата со две коцки мраз.
Меѓутоа љубопитството не го оставаше на мир, па се сврте и го праша:
- Господине, се извинувам, знам дека можеби си земам преголемо право, но морам да Ве прашам нешто... Ве гледам секој ден, секој ден истото го нарачувате. Зошто не смените нешто?
Човекот само се насмевна и му одговори:
-Тоа е долга приказна. Но, ако инсистирате и ако имате време, ќе ви ја објаснам причината.
- Да, да, како немам време, само Вие зборете, јас внимателно ќе слушам...
Човекот воздивна, се напи една голтка од Џонито и почна:
- Е па вака, драг господине...пред многу години, имав семејство. Имав жена и ќерка. Ми беа се во животот, па затоа работев напорно, за да стекнам некое богатство, за да живеат како кралици. Напорноста ми се исплатеше. Стекнав многу пари, злато... Стекнав нови пријатели, бев популарен меѓу луѓето. А најсреќен ме правеше фактот дека мојата жена и ќерка ќе можат да си ги приуштат оние работи кои ги сакаат. Така поминуваа години, јас се уште работев напорно, не дозволив парите да ме променат. Единствено нешто што го променив е тоа што наместо пиво, почнав да пијам Johnny Walker. Едноставно ме исполнува неговиот вкус.
Жената и ќерката продолжија да купуваат секакви работи, знаете женска работа, не се разбирам јас во тоа. Знам дека секоја нивна желба беше исполнета. Меѓутоа...аххх...
Се натажи и солзи му се појавија на работ на очите.
Шанкерот му рече:
- Господине, ако Ви е тешко, не се мачете...Сепак јас прашав само од љубопитство...
- Не, не...ми треба да се испразнам... Ако ми дозволите би продолжил...
- Да, да се разбира.
Повторно воздивна. Се чинеше како да собира храброст.
- Меѓутоа, ништо не е вечно, па така и парите... Работата не цветаше, имав криза во фирмата и приливот на пари се намали. Дел од парите морав да ги дадам од сопствен џеб, за работниците да имаат плати. Не пропаднавме, но сепак немавме пари како порано. Тоа сериозно влијеше врз сопругата и ќерката. Тие беа навикнати на луксуз и богатство и не сакаа да водат обичен живот и постојано ми префрлаа... Една вечер, кога се вратив дома, видов дека е многу темно. На масата имаше шише Johnny Walker и порака.
"Еве ти го Џонито, тоа нека те дружи. Ние отидовме да бараме подобар живот.
Зарем мислиш дека ќе го прифатиме фактот да живееме обично?"
Не ми се веруваше. Мојата родена ќерка и сакана сопруга ме оставија за пари. Останав сам и само Џони Вокерот беше покрај мене... Почнав да пијам една чаша, па друга, па трета...Ја ублажував болката. Така пиејќи сум заспал. Се надевав дека тоа е само сон и дека наредниот ден ќе бидат покрај мене. Но, не. Не беше лага, не беше сон.
Полека продолжуваше животот и јас напорно работев за да не мислам на тоа што ми се случи. Еднаш кога се враќав од работа, го забележав овој бар. Реков ајде ќе влезам и онака дома никој не ме чека. Ми се допадна атмосферата, а и фактот дека имате Џони Вокер и секојдневно почнав да го посетувам баров.
И знаеш што заклучив? Единственото нешто кое не ме напушти беше Johnny Walker. Оставен од семејството, напуштен од „пријателите“... Единствено нешто што ми остануваше на крајот од денот беше една чаша Џони со две коцки мраз... А зошто коцките мраз? Па ни самиот не знам, знам само дека јас и Johnny Walker сме верни еден на друг и сум сигурен дека само тој нема да ме напушти.

Стана, ја плати сметката и излезе. Остави и добар бакшиш. Шанкерот се соживеа со приказната. Имаше слушнато толку многу приказни, но оваа навистина го потресе. Иако беше на работа и не смееше да пие, самиот тој си стави Џони Вокер во една чаша. Но, овој пат во чашата имаше три коцки мраз.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Јас и Шетачот имаме посебен однос.Секогаш уживам во неговото друштво.Секогаш кога сум сам Шетачот е тука.И секогаш е расположен за мене.И јас го сакам.Не како што ги сакам жените,но многу.Ајде,ќе бидам искрен.Понекогаш го сакам повеќе и од нив.Чудно.Но јас сум таков.Тогаш кога мислиш дека можеш да го предвидиш мојот следен чекор,јас повторно го барам неговиот тажен мирис.Во него секогаш можам да ги видам своите модри очи.Со него секогаш можам да сторам се.Го сакам Шетачот.Тој е мојот единствен пријател.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Одсекогаш сум мислела дека Johny Walker-от одговара со прецизно детерминиран животен стил. Да земеме пример на девојка која става маски на лицето секојдневно, секогаш се капи во топла бања, ги користи најлуксузните креми и помади и јаде по ресторани. Нејзината облека е секогаш беспрекорно одбрана од најскапите гратски бутици, а комбинациите кои ги прави се едноставно непогрешливи. Каде сум јас тука? Е, па никаде. Јас се туширам, немам време за бања. Во последно време заборавам дури и крем да ставам.На мојата масичка секогаш има книги, никогаш шминки,а прашината понекогаш не ја бришам со недели. Сакам кога мојата соба зборува за хаосот во мојата глава наместо мене. Во последно време имам грозна навика да пушам и пцујам, а мојата последна глупост е посетата на еден бесплатен сосема непотребен курс по комјутери спонзориран од владата. Никогаш не посетувам луксузни локали. На местата каде што одам се пие кафе кое е секогаш за 10 денари поевтино во однос на другите кафичи. Притоа модата е нешто што одамна не го следам. Облечена во широки фармерки за да ми го сокријат вишокот килограми јас посетувам пивници. А таму, таму се пие пиво-не Johny Walker.
 

kLiNkA

Ponosna Hrvatica
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.116
Поени од реакции
5
Johny Walker и јас...

Уште го неам убаво запознаено... Да, секој ден го гледам у денвнана. Онака горд, исправел, 4.5 литарски... Го почитувам, иако не го имам тотално почуствувано. Имал слушнато многу работи за него.. Воглавно позитивни.. Меѓутоа трпелива сум, ќе почекам уште некое време...
Ден како и повеќето.. Единствената разлика е што сега сум сама дома, сама во дневната.. Го фрлам погледот надесно и ме привлече сјајот на шишето... Сега сме сами ние двајцата. Johny Walker и јас! Но, уште е рано. Сега за сега ќе ми прави дрство, само онака.. Одвнатре.
Ке биде и тој ден.. Johny Walker и јас!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom