devojka111
i'm real
- Член од
- 28 декември 2008
- Мислења
- 1.937
- Поени од реакции
- 148
Обожавателите во чест на Тоше...
Песната Без тебе, посветена на музичката легенда Тоше Проески, која неколку недели по трагичното загунување во негова чест ја сними неговата обожавателка Елена Попоска, доби видео-издание. Оваа Македонка, која живее во Холандија, песната ја објави само на форумот на обожавателите на Тоше и на YouTube, а видеото го објави на својот фејсбук профил.
Го направив спотот да потсетам некои луѓе како тој не спои и каква задача ни даде на сите. Видеото го правев сама, за една ноќ. Во него има приватни снимки од моите посети на Крушево и снимки од настапи на Тоше, од концертот во Скопје 2006, од промоцијата на Игри без граница во Загреб и слики на членови на фејсбук форумот на Тоше. Немам намера овој спот да го објавувам официјално, но кога ќе одам во Крушево ќе ја замолам Фондацијата Тодор Проески да изаде дозвола да биде објавена за да го видат повеќе обожаватели, вели Елена за Време.
Младата девојка на Тоше му посвети рап песна и пред трагичниот настан. Со својот идол се сретнала два пати, во Охрид во 2004 година, и следната година во Холандија , за време на еден негов многу пријатен и опуштен концерт.
Има една снимка на YouTube, каде тој во сала ми предлагаше да снимиме песна или да пееме заедно на Евровизија. Тоше е незаборавен, секогаш знаеше како треба да постапи со своите обожаватели, додава Елена…