Srcee
Unforgettable
- Член од
- 29 април 2008
- Мислења
- 5.275
- Поени од реакции
- 3.496
Шелдон една иста формула има во сите негови книги, и таа секогаш му пали.7. Додека ѕвездите блескаат - Сидни Шелдон
На моменти досадна, (мејби?),но приметувам дека Шелдон обожава да си поигрува со судбината на неговите главни фаци, водејќи ги до пурпурот, па до сивилото, на крај сместувајќи ги во некоја комфорна средина. Кај Шелдон се убиваш од читање и оп,оп чекај мамицата види го ти шо морална дилема наметнува или каде отидоа (не)реализираните детски соништа или дали мош да се изгубивме себеси во обид да ги реализираме. Ќе се најдеш затечен од обемноста на книгата и тоа е она шо ми смета кај белетристиката, ја единствено кај Шелдон сум го приметил тоа убацување на голема ѕверка(лик) у сред книга (знам дека се повторувам), али Лара ќе ја засакаш од старт и тоа ќе те води низ приказнава.
Туку сакав да искоментирам за едно делче од книгава кое сака да ни покаже колку е Лара уствари ѕверотиња. Нели адвокат и е најдобриот во цел свет. И кога ќе идат на вечера, овој ќе и рече нешто као "Ти се воодушевувам, не верував дека ќе успееш.". И оваа веднаш ќе го отпушти, зошто нели, никој не смее да се сомнева во нејзиното божество. И сеа као ние требаше да останеме такви воодушевени и да си речеме wow Лара стварно е челична пеперуга. А уствари што направи она? Го отпушти најдобриот адвокат на светот за глупост.
Го обожавам Шелдон ама вакви некои детали има во секоја негова книга и стварно ме нервираат.