Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.657
Поени од реакции
13.161
И тогаш животот почна... Ги отвори очите и ме погледна нежно. Ме праша: “Што се случи?’’ - и повторно се обиде да стане. Клапна тажно. Беше изморена. Сјајот полека и згаснуваше од очите. Батериите несигурно ја држеа во живот. Седеше така неподвижно долго време. Темнина се вгнезди во моето срце. Не сакав да ја гледам така... Да можев само некако да ја заживеам да и ги наполнам батериите со радост. За сето тоа време се тешев некако дека ќе се разбуди пак од тоа тажно сивило. Времето полека одминуваше... Ах и тоа пусто време секогаш полека поминува кога тагата е во нечија душа. Но веќе не можев да седам вака. Се приближив до неа и ја бакнав. Отпрвин почувствував студ но...полека полека изразот на лицето и` се врати. Почна полека полека студенилото да исчезнува, светнаа очите со боја на сафир. Паднаа и првите солзи радосници. Се роди повторно животот во нејзе, се наполнија батериите. Ме погледна радосно и полека се исправи.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
1.Го купувам магазинот и веднаш ја барам мојата слика во него.Ако ме има тогаш сум среќен.Ако ме нема тогаш веднаш го фрлам во канта и повторно сум среќен.Затоа што сум јас големата звезда.Јас сум тоа што го сакаат илјада луѓе.Јас сум нивниот живот.Нивниот идол и крал.Желабата на секоја девојка, неостварен сон на очајните мајки.Не ми пречи што сум прв и за топлите браќа.Јас сум убав.Јас сум секси.Јас сум богат.Јас сум среќен.Јас можам да ја еб*м секоја девојка што ќе посакам.Тоа беше мој голем сон пред да станам звезда.Сонувава како лежам гол,а убави девојки паѓаат од горе.Сите имаа убави цицки,да не речам гради.И убави дебели усни.Уште тогаш знаев дека ќе ме биде.Па јас сум бог на љубовните игри и сон на секоја жена,која без никаков проблем можам да ја имам.Што можам кога се луди по мене.Па нели ме имаше и на интернет.Некоја клинка ме пуштила за да ми врати затоа што ја откачив.Но ми направи само услуга.Сите видоа колку добро еб*м!Царски.

2.Мојот нов проект ќе излезе наскоро.Многу е добар!Ќе видите!Би го опишал како три минутно свршување,од кое никогаш не ти е доста.Па го сакаш повторно и повторно.Повторно и повторно.Лудило.Нешто најдобро што имам направено до сега.

3.Моето мото е:‘‘Не може нам нико ништа,јаќи смо од судбинее!„

4.Навистина се чуствувам како чудовиште кое е желно за многу повеќе.Но сепак сум пред се голем професионалец.Кога работам-работам,кога сум со пријателите сум истиот оној човек,пред да станам звезда.Тие се свесни за мојот талент за другарување и кои се моите способности.Знаат дека многу сакам да читам во слободно време,па затоа сум толку начитам и речит!Нели?Но освен што читам батериите ги полнам кога сум дома,кога сум со своите.Тие се свесни дека сум јас звезда и среќни се што ме имаат за другар.Тие се свесни дека кога се со мене се на мета на медиумите,но знаат колку ми се битни.Јас сум познат но не сакам моите пријатели да ги воведам во андергаунд приказните што ги пишуваат во весниците.Кога ќе размислам,можеби ова е вистински момент за мене да се повлечам пред големата бура што следи и да ги наполнам моите батерии.Всушност за што друго служат пријателите...
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Колку ми е убаво.
Вчера, прекрасен беше. Ладно, ледено, мразулци висеа по ивиците на куќите, а јас и ти прегрнати и луди, мрзневме надвор. Очите ти светеа, не го одлепуваше погледот од мене, ме стискаше се посилно... Веќе беше доцна. Убаво ме изгњави, изгрицка и изгушка и ме остави дома. Заспав за миг.

Утро е, ладно, мрачно. Се тегнев во креветот, сама и со маки се обидував да ги одлепам клепките. Уште нерасонета, а веќе се осеќав лошо. Цело утро ги слушав по дома, место да зборат, тие комуницираат со дерење, наместо да ме остават да спијам, тие упорно сакаа да ме разбудат. Кој ли им е проблемот?
Не ме оставаат на мира. Синоќа толку се чувствува среќно, вљубено, исполнето. А, денес?
Се беше намуртено, времето, јас, сите. Облаците како прљави вреќи виснале, сонцето го немаше, а солзи имав по целото лице. Се осеќав страшно немоќно, бедно, потаната во море од бол, несреќа. Ме обземаа неубави мисли, срцето ќе ми експолодираше. Се обидував да си скријам солзите од мајка ми, да не ја види нелагодноста која ја чувствував, да не го пренесам моето нерасположение на неа. Толку правеше за сите, а толку малку добиваше. Колку ли само и е на неа тешко. Каква жена е тоа...
Неможам повеќе. Немам сили, немам мотив . Батериите ми беа наполно празни, немав желба да го разубавам денот, да излезам од дома, да те видам, да се смирам малку. Впрочем, не си ти должен да ме трпиш кога сум ваква, нели?
Помина речиси денов, а јас, не успеав да направам барем нешто за себе, нешто убаво, нешто корисно. Се што остана од овој ден е само овој безвреден текст и куп гнасни и мрачни мисли.

Отидов по полначот...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Празниците дојдоа... со нив и неранимајковците се близу до нашите џебови. Бомби на сите страни, мраз во коски. Но има еден кој се грижи... да тој е тука... Дедо Мраз е на покривот
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Дедо Мраз... ене го, на кров на зградава... само да не му мавнат рекет џанкерите од кровот... да не му го соберат подарокот за мене. Ај, веројатно нема да ги интересира баш моето подароче, не се состои ни од пари, ни од дрога... Сакам само да ми го донесе она што го заслужувам. А не заслужив баш малку... Не барам премногу. Нека ми донесе едно чоколадо, едни чизмички, отворен ум и обострана љубов без зло. Искрено се надевам дека ќе ги добијам овие работи... Убаво е да сонуваш, да мечтаеш, да се надеваш, да си фантазираш... Тоа ти го бои секојдневието во розово, барем накратко, убаво е... Како и да е, бек ту риалити... Ако Дедо Мраз сепак биде изрекетиран од наркоманите, сама ќе треба да си го издејствувам поклонот. Сакам кога мислам дека имам моќ и способност за тоа... Само, нели е поубаво доброто бело деденце да ме награди и да покаже дека доброто со добро се враќа?
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Бадник.Една од поубавите ноќи од оваа нова година.Седев заедно со моите другарки покрај огнот на крајот од нашата улица.Одекнуваше музиката од звучниците,многу луѓе играа,а ние седевме и си разменувавме импресии за новогодишната ноќ.
Седејќи така мислите ми одлетаа..си помислив,што ли ќе добијам оваа година?Дали Дедо Мраз конечно ќе ми донесе малку повеќе среќа и љубов?Така замислена им се извинив на моите другарки и си отидов дома.Легнав да спијам затоа што бев измрзната и ми се спиеше.
Чуден звук ме разбуди доцна во ноќта.Нешто тропаше на кровот од мојата куќа.Светеше некоја чудна светлина на улицата.Ми стана страв!Да не се крадци?Немав идеја што може да биде..Исплашена излегов надвор и видов некој горе покрај оџаците,во некое чудно одело.Си помислив:не е можно Дедо Мраз да е на кровот!
И во право бев,за жал..тоа беше пожарникарот кој се качил на кровот од нашата куќа сакајќи да го изгаси пожарот во соседната куќа.
Сепак,за момент,помислата на Дедо Мраз на покривот ме израдува..
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.657
Поени од реакции
13.161
Сонцето полека срамежливо заоѓа... Знам дека ќе заврши во тој миг годината која одминуваше уште од нејзиниот почеток - пред 365 дена. Уште 8 часа... кој ќе чека уште една третина од денот. А времето и не е најсјајно за прошетка надвор по снегот кој веќе со денови е паднат, залепен за асфалтот, правејќи го лизгав. Не... Не ми се седи дома, ме фаќа некоја нервоза...Го подигам телефонот типкам неколку бројки, чекам... нема одговор. Сите се излезени само јас, најголемиот кретен седам по дома. Шеткам нервозно околу каминот во кој оганот мирно пуцкеташе. Проклета тишина!!! Ми оди на нерви, не ме остава на мира. Седнувам на фотељата нервозно и ја земам книгата во рацете, таа можеби ќе ме смири. Читам ред по ред, страна по страна. Интересно... ме фаќа сонот полека полека, но не сакам да спијам...мора да останам буден. Ме буди ѕвончето на врата. Погледнувам накај часовникот, 00:00 часот. Дали е можно? Дедо Мраз? Ако е, зошто не дојде преку каминот туку мора на врата да ѕвони и да ми го нарушува сонот. Мрзоволно станувам и одам накај вратата. Слушам кикотење од другата страна. Збунето ја отварам вратата. Пред мене стои завиткана кутија со ливче кое вири од машната. Збунето гледам во кутијата - од кој би можело да биде. Го читам ливчето:“Погледај зад тебе’’. Ме опфаќа чудно возбудување. “кој би можел да биде’’ - шепотам и со подарокот се вртам и ја гледам неа. Навистина Дедо Мраз знае големи изненадувања да донесе.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
59
Писмо до Дедо Мраз:


Драги дедо Мраз,

Ете ти оставив една чаша скиснато млеко и некои колачиња од некни.

Ако не ти се слоши досега, продолжи да го читаш ова, знам дека те интересира дали бев умна оваа година.
Прво, фала ти што ми го затна оџакот ланската година. Доволно имав кредит за плаќање, па уште и ти што ми го лупна оџакот на сред зима, таман ми дојде.
Подарокот, ништо посебно. Си ја утнал порачката, очигледно.
Не побарав ни сукало,ни калапи за колачиња, а уште помалку ренде.
Сакав 5-6 чоколада и некој добар седатив,за да ги преспијам тие глупите празници и студот кој демек прави атмосфера.
Не, јас не звучам несреќно и незадоволно.

Изминатава година беше средно жалосна.
Пари и немав многу, ама доволно ми е беа за секоја вечер помината пред телевизор. Барем не ме тужи Радиодифузија, а и далинското стана изверзирано. Отворив дупка во каучот, а мевов конечно може да се мери со твојот. Јебига, ионака не ми е ни гајле.
Нема зошто да ми е гајле.

Да бидам искрена, лоши времиња дојдоа и ти тоа го знаеш.
Немој да ме малтретираш пак и да ми оставаш домашни и тестови за решавање, колку да ме потсетиш колку наудолу сум зафатила.
Поарно крстозборки остави ми.
Не очекуваш веројатно да ти се испофалам нешто?
Нема таков збор во мојот речник.
Откако мама и тато ги снема, не знам практично зошто и продолжив да ти пишувам. Ама ај, нема кому друг.
Таа другата е презафатена купувајќи бунди. А и не гледам причина зошто таа би го читала сето ова.
Некни ми се јави да ме праша дали сум имала сребрен есцајг? Јас имам 2, со букви: две, вилушки. Таа другата не знам за кој ја чувам.
Арно ме потсети, ќе ја фрлам.

Ме удира во совеста што бараш од мене отвореност. Шо те интересира? Дали сум во депресија? Дали ми е тешко? Дали намеравам да се соземам?
Одговорот е не.
И нема да продолжам. Немам зошто. Немам зошто тебе да ти се правдам за својата несреќа и со тоа да те молам за 5 глупи чоколада.

Не те мразам и не туку ме жали.
Ако толку ти паѓа жал (за себе,што те третирам вака) остави ми еден Кувар со рецепти. Барем да ти направам некои поасолни колачиња.

п.с Се надевам нема да се лизниш на покривот оваа година.
Ај лани оџакот го правев,сега цела чатија ќе треба.

Твоја драга,
Принцезата од Дембелија.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Празниците дојдоа... со нив и неранимајковците се близу до нашите џебови. Бомби на сите страни, мраз во коски. Но има еден кој се грижи... да тој е тука... Дедо Мраз е на покривот
Седеше надвор пред вратата на својата сестра, премрзната, преладена, киваше, срцето одвај и чукаше додека прстите одамна престанаа да и функционираат.
Навистина жалосно што мораше да дојде до овде за да го гледа прозорецот на таа што засекогаш ја избрка од куќата на љубовта, на мирот, на среќата ... таму каде што се враќаше секоја вечер после пијанствата, местото каде се лечеа раните од грешките.
Не ја обвинуваше, не, не ... сама го избра својот пат, сама се реши да чекори по кривите непроодливи патеки полни со трња, но ете, вечерва, на Нова Година се реши барем од далеку да ја ѕирне, да види дали е добро.
Чекаше како статуа, не помрднувајќи се, надевајќи се дека ќе се појави на прозорецот, дека барем за момент ќе ја види, покрај се и беше сестра.
Но не ... цела ноќ, не.
Чукна 12.00, ја полазија морници од Градскиот саат на кој што секое отчукување му беше потешко од претходното, ги затвори очите, длабоко подголтна.
Ги отвори очите и Дедо Мраз беше на покривот, ја праша, како кога беше мало дете, што сака за Нова Година?
Му го покажа прозорецот ... кога сестра и се појави со детенцето во раце гледајќи го огнометот на небото.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Празниците дојдоа... со нив и неранимајковците се близу до нашите џебови. Бомби на сите страни, мраз во коски. Но има еден кој се грижи... да тој е тука... Дедо Мраз е на покривот
Мрзоволно ја пушеше последната цигара што ја најде во кутијата. Не и` беше убаво, но знаеше дека ако не се труе со никотин, ќе се труе со нешто друго. Убава девојка беше, секогаш. Таа вечер беше само обична. Просек, сивило, без никаков израз на лицето. Нејзин избор беше да биде таква токму таа вечер.
Сеедно и` беше, и така ќе биде сама кога ќе се поклопат стрелките.
Снегот што паѓаше утрото веќе беше претворен во грда лакавица. Музика немаше, единствено нешто што ја параше тишината беа звуците што ги правеа автомобилите кои поминуваа некаде долу, под прозорците и ја смачкуваа глупавата смеса од дождоснег.
Слушна крцкање на покривот.
-„Пак подрани овој. Ќе го чекам да се спушти низ оџакот, ама дали ќе го собере? Дебел е, навистина дебел. Плус, сигурно ќе му смета вреќата. Кој го ебе на крај краева.“
Не го дочека. Некој залутан гавран гребел со канџите по покривот. Можеби ќе има повеќе среќа следната година.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Понекогаш се чуствувам само уморен од се.Од деновите кои те дават во сопствената беда.Од луѓето кои неуморно го кршат секој твој мал филм и те тераат да се чуствуваш тажен понекогаш.Тие не се грижат за никого освен за себе.Сакаат да изгледаат убаво.Да прават лоши работи,кои ги прават среќни.И доколку можеа досега тоа и ќе го стореа,а мене ќе ме немаше повеќе.
Никогаш не сакам да се повтори 2оо7 година.Никогаш.
И когга часовниот ќе почне да одчукува,нешто на покривот од мојата куќа ќе се слушне.Но тоа нема да биде Дедо Мраз!Тој или починал од преголем стрес или мене ме заборавил одамна.Не ,тоа на покривот не е Дедо Мраз.А таа вечер посакав само повторно да заврне снег.
Среќна Нова!Во следнава година сакајте повеќе.Многу повеќе од минатава година.Па и ако вас ве заборави дедото облечен во црвено,не се плашете.Можеби имал поважна работа од вашата ебана желба.
Среќна Нова!И за негов инат, бидете свој Дедо Мраз.Сакајте повеќе.И станете подобри луѓе.
Среќна Нова на сите!
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Немаше снег ноќта...Нити погледот нагоре носеше надеж дека тропосферата планира да го спаси шоуто. За дечињата кои го очекуваа, ова беше крајно разочарувачки. За него - кој постои само во вакви ноќи, роден во фантазијата на клинците или во лагите на родителите, залепен на камиони со Кока Кола или на постери по продавниците, за него - Исусот на late December, спасителот на годишната мизерија, докторот со вакцина против катадневната депресија во метастазирачка фаза, за него - кловнизираниот дедо со црвен нос, "Хо-Хо-Хо" лицето со магична позитива во гласот - оваа ноќ без снежни ѕвезди беше совршена за она што го имаше наумено.

Му беше преку глава од игнорантскиот однос на оние за кои постоеше месец дена годишно. Порано и не беше толку лут ради тоа - си наоѓаше време кога немаше задача да го забавува целиот свет како кол-грл на шипка во некое кабаре, да прави нешто што е само по неговиот ќеиф: одеше на скијање со џуџињата, планинареше во Јужна Америка, читаше книги по цел ден. Пред 10-тина години му ставија и кабловска, и не му бараа пари за претплата. Си ја имаше сватено работата и наоѓаше задоволство и смисла во неа, дури и кога смислата ќе ја снемаше. Сепак, откако едно од џуџињата падна од кочијата пред некоја година - некаде над Колумбија чинам беше, откако се смени директорот на фирмата аз кабелска после што му побараа камата за целото време додека имал гратис прием на Фешн Тиви, Дискавери и ТВ 1000, откако единствената жена во животот која му носеше радост после смртта на Баба Мразица и на која секоја година прв и носеше поклон - се омажи за Кими Раиконен... Дедо Мраз не беше ист.

Почна да пие. Еднаш го фатија како има секс со малолетничка (која, мора да повторам за сите кои ја пропуштија медиумската покриеност на случајот - дека беше типична курва). На двапати, во афект ја избричи брадата. Атмосферата во работилницата за играчки не беше иста. Дедото не беше истиот...Беше разочаран од луѓето, од целата таа шарада надвор а најмногу од улогата која ја имаше тој во истата. А писмата и понатаму пристигнуваа, жедта на луѓето за мала еднократна доза надеж не престануваше. Без разлика што писмата се напишани од мали невини душички...и тие еден ден ќе пораснат и ќе го заборават исто како и нивните родители. Ќе го земаат за потсмев... Е, нема повеќе. Беше одлучил да стави конечен крај на целата приказна.

Внимателно се подготвуваше за последниот чекор. Иронично, одлучи тоа да биде скок..еден голем скок за Дедо Мраз, а мал чекор за човештвото. Воопшто не се замараше со луѓето, и што за нив ќе значи неговото отсуство, рушењето на митот за веселиот и насмеан дедичко кој ревносно секоја Божиќна или Новогодишна ноќ одеше од оџак до оџак и оставаше поклони за добрите дечиња од списокот. Едноставно, не можеше повеќе да издржи нити секунда во својата кожа, во црвениот костим и глупавата капа чии реплики носеше кој ќе стигне. Види, просто кажано - Дедо Мраз сакаше исто што и јас и ти, исто што и секој жив човек на планетава ќе посака...неговите желби не беа ништо поразлични од оние на секое живо суштество кое издишува јаглерод диоксид. Сепак, никогаш не сме му пратиле поклон нему, нели? Единственото внимание кое сме му го посветувале, наш дар за него - биле празните чорапи закачени над каминот (ако го имаме) или празниот простор под елката кон кој прво итаме секое првојануарско утро.

Дали некој од нас му рекол: "Деде, ај паркирај ја кочијата и бујрум на пивце и чварки кај мене. Кажи ми шо има ново, кој има најчист оџак, за кого навиваш, каде за Нова Година (шега на негова сметка која не верувам дека би ја сватил погрешно доколку го поканите на пиво)...Никој, така?

Како што реков, внимателно ја одбра зградата. Беше најпознатата зграда во градот која ја користеа (само еднаш во животот) речиси сите ликови кои некогаш почувствувале суицидален нагон. Не кажа никому што планира. Ирвасите и неколкуте џуџиња кои тргнаа со него на редовното новогодишно патување низ светот ги остави две улици подолу и им рече дека ќе се врати за 20-тина минути бидејќи не е сигурен дали оџакот на куќата во која треба да влезе е поправен од минатата година (се сеќавате на муабетите дека Дедо Мраз добил астма од саѓта во некој оџак? Епа за истиот оџак ви зборувам).

Кога се качуваше по скалите кон кровот, се му беше некако однапред предодредено - идејата за деидеализацијата на Новата Година му зрачеше од секоја пора на телото и секое дупченце на црвениот волнен скафандер на него. Се качи на покривот. Се што имаше со себе беше една мала плоска со "најдобриот коњак на светот" - пијалок кој редовно го купуваше секоја година кога ќе свратеше во јужна Франција. Покрај плоската, со себе си го понесе и медаљонот кој многу одамна, за нивната свршувачка му го подари Баба Мразица, медаљон во кој имаше слика од нив двајца во раната младост, долго пред да почне сето ова лудило. И тоа беше се...Немаше лист хартија и пенкало за некакво проштално писмо, немаше ништо од тоа. Само што се искачи на кровот, се зачуди: Пред себе здогледа, стуткани во еден агол- момче и девојка. Зар е можно, помисли, дека има некој кој не го чека него вечерва? Уште повеќе, можно ли е некој да се нашол точно на истото место во исто време, половина час пред да се слушнат камбаните низ градот, некој - поточно некои луѓе кои имаат исти намери како неговите за поминување на последна прослава на новата година? Дедо Мраз е на покривот, со намера да се самоубие, а овие шмокљановци, во цутот на младоста не изгледаат ништо подобро од него.

"Фак" - помисли - "Ни ова не можам мирно да го направам".

Воздивна и полека, внимателно зачекори кон нив...


---------------------------------------------------------------
Забелешка од авторот:Можам да продолжам јас. Подраго ќе ми е ако продолжи некој од вас. Ајде кајганаџии....


"Хо-Хо-Хо"
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
*Си беше некогаш.. Некаде.. Позади 9 планини..*
Не, не, не. Чек од ново..
*Си живееше некогаш во некој дворец..*
ц.. Пак не..
Да пробам од ново?.. Да? Фала, ќе пробам..

Мразам Нова Година.. Ја мразев од мала..
И онаа Новогодишна Еуфорија.. Таа не ја мразев баш..
Мразам што цела година се стремиме кон една ебена цел.. Крај на истата.. Кон една ебена вечер помината со најблиските - во најдобар случај, со некои трети фаци - кога се нема каде.. Или сами.. Кога така бара душата..
И баш пред некој ден.. Тргнав кон Трговскиот, не се влага.. Сите сега решиле да се подновуваат.. Да искористат попусти.. И да се наќинџураат ко моми на чешма за 5 минути уживанција.. Ни више ни мање..
Отидов кај сестра ми на кафе и да однесам по некое чоколадо за малите.. Елката накитена 600.. Украсено сегде.. Брее.. Лудници..
Додуша и јас имам елка.. Ако не ја изело нешто досега нели..
Купив една пластична пред 10 години само што заборавив да ја накитам.. Како и да е.. Битно ја имам..
Од оваа атмосфера го сакам само снегот.. Зезната работа е за стари луѓе ама ако де.. Нек се чистат многу се.. Ако не друго на костозглобно му се прај промет и ѓужва..
Сепак можеа снегот место во зима во лето да врне да го наместат..
Тоа е тоа.. Јебига.. Другчие сакал оној горе..
И еве.. Уште еден 31ви Декември..
Не го чекам.. Ќе си седам дома.. Умри Машки е вечер на ТВ а разбрав и Бед Бојс 2 и уште некои добри филмчиња ќе се вртеле.. Добра синема најт ќе биде..
И таман си се улежав дома.. Гледам истура снег.. Се качив до покрив да го зачистам, да не ми падне покривот не за друго.. И.. Што да видам.. Човек у црвено.. Еј овој на Тв го иам видено.. Ааа.. Чек..
Да, Дедо Мраз е.. На кочијата пишува..
И - *Што сакаш за Нова Година?*
Што сакам?? Ме праша што сакам? Он мене ќе ме прашуе?
Е нема.. Го акнав со лопатата по глава.. Ми остави стапки на снегот на покривот..
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Хм.
Дедо мраз,будало една.
Знам дека не ме обожаваш премногу,ма и никогаш не си ме посетил,ама give me a break,човек...
Мислам стварно,да бидеме реални,тоа шо го барам ја,ти никогаш нема да можеш да ми го спуштиш низ оџакот...
А не се осмелувам да барам милион евра,пошто знам дека нема да ми ги донесеш.
Ама пак,имам една желба до тебе.
Ти имаш пријатели на високи позиции,знам тоа.
Па нели можеш некако да ги замолиш,ништо повеке,само една мала,ситна,услугичка за мене....не е многу,ке видиш сега.
Речи им,дека моја желба е само да ми ја остават енергијата на мира.Нека ја пуштат да си тече,мирно по својот пат,каде и да води тој.
Да престанат веке со интервенции,да престанат да се заебаваат со мене.
Знам дека они ме гледаат како мало очајно човече,со мок која ни на сон не би можела да се компарира со нивната,и ете така,ме нашле мене за да им носам смеа,и со неа да си го исполнуваат своите досадни бесмртни животи.
Епа стварно,доста е.Ај те молам.Само малку одмор.Само една година мир.
Оваа што иде сега.2008.Речи им да ме остават да си го живеам животот по мое,и да си најдат некој друг да заебаваат.Или не,никој не го заслужил тоа.
Нека си најдат некоја друга занимација,бе.Ма шо ти ја знам,они ја поседуваат ултимативната интелигенција.Нека смислат нешто.Нека пробаат дрога.Може тоа ке им разбие монотонија.
Само нека се тргнат од мене и од мојата глава.И газ.Толку за тебе,Дедо Мраз,па на крај,праи си шо ти душа сака.Оди,храни деца во Африка,они заслужуваат далеку повеке помош од мене.
Ја сум само неблагодарно суштество,на кое му е дадено живот кој не знае да го цени.Вреди се што ке преживеам за казна.
Сепак,само една година.Ништо повеке.

искрено,Љупче.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Годинава е пуста, улиците се неосветлени, а новогодишните светилки станаа непозната атракција за градот кој порано беше поим за светла Нова Година. Децата живеат во црно-бел свет, понекогаш во своите фантазии ја бараат црвената боја и ликот на еден белобрад старец. Снег немало неколку години наназад. Зимата носеше само пустош и дополнителни грижи. Жителите на овој град беа уништени како да биле сведоци на несреќа што не може да се избрише од нивните сеќавања. Но, никој не знаеше што точно се случи. Одеднаш исчезна сета магија, огнометите престанаа. И човекот што секоја година викаше по улиците со препознатливиот глас продавајќи балони и лампиони, го снема. Ги снема и кучињата скитници, тивко се повлекоа некаде во непознати краишта.

Постоеше закон во тој град што не дозволуваше да се спомнува името на „Дедо Мраз“. Се разочараа од него и најголемите верници, им беше јасно дека живееле во заблуда... Да, но барем беа среќни. Тој ги разочара онаа година кога не се појави, покрај големите украси на секоја врата и писмата пратени кон неговата адреса, покрај големите почести Дедо Мраз не дојде. Некои мислеа дека можеби се разболел, други тврдеа дека сигурно заборавил да ги посети, трети го оправдуваа со тоа што мислеа дека не може да достигне да ги посети сите, дека веќе остарел премногу. Му треба замена велат.

Денот кога требаше да ја дочекаат Нова Година граѓаните беа збунети, никој не излезе на плоштадот, никој не прослави на никое друго место освен дома. Немаше подароци, немаше ни свеќи, ама баш ништо кое би потсеќало на празник што се случува еднаш во 365 дена.

Едно мало русокосо детенце излезе од својата куќа и погледна кон небото, но погледот изненадено му запре на покривот. Таму виде нешто црвено, оваа боја го извлече од црно-белиот свет на возрасните. Почна да вика: „Еј, ене го Дедо Мраз, на покривот е!“.
Но, беше заборавил дека тоа име не смее да го спомнува. Ги затвори очите, кога повторно ги отвори виде само една сјајна ѕвезда на небото што намигнуваше кон неговиот дом.
Се насобраа луѓе, му рекоа: „таков човек не постои“. И го затворија меѓу решетки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom