Е сеа, што е тоа што Дознава? Умот. Што е Умот? Свест. Што е свеста??
Што е со дупката помеѓу микро-космосот и макро-космосот? Јас под микро-космосот го подразбирам самиот фабрик, самиот код на реализирана егзистенција на битието универзум. Есенцијата е Дизајнот, кој што мора да постои затоа што е очигледен, егзистенцијата е еманација на есенцијата од светот на *идеи* односно *потенцијал* или можност во реалност, конкретност, факт. На тоа ниво микро-космосот се однесува непредвидливо и не логично, а некако макро-космосот кој претпоставувам од микро-космосот пак произлегува, се однесува логично и предвидливо, односно сугерира предетерминизам, што е пак парадоксално и немам објаснување. Бидејќи е макро-космосот предетерминиран, дали постои слободна воља? Еве
типов (изгледај го, стварно) објаснува дека слободна воља и предетерминираност не се исклучуваат една со друга, дека на некој начин свеста е способноста за Избор на една од многуте возможни опции кои се предетерминирани. Како се накачува комплексноста така се зголемува бројот на можностите.
Што се тиче последната реченица твоја. Информацијата е Редот, а законите на редот е Дизајнот. Дизајнот постои сам по себе, дизајнот има два аспекти, есенцијата односно информацијата или редот или Законот на редот, и егзистенцијата односно самото битисување односно неговата еманентност во реалитетот. Феноменот е обзервиран нуменон, но не во целост, затоа што самиот акт на обзервација е ограничувачки, барем со ова ниво на свест. Физиката, у теоријава е фактички феноменологија на Умот, затоа што Науката се потпира на емпирија, а емпиријата се бави со феноменот а не нуменонот. Само спекулативниот метод допира до суштината на нуменонот во целост, и затоа неможеш за нуменонот да Знаеш, дефинициски, можеш само да спекулираш, што е обесхрабрувачки.
Е сега, околу свеста. Ако свеста е emergent property на комплексноста, дали е спорно прашањето како од збир од несвесни ствари настанува свест?
Мислам дека не е спорно. Збир од статични ствари прават афтомобил кој пак не е статичен туку се движи. Збир од не-свесни мравки прават свесен ентитет на мравки кој гради мравјалник. Секоја мравка сама по себе, врска нема што прави, но некако збирот на сите мравки како да е свесен. Итн итн. Е сега тука има муабет. Дали Се има некакво елементарно ниво на свест, па комплексноста само квантитативно го зголемува нивото на свест до степен на Човековата свест, или пак свеста е emergent property на спој на несвесни елементи. И двете теории се возможни. Според првата, свеста би била на некој начин градбена единица на универзумот, а според втората, само нус-производ на неговата комлексност.
Е сеа, зашо свеста во еден момент станува само-свесна? Зошто Искуствувањето само себе се Искуствува? Зошто е тоа потребно кога перфектно добро можеме да функционираме и без тој феномен? Всушност ни самата свест не е потребна, можеме да егзистираме и како зомбиња, но, уште поголема мистерија ми е, зошто само-свест? Што фајде?