Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Разбирам правење реклами, да се видат вработени од фирми но можат и на друга манифестација или место.

Јас никогаш не сум бил на скопски маратон зошто не ме бива за трчање ама гледам ете луѓе на социјални мрежи пуштаат слики онакви скоцкано средени со опрема мислиш кој знае колу имаат желба и се спремни за трчање. Или ги има и оние со бебињата во количка среде куп што трчаат.
Да не се фирмите 50 души ќе бидат на 5к, тоа е ревијална трка, баш каква што ја опиша, нема ништо лошо во тоа.

Бтв да, некаде 8:09 тргнавме, добро е што не го почекаат, али реално и до 8:05 влегуваа луѓе за маратон/полумаратон.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.654
Поени од реакции
8.084
И мене не ме биваше пред 2 години па сега сум у први 1%.

А како ти знаеш дека ја немаат желбата?

Да, и? Реков, не сметаат, дали првите 200-300 души се дојдени да си бркаат некој резултат, другото е лаганица.
Добро некој имаат желба не дека немаат но има и такви кој ќе отидат да се изнасликаат таму, овој пат не мислам на тие што се од фирми.
 
Член од
12 август 2024
Мислења
178
Поени од реакции
440
Пола саат го чекавме Борко да дојде да даде знак, на крај да не ни дојде. Каква кретенчина, 14к луѓе да чекаат еден човек.
За тоа ли беше чекањето? Лол кои кретени.
Инаку ок беше, вода имаше на доста места, електролити, дечиња нудеа суво грозје на секаде. Еден од ретките позитивни настани. Ќе се помочав во аеродром треба некој тои тои да стаат. Временски тоа е, со оглед на неспремањето и трчање макс 10км пред 2 недели толку и си претпоставив.
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
619
Поени од реакции
1.385
Никад нема да трчам на маратонов, слепци се све таму од прв до последен (не зборам за вас форумаши, сепак вие се спремате и сериозно си го сфаќате маратонот). Убаво вика бенеамата 50 души ќе бидат на 5 километри. Си трчам на кеј, 20 километри лаганица за 2:02:00. Планинарам на водно пешки од Кисела Вода тука позади МВР и идам до врвот, исто играм и фудбал/кошарка чат-пат. Пијам ко стока и пушам цигари, нема еден викенд а да не фрлам 7-8 ракии у кафана или нешто слично. И пак сум поактивен и посоцијализиран од овие преку фирма шо идат да трчаат, таа па една од работа трудна се пријави зема да трча :facepalm:. Тешки малоумници. Отишле да се изнасликаат само и стори да стават, тоа им беше хајлајтот на денот.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.948
Релативно касно стигнав пред собрание и во првиот километар претрчував такви што дошле рано само за да се изнасликаат селфиња на сред патека, дојдени од фирми и пешачат 5 км, ама тука се, и слични. После тоа и булеварот е поширок и останавме луѓе што трчаат.
Со премалку спремање на крај успеав да истрчам 28:41.
Следната година ако сум во Македонија со малку повеќе спремање и се пријавувам на 21 км :)

Дарио како заврши на крај на трето место? Не го гледав преносот до крај, на среде трка беше во група со кенијците.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.520
Поени од реакции
3.658
На петкилометарскиот, првите два километри главен фокус ти е заобиколување средновечни жени градени ко плински боци...
Извини Кенениса Бекеле не те препознавме, друг пат оди зона 1 напред скроз и не се замарај со спорите

Вода, грозје, овошје, електролити на еден куп места што е за пофалба единствено минус имат што не направат повеќе шатори и повеќе луѓе за ранци чување. Јебига после трка не е баш пријатно најмалку пола саат да стоиш во ред ранецот да си го земеш
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.267
Поени од реакции
8.633

Не објаснувај бе...
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Самата трка позитивно ме изнанди од аспект на организација.
Како што имаше пишано членот погоре навистина имаше многу пунктови со вода, електролити, портокали, банани. Не ми се допаѓа тоа што нема пунк за масажа после трката (или можеби јас не го видов) и тоа што секоја година стартниот пакет е се помизерен.
Каде бе стартен пакет без гел и магнезуим ...

Инаку дечки треба да ви биде јасно дека трката на 5к е ревијална и на неа нема бркање време. Во спротивно ќе си дојдете порано и ќе се наместите напред или ќе се пријавите на 21к или 42к и нема да имате таков проблем. Сите тие фирми, сликања и позирања го збогатуваат маратонот (маркетинг) и му даваат масовност. И тука нема ништо лошо. Подобро да се сликаат и да трчаат отколку да одат по кладилници и казина. Некој/а што не трчал/а воопшто можеби поради учеството и целиот дух на маратонот ќе почне посериозно да се заминава со трчање. Впрочем најголемиот дел од нас почнале така.

И јас кога трчав 5к имав мислење како вашето меѓутоа верувајте дека не е така.

И да, имам трчано на неколку различни места во Мк и надвор од МК и никаде ама баш никаде не се случило да доцни почетокот на маратонот поради министерот. Значи комедии ни е државава, тибам поликата вкоренета во секоја пора на општеството ...
 
Имаше масажа, накај камени мост.
А се слагам, очаен стартен пакет, за на патеката стварно имаше се и таман распоредени.

Бтв, ги има сликите и како да ги најдам?
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.520
Поени од реакции
3.658
Имаше масажа, накај камени мост.
А се слагам, очаен стартен пакет, за на патеката стварно имаше се и таман распоредени.

Бтв, ги има сликите и како да ги најдам?
Simni getpica app, pisi go kodot na brojceto sto e i ke gi imas tvoite sliki. Ne gi stavaat site na ednas, den dva sigurno dodeka gi stavat site
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.306
Поени од реакции
4.567
3:38 маратон, презадоволен

Последниве две недели истрчав една 30ка, една 28ка и три пати интервали напраив

Пред тоа беше сезона на планински маратони што одмарав после тоа, што на Водно некој лабав тренинг

После трка гармин вика само 48 саата одмор, vo2 се качи на 57, предвидувањето за маратон сега е 3:32
Да видиме што ќе биде со месец два посветено спремање
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.520
Поени од реакции
3.658
Дајте предлог за патики за трчање до 100 евра, од она што гледав по јутуб и читав испаѓа Hoka Rincon 3 дека е ок патика до тие пари. Сепак има поискусни тркачи во темава па секој предлог е добредојден
 
Kajgana Shop

На врв Bottom