Не можам да читам некои глупости кои се пишуваат во темава. Бафра „легендата“: „Катар бил Вазал на САД“. Неколку пати на подолго време сум престојувал во заливските земји и ова не може да е подалеку од вистината. Катар е црната овца во заливот. Има тотално прекинати дипломатски односи со сите земји од арапската лига. Од ниедна земја од заливот не може да се влезе во Катар ни преку авион, ни по копнен пат. Саудијците оваа година одвоија милијарди евра за да ископаат канал со кој физички ќе го одделат арапскиот полуостров од Катар. Американците меѓу другото ја создадоа војната во Сирија заради пронајдените огромни резерви на нафта во источна Сирија, но и нафтоводот од Катар, кој преку Турција требаше да дојде до Европа.
Катар и Турција не се никакви блиски пријатели. Туку, моментално играат во некој лев сојуз, кој е инспириран од анти-саудиската позиција на Катар. Таа „оска“ која Американците ја форсираат во пропагандата како некаква неформална коалиција, повеќе би рекол дека се непријатели на САД, отколку некакви вистински сојузници меѓусебно.
Непознавањето на историјата води кон вакви небулозни поддршки и коалиции. Пред се', мислам на гледањето на сојузник во Турција од страна на малограѓанството на фајром/северна и восхитта кон сегашниов апсолутист, кој ја води у бездна. Познати ни се препирките со Грција, нели околу Кипар, островите во Егејско, па и со турското малцинство во Бугарија. Ама Турција од сите страни има многу, многу сериозни проблеми. Односот со арапските земји, претежно оние кои се приклонети кон саудиската страна е историски испишан со крв, од обезглавувањето на основачот на кланот сауд во Цариград, па понатаму, врска никогаш и немале и константно се на нож. Распаднатите Ирак и Сирија се' повеќе имаат влијание од саудиско-американската коалиција. Американците дури и курдите, кои се левичарски, социјалистички обединети во работничката партија ги наоружуваат, официјално за борба против даеш, но истите го користат моментумот и за дестабилизирање на јужните региони на Турција, каде им е природната локација. Од север е Русија, која во Босфор го има единствениот излез во топли мориња за кримските поморски сили (добро, тука им се и базите во Сирија на кои не им е сигурна иднината). Турција исто историски нема шанси со Русија, практично нема ниедна војна добиено и знае што може да очекува во следен конфликт со истата.
Нерадо, заради нашата физичка географска близина не би посакал да се случи такво нешто, меѓутоа во следен поголем воен конфликт од Турција прашање е што ќе остане. Од сите држави кои ја опкружуваат, единствено Иран има некои релативно добри односи, а сите други би и се наебале до смрт, на чело со Британија, Германија отворено и става блок за влез во ЕУ веќе 30 години и посебно Америка со која стварно непотребно се кошка последниве две-три години.
На повидок е првиот посериозен метод со кој му го нишаат тронот на султанов. Протестите во Гези парк беа една млака форма која сакаше да сврти внимание. Султанов одигра чекор напред со сценираниот пуч и со чистките внатре во администрацијата, војската и полицијата. Да видиме сега што ќе прави со падот на вредноста на лирата и инфлацијата, кога народот нема да може да вози, да купува храна и рапидно да осиромашува. Русија долго време е мета на санкции. Дополнително и се тресе еконимијата со падот на цената на нафтата и гасот (со разноразни изговори дека тоа е за да се спречи исил), меѓутоа Русија и Турција се неспоредливи по многу параметри.
Како и да е, преминувањето на Турција во оваа неформална коалиција на Иран и Русија, кај мене создава дополнително гадење од руската страна, која овде на Балканов секогаш се продавала како заштитник на словенските народи, православие (енд шит), а уствари коалицира со радикални друштва само за да удри контра на јенките.