Ние познавачите по се и сешто викаме дека нема да и се даде на Турција да ги експлоатира спорните наоѓалишта,
законски смее до 200 милји од брегот или континенталната плоча, Грција има еден куп островчиња покрај брегот на Турција и вика дека се живо е нејно, а Турција вика дека тоа се острови и не се важи и така.
Ердо почна многу да се праве фаца и да си мисли дека е светска сила, а е само регионален играч, во Сирија се судри со Русија и Иран од една страна, со САД и западните од друга страна, во Либија се бори против Египет, ОАЕ и руските платеници, во Ирак влезе да се бори против ПКК, нормално владата си премолчува оти и е во интерес слаби курди, прати војска и терористи во Азербеџан да се бори против Ерменија, пред некоја година се судри со Саудиска Арабија во Катар и остана уште од комшиските само Бугарија и Грузија што не се рчнале.
Кај и да е ќе го мењат ако не овие избори следните сигурно, во Истанбул си го навлече гневот на сопствените граѓани, па од мала разлика по прегласувањето ја направи уште поголема (исто како Грујо шо сакаше да го земе Центар по 10 прегласување и секој пат се зголемуваше разликата).
Сепак не верувам дека Турција на мирен начин ќе се повлече од нејзините аспирации на мирен и дипломатски начин како што вие сметате неколкумина на форумов.
Имаат најавено дека во Септември ќе дупчат во близина на Крит, ако ова го дозволи Грција да им дојдат Турски бродови да дупчат во близина на Крит, тогаш Грција може да стави катанец на постоењето на нивната држава, а и ние сме следните кои можеме да ставиме катанец.
Ако не ја помогнат Грција сериозно Франција и Италија, ќе им биде тешко на Грците самите да се справуваат со проблемот.
Германија само може да посредува во оваа ситуација, тоа го кажа и нејзиниот министер за надворешни работи Хајко Мас при посетите на Атина и Анкара.
В. Британија воопшто нема да се меша, а САД веројатно и тие ќе седат настрана.
Сега ќе се види овие 1- 2 месеци кои следуваат од што материјал е ЕУ, и колкав капацитет имаат за да се справуваат со надворешни ризици и предизвици.
Реално баш претеруваат со тие аспирации во Турција, сакаат да експлоатираат и да дупчат во близина на Крит, а Крит се знае дека е Грчки.
Ај велат дека оној остров Кастелириозо е на само 3 километри од копното на Турција, а е на 500 километри од Атина.
Но Крит е многу поблиску до Атина отколку што е до копното на Турција? Што бараат во Крит да дупчат?
ПС: едно е што Турција сака да дупчи во околина на Кипар, во Кипар има Турци кои реално треба да имаат придобивки од тие природни ресурси, иако после 1974 има 100-тина илјади Турци кои се населени од Анадолија и кои треба да си отидат од Кипар, и на Кипар треба да си останат само тие Турци кои си живееле на островот пред 1974 година и Турската окупација.
Но сосема е друго што сакаат да чепкаат околу Крит.