Z
zmej gorjanin
Гостин
Во Македонија никогаш немало организирана анти-бугарска пропаганда, лошото мислење за Бугарите си е всадено во националната свест на Македонците на многу спонтан и природен начин. А причини има многу, ни држите окупирана наша територија, повеќе од два милиони Македонци од Егејска и Пиринска Македонија ги асимилиравте во Бугари и не давате ниту малку простор тие да се вратат кон корените на својата родна земја. Еве на наредниот попис нека се отвори графа Македонец па да видиме колку ќе се декларираат како Македонци. И понатаму тврдите дека ние ви ја крадеме историјата, само не ми е јасно како ние можеме да ја крадеме историјата кога таа се случила на македонска територија, практично невозможно е. И најсмешно ми е кога цар Самоил ќе речете дека бил Бугарин, а човекот војни водел против Бугарите. Точно е дека во тој период на Византија областа на Македонија била нарекувана Бугарија и народот Бугари, но исто така Бугари и Бугарија биле нарекувани Србите и Црногорците, Тракија била наречена Македонија а Мизија била наречена Тракија, додека пак Грците ги нарекувале Ромејци. И сите овие територии биле теми на Византија која што насилно им ги сменила имињата за да што побрзо ги асимилира нациите и ги задуши националистичките бунтови.