Трансхуманизам (H+)

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.196
Поени од реакции
12.539
Мислам дека сеуште немаме доволно соодветни фрази и зборови да ја опишеме реалноста најаедекватно.
Логиката е термин за човечката способност за когниција или разбирање, но човечката логика има човечки (ограничен) капацитет.
Што ако нуменонот е хардверот а софтверот е когницијата, способноста за контеплирање - осознавање или чистиот Ум на Кант? Тогаш феноменонот не е ништо друго туку продуктот на контеплирање.
Што се однесува до тоа дека за "софтверот" просторвремето е канвас на кој го лепи инфото, тоа би значело дека тоа инфо си постои независно од канвасот, а тоа не е случај. Поради тоа, сметам дека просторвремето е само една од манифестациите на нуменонот.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.265
Поени од реакции
8.228

Јас мислам дека не постои времето. Да имаше меморија од 1 секунда, ќе постоеше ли концепт за време?
Меѓу Њутн и Лајбниц го бирам Лајбниц. Просторот е корелација на стварите а времето сукцесија. Ако не постои простор и време, тогаш дали постои движење?
Јас мислам дека единствено со сигурност што можеме да тврдиме е дека постои Промена. Што не мора да значи дека постои движење, во смисла, поминат простор низ време.
Што ако она што го перцепираш како движење, е всушност само промена на реалноста? Незнам дали си информиран за квантниот компјутер шо го напраија гугл у колаборација со наса? Базиран е на пронајдоците од QM и работи на ку-битови. Односно, за разлика од бит-от, ку-битот е во исто време и 1 и 0. Да претпоставиме дека структурата на реалноста е нешто налик екранов во којшто гледаш. Кога гледаш како се движи автомобил на екранов од лево кон десно, автомобилот всушност не се движи, у смисла збирот од пиксели кои го претставуваат автомобилот не се движат на екранот, туку пикселот лево се гаси, тој десно се пали, па тој се гаси, тој десно од него се пали, и така сукцесивно едни пиксели се гасат едни се палат и имаш промена која ја перцепираш како движење.
Што ако во реалноста, твојата рака составена од атоми кои од QM сеа знаеме they can pop in and out of existence just like that, всушност не се движи, односно, збирот на тие атоми кои претсавуваат Рака всушност не проаѓаат Простор туку на едно место ги снемува а на друго се појавуваат (што се случува инстантно. буквално) и ствараат чувство на Движење? Таа Промена покрај тоа што е промена во однос на другите објекти (простор) е и промена во однос на себе (време) односно ти сведочиш сукцесија на стварите, што воопшто не мора да се случува во Време. Само се случува, се случува Сега. И затоа што ти Ја Памтиш промената го имаш концептот на Време.
Претпоставувам дека просторот и времето се концепти на умот а не објективни категории, односно се принцип на функцонирање на софтверот, затоа што, кога пробувам да замислам нешто што не постои во простор, неможам. Или не постои во време. Исто неможам. Али само затоа што јас неможам да замислам, не значи дека не е така, нели?

Што подразбираш под ова "Инфото постои независно од канвасот, што не е случај."? Нуменонот не постои ако не е перцепиран? Ама перцепиран нуменон е феномен, до таму само моеш да стигнеш. И сеа, дали Феноменот е Перцепција на Нуменон или е Креација на контемплацијата, е прашањето? Дали дрвото прави звук кога паѓа во шума а нема никој да го чуе?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.196
Поени од реакции
12.539
Јас мислам дека не постои времето. Да имаше меморија од 1 секунда, ќе постоеше ли концепт за време?
Меѓу Њутн и Лајбниц го бирам Лајбниц. Просторот е корелација на стварите а времето сукцесија. Ако не постои простор и време, тогаш дали постои движење?
Јас пак мислам дека времето е нуспроизвод (или производ - сеедно) на интеракцијата која се случува кога се појавува феноменонот, или производ на свеста кога искусува создавање на феноменон.
Претпоставувам дека просторот и времето се концепти на умот а не објективни категории, односно се принцип на функцонирање на софтверот, затоа што, кога пробувам да замислам нешто што не постои во простор, неможам. Или не постои во време. Исто неможам. Али само затоа што јас неможам да замислам, не значи дека не е така, нели?
Точно, но што е Умот? Дали тој е дел од нуменонот или е независен од него? :) Јас сметам дека Умот е суштината на нуменонот, и дека тој е причинителот кој го создава феноменонот, при што како последица на тоа настанува простор времето.
Што подразбираш под ова "Инфото постои независно од канвасот, што не е случај."? Нуменонот не постои ако не е перцепиран? Ама перцепиран нуменон е феномен, до таму само моеш да стигнеш. И сеа, дали Феноменот е Перцепција на Нуменон или е Креација на контемплацијата, е прашањето? Дали дрвото прави звук кога паѓа во шума а нема никој да го чуе?
Епа ако канвасот е просторвремето, тогаш инфото неможе да егзистира надвор од него. Хокинг имаше расправано за ова, за можноста информацијата да се губи при навлегување во црните дупки.
За болдот. Ако Умот е суштината на нуменонот, тогаш феноменот е перцепција на нуменонот, што значи дека нема разлика помеѓу контеплацијата и креацијата.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.265
Поени од реакции
8.228
Јас пак мислам дека времето е нуспроизвод (или производ - сеедно) на интеракцијата која се случува кога се појавува феноменонот, или производ на свеста кога искусува создавање на феноменон.

Точно, но што е Умот? Дали тој е дел од нуменонот или е независен од него? :) Јас сметам дека Умот е суштината на нуменонот, и дека тој е причинителот кој го создава феноменонот, при што како последица на тоа настанува простор времето.

Епа ако канвасот е просторвремето, тогаш инфото неможе да егзистира надвор од него. Хокинг имаше расправано за ова, за можноста информацијата да се губи при навлегување во црните дупки.
За болдот. Ако Умот е суштината на нуменонот, тогаш феноменот е перцепција на нуменонот, што значи дека нема разлика помеѓу контеплацијата и креацијата.

Јас Умот го сфаќам како emergent property на универзумот, кој е стварта по себе, не во простор не во време туку како нешто што Е и се Менува. Поточно, станува по комлексен, односно еволуира. Дизајнот во својата целост постои во состојба на потенцијал. Под дизајнот подразбирам Кодот на тој потенцијал, затоа што сметам дека тоа не е неограничен потенцијал туку ограничен потенцијал. Реалитетот кој ни се манифестира е една од можностите за реализација на потенцијалот според Дизајнот. Зошто мислам дека Мора да Постои (под постои мислам на Закон - Правило) дизајнот? Го изведувам заклучокот од QM, носно квантниот скок на електронот од една орбитала во друга, односно од една енергетска состојба во друга. Електронот скокот го прави Инстантно (ни еден plank-time), и иако не знаеме кога ќе се случи скокот безразлика како влијаеме на електронот, секогаш електронот се појавува во неколку предетерминирани форми. Во Инстантот на Промена физичарите велат дека електронот се наоѓа во суперпозиција, шо ти е исти курац со потенцијалитет. Односно, за момент постои само како можност. Ама Таа Можност Постои. Знаеме, затоа што постојат само неколку можности во кои може да се Реализира електронот и знаеме кои се. Збирот на сите Можности е Дизајност, фактички, Есенцијата. А манифестацијата односно реализацијата на можноста е Универзумот.
Oкеј. Информација е иначе Редот на работите. Суштински, во реалитетот ламбата и мониторот се разликуваат само Информациски. Градбените блокови се исти, редот е различен. Тоа е Информација. Се Информираме Преку Обзервација, односно за редот на работите дознаваме искуствено. Е сеа, што е тоа што Дознава? Умот. Што е Умот? Свест. Што е свеста??
Што е со дупката помеѓу микро-космосот и макро-космосот? Јас под микро-космосот го подразбирам самиот фабрик, самиот код на реализирана егзистенција на битието универзум. Есенцијата е Дизајнот, кој што мора да постои затоа што е очигледен, егзистенцијата е еманација на есенцијата од светот на *идеи* односно *потенцијал* или можност во реалност, конкретност, факт. На тоа ниво микро-космосот се однесува непредвидливо и не логично, а некако макро-космосот кој претпоставувам од микро-космосот пак произлегува, се однесува логично и предвидливо, односно сугерира предетерминизам, што е пак парадоксално и немам објаснување. Бидејќи е макро-космосот предетерминиран, дали постои слободна воља? Еве типов (изгледај го, стварно) објаснува дека слободна воља и предетерминираност не се исклучуваат една со друга, дека на некој начин свеста е способноста за Избор на една од многуте возможни опции кои се предетерминирани. Како се накачува комплексноста така се зголемува бројот на можностите.

Што се тиче последната реченица твоја. Информацијата е Редот, а законите на редот е Дизајнот. Дизајнот постои сам по себе, дизајнот има два аспекти, есенцијата односно информацијата или редот или Законот на редот, и егзистенцијата односно самото битисување односно неговата еманентност во реалитетот. Феноменот е обзервиран нуменон, но не во целост, затоа што самиот акт на обзервација е ограничувачки, барем со ова ниво на свест. Физиката, у теоријава е фактички феноменологија на Умот, затоа што Науката се потпира на емпирија, а емпиријата се бави со феноменот а не нуменонот. Само спекулативниот метод допира до суштината на нуменонот во целост, и затоа неможеш за нуменонот да Знаеш, дефинициски, можеш само да спекулираш, што е обесхрабрувачки.

Е сега, околу свеста. Ако свеста е emergent property на комплексноста, дали е спорно прашањето како од збир од несвесни ствари настанува свест?
Мислам дека не е спорно. Збир од статични ствари прават афтомобил кој пак не е статичен туку се движи. Збир од не-свесни мравки прават свесен ентитет на мравки кој гради мравјалник. Секоја мравка сама по себе, врска нема што прави, но некако збирот на сите мравки како да е свесен. Итн итн. Е сега тука има муабет. Дали Се има некакво елементарно ниво на свест, па комплексноста само квантитативно го зголемува нивото на свест до степен на Човековата свест, или пак свеста е emergent property на спој на несвесни елементи. И двете теории се возможни. Според првата, свеста би била на некој начин градбена единица на универзумот, а според втората, само нус-производ на неговата комлексност.
Е сеа, зашо свеста во еден момент станува само-свесна? Зошто Искуствувањето само себе се Искуствува? Зошто е тоа потребно кога перфектно добро можеме да функционираме и без тој феномен? Всушност ни самата свест не е потребна, можеме да егзистираме и како зомбиња, но, уште поголема мистерија ми е, зошто само-свест? Што фајде?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.196
Поени од реакции
12.539
Е сеа, што е тоа што Дознава? Умот. Што е Умот? Свест. Што е свеста??

За делот од твојот пост што не е во цитатов, немам што да додадам, се согласувам потполно, за остатоков, би ти ја посочил само следнава видео презентација, погледај ја, па сподели импресии. Повели:
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.265
Поени од реакции
8.228
За делот од твојот пост што не е во цитатов, немам што да додадам, се согласувам потполно, за остатоков, би ти ја посочил само следнава видео презентација, погледај ја, па сподели импресии. Повели:

Сум го глеал :) Профи е презентацијата али каша е аргументацијата. До душе, не ни може да аргументира нешто такво, он поставува хипотеза (што мене ми се допаѓа, више ја спомнав у постот горе) или претпоставка дека Се има свест, на некое рудиментално ниво, и потоа ја гура до таму работата дека само свеста постои и ништо друго... Ја некако не веруем у тоа сеа за сеа, али остануем open minded за све.

Едит: Иначе, моментот кога збори од POV на фотон ми беше многу јак :) Дел од инфлуенцата за ставов мој погоре дека простор и време не постојат туку се концепти на умот ми се баш од видеово. XD

Уше еден едит: Ти шо мислиш за свеста? Свеста е примарна, или само emergent property?
Исто ти препорачуем коа ќе исцедиш QM све шо има да се пребациш на невробиологија, многу интересни ствари има у последниве неколку години у полево :) Neuroplasticity, quantum-neurology, итн... Плус таму е инсајтот за како до инфлуенца, манипулација, мотивација на човекот и тако даље. Психологија е више демоде и треа да изумре пошо е булшит.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.196
Поени од реакции
12.539
Уше еден едит: Ти шо мислиш за свеста? Свеста е примарна, или само emergent property?
Исто ти препорачуем коа ќе исцедиш QM све шо има да се пребациш на невробиологија, многу интересни ствари има у последниве неколку години у полево :) Neuroplasticity, quantum-neurology, итн... Плус таму е инсајтот за како до инфлуенца, манипулација, мотивација на човекот и тако даље. Психологија е више демоде и треа да изумре пошо е булшит.
Мојот став е пантеистички, сметам дека природата на реалноста е субјективна, дека нема разлика помеѓу термините постоење и Свест. Тој став мислам дека најдобро е одсликан во панпсихизмот.
 
Член од
25 ноември 2011
Мислења
15
Поени од реакции
15
Третиот TEDxBASSalon со тема „Добρи и лоши стρани на тρансхуманизмот и нивни последици“ ќе го насочи вниманието кон иднината и нашите придонеси за нејзиниот развиток видено низ призмата на новите технологии.

Повеќе инфо за настанот и пријавување: https://www.facebook.com/events/1629301387350240/
 
Член од
4 јули 2014
Мислења
276
Поени од реакции
69
Што е тоа, што се надминува во трансхуманизмот, протокот на информации и акумулирање/процесирање на истите од страна на ентитет у случајов машина.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
3.517
Поени од реакции
9.168
Не сум сигурен дали е за тука, но ...

КАКО ИЛОН МАСК ПЛАНИРА ДА ГО ПОВРЗЕ ЧОВЕЧКИОТ МОЗОК СО КОМПЈУТЕР

Научниците денес работат на создавање компјутерски интерфејси кои ќе ни помогнат светот околу себе да го гледаме со нови очи. Се работи за таканаречени BCI (Brain-Computer Interface), технологија која на човечкиот мозок му овозможува управување со компјутерите. На ова поле научниците низ светот работат повеќе од 50 години, а денес сведочиме и на првите милионски стартапи што ги започнуваат технолошки гиганти како Илон Маск и Брајан Џонсон. Стартапот на Маск се вика „Неуралинк“, додека на Џонсон е „Кернел“.

Изворите на компјутерската наука потекнуваат во медицината. Основната намена на интерфејсите помеѓу компјутерите и мозокот е да им се помогне на неподвижните лица. Идејата била по компјутерски пат да се овозможи интеракција со околината. Денешните достигнувања вклучуваат механичка рака контролирана со мозочни бранови. Се успеало да се регистрира импулс за движење на раката во мозокот на парализираните пациенти, па да им се дозволи да користат таблет без потреба за допир.

Како што мозокот им испраќа информации на машините, така тие можат да му испраќаат сигнали на човечкиот мозок. Со помош на електрична енергија можно е да се испратат виртуелни сетила со стимулација на внатрешноста на мозокот или мозочната површина. Во моментов најсложените интерфејси помеѓу мозокот и компјутерот се оние што дејствуваат во двете насоки, односно кои стимулираат и го читаат нервниот систем. Нивното стручно име е – „двонасочен мозочен компјутерски интерфејс“. Може да се користи за зајакнување на врската помеѓу две подрачја на мозокот, па дури и меѓу мозокот и ’рбетот, што меѓу другото може да значи дека со помош на компјутерите ќе можеме да ги движиме до неодамна парализираните екстремитети.

Многубројните вакви интерфејси не бараат вградување по хируршки пат. Некои од нив функционираат со помош на сензори кои се наоѓаат во специјално изработени шлемови кои се во постојан контакт со скалпот. Па, со сето тоа може да се контролираат инвалидска количка, роботски раце, дронови и сл. Се регистрира и доцнење во однос на внесениот импулс, па дури и кога работи, бара хируршко вградување, додека движењето е помалку комплексно и непрецизно.

Нервните структури на мозокот се назамисливо сложени, што создава голем број тешкотии. Најдобрите импланти на денешницата можат да слушаат само мал дел од мозокот, што значи дека со нивна помош можеме да правиме импресивни работи, но не сме ни блиску до сфаќањето на „поголемата слика“. Технологијата денес овозможува да читаме и дел од интеракциите на невроните, но не е доволна за да се интерпретираат сложените сигнали. Имплантите, колку и да се мали, и понатаму го оштетуваат мозокот, што е голем проблем. Проблем создава и имунолошкиот систем, кој во комбинација со сето останато се чини некорисен. Тоа може да се санира со флексибилни биокомпатибилни влакна, но до нивно комерцијално користење и производство би требало многу да се чека.

И покрај проблемите на патот, научниците веруваат дека ваквото нешто ќе стане дел од секојдневието. Факторот кој ни е од најголема корист е подготвеноста на нашиот мозок за адаптација. Научниците се обидуваат да создадат интерфејс кој ќе соработува со човечкиот мозок и полека ќе се приспособува. Со соодветна терапија пациентите ќе се научат да управуваат со уредот, кој истовремено ќе се навикнува на нив.

http://www.fakulteti.mk/news/17-10-19/kako_ilon_mask_planira_da_go_povrze_chovechkiot_mozok_so_kompjuter.aspx

D

Daedalus

Гостин

Уште подобро ќе биде ако молекуларната биологија и генетскиот инженеринг, напреднат до степен да се средат сите невропатологии, со директна интервенција. Механичките оштетувања би се средиле со супституенти за невроните, но клетките сеа за сеа, тешко е да ги синтетизираш по вештачки пат поради нивната комплексност, со што во улога доаѓа дедиференцирањето на невроните во матични клетки, ин витро одгледување на клеточната култура и ин виво внесување на клетките, таму кадешто е локализирано оштетувањето.
Има тука доста да се зборува и за невромускулни стимулатори, поврзано со проблематикава што ја пишуваш, со што, темите од научната фантастика, стануваат све пореални.

Штета што замре темава, ова е можда една од најдобрите теми кои се отвориле на форумов.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.384
Поени од реакции
4.996
Јуавал вика АИ не е единствениот главен фактор. Биотехнологијата е еднакво а можеби и поважна.
 
На врв Bottom