Тука коментираме книги

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Да се запишам во клубот на читачи иако не читам толку често, на моја голема жалост.

Последно и најсвежо што прочитав е „Потрагата по Атлантида„ од Енди Мекдермот. Брзо ја завршив. Авантура, лесна читлива книга, интересна и ме натера да не ја оставам. Топло ја препорачувам.
 
Член од
27 март 2013
Мислења
42
Поени од реакции
58
Дечки ајде предлог некоја книга од Фројд, немам ништо читано од него,а сакам да почнам да го читам
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Имам уште 10 стр. но сепак целта на книгата е постигната. Историчарка од Елизабет Костова.
Освен материјалите за правосудниот- прирачник од 1100 стр.и едно метро наредени закони вертикално, оваа ќе биде најдебелата книга што сум ја прочитал- 634 стр.
Со доза на фантазија и прекрасно, детално опишување на местата низ Источна Европа каде што патуваат ликовите од книгата, писателот на интересен, револуционерен начин ни ја пренесува приказната за Дракула (Набивачот) односно познатиот владетел на Влашко (Романија) Влад Тепеш.
Хелен и Пол, Тургут, Ранов, Стојчев, библиотекарот, Барли и девојчето, и останатите споредни ликови низ многубројните случувања од Словенија, преку Балканот (го споменува и Скопје) до Романија и Истанбул, трагаат по Влад Тепеш, односно низ преданија и записи, убиства и несреќи, се обидуваат да го пронајдат гробот на злогласниот владетел на Романија на Езерото Снагов и во Бугарија. На патот им се закануваат случки кои дел од нив успеваат да ги победат, а некои и загинуваат (Роси). Вампири, сеништа, овој пат без Холивудски сценарија како лук, крстови и пиштоли со сребрени куршуми, туку со историски факти кои го наведуваат читателот да научи за периодите од владеењето на Дракула до крајот на Турската Империја.
Кај книгава ми се допадна стилот на пишување, изразување, а особено историјата која да бидеме искрени, дел од нас воопшто нема ни да ја прочитаат, за тоа како владеел Влад Тепеш, за манастирот во Рила, историјата на Балканот во подробни, пошироки размери отколку што знаеме од општа култура.

Ја има во ТРИ, па кој не ја прочитал, му препорачувам да ја земе и да ужива во летото и во авантурите на историчарите и заедно со нив низ текстот да се обиде да го пронајде Дракула :).
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Триумфална капија- Ремарх
Интересен сплет на настани, во форма на дијалог, со начин на пишување со кој за прв пат се сретнувам. Ме импресионира до сега, малку стагнирам додуша, но сепак 100 стр. за една недела ми е доволно. Продолжувам... :)
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
The Crossfire Series - Sylvia Day. До сега се излезени 3 книги, ја чекаме четвртата. Прво мислев дека е 50 Нијанси во друго пакување, ама ова ми остави дааааааааалеку подобар впечаток. Настрана од порно елементите на книгата ( а ги има доста ), се работи за двајца кои се вљубуваат и прават се што можат за да се изборат со траумите кои ги имаат ( двајцата се силувани како деца, Гидеон од неговиот доктор, Ева од нејзиниот полубрат ), а во тоа си помагаат меѓусебно. Не знам дали ја има кај нас, јас ја читав во е-варијанта :)
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
234
Поени од реакции
28
Дај препорачајте некоја воена, криминална со мафијаши нема врска каква е само е да од тој тип на книги ме интересираат такви ??
 
Член од
22 јули 2013
Мислења
32
Поени од реакции
101
"Сестрата на Сигмунд Фројд" од Гоце Смилевски.
Многу ми се допадна книгава, и е една од ретките што толку ме има извадено од кожа.
Прв пат да сочувствувам толку со ликовите.
Многу ме вади од такт глупавоста и наивноста на жените,и нивното идеализирање,ама особено маленкоста и кукавличлукот на мажите,како и криењето зад своите жени или мајки.
Неспособноста на дел од жените да ја видат реалната слика, дека позади сликата свторена за нивниот "љубен" маж, може да постои само обичен човек или само една обична кукавица.
Книгата е лесна и читлива и е само 180 страници, кој можат да се прочитаат за неколку саати.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
"Сестрата на Сигмунд Фројд" од Гоце Смилевски.
Многу ми се допадна книгава, и е една од ретките што толку ме има извадено од кожа.
Прв пат да сочувствувам толку со ликовите.
Многу ме вади од такт глупавоста и наивноста на жените,и нивното идеализирање,ама особено маленкоста и кукавличлукот на мажите,како и криењето зад своите жени или мајки.
Неспособноста на дел од жените да ја видат реалната слика, дека позади сликата свторена за нивниот "љубен" маж, може да постои само обичен човек или само една обична кукавица.
Книгата е лесна и читлива и е само 180 страници, кој можат да се прочитаат за неколку саати.
Гоце Смилевски во глобала до сега е е еден од ретките најнови македонски писатели кои ветуваат. Лесен е и приемчив а има длабока мисла зад тоа. За разлика од некои кои се раснети како несфатените ѕвезди.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Абе најдов повеќе книги во подрум, ме мрзи да барам што се а и знам дека ќе ми објасните поубаво тука:
Овие се: Генџи од Мурасаки Шикибу, Ракописот пронајден во Сарагоса од Јан Потоцки и Нова од Семјуел Дилејни. Инфо?!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Конечно! За неколку дена излегува во продажба! Колку само долго го чекав моментот.

 
Член од
22 јули 2013
Мислења
32
Поени од реакции
101
Конечно! За неколку дена излегува во продажба! Колку само долго го чекав моментот.

Книгава ја чекам долго време. Прво ја најавија АЕА издавачката куќа пред 3 години. Ама нели ја заторија книжарницата и немаат издадено нови книги подолго време.
Конечно :)
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
131
Поени од реакции
27
Што ке кажете за овој комплет ама и за авторот? Јас лично немам читано али добив предлог да ја читам Марина од К.Р.З сеуште ја немам побарано али колку што прочитав нешто кратко на нет мислам дека ке бидее супер. Може некој предлог на книги слични по содржина ко овие на КРЗ а да ги има на Македонски?? Фала.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Што ке кажете за овој комплет ама и за авторот? Јас лично немам читано али добив предлог да ја читам Марина од К.Р.З сеуште ја немам побарано али колку што прочитав нешто кратко на нет мислам дека ке бидее супер. Може некој предлог на книги слични по содржина ко овие на КРЗ а да ги има на Македонски?? Фала.
Конкретно за овој комплет, и не е богзнае што. Ако имаш среќа за другиот комплет - Сенка на ветрот, Игра на Ангелот, Затвореник на маглата - земи ги овие попрво. И Марина како одделна приказна мораш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom