Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Како пијам вода од уплав од топлото утре, дворска трева не ми е рамна :pos:
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
yes но топло време ми прави огромни проблеми, и општо не сакам горештини
Да, да. За сите ќе биде мака. Посебно влажно топло е лоша комбинација.
Јас четврт оваа година, 12км. Да го видиме и тоа чудо.
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Облачно ќе биде утре според повеќе прогнози што видов, така да не би требало да има проблеми.
Може некој да дојде со тебе за да му оставиш ранец?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Облачно ќе биде утре според повеќе прогнози што видов, така да не би требало да има проблеми.
Може некој да дојде со тебе за да му оставиш ранец?
да да секако, само на стартот не пуштаат без бројка
 
Член од
13 март 2010
Мислења
378
Поени од реакции
480
Колку е безбедно да оставиш ранец или најдобро ич да не носам?
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.164
Поени од реакции
13.397
Не сум критичар обично на настани, ептен нешто ако мора да се издвои, ама сметам дека крајно време е да се посочат лошите страни на најголемиот тркачки настан во Македонија. Не како хејтање, туку баш напротив, како подржувач на вакви манифестации, секако и мене желба ми е да има што повеќе вакви настани и на светско ниво да се одвиваат сите.
Најпрво сметам дека цената која се плаќа 900,1000,1200 е превисока, за тоа што го нудат во пакетот. Во стартниот пакет следува драј фит маичка и едно шушкаво мало ранче како кеса со смешен квалитет. Може ќе се рече колку пари толку музика, но мислам дека за 20 евра, треба да има повеќе музика. Во Љубљана знам торби за патување даваа, во Солун шушкавец мислам даваа, не правам споредба за маратонски трки во Америка, туку еве во регионот што ми текнува само, во Белград на 10км трката даваа истиот пакет, идентично ранче + драј фит маичка + чаша/дезодеранси тестери итн, а учеството беше бесплатно. Организаторите мораат за тие пари да обезбедат повеќе, настрана тоа што броевите на маичките се најверојатно за марсовци, па така М маичката ми стои како да е XXL.
Друга работа, со патеката (трасата) се постапува крајно несериозно, најпрво се стартуваше од рекорд се беше добро, па му текнало на некој дека треба од камени мост за да се гледале на дронот убавините на Скопје, иако сите апелираа дека ОПАСНО е трчање на толкава толпа на луѓе на камени мост, организаторите беа глуви и ги игнорираа нашите апели. Сега среќа му текнало на папата да доаѓа, па блокирано да е кај плоштадот да се местело, и оп одма се сменува патеката, пак се враќа кај рекорд, наместо низ камени, стварно многу несериозно, како ветрот што дува одат и тие... Медалот сум приметил исто, се правеше цело време со Аце споменикот на медалот, оп почна да им смета тоа на некои, се тргна споменикот од медалот. Многу без свое јас делува организацијата, барем таков впечаток се остава.
Настрана пријави за СЕРИОЗНИ пропусти како немање доволни медали за сите учесници низ годините, што верувам дека ќе се средат од годинава. Сметам дека односот кон учесниците е катастрофално лош, сакај 50к учесници имај, не можеш да излезеш со објава дека немаш време да вратиш на сите прашања, па еве ви најпоставувани. Алоо организатори сте, ако не може да постигне 1 човек да врати на сите, ангажирајте 10 луѓе, недозволиво е за ваков настан да се каже дека се нема време да се врати на прашањата на учесниците... Извинете што сите 12к учесници не сме доволно упатени. Јас сум немал неодговорено прашање, бидејќи не сум поставил прашање годинава, но минатата година мојот ваучер Wizz Air не ми беше доделен, а ја стартував трката, по што не ми беше вратено на моите мејлови и ваучерот никогаш не си го ни добив. Не ни патував никаде, ама барем испочитувај ме и врати ми дека ќе ми го доделиш/нема да ми го доделиш. Корисничката подршка е катастрофална...
Уште една работа што сум ја приметил кога сум трчал низ годините, на крајот кога ја завршував трките кога бев помал и немав многу кондиција, не ми беше баш најдобро па морав да клекнам за да земам воздух. Прво што се случуваше ми доаѓаа луѓето и ми викаа да се поместам да сум искочел од кругот... Чекај бе човек, па ваша пропуст е тоа што ебаниот круг ви е ко балконот дома голем, што не сте обезбедиле поголем простор, па да има за сите кои финишираат, знаете колкав е бројот на учесници и дека ќе се создава ситуации на голема гужва. Може сум добар, може не сум добар, не мора секундата откако ќе завршиш да те брка некој надвор од кругот, за да не се создавало гужва, почекај 15 секунди да земам воздух ќе излезам сам или ќе побарам помош.
И последна работа, лани и прехлани после трка апсолутно ништо не се даваше на тој кругот околу плоштад, памтам години дома сум се враќал најаден со полни раце тетратки,балони, сокови... Како настанот станува поголем, така поскромни се штандовите од спонзорите.
Ова е мое лично гледиште, базирано на моите 6 учества на некои од трките на Скопскиот Маратон, секако ќе се пријавам и следна година, се надевам дека барем дел од работите ќе бидат сменети на подобро. Со лесно на сите утре :love:
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Хм
Не си спомнал дека со роковите се наголемува котизацијата, а после одреден рок не следува маичка.
Така да, јас само пластична кеса, 4 безопасни и ќесе магнезиум добив.

Друга глупа работа е изборот на местото за делење на пакетите, кое е прилично збутано и несоодветно за мои сфаќања (а од Скопје сум, за тие од другите градови и странство е тотален шит - најблиска автобуска е на 4км).

За менувањето на рутата...
Јас од идеолошки, естетски, лични, скопски причини го мразам објектот на портата и го доживувам како срам за Скопје и за сите и ме нервираа и мене овие шалтања. Има смисла да се проаѓа преку Камен мост, затоа што тој е симболот на Скопје. Од друга страна, истиот е и споменик на културата и заради фамозната резонанца и приказната дека на војска не и е дозволено да маршира на мост заради опасност од структурно оштетување - мислам дека и тука постои истата. Гужвата и опасноста од нечие слетување у Вардар исто стои, затоа што мостот у 90-ти, еден ушљак од "експерт" го реконструираше и го стесни + го прекрши и му ја еба карактеристичната лачна силуета....ама нејсе, тоа се други теми. Јас поради се' ова, би го напраил финишот да е на плоштад, откако ќе го истрчаш Камен мост. Нели најкарактеристичен кадар од Њујорк е трчањето по Бруклинскиот мост, па тука се обидуваат такво нешто да симулираат.

Има и други забелешки, нормално, ама тоа е. Бираме скотови од крадоначалници као коце и пијандурава....ваков настан бара лична заложба, волонтери, спонзори....тука, нема такви работи.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
За земањето на пакети и јас сакав да испцујам ама ајде си реков. Не е финтата само дај фенси место, ем е неприступачно ем нема место ако во одреден период отидат повеќе од 20 луѓе. Да се отепаш кружење пешки, еден полумаратон го изодев вчера. Ни со кола не е нешто поарно.

Во Љубљана годинава котизацијата е 40 евра ама маратонот влегол во златната лига така да како што вика Филип за речиси 20 евра, треба да е подобро.

А и жити се, попустот во РиСпорт важи од моментот на плаќање на котизацијата до 11ти мај? Од кај да знам јас дека ќе има попусти во РиСпорт?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.718
Поени од реакции
5.461
Кога веќе се жалиш што да кажам јас, котизација за полумаратонот во гетеборг во декември беше 75 евра, споредено со тукашните плати како во мкд да платиш 750 денари. Стартен пакет содржи уплатница :)
И јас научен од македонија и унгарија стартен пакет барем маичка и нешто промо материјали ова она тука ништо.
Па сега ти види дали у декември би дал 750 денари за да не добиеш ништо коа ќе трчаш у мај,океј медалот не го бројам.
Иначе е еден од поголемите полумаратони во европа
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Кога веќе се жалиш што да кажам јас, котизација за полумаратонот во гетеборг во декември беше 75 евра, споредено со тукашните плати како во мкд да платиш 750 денари. Стартен пакет содржи уплатница :)
И јас научен од македонија и унгарија стартен пакет барем маичка и нешто промо материјали ова она тука ништо.
Па сега ти види дали у декември би дал 750 денари за да не добиеш ништо коа ќе трчаш у мај,океј медалот не го бројам.
Иначе е еден од поголемите полумаратони во европа
Па и тоа не е во ред, не мора да значи дека ако е во развиена земја дека маратонот е на ниво, како што читам и во Париз било катастрофа. Љубљана и Амстердам на пример имаат високо ниво и на организација и на подароци.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.718
Поени од реакции
5.461
Па и тоа не е во ред, не мора да значи дека ако е во развиена земја дека маратонот е на ниво, како што читам и во Париз било катастрофа. Љубљана и Амстердам на пример имаат високо ниво и на организација и на подароци.
Исто и за берлин бие добар глас, гледаш амстердам не го знаев, планирав наредна година да трчам берлин и љубљана ако не успеам годинава да трчам во љубљана :)
Колеги што се локалци и го трчаат гетеборг за организација не се жалат нели од патека како е обезбедено рутата и такви ствари ама кога им кажав што се добива у една македонија или унгарија без зборови останаа.
Иначе и будимпешта има неколку полу маратони со мн пристојни цени ако некој сака да трча таму, обично визз е во септември (уште е топло), a spar (е во октомври) тие им се најголеми
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Амстердам па јас слушнав дека има тркачки интерес, а не и многу публика. Обично врне таму.
Берлин и Љубљана ми се одамна у bucket list, здравје.

Лесни нозе за утре и да си напраите PB и што сте планирале.
Одјава.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Низ Аеродром вртевме како кога ќе го погрешиш патот па се снаоѓаш :pos:

На среде трка зедов си ја поткренав маицата да ми се лади половината и 3-4ца ми дојдоа ми викаат ти паднале пантолоните :tapp: :tapp: алооо нели глеате маицата дека е крената
 

Kajgana Shop

На врв Bottom