Малиот Трпе собрал храброст да и каже на учителката дака ја сака.
- Учителке многу сум вљубен во Вас!
- Трпе, јас не сакам деца.
- Добро де, не мора да имаме деца!
Трпе влегува на доктор и веднаш го извадил патлакот на маса.
Докторов го гледел, го гледал...
- Ве боли?
- Не.
- Ве сврби негде?
- Не.
- Па што си го извадил?
- А, кажи колку ми е убав!?
Седел Трпе дома, си фрлал кикирики во вис и ги фаќал со уста. Во еден момент го викнала Трпана, он се свртел и кикириката му влегла во уше. Се обидувал Трпе да ја извади кикириката од уше, никако не му успевало. Дошла и Трпана на помош, но никако не им одела работата. По некое време се вратила ќерката од град заедно со нејзиниот дечко. Им раскажале што се случило, дека сакаат да одат кај доктор, но тогаш момчето рекло:
-Нема проблем, не треба да одите кај доктор, сега јас ќе ти помогнам, - му ставил на Трпе два прста во нос и му рекол силно да дувне. Трпе силно дувнал и кикириката излетала од увото. Сите биле среќни и весели, момчето се поздравило и си отишло. Трпана цела среќна му рекла на Трпе:
- Леле колку фино момче, што мислиш што ќе биде кога ќе порасне?
- Па, како му мирисаат прстите, сигурно ќе ни биде зет!