Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Денес успорив малку нога пред нога, ептен лабаво 8км со просек 7:30 по км ама сеуште сум далеку од зона 2 барем по она што го дава на гарминот ако е приближно точно. Нозеве одморени скоро како да не сум трчал, се фокусирав скроз и на дишењето преку нос - ама и плејлистава со рап не ми е за бавно трчање, ќе мора нареден пат некој балади или подкасти да слушам додека трчам :D

Предходни 8км со 6 и нешто просек
Прегледај го приврзокот 432810
Сега 8км со 7:30
Прегледај го приврзокот 432811
Не се замарај, не верувам дека е точен пулсот.
Пробај и со паузи за одење.
Имам страп, ако си од Скопје и ако не ти е шубе ќе ти го позајмам пробај го еднаш да видиш дека веројатно е далеку од реалноста ова што ти го дава Гарминот.

Нозеве одморени скоро како да не сум трчал
Е тој е најдобриот момент што ќе те натера да го правиш ова секој ден и фитнесот да ти skyrocket.
Каде трчаш? Страва имаш? Стај, и бркај сегменти, да бидеш local legend :D
 
Не би требало да е heart rate - от далеку од вистината, Гармин саатите имаат прилично точен heart rate, освен ако немаш strides во трчањето и не трчаш на мн ниски температури (зимски период) немаш потреба од ХР монитор, користев хрм про со гарминот и резултатите беа скоро идентични. ХРМ-то повеќе ми се наоѓаше за велосипед кога саатот не ми е на рака и Left right balance да ми прикажува при трчање.
 
Не би требало да е heart rate - от далеку од вистината, Гармин саатите имаат прилично точен heart rate
На една иста личност, на 6ка пејс некад на Страва гледам дава 140 просек, некад 160 а некад и 170.
 
Гармин саатите имаат прилично точен heart rate
1729762714109.png
Иако ова е еден од најдобрите македонски тркачи, на Гази Баба со угорници удолници на овој пејс и 30-ина години, 128, сехехехекако.
 
Прегледај го приврзокот 433096
Иако ова е еден од најдобрите македонски тркачи, на Гази Баба со угорници удолници на овој пејс и 30-ина години, 128, сехехехекако.
Ова му е за загревање сабајлето пред маратон така ?
Друго објаснување за 128ката немам (имам ама ќе ме тужат за нарушување углед де)
 
Прегледај го приврзокот 433096
Иако ова е еден од најдобрите македонски тркачи, на Гази Баба со угорници удолници на овој пејс и 30-ина години, 128, сехехехекако.
Разлика од 4-5 бита во минута на неколку наврати не ја сметам за доволно голема како би ги оправдала вложените средства во ХРМ, што ќе ти мени жити се ако саатот ти прикажува 160 а тебе реален heart rate во моментот ти е 165?
Мене апсолутно ништо, ако се бавиш рекреативно со трчање и поседуваш flagship часовник немаш потреба од ХРМ, а парите би било подобро да се насочат кон купување на нов пар патики и со тоа автоматски heart rate-от ќе ти биде за 4-5 бита помал :)
 
Џабе ми даваш линкови, овој конкретниов баш и го имам гледано. Кај повеќето луѓе што ги пратам, саатот не дава точен хартрејт. Дали е затоа што е постара верзија, дали не е стегнат прописно, дали не се избричени, не навлагам.
Иначе се сложувам дека не вреди да се инвестира во ХРМ ако си рекреативец, па и нешто повеќе од тоа. Ама ако парите не се проблем и си „заболен“ по ова, не е лошо :)
А најдобро е И лактејт монитор да се купи :D
 
То ми беше муабетот, јас се попалив по хрм кога почнував со трчање само заради running dynamics, па после тоа сфатив дека не ми се ни толку битни и не ги ни гледам како што помина времето. Среќа почнав да возам точак и тука му го најдов бенефитот на хрм-то за да можам саатот да го користам како Edge мониторче.
 
Не знам како ама се чини конечно гарминов се опраи, денес прв пат да трчам 80% во зона 3 и 20% во зона 2 и тоа со 6.20/км темпо

143 просечен хр
 
Не знам како ама се чини конечно гарминов се опраи, денес прв пат да трчам 80% во зона 3 и 20% во зона 2 и тоа со 6.20/км темпо

143 просечен хр
Keep grinding!
На која возраст си?
143 пулс авериџ а 80% зона три 20% зона 2, некако не ми штима освен ако не си 45+.
 
Keep grinding!
На која возраст си?
143 пулс авериџ а 80% зона три 20% зона 2, некако не ми штима освен ако не си 45+.

Далеку сум од 45+ околу 30ка, според ова и ова што го читав и табелите таму испаѓа дека е ок тука некаде во рамки на границите. Инаку имам нешто вишок кг 7-8 од нормално за мојата висина, па веројатно и тоа качува хр плус ама ќе се средам за месец два :)
 
За секој е индивидуално и некогаш знаат да се погрешни просеците но тоа е поретко. Ако си во просекот, на 30 години ова ти се зоните
1731484962450.png
Со 143 авериџ пулс не може да си во зона 3 80% од времето. Види таму наштелувај во тоа Гарминот.

Да не ти дава 6 зони Гарминот?

Пошо луѓево имаат секави видови системи направено, со 3 зони, со 5 зони, со 6 зони...
 
Прегледај го приврзокот 437599

@Imtechiquemk да те проверам дали трчаш или „загадено е брат, ладно е“ и слично?

Не се откажувам таман работа, на секој 2-3 дена барем по еднаш трчам 5 до 10км
Планирам сега и деновите кога одмарам да уклучам bodyweight вежби гледам има интересни планови на гармин коуч.
 
Screenshot_20241206_131819_Connect.jpg

За една недела Тиват Котор трчам 42км, само да не е некој јак дожд мислам можам да го издржам тепмово

Ставив тренинзи suggestions за 3:00

Ама коа почна да ми дава 10×800 на 3:00 пејс со рикавери одма на 5:20 без одмор...викам ја ова да го можев ќе трчав на државни првенства :D

Одвај 400ки на тоа темпо можев со 2 мин пауза, и за 3 дена се разболев. Среќа не се повредив

Не може од 3:38 на 3:00 за два месеци...
Дури и секунда да е боље сум задоволен а не 20 мин ко шо ми предвидвуа
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom