Здраво
Дали ги има некој читано? ''Се гледаме на врвот'' и ''Стравот'' од Коста Петров
ако ги има некој прочитано пишете дали се убави
Убаво што праша. Мило ми е.
Се работи за две од најпродаваните книги во историјата на Македонија (бар кон тоа одат, де). Едната е вистински хит, онака, влезе во аналите на македонската книжевност (покрај влезот во аналите на македонската неписменост), а другата е ново - роденче на нашиот генијалец Петров, К.
Можам да ти кажам повеќе работи за првата книга. Дали е добра е релативно прашање. Бидејќи не постои универзален одговор. Меѓутоа, може да се најде и чепне по нешто од вистината.
Ако немаш Moseu pad, или пак, се грееш на дрва, ќе ти се најде. Убава намена ке добие оваа прекрасна книга.
Книга во која се зборува за успоните и падовите на македонски гениј, кој веруваше во себе, и не дозволи неговиот дух да биде скршен. Никогаш. Сега тој истиот дух, преточен во разни пози и насмевки на Петров, К. на повеќето изданија од книгата (насмевките во каверот одат во градација, ваљда некоја кабала симболика има), чекори напред, горно и смело, и дели совети за успех, ко да се жетони за флипери.
Од книгава, доколку не ја користиш како маус пад или за потпалување на оган, можеш да извлечеш многу поучни работи. Како што на пример може мајмун, или кобила да научат.
Книгата е квалитативен одраз на македонската култура и ниво на перцепција. Корелација пар екселанс. Коста Петров доживува бест селер со книга која влегува во бездната на кичерајот и глупоста, претопена во берзбетништвото наречено селф хелп букс, во држава која нема ни навика, ни мотив да чита.
Због чега приматима никад не искључују електрику, они у принципу и онако ријетко читају. А и то што читају, криве стваре читају, па зашто им онда не исклучују електрику?
- Џони Б. Штулиќ во 3N
Се гледаме на врвот!