Сестра ми си купи од оние кинеските стегачи за коса со кои се прават фризури. Кога ги донесоа, бидејќи самата тешко ќе си ја направеше фризурата, па ај јас да испробам да и ја направам, и замислете, направив фризура. Беше неверојатно, личеше на вистинска.... вештерка
Сега сериозно, не и направив фризура јас, ама и не се сеќавам воопшто дали некаква фризура беше возможно да се направи со оние "магичните" стегачи. И секако, лесно би претпоставиле дека после една недела останаа да собираат прашина во првата фиока која сестра ми ја виде.
Ја имаме купено и онаа тавата за pancakes, супер е таа. Си ја плативме евтино од грција(фејк производи, мај факинг ес) и се прават убави палачинки, но не ко што ние знаеме да ги правиме тенки, туку само дебели
Во секој случај, се на се се катастрофа. Но ако подобро размислам, сепак имаат 1 од 20 производи кој вреди, а сепак не вреди за парите што ги бараат.
(Однапред сори за малку офтопик).
И секако, имаат реклами заради кои вреди да си го сокршиш телевизорот од глупавоста, претераното давање и секако иритирачките реченици кои ги има кога рекламираат било каков производ како: "Но тоа не е се....", "можете да го купите за само(посебно овој зборов само)...."... "Нема да изгубите ништо освен....(калории,килограми,болки,а се прашувам само зошто не ги спомнуваат и парите овде), а ќе добиете(здравје, среќа тинтири минтири..)...."
и така.... :helou: