Тука коментираме книги

Член од
14 декември 2011
Мислења
96
Поени од реакции
115
Што ке кажете за овој комплет ама и за авторот? Јас лично немам читано али добив предлог да ја читам Марина од К.Р.З сеуште ја немам побарано али колку што прочитав нешто кратко на нет мислам дека ке бидее супер. Може некој предлог на книги слични по содржина ко овие на КРЗ а да ги има на Македонски?? Фала.
Јас ги имам читано „Марина“, „Сенка на ветрот“ и „Играта на анѓелот“ и за мој вкус се - ВРВ, според мене нема да згрешиш ако ги прочиташ. Сакав да ги читам воеи за коишто прашуваш ама не се дојдени на ред :) Поздрав.
--- надополнето: 3 октомври 2013 во 00:07 ---
Дали некој може да ми каже дали на интернет може да се најдат книгите од Томе Илиевски? И, ако може, каде ;) ?
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Баш ме интересира дали некој ја има причитана книгата кај нас со наслов „ Книга без наслов “ а на англиски се води како " The bourbon kid ", Следната недела треба да ја добијам а и баш ме интересира нешто околу неа.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Баш ме интересира дали некој ја има причитана книгата кај нас со наслов „ Книга без наслов “ а на англиски се води како " The bourbon kid ", Следната недела треба да ја добијам а и баш ме интересира нешто околу неа.
Книгата без наслов од непознатиот автор. Хах.
Одамна ја читав, ама паметам дека се работеше за еден сериски убиец чии жртви се луѓе кои ја имаат ја прочитано книгата "Книга без наслов". Не ми се допадна нешто посебно. Дури покасно мислам дека прочитав дека имало и други делови, ама не би имала живци да се навраќам на книгата. Али ајде прочитај ја, штом веќе ти е порачана, па пиши на кратко овде како ти се допаднала.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Баш ме интересира дали некој ја има причитана книгата кај нас со наслов „ Книга без наслов “ а на англиски се води како " The bourbon kid ", Следната недела треба да ја добијам а и баш ме интересира нешто околу неа.

Оф ништо посебно. Мислам дека беше со вампири и такви ствари. Има интересни делови али генерално meh.
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Петок ми стига па да видиме што е како е. Вака не ми звучите баш оптимистички али ваљда мене ќе ми се допадне.. Ми боде очи веќе цела година па се решив да ја прочитам. Штом завршам ќе има коментар. Сепак фала :D
 
Член од
30 август 2009
Мислења
262
Поени од реакции
78
Ja procital nekoj "Kockar" od Dostoevski da dade mislenje?,ja kupiv ali ushte ne sam pocnal da ja citam , u plan mi e za ponatam,sea neam mnogu vreme ?
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Ja procital nekoj "Kockar" od Dostoevski da dade mislenje?,ja kupiv ali ushte ne sam pocnal da ja citam , u plan mi e za ponatam,sea neam mnogu vreme ?
Јас братче ја имам дома, искрен да бидам без врска ми е . Цело време кажува како страсно се коцкал, како го убивал рулетот и на крај само 2-3 страни кажува дека остана без ништо. Можеби ќе те бендиса али мене ми е тапа !
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Ja procital nekoj "Kockar" od Dostoevski da dade mislenje?,ja kupiv ali ushte ne sam pocnal da ja citam , u plan mi e za ponatam,sea neam mnogu vreme ?

Ја имам читано ама не ми остави некои добри впечатоци и мене како претходниот член. Не е оваа книга од фаворитите на Достоевски.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Мој предлог особено за девојките - Жената на патникот низ времето од Одри Нифенегер. Прекрасна книга за човек по име Хенри кој може да патува низ времето и жената на неговиот живот. Ем тажна, ем симпатична. Онака, многу љубов, многу тага. Пошто некако си одат рака под рака.
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
Здраво
Дали ги има некој читано? ''Се гледаме на врвот'' и ''Стравот'' од Коста Петров

ако ги има некој прочитано пишете дали се убави
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Здраво
Дали ги има некој читано? ''Се гледаме на врвот'' и ''Стравот'' од Коста Петров

ако ги има некој прочитано пишете дали се убави
Убаво што праша. Мило ми е.

Се работи за две од најпродаваните книги во историјата на Македонија (бар кон тоа одат, де). Едната е вистински хит, онака, влезе во аналите на македонската книжевност (покрај влезот во аналите на македонската неписменост), а другата е ново - роденче на нашиот генијалец Петров, К.

Можам да ти кажам повеќе работи за првата книга. Дали е добра е релативно прашање. Бидејќи не постои универзален одговор. Меѓутоа, може да се најде и чепне по нешто од вистината.

Ако немаш Moseu pad, или пак, се грееш на дрва, ќе ти се најде. Убава намена ке добие оваа прекрасна книга.

Книга во која се зборува за успоните и падовите на македонски гениј, кој веруваше во себе, и не дозволи неговиот дух да биде скршен. Никогаш. Сега тој истиот дух, преточен во разни пози и насмевки на Петров, К. на повеќето изданија од книгата (насмевките во каверот одат во градација, ваљда некоја кабала симболика има), чекори напред, горно и смело, и дели совети за успех, ко да се жетони за флипери.

Од книгава, доколку не ја користиш како маус пад или за потпалување на оган, можеш да извлечеш многу поучни работи. Како што на пример може мајмун, или кобила да научат.

Книгата е квалитативен одраз на македонската култура и ниво на перцепција. Корелација пар екселанс. Коста Петров доживува бест селер со книга која влегува во бездната на кичерајот и глупоста, претопена во берзбетништвото наречено селф хелп букс, во држава која нема ни навика, ни мотив да чита.

Због чега приматима никад не искључују електрику, они у принципу и онако ријетко читају. А и то што читају, криве стваре читају, па зашто им онда не исклучују електрику?
- Џони Б. Штулиќ во 3N

Се гледаме на врвот!
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Ja procital nekoj "Kockar" od Dostoevski da dade mislenje?,ja kupiv ali ushte ne sam pocnal da ja citam , u plan mi e za ponatam,sea neam mnogu vreme ?
Јас ја прочитав во еден здив на едно доолго патување со воз од 30 часа. Не е најдоброто од Достоевски во секој случај но е едно лесно книгиче кое е баш би ти дошло за некоја ваква намена - патување, плажа, во автобус.

Автобиографска книга која. иронично, Достоевски ја напишал да си ги отплати коцкарските долгови.
 

bmrhgj

Neumoren
Член од
1 мај 2009
Мислења
198
Поени од реакции
35
дали некој ја читал Суден ден на српски јазик купена во Табернакул пред 12. години?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас сум голем фан на крими книги од типот на оние кои ги пишуваат Агата Кристи и Артур Конан Дојл и за среќа открив и друга тематика која ми е прилично интересна - трилер книги во кои централна тема е психологијата.

Би сакала да ви предложам три книги кои ги читав, доколку сакате нешто ново да прочитате од овој тип.

Ама пред тоа само блиц препорака, бидејќи ја немам дочитано до крај книгата, па го немам целокупниот впечаток. Станува збор за „Хипнотизер“ од Ларс Кеплер (издание Матица). Нејзе почнав да ја читам вчера и веќе имам прочитано добри 60 страници и морам да признам прилично ме вовлече книгата во приказната. Станува збор за ужасен крими случај. Цело семејство е убиено на свиреп начин. И тоа убиецот прво го распарчил таткото на работното место, а потоа отишол кај него дома и ја убил неговата сопруга и двете деца. Всушност, мислел дека ги убил сите, ама синот некако успева да преживее и полицијата се надева дека со хипноза ќе успее од него да извлече кој е човекот кој му го масакрирал семејството.

А сега трите предлози.

1. Негирање - Кит Аблоу

Оваа досега ми е омилена. Кит Аблоу инаку по професија е психијатар и неговиот главен лик во книгата е психијатар по професија. Се вика Френк Клевинџер и во Негирање (која инаку е прва книга на Аблоу) тој станува дел од истрага поврзана со крими случај во кој медицинска сестра е убиена и оставена во шума. Ова е една од ретките книги во кои експлицитноста на материјалот е сосема оправдан во поглед на приказната. Мене лично на нерви ми оди кога читам перверзии кои се употребени само за да се продаде материјалот како ексцентричен, ама во случајов не е така. Толку ме навлече приказната за психијатарот Клевинџер што решив да прочитам уште нешто од Аблоу, ама на македонски не најдов ништо друго, па ми ја дадоа на англиски да ја читам Психопат која тек треба да ја почнам. Се надевам во иднина ќе најдам уште некоја од книгите од Аблоу. Феноменално нешто.

2. Пред да заспијам - Стивен Вотсон

Ова е квалитетна книга, не е тешка за читање, но е солидна. Ама не знам зошто, повеќе би ја препорачала за читање на женско, одошто на машко.

Кристина е жена на која секој ден и е нов. Некогаш одамна таа доживеала несреќа која оставила последици врз неа. Како резултат на тоа, таа не може да се сети на минатото ниту може да создава нови сеќавања. А личноста која е покрај неа и која секој ден мора да и го прераскажува нејзиниот живот не е сосема доверлив извор.

Може да ви предизвика малку меланхолија приказната. Врз мене барем имаше таков ефект.

3. Тешка измама - Френк Талис

Френк Талис има напишано доста книги, а ова е првата која јас ја имам прочитано од него. Како што разбрав, Либерман кој е централен лик во Тешка измама е лик кој се појавува и во дел од останатите негови книги.

Приказната е поставена во Виена. Макс Либерман е млад психоаналитичар кој припаѓа на делот од фелата која се согласува со теориите на Фројд (Фројд инаку се појавува како лик во книгата). Либерман ќе стане дел од истрагата на крими случај за кој е надлежен неговиот пријател Рајнхарт. Случајот е интригантен. Во соба заклучена однатре пронајдена е убиена жена, а куршумот кој и минал низ срцето полицијата не може да го пронајде. Либерман и Рајнхарт ќе ги здружат силите за да го пронајдат убиецот.

Моја единствена замерка за книгава е што постојат сегменти кои се комплетно непотребни т.е барем мене некако ми немаше поента да постојат. Останатото е сосема океј.

Ако имате некој предлог наслов од ваков тип на книги, пишете тука или на ПП. Ми требаат вакви наслови, бидејќи тематикава особено ми се допаѓа.
 

%naked%

born to be wild
Член од
28 мај 2013
Мислења
550
Поени од реакции
1.480
Од понеделник и јас ја почнувам Хипнотизер да ја читам.Дај оценка од1-5 за тава шо тее до сега прочитено од книгата. Тава шо те напишено не го прочитах оти не сакам да знам ништо за книгата шо ја читам.

Sent from my U8600 using Tapatalk 2
 

Kajgana Shop

На врв Bottom