Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.535
Поени од реакции
3.691
па расчитај за magic mile и Jeff Galloway.
Ова со Џеф и неговото “трчање, одење, трчање“ е мислам најидеално за почетници. Еве и јас се враќам на трчањето после пауза од 7-8 години и природно почнав така 2-3-4 км трчање, 1 км одење па повторно 2-3 трчање и супер функционира осеќам доста напредок
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720

Да, идеално е. Море и не мора за почетници. Шансата за повреда е многукратно намалена, му даваш можност за ресет на телото, со максимум 30 секунди пауза не искачаш од втора зона или искачаш многу кратко, се чувствуваш релаксирано... сè на сè, топ.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Сакам да почнам со трчање...
Ептен сум почетник немам кондиција.
Па ево сакам да прашам околу исхраната што како и колку јадете.
Ви благодарам.
Пиши ми ако немаш каде да направиш мерење, можам да ти подарам ваучер да направиш бесплатно мерење на тело односно базален метаболизам, БМИ, висцерални масти, надворешни, мускулна маса...

Потоа можеш да си направиш план за исхрана со потребен внес на калории, како што ти кажа некој член погоре и совет околу намирници пред, за време на трчање и после трчање... Она што е важно исто е хидратација, и нема некоја голема филозофија околу рекреативно трчање...
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.535
Поени од реакции
3.691
Тркачи од кај зимате спортска облека ? Сакав нешто Asics ама гледам тапа понуда кај нас, на интернет на пример го бендисав ова
Ама доставата огин колку цената на маичката, има некој странски сајт со разумни цени за шипинг до кај нас ?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.623
Поени од реакции
5.333

Другар баш оваа неможам никаде да ти ја најдам (низ продавнициве во шведска, ајде ќе побарам малку подобро после работа ако најдам ќе ти пишам), ако сакаш ќе ти споделам страни па види што имаат тука идам за 2 недели накај мкд ќе можам да ти донесам (од линкот што го сподели ти вика 40€ маичката и 6€ достава за до шведска, бесплатна достава над 45€)

Иначе после 4-5 години пауза се враќам на трчањето, пред две недели се истрчав локална 10ка во градов кај мене ништо сјајно 1.02 како за од кауч на стаза супер време (можев и малку подобро ама морав да следам темпо на некој друг да не ми стават отровни пшечурки у јадењето), следен предизвик е полу маратон на 8ми Септември во Будимпешта.
Пријава комплетирана, патики нови набавени (Асикс Гел-Нимбус 26 за подолги релации, Најк Доуншифтер 12 за пократки (за 25€ супер ќе се)) сега малку тренинг следни недели па со Грујо напред у будимпешта :)

Некој совет ако имате за да не умрам на 21 споделете, иначе нема да смеам да бркам време јер како што кажав некогаш друг готви по дома мил ми е животот :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.665
Поени од реакции
8.095
Тие што не сте на трчање или не сте таму има пренос на МРТ 3 кој е безвезе некако.

Мене искрено ме нервира оние луѓе што одат на трчање онака колку да излезат па гледам некој и со деца бебиња. Исто ме нервира што има од фирми кој можеби ги тераат да идат а на некој не му се иде или не го бива за трчање.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Мене искрено ме нервира оние луѓе што одат на трчање онака колку да излезат па гледам некој и со деца бебиња.
Е добро де, секогаш ги има тие, на сите трки, насекаде низ светот. Ова не е некој официјален атлетски натпревар (до душа е ама не пречат), светско првенство, олимпијада или слично.
Не им пречат на никого. Ако сакаш да бркаш времиња ќе се наместиш напред и не ти смета никој.
Е сега има некогаш некои петарди што се местат напред, некои чичиња, па уште со јакна и ранец ќе трча... за после да заврши 1573 место ама важно он дошол у првите 3 реда на почетокот.
Исто ме нервира што има од фирми кој можеби ги тераат да идат а на некој не му се иде или не го бива за трчање.
Нема што тебе тоа да те нервира, си праат реклама, си правата тим билдинг, си прават конкуренција, ривалство... убаво е да си се видат и да си се соберат и вон работно време на некој ваков прекрасен настан.
Го изеде курот каурот.... :icon_lol:
Кој, како?
Пола саат го чекавме Борко да дојде да даде знак, на крај да не ни дојде. Каква кретенчина, 14к луѓе да чекаат еден човек.
7-8 минути чекавме, ме напна и мене малце тоа, обично немало доцнење но ете...
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.323
Поени од реакции
5.361
Е добро де, секогаш ги има тие, на сите трки, насекаде низ светот. Ова не е некој официјален атлетски натпревар (до душа е ама не пречат), светско првенство, олимпијада или слично.
Не им пречат на никого. Ако сакаш да бркаш времиња ќе се наместиш напред и не ти смета никој.
Е сега има некогаш некои петарди што се местат напред, некои чичиња, па уште со јакна и ранец ќе трча... за после да заврши 1573 место ама важно он дошол у првите 3 реда на почетокот.

Нема што тебе тоа да те нервира, си праат реклама, си правата тим билдинг, си прават конкуренција, ривалство... убаво е да си се видат и да си се соберат и вон работно време на некој ваков прекрасен настан.

Кој, како?

7-8 минути чекавме, ме напна и мене малце тоа, обично немало доцнење но ете...
8:13 тргнавме. На ништо не личеше тоа да го чекаме Борко да дојде, тој на чорба ако не беше та еве.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.665
Поени од реакции
8.095
Е добро де, секогаш ги има тие, на сите трки, насекаде низ светот. Ова не е некој официјален атлетски натпревар (до душа е ама не пречат), светско првенство, олимпијада или слично.
Не им пречат на никого. Ако сакаш да бркаш времиња ќе се наместиш напред и не ти смета никој.
Е сега има некогаш некои петарди што се местат напред, некои чичиња, па уште со јакна и ранец ќе трча... за после да заврши 1573 место ама важно он дошол у првите 3 реда на почетокот.

Нема што тебе тоа да те нервира, си праат реклама, си правата тим билдинг, си прават конкуренција, ривалство... убаво е да си се видат и да си се соберат и вон работно време на некој ваков прекрасен настан.
Разбирам правење реклами, да се видат вработени од фирми но можат и на друга манифестација или место.

Јас никогаш не сум бил на скопски маратон зошто не ме бива за трчање ама гледам ете луѓе на социјални мрежи пуштаат слики онакви скоцкано средени со опрема мислиш кој знае колу имаат желба и се спремни за трчање. Или ги има и оние со бебињата во количка среде куп што трчаат.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
зошто не ме бива за трчање
И мене не ме биваше пред 2 години па сега сум у први 1%.
мислиш кој знае колу имаат желба и се спремни за трчање.
А како ти знаеш дека ја немаат желбата?
Или ги има и оние со бебињата во количка среде куп што трчаат.
Да, и? Реков, не сметаат, дали првите 200-300 души се дојдени да си бркаат некој резултат, другото е лаганица.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom