- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
Ако добро те разбрав ( ако грешам ти слободно исправиме ) ти го подржуваш мислењето дека тие што имаат станови каде што постои инсталација за парно, мораат да се затоплуваат со помош на парно, во спротивно нека го продадат станот и нека си купат друг стан без парно.Ако досега парното не му се исплатело овие децении, ќе го продаде и ќе купи стан без парно.
Струјата (може и дрва и нафта, ако може да ги качува по скали) ќе го чини мнооогу повеќе него централно парно. До пред некоја година беше неколкупати поефтино и од најскудното греење на друг извор на топлина.
Ова мислење јас сум го слушнал од Регулаторна, Топлификација, но и од многу граѓани кои користат парно, а досега не се исклучиле.
Има неисклучени граѓани кои мислат дека астрономските сметки кои ги добиваат се последица на исклучените. Истите се надеваат дека кога сите ќе почнат да плаќаат тие ќе имаат пониски сметки. Наводно исклучените со „ поминување на цевки “ и со „ топли ѕидови “ добивале топлина која „ не исклучените “ ја плаќале.
Јас мислам дека астрономските цени на АД Топлификација се последица на:
1. Ситемот на Топлификација е поделен на производство, дистрибуција и снабдување со цел да секој од овие делови има посебни цени и со тоа да вкупната цена биде повисока.
2. Почнувајќи од грејната сезона 2007/2008, без било каков правен основ, Топлификација наметна начин на мерење на потрошената топлинска енергија наречен „ мерење со калориметри “. Овој начин на мерење не е точен и покажува постојано плус во корист на Топлификација
Што значи овие астрономски цени се последица на измама и пљачка
Еве доказ:
Ти ја знаеш очигледната вистина дека еден стан секоја наредна грејна сезона ќе потроши потполни исто количество на гориво како и претходната
Минатата грејна сезона, стан потполно ист како мојот, во иста зграда, за целата сезона наводно потрошил 17000 KWh.
Истиот стан, според претходниот начин на мерење наречен „ паушална наплата “трошеше 10800 KWh за сезона
Истиот стан јас го затоплував на струја и за цела грејна сезона потрошив 6000 KWh
Како што реков еден ист стан, секоја година троши исто количество енергија.
Овде ти прикажав три вредности кој се многу ралични. Што значи само една од овие вредности е точна
Според твое мислење, која од овие вредност е точна?