Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.622
Поени од реакции
26.448

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Не може од 3:38 на 3:00 за два месеци...
Дури и секунда да е боље сум задоволен а не 20 мин ко шо ми предвидвуа
Слушај си го телото, батали предикшнс.
Расчитај за VDOT и Jack Daniels... за 2 месеци, во идеални услови, од 3:38 можеш да „паднеш“ на 3:30.

Тие 10x800 се на Bart Yasso. Добар тренинг е, и као демек ако можеш да ги истрчаш 800ките за 3 минути (и 400ки easy recovery), ќе можеш и маратон за 3 саати.
Не е баш exact science и не мора ништо да значи но некогаш е блиску до вистината.
Патем, се надевам дека мислеше 800ките да ги завршиш за 3 минути, а не да ги трчаш на 3:00 пејс. Пошо генерално коа збориме за пејс подразбираме километар :)
Не знам како имаш желба да трчаш на ова одвратно време. Загаденоста е башка проблем.
Немам желба, имам дисциплина. Убаво ми е и медитирачко. Особено денешнава изи 12ка. Предобро се чувствував и знаев дека и пулсот ми е релативно низок за пејсот и стабилен.
255 дена по ред трчам, просек од ~8км дневно.
Инат сум, и имам obsessive personality. И на штаки да сум, морам да ја завршам целта што си ја поставив, 365 дена трчање по ред. Уште 100 и кусур :)
Што се тиче воздухот, да, загаден, не бива, веројатно си правам демиџ на организмот и ќе се каам, ама засега сум добар... а многу околу мене се болни, со стомачни вируси, шлајмови, грипови и чуда а не искачаат од дома... и, тоа е тоа.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.320
Поени од реакции
4.597
@Anon на 3:00 пејс, ова во програма требаше да биде 14та недела
Мене ми беше 7ма, затоа одвај 400ки на 68-70секунди истерав и нормално не можев рикавери одма на 5:20

Ова пред 2 недели сеа на една недела пред трка лабаво трчање само нема друго

Сеа ќе терам на рамно цела програма 16 недели на рамно, трејлови на 3000ден котизација, не фала:D


Инаку предикшнот за скопски до минута излезе точен иако само некоја недела трчав
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.622
Поени од реакции
26.448
Немам желба, имам дисциплина. Убаво ми е и медитирачко. Особено денешнава изи 12ка. Предобро се чувствував и знаев дека и пулсот ми е релативно низок за пејсот и стабилен.
255 дена по ред трчам, просек од ~8км дневно.
Инат сум, и имам obsessive personality. И на штаки да сум, морам да ја завршам целта што си ја поставив, 365 дена трчање по ред. Уште 100 и кусур :)
Што се тиче воздухот, да, загаден, не бива, веројатно си правам демиџ на организмот и ќе се каам, ама засега сум добар... а многу околу мене се болни, со стомачни вируси, шлајмови, грипови и чуда а не искачаат од дома... и, тоа е тоа.
Тоа ми е и мене поентата. Трчав, се враќав со 1000 шлаеми буквално дур ги исплукам крв плукав со нив и реков заеби. Башка што поради загадениов воздух немаш ни кислород па заморот и болката во мускулите и телото подолго ти траат. Па си се тешиш дека е од работата што ти е на нозе, илид ека премногу ти е седечка, дека петокот си претерал со пиење, дека не си се наспал асално за викендот бла бла бла.
И летово идам у Охрид. Секој ден у 9 сабајле на нога безразлика колку сум пиел или заглавил вечерта. И полека пешки од градот до Голден Бич, Славија. Цел ден таму терање плажа. И накај 6-7 саат со трчанката накај дома т.е. накај градот. Другиот ден истото. И тоа секој пат кога одев а одев скоро секој викенд на 2 дена башка и одмор 7 дена од тоа.
И одма доаѓаш до заклучок дека уствари воздухот и само воздухот е главниот проблем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom