Тоталитарниот режим на Ердоган, политичката иднина на Турција

Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Малку хумор, но како идеологија се шири, пола свет копа гроб на САД.
добро по долар се банкнотите изгледат и како фотокопија, но за 50$ инвестиција има голем ефект
Телефонот изгледа како расипан, но ништо Apple дава милиарди за реклама, овие за двеста долара прават пак мајтап со нив.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Секогаш се американците криви. Со нивните долари и мобилните телефони.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861
Чудна работа а се спомне куртон, а ти и сличите ти зинете.
Ништо битно бе, сега турците ќе се пребацат на руски еквивалент на Ајфон и ќе ги заебат америте. Листаат каталози сигурно со јаки руски смартфони во моментов.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Ништо битно бе, сега турците ќе се пребацат на руски еквивалент на Ајфон и ќе ги заебат америте. Листаат каталози сигурно со јаки руски смартфони во моментов.
Војна како војна, или се бориш или работиш за непријателот.
САД и Турска се во економска војна, САД и Кина се во економска војна, САД и Русија се во економска војна, САД и ЕУ истотака се во економска војна.
Турска има свој бранд телефони што се произведуваат во Кина, не дека се убави но има и кинески еквиваленти на Ајфон, но штом правиш ембарго, го правиш, бојкотираш се на непријателот.
Колку до телефоните и САД неможе да произведе телефон, ќе му требаат десетина години да изгради фабрики, кадар. Се тоа се произведува во Кина, и Ајфон и Рускиот Јотафон, со таа разлика што русија има 100% свое наменско производство за нуклеарни реактори, радари, авиони, оперативни системи, оваа година произведе и свој мобилен телефон и мобилни централи, наменски за офицерите во армијата и полицијата, главна цел е што ниеден кепчер неможе да ги прислушкува, не е за јавна продажба и е многу скап, засега ги остават кинезите во тие области за битова електроника.
 
B

Bafra

Гостин

Значи :
- САД и Турција се сојузници и се во НАТО.
- САД и Турција почнуваат економска војна, баш во моментот кога Ердоган има целосна контрола а економијата почнува да крахира :sneaky:

- Турција е пријателче со Катар, кој патем е спонзор да се изгради гасоводот низ Сирија
- Катар е вазал на САД
- Катар ради гасоводот што планираше да се изгради значи е противник на Русија
- Турција МОРА да се сврти према Русија и да му баци рака на Путин, ама Катар тогаш ќе се повлече а и САД. Русите може и да стигнат до Истанбул на изненадување на Ердо.
- Западот нема веќе да фрла пари во Турција, како претходно, а и нема да му даваат евтини кредити на Ердо како претходно
- Желбите на Ердо да ја обнови Отоманската Империја го коштаат милијарди а нема резултати.
- Турција е увозник на оружје.

Кажи според тебе Ердо знае кој пат го фатил или ко давеник за сламка.

Значи Турција се расчеречила на многу страни и како што пишав претходно, за Ердо да спасува глава е поголема војна.
Но има проблем. На повеќето ни е јасно војската се бори за пари, не ко што продаваат пуфки квазипатриотизам. Е сега голема е веројатноста доколку дојде до поголема финансиска криза, самите војници да го тргнат Ердо од власт.

Интересното допрва би требало да почнува, ќе видиме.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Сад продаваат телефони и се останато на цел свет, нема многу да ги сецне оваа ембарго од султанот. Додека на Турција САД им е можеби најголем пазар за извоз на челик. Да видиме кого повеќе ќе го здоболи од оваа економска војна.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не можам да читам некои глупости кои се пишуваат во темава. Бафра „легендата“: „Катар бил Вазал на САД“. Неколку пати на подолго време сум престојувал во заливските земји и ова не може да е подалеку од вистината. Катар е црната овца во заливот. Има тотално прекинати дипломатски односи со сите земји од арапската лига. Од ниедна земја од заливот не може да се влезе во Катар ни преку авион, ни по копнен пат. Саудијците оваа година одвоија милијарди евра за да ископаат канал со кој физички ќе го одделат арапскиот полуостров од Катар. Американците меѓу другото ја создадоа војната во Сирија заради пронајдените огромни резерви на нафта во источна Сирија, но и нафтоводот од Катар, кој преку Турција требаше да дојде до Европа.
Катар и Турција не се никакви блиски пријатели. Туку, моментално играат во некој лев сојуз, кој е инспириран од анти-саудиската позиција на Катар. Таа „оска“ која Американците ја форсираат во пропагандата како некаква неформална коалиција, повеќе би рекол дека се непријатели на САД, отколку некакви вистински сојузници меѓусебно.
Непознавањето на историјата води кон вакви небулозни поддршки и коалиции. Пред се', мислам на гледањето на сојузник во Турција од страна на малограѓанството на фајром/северна и восхитта кон сегашниов апсолутист, кој ја води у бездна. Познати ни се препирките со Грција, нели околу Кипар, островите во Егејско, па и со турското малцинство во Бугарија. Ама Турција од сите страни има многу, многу сериозни проблеми. Односот со арапските земји, претежно оние кои се приклонети кон саудиската страна е историски испишан со крв, од обезглавувањето на основачот на кланот сауд во Цариград, па понатаму, врска никогаш и немале и константно се на нож. Распаднатите Ирак и Сирија се' повеќе имаат влијание од саудиско-американската коалиција. Американците дури и курдите, кои се левичарски, социјалистички обединети во работничката партија ги наоружуваат, официјално за борба против даеш, но истите го користат моментумот и за дестабилизирање на јужните региони на Турција, каде им е природната локација. Од север е Русија, која во Босфор го има единствениот излез во топли мориња за кримските поморски сили (добро, тука им се и базите во Сирија на кои не им е сигурна иднината). Турција исто историски нема шанси со Русија, практично нема ниедна војна добиено и знае што може да очекува во следен конфликт со истата.
Нерадо, заради нашата физичка географска близина не би посакал да се случи такво нешто, меѓутоа во следен поголем воен конфликт од Турција прашање е што ќе остане. Од сите држави кои ја опкружуваат, единствено Иран има некои релативно добри односи, а сите други би и се наебале до смрт, на чело со Британија, Германија отворено и става блок за влез во ЕУ веќе 30 години и посебно Америка со која стварно непотребно се кошка последниве две-три години.
На повидок е првиот посериозен метод со кој му го нишаат тронот на султанов. Протестите во Гези парк беа една млака форма која сакаше да сврти внимание. Султанов одигра чекор напред со сценираниот пуч и со чистките внатре во администрацијата, војската и полицијата. Да видиме сега што ќе прави со падот на вредноста на лирата и инфлацијата, кога народот нема да може да вози, да купува храна и рапидно да осиромашува. Русија долго време е мета на санкции. Дополнително и се тресе еконимијата со падот на цената на нафтата и гасот (со разноразни изговори дека тоа е за да се спречи исил), меѓутоа Русија и Турција се неспоредливи по многу параметри.
Како и да е, преминувањето на Турција во оваа неформална коалиција на Иран и Русија, кај мене создава дополнително гадење од руската страна, која овде на Балканов секогаш се продавала како заштитник на словенските народи, православие (енд шит), а уствари коалицира со радикални друштва само за да удри контра на јенките.
 
B

Bafra

Гостин
Ако некој бил во Заливските земји не значи дека има поим што и како е. Може како ној со главата во песок, или градежник.

Воена база Американците немаат во Катар од ц.ц. 10.000

Катар не им даде милијарди на САД за оружје, за кое немаат кој да го употребува, немаат ни пилоти ама така им текна Америчко и УК оружје само ќе земаат.
Катар не сменија историски називи, не ги тргнаа сликите од Иран.
Гасоводот од Катар не им е во корист на САД.

Сигурно јаките Руси и таму замешале прсти и Ал Тани фамилијата тие ја поставиле, чекаат само прав момент и гасот тие ќе го продаваат.

Не можело со авион да се стигне во Катар, а од Скопје којзнае како стига директна линија :vozbud::vozbud: (y)

Интелектуалната каста напаѓа повторно :aplauz:
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Глуп чоек. "Од Скопје како се стигало?" Нема летови од заливските земји кон Катар.

Катар којзнае каде се' се расфрла со пари за да си го купи мирот и да изгради имиџ (на нешто што не е). Надворешната политика на државата е вон британско-американска контрола и тоа само слепец ко тебе не може да го разбере.
 
T

Terroir

Гостин
Како и да е, преминувањето на Турција во оваа неформална коалиција на Иран и Русија, кај мене создава дополнително гадење од руската страна, која овде на Балканов секогаш се продавала како заштитник на словенските народи, православие (енд шит), а уствари коалицира со радикални друштва само за да удри контра на јенките.
И што им останува на Русите да одат контра сиот свет сами ? И да им го препуштат на Американците целиот Блиски Исток под нивно влијание. Јасно како ден е зошто одат во таа анти САД коалиција на чело со Иран па и Турција поради курдите. Тука лежи зајакот и зошто Американците сега го вршат овој притисок врз Ердоган, ги подобри односите со Русија почна да купува нивни против воздушни системи, седнува на маса со Иран и Русија и ја крои мапата на Сирија додека Американците се изолирани од тоа прашање. И кога веќе сме кај радикалните друштва да те потсетам дека главно милениче на Американците се баш тие - Саудијците, дури и во тој фамозен 11 Септември учествуваа 15 државјани на Саудиска Арабија и 2 на Обединетите Арапски Емирати а не државјани на Иран кои Трамп сака да ги преставува како лоши цело време.

Ако некој бил во Заливските земји не значи дека има поим што и како е. Може како ној со главата во песок, или градежник.

Воена база Американците немаат во Катар од ц.ц. 10.000

Катар не им даде милијарди на САД за оружје, за кое немаат кој да го употребува, немаат ни пилоти ама така им текна Америчко и УК оружје само ќе земаат.
Катар не сменија историски називи, не ги тргнаа сликите од Иран.
Гасоводот од Катар не им е во корист на САД.

Сигурно јаките Руси и таму замешале прсти и Ал Тани фамилијата тие ја поставиле, чекаат само прав момент и гасот тие ќе го продаваат.

Не можело со авион да се стигне во Катар, а од Скопје којзнае како стига директна линија :vozbud::vozbud: (y)

Интелектуалната каста напаѓа повторно :aplauz:
Настрана воената база не сум сигурен колку Катарците се 100% верни на Американците :)

Кога беше блокадата Турција застана на нивна страна а Американците преќутно беа против нив. Некои од барањата на оската против Катар беа затварање на Турски бази, прекинување на разузнавачките контакти со Иран како и трговија а Иран баш во тие моменти на забрана за летови ги спасуваше со нивниот воздушен простор
 
B

Bafra

Гостин
И што им останува на Русите да одат контра сиот свет сами ? И да им го препуштат на Американците целиот Блиски Исток под нивно влијание. Јасно како ден е зошто одат во таа анти САД коалиција на чело со Иран па и Турција поради курдите. Тука лежи зајакот и зошто Американците сега го вршат овој притисок врз Ердоган, ги подобри односите со Русија почна да купува нивни против воздушни системи, седнува на маса со Иран и Русија и ја крои мапата на Сирија додека Американците се изолирани од тоа прашање. И кога веќе сме кај радикалните друштва да те потсетам дека главно милениче на Американците се баш тие - Саудијците, дури и во тој фамозен 11 Септември учествуваа 15 државјани на Саудиска Арабија и 2 на Обединетите Арапски Емирати а не државјани на Иран кои Трамп сака да ги преставува како лоши цело време.

Настрана воената база не сум сигурен колку Катарците се 100% верни на Американците :)

Кога беше блокадата Турција застана на нивна страна а Американците преќутно беа против нив. Некои од барањата на оската против Катар беа затварање на Турски бази, прекинување на разузнавачките контакти со Иран како и трговија а Иран баш во тие моменти на забрана за летови ги спасуваше со нивниот воздушен простор
Врска Катар и САД наједноставно кажано тоа ти е испумпување на пари, рекет. Ако не платиш милијардите, ќе го кркаш. Катар си плати милијарди, С.А. исто си платија, т.е и ти потрошија милијарди за оружје.

Кои фирми и каде го продаваат гасот од Катар ...
Шеикот на Катар кај кралицата беше да баци рака, УК и САД го чуваат. Катар од памтивек биле со Иран, населението поблиску се осеќаат со Иран него ли С.А.

Кај нив менталниот склоп е доста различен него Западниот. Тие (Катат, С.А., ОАЕ) цело време и во се сакаат едните да се пред другите. Кој поголема зграда, кој поголем забавен парк, поголема јахта, Катарцците сега сакаат Светско првенство да се памети во наредни 50години, плус тие добија да се домаќини.

Не заборавај кој од номади ги стокми и направи тоа што се, но истовремено ги остави поделени и постојано да се караат меѓусебе. :cool:

Турција нормално ќе покажува интерес за Катар, кога градежните работи 90% ги изведуваат Турски компании, а и сакаат делче од милијардите од гасот.

И како тоа настрана воената база... Тоа се ти кажува.
Штом имаш толкава воена машинерија дома, се знае кој е главен. Ал Тани фамилијата преку брак со Ал Миснад фамилијата се здружени за мир во куќа, но пак се конкуренти. Имаше пред некоја година министер од Ал Миснад го затворија за мито ова она. А сите уствари таму лапаат. Ал Тани се главните, но само да помислат да откажат послушност во рок од неколку дена Амерот може лесно Ал Миснад да ги направи главни.
Како што гледаме Ал Тани не е глуп нели....
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Барање на саудијците е да се затвори Ал Џезира, да се затвори турската база во Катар и да се прекинат дипломатските односи со Иран...и други барања, меѓу кои она класично американско "да престанат да спонзорираат тероризам" што многу кажува, затоа што до сега се користело за места на чија нафта/гас се намерачени. Катар ништо од ова не превзема.
Точно е. Во Катар има огромна база на САД, која е главното место од каде што се интервенираше во Кувајт и Ирак. Ама ете и Инџирлик е во Турција, па какви се сега односите меѓу Трумп и ердо...потсеќаат на нашето тврдоглаво паторче и двајцата (тоа е тој "десничарски ков", ловци на најретардираниот дел од гласачкото тело).

@Terroir прочитај убаво, никаде не напишав дека саудијците се против САД, туку напротив, посебно републиканците и кланот Бушовци. Е сега, односите им се различни со секоја од државите поединечно. Во голем дел се тотално управувани и тоа од Британците, кои од времето на колониите ги држат врските, но со Катар е специфично. Катар е во таква позиција и затоа што го поседува најголемото поле со природен гас во светот, поточно го дели со Иран и има инвестирано огромни пари во технологија за негово претварање во течна состојба. Блискоста со Иран, не би да тврдам, ама често овие емири имаат мешано или воопшто иранско, а не арапско потекло, тоа е случај со тие од емиратите. Меѓутоа, главната идеја се петро-доларите чија вредност паѓа со интензивирање на размена на енергенси и пари меѓу земји што не го играат САД.
Улогата на саудијците во целава прича е најпатетична и срамна за самите нив...ама не е темава за нив.[DOUBLEPOST=1534453704][/DOUBLEPOST]
И што им останува на Русите да одат контра сиот свет сами ? И да им го препуштат на Американците целиот Блиски Исток под нивно влијание. Јасно како ден е зошто одат во таа анти САД коалиција на чело со Иран па и Турција поради курдите. Тука лежи зајакот и зошто Американците сега го вршат овој притисок врз Ердоган, ги подобри односите со Русија почна да купува нивни против воздушни системи, седнува на маса со Иран и Русија и ја крои мапата на Сирија додека Американците се изолирани од тоа прашање. И кога веќе сме кај радикалните друштва да те потсетам дека главно милениче на Американците се баш тие - Саудијците, дури и во тој фамозен 11 Септември учествуваа 15 државјани на Саудиска Арабија и 2 на Обединетите Арапски Емирати а не државјани на Иран кои Трамп сака да ги преставува како лоши цело време.
Русија има многу изгубено на блискиот исток. Многу секуларни држави се претворија во каша, а овие со владетели не проаѓаа во тој, пред се', идеолошки принцип на сојузување.
Јас не ја критикувам Русија дека не треба да си брани свои интереси. Од принцип ќе кажам дека е добро да им контра тег за да не забегаваат јенките во доминација. Меѓутоа, јас гледам од наша позиција. Ние не сме во ниеден руски есап. Пишував и прееска, Балканов е практично отстапен од Русија и само те ловат да ти ја начукаат цефката од нивни гас и нафта, за да може после да те дупат со вентилот.
Они си го одбраа овој модел, во кој еден е водач, тиранин, одлучува за судбини...поранешно царство се, така функционираат за разлика од јенките кај кои вистинските луѓе што ги тегнат конците се во позадина, а фигурата на чело е само фигура. Сепак, во меѓународнава политика, вториве се многу повешти и подобро знаат да контролираат. Блискиот исток е вистински пример за тоа - испарцелиран и закрвен меѓусебно, а тие само кремот си го собираат.
 
Последно уредено:

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Кризата во Турција – опасност за европската економија?
https://amp.dw.com/mk/кризата-во-турција-опасност-за-европската-економија/a-45061522

Повеќе од 300 медиуми во САД започнаа кампања против нападите од претседателот Доналд Трамп
https://www.24.mk/povekje-od-300-mediumi-vo-sad-zapochnaa-kampanja-protiv-napadite-od-pretsedatelot-donald-tramp
 
Епа ЕЦБ ги доведе каматите и во негатива, па Шпанци ( а и Италијани имало па па) се залетаа по Турските обврзници кои им нудат 20%, што е и нормално. Но сега постои опасност Ердо да каже, немам, пу пу не ви плаќам година/две.

Домино ефектот полека започнува, прво Турција па ЕУ, па Кина, па Јапан за на крај САД.

Некои економисти тоа со години предупредуваат, ама нели политичарите се знаат.
Ајде може ќе извадат некој зајак од капата.
 
T

Terroir

Гостин
Ал Тани се главните, но само да помислат да откажат послушност во рок од неколку дена Амерот може лесно Ал Миснад да ги направи главни.
Како што гледаме Ал Тани не е глуп нели....
Како тогаш да ја објасниме најавата за 15 милијарди инвестиции во Турција од страна на Катар во исто време кога Американците пробуваат да го шамараат Ердо ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom