Тука коментираме книги

Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Ping @Natural-girl i @nicole_l
Да си пишам импресии како што е редот..

Херои и гробови - Ернесто Сабато​
Книгата е продолжението на првиот дел – “Тунел”, а сепак многу ќе ви кажат дека нема никаква допирна точка со неа, што јас не се согласувам. И тука не мислам на настаните туку на профилите на главните ликови (иако се различни), психолошката комплексност, ирационалното однесување и маневрите.
Во однос на структурата, романот е поделен на четири поглавја. Во првите две се раскажува за љубовта меѓу младиот тинејџер Мартин и една емоционално нестабилна, психички растроена и интровертна девојка – Алехандра, за која ќе се испостави дека се занимава со проституција. Дополнителна причина за уште повеќе да се искомплицираат нивните односи, а Мартин за таа врска да каже: “the prince came to battle the dragon and save the princess, only to realize the dragon and the princess were one and the same creature.”
Третиот дел “Извештај за слепите” лично мене ми беше најдобар. Има промена на раскажувачот, овојпат таткото на Алехандра, шизофреничар раскажува за неговата болна опсесија со тоа дека сите слепи луѓе се обединети во Секта, а негова задача е да го спречи нивното дејствување.
У глобала, книгата ќе беше совршена да ги немаше тие дигресии поврзани со историјата на Аргентина, граѓанската војна, политички случувања.. кои зафаќаат пола роман и го отежнуваат читањето.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.975
Поени од реакции
35.655
Убаво што праша. Мило ми е.

Се работи за две од најпродаваните книги во историјата на Македонија (бар кон тоа одат, де). Едната е вистински хит, онака, влезе во аналите на македонската книжевност (покрај влезот во аналите на македонската неписменост), а другата е ново - роденче на нашиот генијалец Петров, К.

Можам да ти кажам повеќе работи за првата книга. Дали е добра е релативно прашање. Бидејќи не постои универзален одговор. Меѓутоа, може да се најде и чепне по нешто од вистината.

Ако немаш Moseu pad, или пак, се грееш на дрва, ќе ти се најде. Убава намена ке добие оваа прекрасна книга.

Книга во која се зборува за успоните и падовите на македонски гениј, кој веруваше во себе, и не дозволи неговиот дух да биде скршен. Никогаш. Сега тој истиот дух, преточен во разни пози и насмевки на Петров, К. на повеќето изданија од книгата (насмевките во каверот одат во градација, ваљда некоја кабала симболика има), чекори напред, горно и смело, и дели совети за успех, ко да се жетони за флипери.

Од книгава, доколку не ја користиш како маус пад или за потпалување на оган, можеш да извлечеш многу поучни работи. Како што на пример може мајмун, или кобила да научат.

Книгата е квалитативен одраз на македонската култура и ниво на перцепција. Корелација пар екселанс. Коста Петров доживува бест селер со книга која влегува во бездната на кичерајот и глупоста, претопена во берзбетништвото наречено селф хелп букс, во држава која нема ни навика, ни мотив да чита.

Због чега приматима никад не искључују електрику, они у принципу и онако ријетко читају. А и то што читају, криве стваре читају, па зашто им онда не исклучују електрику?
- Џони Б. Штулиќ во 3N

Се гледаме на врвот!


:cuc::cuc:

Искомерцијализирано срање до немајкаде. Срање со големо С како четврт месечина.
 

Геврек

O ALQUMISTA
Член од
6 ноември 2008
Мислења
770
Поени од реакции
483
Да издание на Топер е,јас ја купив 199денари
Мразам кога ке наидам на србизми ми делува евтино грдо :mad::mad:
вАспитан,вАспитани, министАр :гомце:
Преводот на насловот воопшто нема врска со оригиналниот наслов на турски :mad:
 
Член од
15 септември 2013
Мислења
104
Поени од реакции
186
Дали некој ја има прочитано "Снеговите на Килиманџаро" од Ернест Хемингвеј и ако ја има да каже некој збор за неа,дали вреди да се чита,дали е интересна и сл.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
ја симнав 2023 од John Ivan Coby, засега одлична книга е :)
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Најдобар впечаток ми остави The Broken Empire трилогијата, одлична комбинација на фантазија и научна фантастика, со вистински главен лик. Јорг е реалистично претставен како амбизиозен освојувач на империјата, без да го интересира ништо повеќе од својата цел, и не сопира без разлика што или кој му стои на патот. Најдобриот момент е кога во последната книга заклучите како се вклопува и во двата жанра. The Broken Empire беше финалист на овогодинешните Goodreads Choice Awards.

Најголемо разочарување, The Hunger Games трилогијата, толку ирелевантен главен лик немав читано пред оваа серија. Приказната ќе се одвиваше исто без разлика дали Катнис беше присутна или не.
Ја има негде кај нас The Broken Empire?
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Дали некој ја има прочитано "Снеговите на Килиманџаро" од Ернест Хемингвеј и ако ја има да каже некој збор за неа,дали вреди да се чита,дали е интересна и сл.
Еден од подобрите кратки раскази на Хемингвеј.
Интересна приказна за човек кој ја сфаќа изреката “Carpe Diem“ во буквална смисла. Додека бавно умира, во полу-паничен балкански стил обвинува друг човек (Хелен) за сопствениот слаб карактер и неуспех. Најмногу жали за изгубената шанса да пишува за посуштествените и поважни нешта во животот, отколку да се умилкува на луѓе од високите кругови на општеството.

Нема да зажалиш ако ја прочиташ. :)
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Alex Ross и Mark Waid - Kingdom Come

Графичка новела од четири броеви, за свет во кој супер-хероите се заменети со ладнокрвни убијци. Исто како и во Вочмен на Алан Мур и Енимал Мен на Грант Морисон, и овде писателите се обидуваат да направат деконструкција и длабинска анализа на супер-хероите како карактери на стрип жанрот. Исполнет со прекрасни цртежи, на 210 страни, Рос и Вејд ни нудат оргазмично искуство.

Оценка: 4.5/5
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.056
"Зар сиот наш живот би бил серија од анонимни врескања во една пустина со рамнодушни ѕвезди?" Ернесто Сабато - Тунел

Денес ја прочитав книгава и уште не можам да ја извадам од себе. Нема да можам ни за некое време. Ми го зеде здивот и ми го раздели срцето на илјада парчиња. Совршенство.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Си земав книга која ќе ја читам сега, прво сакам да напишам нешто околу неа.

Напишана во духот на Алхемичарот од Паоло Коелјо, галебот Џонатан Ливингтон на Ричард Бах и малиот принц на Сент-Егзипери, оваа кратка книга преставува занесно, универзално и лично патување кон себеоткривањето и трансдеталната магија, потпирајќи се врз мистична лирика. Изгубената роза е приказна за Дијана-убава, интилигетна и богата млада жена која штотуку дипломирана на претижниот правен факултет. Таа, иако ги поседува сите потребни особини сепак се чуствува празна и незадоволна. Разочарана од самата себе, но и соочена со спознанието дека нејзината потреба за одобронување и пофалби од другите ја спречува да ги следи своите соништа и да биде она што е. Откако мајка и пред смртта и соопштува дека има сестра близначка, таа тргнуваво потрага по сестрата која никогаш не ја запознала. Патот кон себеоткривањето ќе ги исполни нејзините нјдлабоки стремежи к ќе и овозможи да ја спознае смислата на своето постоење. Изгубената роза, води на патување од реалниот свет во светот на соништата. Таа ги допира душите на читателите кои престанале да го разбираат животот и да уживаат него, а истовремено ги потсетува на нивните сопствени, изгубени рози.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.584
Поени од реакции
13.248
Лујџе, ме фати пост-семестарска криза и за чудо ми текна да почнам да читкам, ја читам моментално „Адвокатот од Линколн“ на Мајкл Конели, и ме бендиса, па ако сакате да препорачате некои автори во тој криминалистички, процедуралистички жанр, не мора да е класично со адвокати, али да опфаќа казнена материја. Меко, тешко, бестселерско, класично, шодае, нуб сум, препорачајте. :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ping @Natural-girl i @nicole_l
Да си пишам импресии како што е редот..

Херои и гробови - Ернесто Сабато
Книгата е продолжението на првиот дел – “Тунел”, а сепак многу ќе ви кажат дека нема никаква допирна точка со неа, што јас не се согласувам. И тука не мислам на настаните туку на профилите на главните ликови (иако се различни), психолошката комплексност, ирационалното однесување и маневрите.
Во однос на структурата, романот е поделен на четири поглавја. Во првите две се раскажува за љубовта меѓу младиот тинејџер Мартин и една емоционално нестабилна, психички растроена и интровертна девојка – Алехандра, за која ќе се испостави дека се занимава со проституција. Дополнителна причина за уште повеќе да се искомплицираат нивните односи, а Мартин за таа врска да каже: “the prince came to battle the dragon and save the princess, only to realize the dragon and the princess were one and the same creature.”
Третиот дел “Извештај за слепите” лично мене ми беше најдобар. Има промена на раскажувачот, овојпат таткото на Алехандра, шизофреничар раскажува за неговата болна опсесија со тоа дека сите слепи луѓе се обединети во Секта, а негова задача е да го спречи нивното дејствување.
У глобала, книгата ќе беше совршена да ги немаше тие дигресии поврзани со историјата на Аргентина, граѓанската војна, политички случувања.. кои зафаќаат пола роман и го отежнуваат читањето.
За Јунаците и Гробовите е една од најубавите книги кои сум ги прочитал во животот. Тие "дигресии" во историјата на Аргентина ја комплетираат книгата, и никако не се вишок во неа. Приказната за генерал Лавалје сака да покаже дека независно од историскиот контекст, судбините се повторуваат, и дека се што останува е самотијата и страдањето.

Затоа е и напишана како книга во книга. И не е Фернандо Видал Олмос шизофреник, повеќе е параноик. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom