Личноста која не е сигурна во својата сопствена сексуалност, честопати се бори со години наназад за да се прифати и запознае себе си. Фрустрации, депресии, анксиозност, осаменост, меланхолија, можеби и дури и самоубиствени мисли! Веројатно исто се чувствуваат и оние кои се заробени во погрешно тело - трансексуалците. Е сега, овие вторите од тоа што сум читала многу често дури и по операција за промена на полот се незадоволни од себе. Не е тоа само хируршка интервенција. Со себе повлекува уште низа психофизички и животни проблеми. Живеат во многу суров свет и голем број од нив не се прифатени не само од општеството туку и од најблиските членови на семејството. На таквите луѓе им е многу потешко да сретнат партнер, да создадат сериозни врски и фамилии и во голем број од случаите се осудени на проституирање и насилно однесување со цел да заработат за живот. Стапката на насилство, силување и злоупотреба кај таа популација е исклучително висока. И таквите луѓе со таков начин на живот не можат да бидат среќни, бидејќи тие едноставно немаат услови за тоа. И мене ми е жал за нив!
За хомосексуалноста не сакам да зборам затоа што не е тоа темата, а и не се сметам себе си за хомофобична личност. Не би рекла дека сум и трансфобична, но сум малку повоздржана и конзервативна по тоа прашање. Би рекла само дека сум импресионирана од напредокот на медицината, но пак ќе кажам не сум сигурна дека животот после операцијата ќе им биде сјаен.