Трансхуманизам (H+)

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
6.876
Поени од реакции
5.929
Не сум сигурен дали е за тука, но ...

КАКО ИЛОН МАСК ПЛАНИРА ДА ГО ПОВРЗЕ ЧОВЕЧКИОТ МОЗОК СО КОМПЈУТЕР

Научниците денес работат на создавање компјутерски интерфејси кои ќе ни помогнат светот околу себе да го гледаме со нови очи. Се работи за таканаречени BCI (Brain-Computer Interface), технологија која на човечкиот мозок му овозможува управување со компјутерите. На ова поле научниците низ светот работат повеќе од 50 години, а денес сведочиме и на првите милионски стартапи што ги започнуваат технолошки гиганти како Илон Маск и Брајан Џонсон. Стартапот на Маск се вика „Неуралинк“, додека на Џонсон е „Кернел“.

Изворите на компјутерската наука потекнуваат во медицината. Основната намена на интерфејсите помеѓу компјутерите и мозокот е да им се помогне на неподвижните лица. Идејата била по компјутерски пат да се овозможи интеракција со околината. Денешните достигнувања вклучуваат механичка рака контролирана со мозочни бранови. Се успеало да се регистрира импулс за движење на раката во мозокот на парализираните пациенти, па да им се дозволи да користат таблет без потреба за допир.

Како што мозокот им испраќа информации на машините, така тие можат да му испраќаат сигнали на човечкиот мозок. Со помош на електрична енергија можно е да се испратат виртуелни сетила со стимулација на внатрешноста на мозокот или мозочната површина. Во моментов најсложените интерфејси помеѓу мозокот и компјутерот се оние што дејствуваат во двете насоки, односно кои стимулираат и го читаат нервниот систем. Нивното стручно име е – „двонасочен мозочен компјутерски интерфејс“. Може да се користи за зајакнување на врската помеѓу две подрачја на мозокот, па дури и меѓу мозокот и ’рбетот, што меѓу другото може да значи дека со помош на компјутерите ќе можеме да ги движиме до неодамна парализираните екстремитети.

Многубројните вакви интерфејси не бараат вградување по хируршки пат. Некои од нив функционираат со помош на сензори кои се наоѓаат во специјално изработени шлемови кои се во постојан контакт со скалпот. Па, со сето тоа може да се контролираат инвалидска количка, роботски раце, дронови и сл. Се регистрира и доцнење во однос на внесениот импулс, па дури и кога работи, бара хируршко вградување, додека движењето е помалку комплексно и непрецизно.

Нервните структури на мозокот се назамисливо сложени, што создава голем број тешкотии. Најдобрите импланти на денешницата можат да слушаат само мал дел од мозокот, што значи дека со нивна помош можеме да правиме импресивни работи, но не сме ни блиску до сфаќањето на „поголемата слика“. Технологијата денес овозможува да читаме и дел од интеракциите на невроните, но не е доволна за да се интерпретираат сложените сигнали. Имплантите, колку и да се мали, и понатаму го оштетуваат мозокот, што е голем проблем. Проблем создава и имунолошкиот систем, кој во комбинација со сето останато се чини некорисен. Тоа може да се санира со флексибилни биокомпатибилни влакна, но до нивно комерцијално користење и производство би требало многу да се чека.

И покрај проблемите на патот, научниците веруваат дека ваквото нешто ќе стане дел од секојдневието. Факторот кој ни е од најголема корист е подготвеноста на нашиот мозок за адаптација. Научниците се обидуваат да создадат интерфејс кој ќе соработува со човечкиот мозок и полека ќе се приспособува. Со соодветна терапија пациентите ќе се научат да управуваат со уредот, кој истовремено ќе се навикнува на нив.

http://www.fakulteti.mk/news/17-10-19/kako_ilon_mask_planira_da_go_povrze_chovechkiot_mozok_so_kompjuter.aspx
Искочи пред некое време....ако не си го гледал.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
4.256
Поени од реакции
2.782
вауууууу:vozbud:...убаво што налетав на темава..па јас сосема на друго ми одеше умот кога ќе слушнев за трансхуманизам(не дека па многу и сум го чула тој збор), навистина не знаев за оваа наука и нејзиното достигнување...Вауу, па ова излегмо многу подалеку од човековите ограничувања за кои јас мислев дека имаме ете некоја граница и толку...браво...(y)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.558
Поени од реакции
3.495
Трансхуманизам - ова нешто како терминатор-трансвестит, хив позитив му доаѓа, а!?. Малце ви е до кај е отеран светот, па уште у трансови и травестии паѓате.

Аха убаво, ќе не напикаат сите во 4 gb hdd и ќе не форматираат...браво...
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.652
Поени од реакции
17.624
Трансхуманизам - ова нешто како терминатор-трансвестит, хив позитив му доаѓа, а!?. Малце ви е до кај е отеран светот, па уште у трансови и травестии паѓате.

Аха убаво, ќе не напикаат сите во 4 gb hdd и ќе не форматираат...браво...
Ми се допаѓа како се фокусираш на екстремноста а ги занемаруваш другите работи за кои се залага ова движење или што и да е.
 
Bridger

fb.com/fitclaw
Член од
21 март 2014
Мислења
368
Поени од реакции
154
Интересна филозофија(и фантазија) која ја поддржувам. Мислам дека резултати само што ќе ги гледаме!
Импланти за заби,срце,бубрези буквално за секој орган,чипови за детекција на болести и превенција и регенерација на ткива по мое видување се блиска иднина. Единствено нешто како можна пречка да не го видиме наскоро е евентуален преран Апсолутен СТОП(кој како можност секогаш ќе биде достапен,веќе е)на живот што нема да ни даде за можност да ги видиме овие изуми. Меѓутоа сметам дека во подалечната иднина нема да се открие создавање на простор и дека просторот е ограничен,што значи дека посекако ќе има крај,иако сите живи но без простор за живот(Бидејќи е моја филозофијава нека биде термин Релативен СТОП :) ). Тука има и парадокси како напр. што ако го зафатиме целиот простор(ако е ограничен),не осеќаме болка и генетиката ни е створена да растеме иако успееме нашата сила да биде поголема од таа на границите на просторот(По мое тоа нема да може да се создаде,можеби ќе се отстрани просторот како ресурс). Исто сметам дека и манипулација со времето нема да биде реална(можеби би било отстранување на времето како ресурс/потреба за живот што поттикнува интересна друго ниво дискусија)на начин на кој ја замислуваме бидејќи според мене доколку постои патување во времето поготово во минатото тогаш би се променил редоследот на настаните,или пак можеби we only live once и кога ќе дојде првиот човек кој ќе направи промена во минатото ќе дојде до крај на цела иднина и сегашност бидејќи би бил друг редоследот на настани(а што ако некој оди во иднината период пред тој да оди во минатото?). За просторот и времето постојат неколку комбинации (ограниченост,неограниченост,можност за манипулација) и откривањето на вистинската комбинација би била клучна во развитокот.

Меѓутоа нели овој дел е мала фантазија и таа далечна иднина,но со сигурност со развиток на науката и технологијата(пред се AI) ќе имаме уште пострашен медицински напредок и отпорност од поплави/адаптација на вода,вакуум можности за летење, температури што ќе биде мост кон таа ера,и мислам дека е корисен напредок.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
547
Поени од реакции
850
Јуавал вика АИ не е единствениот главен фактор. Биотехнологијата е еднакво а можеби и поважна.
Има неколку работи во целиов муабет што се дискутабилни.

1. Тешко е да се создаде синтетички живот. Јаглеродот е многу добар елемент за создавање комплексни структури поради неговата валентност. Единствениот добар аналог на јаглеродот за правење вештачки живот е силиконот. Животот кој постои на Земјата е еволуиран во овие услови и точно е дека надвор од нашиот екосистем не би можел да опстане предолго поради драстичните промени на кои нема да се аклиматизира освен ако не се изврши некаква интервенција со генетски инженеринг, нешто што од занаетчиски аспект е тешко за изведба, а и нема да знаеме дали тоа што ќе го добиеме во теоретското сценарио ќе се навикне на други услови. Но ако решиме да создаваме вештачки живот, единствена референца која ја имаме е животов тука, така што ќе треба од ново да смислуваме некој друг систем кој ќе може да се самореплицира и да метаболизира енергија (со што ги задоволува нашите произволни критериуми за живот). Тоа е исто така тешко и немаме гаранција дека ќе се адаптира на услови надвор од Земјата бидејќи не можеме да ги земеме сите фактори предвид освен ако не го направиме најелементарен, не го пуштиме таму каде што ќе го пуштиме и не и' оставиме се' на еволуцијата, со надеж дека нема да биде истребен. АИ не можеме да го рачунаме за „живо“ ако не се самореплицира.

2. Тоа со колите е заебано. Луѓето се еволуирани со чувство за агентност и страв од губење контрола. И додека тоа е фактор во муабетов, истиот не е толку битен во секојдневието. Им се доверуваме на пилоти, таксисти и други луѓе да не' возат, па зошто да не му се довериме на некое суперпаметно АИ? Најголемиот проблем е во тоа што треба да сме сигурни дека серверот кој ги има сите податоци и инструкции нема да падне, а ако падне и/или се багне, дека ќе има осигурач кој ќе ги заштити колите од можен судар. Уште поголемиот проблем се хакерите. Треба да сме сигурни дека серверот нема да биде мета на хакери кои поради некоја причина може да предизвикаат огромна штета. Бидејќи контролата на колите ќе биде централизирана во некоја мера, дали во форма на еден огромен сервер или повеќе различни сервери што ќе држат реон, можна е огромна штета ако се случи нешто со процесирачките единици.

3. Проблемот со лекарите не е само во тоа што АИ ќе може да прочита емоции. Човечкиот ум е еволуиран со години да распознава милиони сигнали кои ги преточува во контекст и дава соодветна реакција. Поголемиот дел од тие процесирања ни се несвесни и не знаеме како се одвива сето тоа. Дури и да направиме АИ што ќе го може тоа што го можеме и плус ќе ги мери сите други важни идникатори како работата на срцето, хормони и невротрансмитери, земено дека ќе ги знаеме сите тајни на умот и мозокот, АИ лекарот нема да може да глуми емпатија што ќе го смири пациентот како човекот освен ако не го направиме со човечко лице и тело, а и сентиентен бидејќи ако само се однесува како емпатичен, луѓето ќе знаат дека тоа е фејк и не искрено разбирање кое би го добиле од вистински човек. Ама такво АИ е далеку од сегашноста. Исто така, хирургијата е релевантна бидејќи човекот може да станува помудар како што добива поголемо искуство и развива стратегии и тактики за решавање проблеми што е важно за оперирање на пациенти и нови случаи кои не се познати.
Додека не развиеме силно АИ, тешко дека лекарите ќе можат да бидат заменети.

4. Основниот проблем со автоматизацијата и работните позиции што го начнува Харари мислам дека се решава со промена на политичко-економската реалност. Ако хипотетички сите газди имаат работници што се роботи, тогаш единствен којшто ќе поседува пари ќе бидат газдите и државата, а останатите нема да имаат пари, па газдите нема да имаат со кој да тргуваат и да ги дадат своите пари во замена за производ, освен со други газди. И нема да има потрошувачи кои ќе им ги купуваат производите. Тогаш решението ќе лежи во форма на социјална помош што државата ќе им ја дава на луѓето и таа ќе биде повеќе од доволна за живеачка, така што ќе се намали јазот помеѓу газдите и „бескорисната“ класа. Друга опција е сите да станат газди и да имаат машини што ќе им работат или никој да не биде газда, а машините да му служат на човештвото. Има и други опции, но чинам дека доколку се случи апсолутна автоматизација и луѓето се заменети од машини како за физичка, така и за мисловна активност, тогаш неминовно политичко економскиот систем ќе треба да стане хоризонтален (дали мирно или со револуции), веројатно некоја форма на трансхуманистички социјал-анархизам. Во подобро општество со „постлуѓе“ можеби ова е и можна варијанта.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.383
Поени од реакции
4.995
Мислам дека Харари не ги негира ниедна од овие 4 работи. Видеово е прекратко, ама во неговите книги и јавни дискусии он во суштина се согласува со ова. Инаку не само економско-политичката реалност, него целокупната иднина ќе биде предизвик. На пример, за 20-на години ќе исчезнат многу професии. Да речеме шофери на скании, ѓубреџии, чистачи, работници на лента во фабрики, едно чудо различни даскали и продавачи, и многу пософистицирани професии. Проблемот е иминентен -- како ти или рандом пар родители да ја планират кариерата? Или ако си помлад чоек, шо да студираш? Јувал вика (во една друга дискусија) дека основната потребна вештина за идниот пазар на трудот (ако има таков) ќе биде да се способноста да се преизмислиме себеси -- да се регрупираме и да можеме да менуваме кариера брзо и ефектно. Ваква неопходна брзина на социоекономска адаптација е и ќе биде нов еволутивен момент. Мене ова нема да ме закачи пошто сум постар малолетник, али ти ќе се соочиш со ова. Твоите деца па ептен.

Го загатна моментот на серверот. Налет софтверски гличови. Целиот тој агрегат на податоци за секој од нас од секаков вид (финансиски, медицински, социјален, приватен, итн.) е страотен потенцијал за злоупотреба. Во некое сај-фај сценрио, замисли дека АИ докторот ти праи лаб анализи и секаква дијагностика, и, на крајот ти препишува терапија и иљач. И замисли некои лоши момци да го хакнат софтверот, а да имаат фрлено пизма на тебе. Ќе завршиш со иљач со малце цијанид.
 
Менувањето кариера е лесно доколку станува збор за сродна струка бидејќи треба да учиш помалку. На пример, полесно е да се прешалташ од „општ фармацевт" на "лабораториски биоинженер", а потоа на „биохемичар" од тоа да станеш правник ако си бил општ лекар. Овие работи можеби се полесни за изведба во некои множества од струки поврзани со компјутерски науки, ама не секогаш и не за секого. И поради тоа, како што велиш, одбирањето кариера ќе биде предизвик бидејќи нема да се знае исплатливоста на макотрпна едукација и пракса за занает кој во блиска иднина ќе го научат роботи. Зависно од побарувачката, пазарот на трудот драстично ќе се менува и изгледа дека тоа ќе појача анксиозност и други психолошки проблеми кај новите генерации кои ќе мора да се тркаат со роботите, меѓу себе и со времето. Не сакам да звучам како некој небањат фан на Кропоткин, но навистина решението го гледам во растурање на капитализмот. Можно е да се појави некоја омраза кон технологијата и анархо-примитивизам кај се' повеќе луѓе, а тоа е контрапродуктивно за нас бидејќи технологијата е добра алатка кога не е во рацете на мајмуни. Но замисли си дека некои роботи ти ја зимаат работата бидејќи некој газда сака да лапа повеќе пари. Ќе ги пцуеш и технологијата и газдата зашто ќе сфатиш дека твојата работа не е само во служба на твојот газда, туку во твоја и на сите други затоа што истата те прави да се осеќаш попродуктивно, ти дава смисла у животот, ти дава чувство на припадност во општеството и најважно од се', ти пружа опстанок. Од таков хуманистички аспект, роботизацијата на многумина им изгледа страшна, а уште пострашна невработеноста поради истите тие роботи. Поентата е да се стигне до некаков трансхуманистички социјализам/анархија, а не да се тера кон анархо-примитивизам, а тоа може да се случи со таргетирање на вистинскиот проблем кој не се роботите, туку луѓето поради што тој романтичарски сентимент може да не' однесе во погрешна насока и да почнеме да напаѓаме страшила. Додека не ја смениме нашата природа, нема да стигнеме до утопија. Мене ми е страв дека нема ни да стигнеме до добата на трансхуманизмот и ќе си испоебеме матер пред да стигнеме до утопијата, но јеби га, ако треба да биде така, виша сила... Можеби сево ова има поголема смисла што не ја разбираме, барем не на свесно ниво и на ниво на поединци. У последно време идам накај некоја сумњива верзија на хегелијанство и други неконвенционални верувања, но тоа се други муабети.

Во моментов се соочуваме со посериозни проблеми како еколошки катастрофи и тристо други чуда, но нашиот примитивизам не е во склоп со нашите моментални потреби како човештво.
Со генетското модифицирање на луѓето ќе се елиминираат тие артефакти од нашата еволуција што се контрапродуктивни за нашиот опстанок како суровата компетитивност и желбата за моќ (не ги негирам околинските влијанија кои ги поттикнуваат овие пориви) и ќе потенцираат особини као финоќа, емпатија и други работи. „Постлуѓето" можеби ќе бидат посовесни и поодговорни, па ќе ги надминеме проблемите со кои се соочува човештвото. Но можеби тие гомнарски особини се резултат на нужни пориви за преживување кои ако ги изгубиме, ќе се осакатиме на различни планови, нешто што не можеме да го предвидиме и можеби потенцирањето на „позитивни особини" ќе заебе некој баланс што ќе го смени нашиот пристап кон светот и ќе ни ги намали шансите за преживување или ќе ни ги зголеми. Се плашам дека ако не можеме да го смениме човекот бидејќи тоа би довело до многубројни компликации, ќе мора да останеме вакви, а тоа ќе биде пресудно за нас. Секоја опција може да не' сјебе, а можеби нема, како ни е пишано, така. Ако постои плато што ја сјебува секоја цивилизација кога ќе стигне до одредено ниво на развиток и комплексност, немаме светла иднина. Сепак, сево ова е во доменот на шпекулации кои ги правам преку мојата рамка која е дефинирана од некакви верувања за светот и упростување на неговата комплексност. Можеби катастрофизирам пошто фурам таков муд периодов, ме откачи задњата чанга! :D
Но додека стигнеме до такви генетски модификации и чуда, ќе треба да надминеме многу биоетички и технички бариери.

Малце ја затерав ја у друга насока, али е у склоп на темата.
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.558
Поени од реакции
3.495
Ми се допаѓа како се фокусираш на екстремноста а ги занемаруваш другите работи за кои се залага ова движење или што и да е.
Е не, ќе се заебаваме и ќе се преправаме дека не се работи за рептилско-илуминатски заговор на јудеомасоните за претварање на луѓето во компакт дискови :mad:

Секако дека технолошкиот напредок многу ветува и јасно е дека постои можност во наредниве децении да бидат надминати извесни рамки и ограничувања кои до пред некое време биле премостливи (барем во мислите на просечната популација) само во sf романчиња и филмови. И нормално е тоа да предизвикува возбуда, бранови на еуфорија, епидемија на оптимизам и слични појави.
Само човештвото си има цел арсенал човечки проблеми кои многу долго ги влечка со себе и некако ми е тешко да поверувам дека баш утре (а ако не утре, задутре сигурно) сите „ќе не огрее сонцето“.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
4.256
Поени од реакции
2.782
Дали трансхуманистичката технологија ке ги надмине човековите способности, ке го надгради како поединец а и неговата друштвена структура...или пак ке ја промени тотално човековата природа???:rolleyes::vozbud:

Застрашувачки ми звучи и навистина плаши помислата како ќе изгледа човекот за неколку години:(
Бидејќи незнаев ништо за оваа наука а ме заинтересира, еве од каде почнав, од ова нтересно видео....можеби и за некој друг ќе биде занимливо да го погледа, знам дека има многу...

https://www.youtube.com/watch?time_continue=663&v=V5gxtiT7Gi4
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.383
Поени од реакции
4.995
Менувањето кариера е лесно доколку станува збор за сродна струка бидејќи треба да учиш помалку. На пример, полесно е да се прешалташ од „општ фармацевт" на "лабораториски биоинженер", а потоа на „биохемичар" од тоа да станеш правник ако си бил општ лекар. Овие работи можеби се полесни за изведба во некои множества од струки поврзани со компјутерски науки, ама не секогаш и не за секого. И поради тоа, како што велиш, одбирањето кариера ќе биде предизвик бидејќи нема да се знае исплатливоста на макотрпна едукација и пракса за занает кој во блиска иднина ќе го научат роботи. Зависно од побарувачката, пазарот на трудот драстично ќе се менува и изгледа дека тоа ќе појача анксиозност и други психолошки проблеми кај новите генерации кои ќе мора да се тркаат со роботите, меѓу себе и со времето. Не сакам да звучам како некој небањат фан на Кропоткин, но навистина решението го гледам во растурање на капитализмот. Можно е да се појави некоја омраза кон технологијата и анархо-примитивизам кај се' повеќе луѓе, а тоа е контрапродуктивно за нас бидејќи технологијата е добра алатка кога не е во рацете на мајмуни. Но замисли си дека некои роботи ти ја зимаат работата бидејќи некој газда сака да лапа повеќе пари. Ќе ги пцуеш и технологијата и газдата зашто ќе сфатиш дека твојата работа не е само во служба на твојот газда, туку во твоја и на сите други затоа што истата те прави да се осеќаш попродуктивно, ти дава смисла у животот, ти дава чувство на припадност во општеството и најважно од се', ти пружа опстанок. Од таков хуманистички аспект, роботизацијата на многумина им изгледа страшна, а уште пострашна невработеноста поради истите тие роботи. Поентата е да се стигне до некаков трансхуманистички социјализам/анархија, а не да се тера кон анархо-примитивизам, а тоа може да се случи со таргетирање на вистинскиот проблем кој не се роботите, туку луѓето поради што тој романтичарски сентимент може да не' однесе во погрешна насока и да почнеме да напаѓаме страшила. Додека не ја смениме нашата природа, нема да стигнеме до утопија. Мене ми е страв дека нема ни да стигнеме до добата на трансхуманизмот и ќе си испоебеме матер пред да стигнеме до утопијата, но јеби га, ако треба да биде така, виша сила... Можеби сево ова има поголема смисла што не ја разбираме, барем не на свесно ниво и на ниво на поединци. У последно време идам накај некоја сумњива верзија на хегелијанство и други неконвенционални верувања, но тоа се други муабети.

Во моментов се соочуваме со посериозни проблеми како еколошки катастрофи и тристо други чуда, но нашиот примитивизам не е во склоп со нашите моментални потреби како човештво.
Со генетското модифицирање на луѓето ќе се елиминираат тие артефакти од нашата еволуција што се контрапродуктивни за нашиот опстанок како суровата компетитивност и желбата за моќ (не ги негирам околинските влијанија кои ги поттикнуваат овие пориви) и ќе потенцираат особини као финоќа, емпатија и други работи. „Постлуѓето" можеби ќе бидат посовесни и поодговорни, па ќе ги надминеме проблемите со кои се соочува човештвото. Но можеби тие гомнарски особини се резултат на нужни пориви за преживување кои ако ги изгубиме, ќе се осакатиме на различни планови, нешто што не можеме да го предвидиме и можеби потенцирањето на „позитивни особини" ќе заебе некој баланс што ќе го смени нашиот пристап кон светот и ќе ни ги намали шансите за преживување или ќе ни ги зголеми. Се плашам дека ако не можеме да го смениме човекот бидејќи тоа би довело до многубројни компликации, ќе мора да останеме вакви, а тоа ќе биде пресудно за нас. Секоја опција може да не' сјебе, а можеби нема, како ни е пишано, така. Ако постои плато што ја сјебува секоја цивилизација кога ќе стигне до одредено ниво на развиток и комплексност, немаме светла иднина. Сепак, сево ова е во доменот на шпекулации кои ги правам преку мојата рамка која е дефинирана од некакви верувања за светот и упростување на неговата комплексност. Можеби катастрофизирам пошто фурам таков муд периодов, ме откачи задњата чанга! :D
Но додека стигнеме до такви генетски модификации и чуда, ќе треба да надминеме многу биоетички и технички бариери.

Малце ја затерав ја у друга насока, али е у склоп на темата.
Капитализмот ќе еволуира или ќе умре. Трето нема. Капитализмот претпоставуе акумулација на капитал како трајна и конечна вредност. Уште во 90те Петер Друкер тврдеше дека знаењето а не капиталот ќе игра главна улога во економијата. Гејтс, Безос, Брин, Маск, Закерберг и компанија го потврдуваат тоа. Какви знаења се потребни за да имаш саглам работа во 2075 или 2100? И какви вештини? Јувал вика побрза адаптација и сопствена реинвенција. Сигурно ќе требаат и други кои сега не можат да се предвидат.

Инфото го добиваме сè побрзо, а времето за процесирање и носење одлуки е преспоро во однос на приемот на инфо. Затоа ни е неопходна технологија, да ги процесира информациите и да ни даде параметри врз кои бргу и точно можеме да донесеме информирани одлуки. Неизбежно е АИ да донесува одлуки за нас, бидејќи може далеку побрзо и поефективно да процесира инфо и избира точни одлуки и решенија.

Една од илузиите е дека човечкиот мозок е незаменлив и е најдобар критериум за сопствената добросостојба. Харари укажува дека либералната идеологија се базира врз илузија дека желбите/чувствата на индивидуата и слободната волја/одлуки се правилен начин да се избере кариера, да се регулира економијата, бизнисот, па и да се носат одлуки во приватниот живот. Секој од овие сегменти ќе биде битно модифициран со настапувањето на АИ, бидејќи квантумот на инфо и процесирањето на тие информации ќе ги врши АИ. Има тука заебанции: потребата од агентност, т.е., да контролираме и управуваме, често ќе иде контра објективно добиените инфо и понудени решенија. Примери има веќе денес.

Пр. 1: Сајтови за наоѓање партнер. Сите овие сајтови работат со софтвер кој процесира инфо и нуди оптимални потенцијални партнери врз основа на личните податоци (интереси, персонални преференции, итн.) Идните софтвери ќе имаат многу повеќе инфо за секоја индивидуа (генетски предиспозиции, наследни болести, психолошки матрици, тракатанци) и ќе нудат избори на партнери според многу пообемна анализа на податоци. Да речеме, сајтот ќе ти понуди некоја образована девојка, со слични интереси и лајфстајл, генетски компатибилна, инт. И све тоа може да е џабе, пошто тебе може а ти изгледа контраинтуитивно или едноставно да не ти се свиѓа. И на крајот ќе ја избереш некоја фризерка со најголеми цицки.

Пр. 2: Во капиталистичката економија, клиентот е госпот – не е битно каков е производот, битно е дали на клиентот му се бендисуе и дали се продава како алва. Клиентот носи профит, и шо сака клиентот, тоа ќе му дадеме. Ако сака гомна, ќе му дадеме купишта гомна. На денешните колеџи и универзитети, студентските евалуации одлучуваат дали професорот е квалитетен, добар. А студентот е по дефиниција клиент, бидејќи знаењето е производ кој се продава на пазарот. А клиентот е секад во прво. Значи, ти моеш да имаш генијален професор, кој не ги забавља студентите, не кажуе вицеви и не ги шали. Наместо тоа, професоров дава кондензирани, точни информации, поставува релевантни прашања и ги насочува студентите каде може да ги бараат решенијата и одговорите. И очекува сериозно да работат и да решаваат проблеми. За многу студенти, ваквиот професор ќе биде сафра или удав, дава многу тешки задачи, ги збунуе, и затоа ќе добие негативни оценки. Налет тоа, доста е шо не е забавен, а тоа е битен критериум за евалуација. Џабе шо тој професор им помага да се здобијат со потребни знаења и вештини за идниот пазар на трудот. Клиентот е нездоволен и точка.

Има и башка муабет – капитализмот произведуе потреби кои создаваат пазар на кои се шиткаат куп непотребни ствари кои се плаќаат со пари кои луѓето уствари ги немаат.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
547
Поени од реакции
850
Капитализмот ќе еволуира или ќе умре. Трето нема. Капитализмот претпоставуе акумулација на капитал како трајна и конечна вредност. Уште во 90те Петер Друкер тврдеше дека знаењето а не капиталот ќе игра главна улога во економијата. Гејтс, Безос, Брин, Маск, Закерберг и компанија го потврдуваат тоа. Какви знаења се потребни за да имаш саглам работа во 2075 или 2100? И какви вештини? Јувал вика побрза адаптација и сопствена реинвенција. Сигурно ќе требаат и други кои сега не можат да се предвидат.
Тоа е концептот за интелектуален капитал. Дефиницијата за „капитал“ се има проширено вон општоприфатеното толкување. Идејата е да те плаќаат за твојот потенцијал да создадеш нешто ново (услужен процес, производ, информации и др.), со што се губи концептот за интелектуална сопственост бидејќи имаме интернет и нема бегање од пиратирање. Физичката сопственост пак ќе игра улога според мене, посебно ако е во форма на енергенси бидејќи имаме потреба од истите. Газдата со „физички капитал“ ќе купува луѓе кои можат да произведуваат вредност во форма на услужен процес, информација или производ и ќе им плаќа. Ако он има права над истото, ќе заработи и ќе собере повеќе капитал за да најми нови или истите. Од друга страна, тие може да си бидат сами на себе работодавци и да си ги продаваат информациите, па така ќе се сведе се' на некоја форма на интелектуален капитализам, мислам дека вака го нарекуваше Шермер у некој напис што му го читав.
Инфото го добиваме сè побрзо, а времето за процесирање и носење одлуки е преспоро во однос на приемот на инфо. Затоа ни е неопходна технологија, да ги процесира информациите и да ни даде параметри врз кои бргу и точно можеме да донесеме информирани одлуки. Неизбежно е АИ да донесува одлуки за нас, бидејќи може далеку побрзо и поефективно да процесира инфо и избира точни одлуки и решенија.

Една од илузиите е дека човечкиот мозок е незаменлив и е најдобар критериум за сопствената добросостојба. Харари укажува дека либералната идеологија се базира врз илузија дека желбите/чувствата на индивидуата и слободната волја/одлуки се правилен начин да се избере кариера, да се регулира економијата, бизнисот, па и да се носат одлуки во приватниот живот.
Бихевиоралната економија ги експлоатира овие човечки слабости и укажува на тоа дека човекот не е рационален агент, односно хомо економикус, а неговите одлуки се мотивирани од различни несвесни/свесни пориви кои може да се контрапродуктивни за него.
Секој од овие сегменти ќе биде битно модифициран со настапувањето на АИ, бидејќи квантумот на инфо и процесирањето на тие информации ќе ги врши АИ. Има тука заебанции: потребата од агентност, т.е., да контролираме и управуваме, често ќе иде контра објективно добиените инфо и понудени решенија. Примери има веќе денес.

Пр. 1: Сајтови за наоѓање партнер. Сите овие сајтови работат со софтвер кој процесира инфо и нуди оптимални потенцијални партнери врз основа на личните податоци (интереси, персонални преференции, итн.) Идните софтвери ќе имаат многу повеќе инфо за секоја индивидуа (генетски предиспозиции, наследни болести, психолошки матрици, тракатанци) и ќе нудат избори на партнери според многу пообемна анализа на податоци. Да речеме, сајтот ќе ти понуди некоја образована девојка, со слични интереси и лајфстајл, генетски компатибилна, инт. И све тоа може да е џабе, пошто тебе може а ти изгледа контраинтуитивно или едноставно да не ти се свиѓа. И на крајот ќе ја избереш некоја фризерка со најголеми цицки.
Но од друга страна АИ-то треба да е омнискиентно за да ги пресмета сите фактори и да знае како ќе ми се одвива врската во иднина. Како мисловен експеримент тоа е изводливо, но практично малку потешко. Сето тоа работи на база на веројатност, но има огромни проблеми со бајасова статистика и како АИ-то ќе ги пресмета шансите јас да имам добра врска. Во примерот што го наведе, сајтот што ќе ги земе мојот психолошки профил и моите преференци предвид (како и се' останато) ќе ми најде девојка во која ќе се заљубам кога ќе ја видам бидејќи сајтот ќе го има мојот емоционален профил предвид. Ако не се затрескам инстантно во интелектуалката, очигледно сајтот прави пресметки изоставајќи многу релевантен и значаен фактор во една врска, а тоа сексуалната атракција и романтичните чувства. Мислам дека у такво сценарио што можеби е изводливо, АИ-то ќе ме мечне со типка што ќе ми одговара повеќе од фризерката. Али ти ја разбирам поентата. Можда фризерката ми дава инстантна градификација, а после ќе ме сјебе зашто е блутна, а интелектуалкава ќе ми пружа боље секс и разбирање ако и' дадам шанса. Ако не си ја гледал, глеј ја „Осмосис“, нова сај фај серија на „Нетфликс“, баш за темава е.
Пр. 2: Во капиталистичката економија, клиентот е госпот – не е битно каков е производот, битно е дали на клиентот му се бендисуе и дали се продава како алва. Клиентот носи профит, и шо сака клиентот, тоа ќе му дадеме. Ако сака гомна, ќе му дадеме купишта гомна. На денешните колеџи и универзитети, студентските евалуации одлучуваат дали професорот е квалитетен, добар. А студентот е по дефиниција клиент, бидејќи знаењето е производ кој се продава на пазарот. А клиентот е секад во прво. Значи, ти моеш да имаш генијален професор, кој не ги забавља студентите, не кажуе вицеви и не ги шали. Наместо тоа, професоров дава кондензирани, точни информации, поставува релевантни прашања и ги насочува студентите каде може да ги бараат решенијата и одговорите. И очекува сериозно да работат и да решаваат проблеми. За многу студенти, ваквиот професор ќе биде сафра или удав, дава многу тешки задачи, ги збунуе, и затоа ќе добие негативни оценки. Налет тоа, доста е шо не е забавен, а тоа е битен критериум за евалуација. Џабе шо тој професор им помага да се здобијат со потребни знаења и вештини за идниот пазар на трудот. Клиентот е нездоволен и точка.
У случајов мислам дека професорот греши. Пренесувањето информации го вклучува и начинот на изведба. Луѓе се помотивирани да учат кога им е забавно и ќе научат многу повеќе. Честопати интересите за некои теми се поттикнати од естетски фасцинации, нешта со кои ученикот се идентификува и ред други субјективни фактори од емотивен карактер што се пресудни за тоа дали некој ќе сака да се заинтересира повише или ќе му скурчи и ќе го замрази предметот. Тоа е една од основните причини зошто многумина мразат математика, хемија и физика од средно, а многумина ги засакуваат тие работи откако ќе изгледаат „Crash Course“ видеа, „Кurzgesagt“ „Кhan Academy“ или ќе го прочитаат серијалот „Big Ideas simply Explained“, нешто фор дамис. Можеби е посиромашно со информации, но забавата може да поттикне интерес што ќе го натера студентот да навлезе многу подлабоко и да научи повеќе откако ќе се заинтересира наспроти монотоното предавање што ќе му го убие интересот дури и да го имал. На крајот имаме резултат „студенти кои знаат многу повеќе ако предавањето им било забавно“, наспроти другите кои едвај чекаат да заврши часот за да идат на кафе. Но од друга страна, професорот може да почне полабаво, да ги заинтересира и полека да ја качува комплексноста на материјата за студентите откако ќе станат заинтересирани да вложат многу повеќе за да научат. Но тоа се веќе стилови на предавање и бегам од твојата поента. Јас веруем дека образованието ќе се децентрализира, и за многу работи, формалното образование такво какво што го знаеме ќе исчезне. Денес има милион онлајн курсеви, туторијали и тристо други чуда што ефикасно објаснуваат се' што е потребно. Секако, ова не важи за сите струки. За некои струки се потребни практична обука и ред други работи.
Има и башка муабет – капитализмот произведуе потреби кои создаваат пазар на кои се шиткаат куп непотребни ствари кои се плаќаат со пари кои луѓето уствари ги немаат.
Основниот проблем со конзумеризмот е што го намалуе вниманието на 0 и го цеди цел допамин од мозокот исто ко слотовите у касино. Ствара парализа за опции и тристо други срања. Тоа се гледа и во уметноста. Функцијата на уметноста е и забавата, посебно денеска. Луѓе трзаат на лесни работи што не траат долго, ги забављаат и после може да си тераат со работата. Но не тврдам дека забава е лоша работа или дека уметноста не треба да има и таква функција. И не веруем дека капитализмот нема добри страни. Мене повеќе ме плаши акумулацијата на капитал и тоа што корпорациите не почитуваат никакви еколошки правила и основни човечки права и ваљда рестрикциите треба да дојдат од некој поголем авторитет како државата или друга структура, се' додека не е водена од абдали со сурферска шишка што негираат глобално затоплување. Такви работи се огромен проблем и се дешаваат низ цел свет, не само во капиталистички земји, пошто луѓето се мајмуни кои ќе го сјебат било кој економски систем што трга од премисата дека се рационални агенти, бил тој капитализам, комунизам или нешто друго. И нордиските системи што си функционираат супер таму у Скандинавија (они не се луѓе и тоа не се рачуна!) ако ги примениме тука, ќе потонат у жива кал. Проблемот е длабоко во нашите несвесни адаптивни механизми.

Најбољи е роботи да ни праат интересни производи што ќе не забављаат, а ние да сме уштекани у ВР, да живееме у комплетен хедонизам, среќни, најадени, напиени и генетски модифицирани! Еве и ја еден цитат ко Шемса што праи!
„Cyberspace. A consensual hallucination experienced daily by billions of legitimate operators, in every nation, by children being taught mathematical concepts... A graphic representation of data abstracted from the banks of every computer in the human system. Unthinkable complexity. Lines of light ranged in the nonspace of the mind, clusters and constellations of data. Like city lights, receding...”
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.383
Поени од реакции
4.995
Тоа е концептот за интелектуален капитал. Дефиницијата за „капитал“ се има проширено вон општоприфатеното толкување. Идејата е да те плаќаат за твојот потенцијал да создадеш нешто ново (услужен процес, производ, информации и др.), со што се губи концептот за интелектуална сопственост бидејќи имаме интернет и нема бегање од пиратирање. Физичката сопственост пак ќе игра улога според мене, посебно ако е во форма на енергенси бидејќи имаме потреба од истите. Газдата со „физички капитал“ ќе купува луѓе кои можат да произведуваат вредност во форма на услужен процес, информација или производ и ќе им плаќа. Ако он има права над истото, ќе заработи и ќе собере повеќе капитал за да најми нови или истите. Од друга страна, тие може да си бидат сами на себе работодавци и да си ги продаваат информациите, па така ќе се сведе се' на некоја форма на интелектуален капитализам, мислам дека вака го нарекуваше Шермер у некој напис што му го читав.

Бихевиоралната економија ги експлоатира овие човечки слабости и укажува на тоа дека човекот не е рационален агент, односно хомо економикус, а неговите одлуки се мотивирани од различни несвесни/свесни пориви кои може да се контрапродуктивни за него.

Но од друга страна АИ-то треба да е омнискиентно за да ги пресмета сите фактори и да знае како ќе ми се одвива врската во иднина. Како мисловен експеримент тоа е изводливо, но практично малку потешко. Сето тоа работи на база на веројатност, но има огромни проблеми со бајасова статистика и како АИ-то ќе ги пресмета шансите јас да имам добра врска. Во примерот што го наведе, сајтот што ќе ги земе мојот психолошки профил и моите преференци предвид (како и се' останато) ќе ми најде девојка во која ќе се заљубам кога ќе ја видам бидејќи сајтот ќе го има мојот емоционален профил предвид. Ако не се затрескам инстантно во интелектуалката, очигледно сајтот прави пресметки изоставајќи многу релевантен и значаен фактор во една врска, а тоа сексуалната атракција и романтичните чувства. Мислам дека у такво сценарио што можеби е изводливо, АИ-то ќе ме мечне со типка што ќе ми одговара повеќе од фризерката. Али ти ја разбирам поентата. Можда фризерката ми дава инстантна градификација, а после ќе ме сјебе зашто е блутна, а интелектуалкава ќе ми пружа боље секс и разбирање ако и' дадам шанса. Ако не си ја гледал, глеј ја „Осмосис“, нова сај фај серија на „Нетфликс“, баш за темава е.

У случајов мислам дека професорот греши. Пренесувањето информации го вклучува и начинот на изведба. Луѓе се помотивирани да учат кога им е забавно и ќе научат многу повеќе. Честопати интересите за некои теми се поттикнати од естетски фасцинации, нешта со кои ученикот се идентификува и ред други субјективни фактори од емотивен карактер што се пресудни за тоа дали некој ќе сака да се заинтересира повише или ќе му скурчи и ќе го замрази предметот. Тоа е една од основните причини зошто многумина мразат математика, хемија и физика од средно, а многумина ги засакуваат тие работи откако ќе изгледаат „Crash Course“ видеа, „Кurzgesagt“ „Кhan Academy“ или ќе го прочитаат серијалот „Big Ideas simply Explained“, нешто фор дамис. Можеби е посиромашно со информации, но забавата може да поттикне интерес што ќе го натера студентот да навлезе многу подлабоко и да научи повеќе откако ќе се заинтересира наспроти монотоното предавање што ќе му го убие интересот дури и да го имал. На крајот имаме резултат „студенти кои знаат многу повеќе ако предавањето им било забавно“, наспроти другите кои едвај чекаат да заврши часот за да идат на кафе. Но од друга страна, професорот може да почне полабаво, да ги заинтересира и полека да ја качува комплексноста на материјата за студентите откако ќе станат заинтересирани да вложат многу повеќе за да научат. Но тоа се веќе стилови на предавање и бегам од твојата поента. Јас веруем дека образованието ќе се децентрализира, и за многу работи, формалното образование такво какво што го знаеме ќе исчезне. Денес има милион онлајн курсеви, туторијали и тристо други чуда што ефикасно објаснуваат се' што е потребно. Секако, ова не важи за сите струки. За некои струки се потребни практична обука и ред други работи.

Основниот проблем со конзумеризмот е што го намалуе вниманието на 0 и го цеди цел допамин од мозокот исто ко слотовите у касино. Ствара парализа за опции и тристо други срања. Тоа се гледа и во уметноста. Функцијата на уметноста е и забавата, посебно денеска. Луѓе трзаат на лесни работи што не траат долго, ги забављаат и после може да си тераат со работата. Но не тврдам дека забава е лоша работа или дека уметноста не треба да има и таква функција. И не веруем дека капитализмот нема добри страни. Мене повеќе ме плаши акумулацијата на капитал и тоа што корпорациите не почитуваат никакви еколошки правила и основни човечки права и ваљда рестрикциите треба да дојдат од некој поголем авторитет како државата или друга структура, се' додека не е водена од абдали со сурферска шишка што негираат глобално затоплување. Такви работи се огромен проблем и се дешаваат низ цел свет, не само во капиталистички земји, пошто луѓето се мајмуни кои ќе го сјебат било кој економски систем што трга од премисата дека се рационални агенти, бил тој капитализам, комунизам или нешто друго. И нордиските системи што си функционираат супер таму у Скандинавија (они не се луѓе и тоа не се рачуна!) ако ги примениме тука, ќе потонат у жива кал. Проблемот е длабоко во нашите несвесни адаптивни механизми.

Најбољи е роботи да ни праат интересни производи што ќе не забављаат, а ние да сме уштекани у ВР, да живееме у комплетен хедонизам, среќни, најадени, напиени и генетски модифицирани! Еве и ја еден цитат ко Шемса што праи!
„Cyberspace. A consensual hallucination experienced daily by billions of legitimate operators, in every nation, by children being taught mathematical concepts... A graphic representation of data abstracted from the banks of every computer in the human system. Unthinkable complexity. Lines of light ranged in the nonspace of the mind, clusters and constellations of data. Like city lights, receding...”
Професорот шо го спомнав се вика Ноам Чомски и сум слушал негови предавања. Инстантно индуцира нарколепсија. Збори као шо пишуе: нула редунданција, нула шали и шармирања. Е сеа дали он греши...во лингвистиката немаше бољи од него со децении. Не е исто да предаваш у Песталоци или на мастер или докторски студии. За ова ниво мислев коа зборев за клиентелизмот на универзитетите. Иначе, у принцип се слагам со тебе – супер е ако моеш да спакуеш предавање у поп-сајенс варијантна. Ем забавна, ем информативна. Toa што фали кај Чомски се вика фатичка комуникација, точно поради причините што ги наброја. Али па Чомски има и додатна употребна вредност: коа ме мава инсомнија, го пуштам на јутјуб и ме успива побрзо од лексилиум. Пробај, нема да зажалиш!

Фино е ова со роботи и хедонизам. Мене лично поблиска ми е визијата на мајстор Џељо, пионерот на трансухманизмот у Дуќанџик. Он вика, замисли да се реинкарнираш (па макар и као холограм, шо) као Хју Хефнер, али да не старееш едно печесто години и да го возиш филмот у то Плејбој палатата. Па после нек опне и катраклизма и потоп, све у едно.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
2.189
Поени од реакции
4.423
Мислам дека Харари не ги негира ниедна од овие 4 работи. Видеово е прекратко, ама во неговите книги и јавни дискусии он во суштина се согласува со ова. Инаку не само економско-политичката реалност, него целокупната иднина ќе биде предизвик. На пример, за 20-на години ќе исчезнат многу професии. Да речеме шофери на скании, ѓубреџии, чистачи, работници на лента во фабрики, едно чудо различни даскали и продавачи, и многу пософистицирани професии. Проблемот е иминентен -- како ти или рандом пар родители да ја планират кариерата? Или ако си помлад чоек, шо да студираш? Јувал вика (во една друга дискусија) дека основната потребна вештина за идниот пазар на трудот (ако има таков) ќе биде да се способноста да се преизмислиме себеси -- да се регрупираме и да можеме да менуваме кариера брзо и ефектно. Ваква неопходна брзина на социоекономска адаптација е и ќе биде нов еволутивен момент. Мене ова нема да ме закачи пошто сум постар малолетник, али ти ќе се соочиш со ова. Твоите деца па ептен.

Го загатна моментот на серверот. Налет софтверски гличови. Целиот тој агрегат на податоци за секој од нас од секаков вид (финансиски, медицински, социјален, приватен, итн.) е страотен потенцијал за злоупотреба. Во некое сај-фај сценрио, замисли дека АИ докторот ти праи лаб анализи и секаква дијагностика, и, на крајот ти препишува терапија и иљач. И замисли некои лоши момци да го хакнат софтверот, а да имаат фрлено пизма на тебе. Ќе завршиш со иљач со малце цијанид.
Е заради тој иљач со малце цијанид сеуште сме далеку од трансхуманизам.Најголема човечка мана е склоноста кон злоупутреба.Кажи ми за една добра идеа, идеологија или религија шо не е злоупотребена?:toe:
 
Последно уредено:
На врв Bottom