Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
12 март 2009
Мислења
20.761
Поени од реакции
16.983
Мене уште не ми се верува дека има луѓе кои што стојат на страната на БЕГ околу овој проблем.
Кога веќе се спомнуваат поминување цевка низ станот и греење од ѕидовите на комшиите, убаво пиша @БЕГ-ова Чорба, исклучете си го парното на еден ден и поминете го денот згреани од цевката и ѕидовите на комшиите.
Во станов каде што сум сместен има парно ама топлината баш и не е како што треба. Претходно бев сместен во стан каде што немаше парно во зградата и замислете не висеа мразулци во ходникот на зградата како што замислувате вие што ги браните арамииве. Да бидам реален кога се греев на струја дури и поубаво ми беше затоа што си пуштав греење кога што мене ми одговара и навечер никогаш не сум се туткал премрзнат за разлика од сега каде што плаќам исти пари за парно кое што до кај 9 ипол вечерта го има и веќе во 11 собата ми е убаво изладена (вратата и прозорците одлично дихтуваат). А ни тогаш кога го има не е нешто топло по дома и морам да носам долги.

Кога би бил мој изборот околу греењето без мислачка би се откажал од парното и целосно ги подржувам оние што се откажале затоа што за такви сметки треба 25 степени 24/7 да биде во соба. Она што се обидуваат да им го наплаќаат на луѓето кои се исклучиле е во најмала рака глупаво, ама во држава во која 25 години секој гледа само да си го наполни џебот не ме ни чуди. Да плаќаш за нешто што не го добиваш, па уште и извршители дома да ти доаѓаат поради тоа што некој така си решил и државата да затвора очи... шта речи. Па уште и луѓе што го поддржуваат тој грабеж... :toe:
тоа беше на времето, во ехЈу, јал не јал 3 1/2 ... имаше згради кај што живее луѓе од Топлификација, пуштено на максимум, со отворени прозори сред зима, а сите во цело Скопје исто плаќавме, по м2... а кај нас мрзневме, со ќебиња... Има доста разлика од зграда до зграда, зависи колку стана на спрат, колку прозорци, изолација и други фактори, има мерач во потстаница. Ако некаде мислат станарите дека им е слабо греењето, т.е. ги поткраднува БЕГ на мерачот во потстаница, можат сите да се откажат. Но тука е проблемот што Топлификација ( сега БЕГ) ќе најде 1 -2 ца да не прифатат откажување и да минираат.
Јас пишав до надлежното министерство уште пред 1,5 години, да се смени регулативата, само 51% станари да решаваат дали ќе има централно греење, а од аспект ако дојде Гасификација. Евентуално Куќниот Совет да може да организира на истото централно да има котли на гас а во истата потстаница или просторија во подземната гаража, се тоа е сопственост на станбената зграда... Но ова НЕ ИМ СЕ слуша на надлежното министерство, не само на оваа власт, исто ќе биде и други ако дојдат, а никој пак не размислува зошто воопшто организираат ГАСИФИКАЦИЈА , не верувам дека некој ќе влече гас во станот или зграда само за варење ручок во кујна...??...
Поентата ми е дека Далекуводното греење е скапо поради загубите на топлина во системот од топлана да потрошувачи, посебно во периоди кога се грее само 2-3 сата на ден ( ниска сезона на греење)...
Како и да е, мислам дека и исклучените и вклучените треба да Бараат да се спроведе ЕУ регулативата за МЕРЕЊЕ на потрошена топлина по стан и да се смени регулативата за колективно откажување од услугата на далечинско топловодно греење од 100% на 51% станари.
Со оваа регулатива теоретски може и само 1 стан да биде вклучен а сите други откажани или невклучени...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.452
Поени од реакции
84.865
Мене уште не ми се верува дека има луѓе кои што стојат на страната на БЕГ околу овој проблем.
Тоа се дежурните форумски адвокати на Фамилијата што е на власт. Пошто БЕГ е пола нивни, тие веројатно добиле наредба да ги бранат и тука.
Ќе ги видиш на други теми, кај што застапуваат уште побезумни стојалишта на штета на сопствениот народ.
Можда е добра идејата да се игнорираат, пошто кај нив отсуствува чувство за морал, етика и сочуство... па, слични карактеристики како кај психопатите.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
228
Поени од реакции
203

Не си во право. Мене ми се поблиски ставовите на ВМРО, ама ако можам да бирам не би плаќал ни парно, ни струја.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.761
Поени од реакции
16.983
Не си во право. Мене ми се поблиски ставовите на ВМРО, ама ако можам да бирам не би плаќал ни парно, ни струја.
има и судир на интереси меѓу исклучените и вклучените... а најдобро е 100% вклучени или 100% исклучени...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.452
Поени од реакции
84.865
... ама ако можам да бирам не би плаќал ни парно, ни струја.
За ова би требало да идеш у затвор или да ти конфискуваат сопственост. И со тоа ќе се сложат сите.
Но, тука станува збор за нешто друго, а не за тоа да не се плаќа парно или струја или вода...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
228
Поени од реакции
203
За ова би требало да идеш у затвор или да ти конфискуваат сопственост. И со тоа ќе се сложат сите.
Но, тука станува збор за нешто друго, а не за тоа да не се плаќа парно или струја или вода...
Пријател, ти имаш сериозен проблем со сфаќањето на демократијата. Јас многу убаво напишав „ако можам да бирам не би плаќал ни парно, ни струја“, а ти одма у апс ме тури
:icon_lol:
 
Последно уредено:
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Ireal напиша:

БЕГ-ова Чорба напиша:

Дискусијата се вжештува! Тоа е добро. Да се чујат различни мислења. Сепак, покрај елементарно познавање на термодинамиката и правото - не може да се стекне релевантно мислење. Еве мој личен сублимат:

1. Правото на сопственост е неприкосновено и гарантирано со Уставот и законите на Македонија. Оттука, НЕДОЗВОЛЕНО е некој да располага со твојот стан, да ти наметнува интереси на приватни компании. Правната пракса покажа дека доколку минуваат цевки низ твојот стан ТИ имаш право да побараш беговите да ги исфрлат НАДВОР, или пак да се договорите колку пари да ти плаќа за користење и остварување на ПРОФИТ преку твојот стан,

Многу магла нафрли..Да си го прочиташ првиот договорот за купување стан ( од СИЗ, од градежна фирма..) ..пишува таму дека важат сите колективни обврски...
Второ, сега тазе имаме стан и во новите згради, со добра изолација. Додека немаше пуштено парно, се греевме на инвертер. Не беше проблем плаќањето на сметките, ама кога имаше ладна магла мрзнеше надворешниот дел. Најголем проблем беше ладниот скалишен простор надвор , а треба да се напомне дека има и доста непродадени станови а и неуселени трајно. Сега со централно е далеку подобро, посебно во скалишниот простор, кај што се вертикалите. Незнам колку плаќаат исклучените, но мислам не е некоја сума. можеби 0,1еур/м2 месечно...

Почитуван Ireal,
Цело време се трудам да ги појаснам работите и од правен и од стручен аспект. Само така може целосно да се апсолвира овој проблем.
Прво, ја не сејам магла! Големи напори вложувам да ја "растерам" маглата што криминалците ни ја посеаја. Да ни се разбистри на сите, а тука првенствено мислам на тие како тебе. Се прашувам, дали ова се што го пишуваш е искрено твое, или пак си "Тројанец", со конкретно добиена задача!? Ајде со ред:

1. Околу договорот за стан - не само знам што пишува и што сум потпишал, туку ќе ти кажам и други работи за кои или не можеш или не сакаш (не смееш) да размислуваш. Под колективни, веројатно мислиш на заеднички, обврски се подразбира се она што е заедничко во зградата. Се она што е зад ВЛЕЗНАТА ВРАТА од твојот стан е САМО ТВОЕ И НИКОЈ НЕМА ПРАВО да ти наметнува ништо! Без разлика дали е струја, вода, парно, канализација, гас итн ... Се различно од ова е сеење магла од твоја страна.

2. Читам имаш и повеќе станови. Секоја чест. Самиот потврдуваш дека си се греел со инвертер. Значи, ТВОЈ ЛИЧЕН ИЗБОР! Така треба и така мора да биде. Инаку, дали ќе дозволеше некој насила да ти наметнеше греење на пример со гас, дрво или било што друго? Сигурно дека ќе се опираше и ќе скокаше, зашто тоа ќе ти беше НАМЕТНАТО! Исто како што скокаме сега ние.

3. Не ми е јасно како може да биде скалишниот простор надвор. Тој е дел од заедничките простории во зградата!?

4. Не ми е јасно зошто ги спомнуваш непродадените станови? Ако не знаеш, распрашај се дали фирмите што имаат непродадени станови плаќаат исто како што не тераат и ние да плаќаме? Истражи ја оваа тема па пиши овде.

5. Според законот, нема никаква врска дали некој живее постојано или пак не во станот што го поседува. Негова ОБВРСКА од Законот за домување е да учествува во плаќањето на ЗАЕДНИЧКИТЕ трошоци исто како и оние кои постојано живејат во станот. А за трошоците во станот, значи и за парното, важи истото - ако сака ќе користи и ќе плаќа, а ако не нема да плаќа.

6. Уште една потврда на мојот претходен пост - си земаш за право да коментираш РЕЛЕВАНТНО иако не знаеш ниту елементарни работи, како на пример нагаѓаш колку изнесува нашата казна по 1м2!? Ете зошто пишав дека некои не отвориле ниту еден закон а се прават "дрвени" адвокати!!!

7. И најважното, според мене, мојот апел за експеримент, како што впрочем и најавив дека очекувам да се случи е некооперативноста, вклучително и твојата. За тоа не сакаш да пишуваш, зашто си велиш - кој ги врти овие, нека си мелат, сега јас да ги затворам вентилите на радијаторите и да експериментирам и да се смрзнам - НЕМА ШАНСИ! Се додека не му влезеш на човека во кожата, нема да му ја разбереш маката, нели? А ако веќе не ни излезе во пресрет, ти предлагам, во иднина барем да размислиш како ни е на нас, зашто утре можеби ти ќе спиштиш од зулумот на овие или некои други арамии и ќе бараш помош и поддршка. Стори нешто и мотивирај не да ти се најдеме. Веројатно знаеш и самиот - Земи кога не ти треба за да ти се најде кога ќе ти затреба.

Биди ми поздравен.[DOUBLEPOST=1449541765][/DOUBLEPOST]Ireal напиша:

Биди ми поздравен.[DOUBLEPOST=1449544191][/DOUBLEPOST]Brutus напиша:

WeAreWhoWeAre напиша:

Зашто да плаќам одржување на инфраструктура на приватна фирма која не сакам да ја користам, а користењето се состои од тоа што поминува една цевка и плаќам 924 денари за неа.

Убаво вака што знаеш што би било кога би било. И јас можам истото да го кажам за тебе. Да беше ова на комуњарите ти ќе збореше дека се е супер. Системот на централно греење е воведен многу одамна и никој не претпоставувал дека некогаш ќе се смени системот и дека ова ќе стане приватна фирма. Сепак кога купуваш стан знаеш во што влагаш. Ќе си плаќаш лифт ќе си плаќаш за обликот на греење кој бил тука од почетокот на зградата и со кој фактички си се согласил кога си го земал станот. Сега кога купуваш нов стан ти кажуваат што систем за греење има и ако сакаш влагаш ако не не влагаш во таков стан.
P.S. не плаќаш за цевката само туку... Krajnji kupac na zajedničkom mjerilu toplinske energije može se izdvojiti iz toplinskog sustava temeljem odluke većine glasova suvlasnika, koja se računa po suvlasničkim dijelovima, a ne po broju suvlasnika. Krajnji kupac kojem je odobreno izdvajanje iz toplinskog sustava dužan je plaćati sve troškove, osim troškova toplinske energije za svoj stambeni/poslovni prostor.
а и заменик градоначлникот на ниш има објаснување
-Lično ću se založiti da visina takse bude primerena.Ne možemo govoriti o nekom simboličnom iznosu,jer u tom slučaju ljudi će se masovno isključivati sa sitema,što mogu da razumem.Međutim,to će izazvati čitav niz ozbiljnih posledica, počev od pritiska na elektromrežu,zagađenja životne sredine, pa i do opstanka sistema grejanja Toplane,kaže Slavković.

Потполно ист начин на реакција и однос кон ова прашање и од твоја страна. И ти не се повикуваш на постојниот Устав и важечките закони. Велиш "Сепак кога купуваш стан знаеш во што влагаш ..." Дали ти го знаеше тогаш законот или пак само мислиш дека си го знаел, оти гледам дека пак се повикуваш на нешто што не е закон, туку исклучиво на некое сопствено убедување!?
Еве и зошто, а ќе го искористам твојот следен цитат:

"Krajnji kupac na zajedničkom mjerilu toplinske energije može se izdvojiti iz toplinskog sustava temeljem odluke većine glasova suvlasnika, koja se računa po suvlasničkim dijelovima, a ne po broju suvlasnika. Krajnji kupac kojem je odobreno izdvajanje iz toplinskog sustava dužan je plaćati sve troškove, osim troškova toplinske energije za svoj stambeni/poslovni prostor."

Прво, ќе повторам, НИКОЈ НЕМА ПРАВО да одлучува дали ти ќе се исклучиш од парното или не! Гледам дека не знаеш, да ти кажам, зашто нашиот Уставен суд со своја Одлука веќе одамна ја укина таа глупава одредба
, раководејќи се токму од загарантираното право на сопственикот САМ ДА ОДЛУЧУВА за својата сопственост. Зашто ако тоа не е така, утре ќе ти се случи твоите комшии да гласаат да те иселат од станот, или да ти го продадат, да го издадат под наем итн ... Ми се чини дека овие работи ЕПТЕН ТЕ БЕНДИСУВААТ , хи!

Во цитатот, делот со зелени букви, прочитај го убаво и разбери дека вели, ќе ти преведам: "Крајниот купувач (овде мора да се замени со СОПСТВЕНИКОТ) кому му е одобрено исклучување од топлинскиот систем должен е да ги плаќа сите трошоци, ОСВЕН ТРОШОЦИТЕ ЗА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ЗА СВОЈОТ СТАНБЕН/ДЕЛОВЕН ПРОСТОР". Значи, гледаш и самиот оти пишува дека не сме должни да плаќаме. Ти предлагам, друг пат кога ќе сакаш да се повикаш на нешто туѓо, разбери го, консултирај се, па потоа коментирај. Вака, едно зборуваш и тоа упорно, а со доказите што ги предлагаш самиот се НЕГИРАШ!

И ти биди поздравен.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.452
Поени од реакции
84.865
Пријател, ти имаш сериозен проблем со сфаќањето на демократијата. Јас многу убаво напишав „ако можам да бирам не би плаќал ни парно, ни струја“, а ти одма у апс ме тури
:icon_lol:
Па можеш да бираш. Факт.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.761
Поени од реакции
16.983
Не може да бараме решение кое го нема никаде другде, ни во регионот ни во ЕУ... еве пак ќе ги ставам сликите од вертикалните цевки во скалишниот простор, а кој се топли и го греат скалиштето, во овој пример на секој спрат со 6 стана (6 сандачиња) има 4 вертикали. Пред да се пушти греење во зградата во ходникот беше грч ладно

Но не е само тоа, ако газдата на станот е исклучен а и не живее во него, тогаш и ѕидовите му се ладни и соседниот стан е поладен во однос да се греел и комшијата...
Нема уште никаде такви прописи да становите бидат и меѓусебно изолирани, има една нова работа од ова година, што таваните на деловните простори во приземјата задолжително се изолируваат и топлински, не само спуштен плафон со светла, а од аспект дека деловните простори често се непродадени и слабо се грејат, па становите над нив имаат ладен под, многу нездрава работа.
И не се фаќајте буквално за Уставот, има таму шуплини и недоречености колку сакаш.
Во краен случај, ако се укинат сметките за исклучените, ќе се случи тоа што се случи веќе на неколку места, масовно откажување, кое ќе резултира со комплет исклучување, а ел. инсталации се или стари ( кај старите згради) или слабо димензионирани, кај новите... па ќе има циркуси...
 
Пак зборуваш паушално, на памет, и не нудиш докази дека дури ни во ЕУ нема регулатива. Еве ти конкретен пример и доказ како функционираат "старите" држави и членки на ЕУ, а богами го имаш и во САД:

таму, во станбените објекти греењето е решено по примерот на џубоксот! Пушти паричка, избери песна и уживај во музиката, т.е. кога сакаш да се стоплиш пушташ жетонче (паричка) и се грееш додека не ја потрошиш паричката. Ако ти студи ставаш нова паричка. За останатото време кога не си дома НИКОЈ не ти бара паричка, нели е така? И никој не ти наплатува некаков друг надоместок! Е како може тоа таму да функционира? А јас и да сакам да пуштам паричка - НЕ МОЖАМ! Не сум приклучен! Ама арамиите ми лапаат многу парички!

Гледам избегнуваш да ми спротивставиш твои аргументи. Си закачил слики од вертикалите од твојата зграда! Супер! Тебе многу ти значи да ти биде загреан ходникот. На нас многу повеќе ни значи да ни бидат затоплени СТАНОВИТЕ. Во ходникот и во лифтот поминуваш околу 2-3 минути. Белким не е толку страшно да ги истрпиш ама кога ќе влезеш дома каде си со часови па и денови - да ти биде ТОПЛО!
Друга работа, зошто се голи цевките? Нели има изолација со која ќе се заштеди губиток на енергија. Сфати дека намерно се оставени голи за да се потроши многу повеќе енергија а со тоа и многу повеќе пари да ти се земат. Ти со својот материјален статус можеби не го чувствуваш овој трошок, ама убедливото мнозинство твои соседи го немаат тој статус и многу им значи секој денар! Битно е мнозинството во зградата а не ти како поединец да бидеш доминантен.

Имаш исклучени соседи кои ЦЕЛ БОЖЈИ ДЕН се дома и 24 часа дневно го загреваат својот стан. Ако е точно дека ти го загреваш нивниот стан, зошто да не е точно дека и тие го загреваат твојот стан и тоа 24 часа а тебе агата дневно те грее 16 часа. Кој те загрева другите 8 часа? И кој и како да тенатера да му ја платиш таа енергија на комшијата? За тоа ич не ти чуе!

И повторно се повикуваш на "дупките" во Уставот, ама не посочуваш ниту една таква дупка. Ниту си го отворил, ниту си го прочитал, а си земаш за право да кажеш се и сешто, демек - дрвен адвокат. Посочи ја дупката во Уставот и дај свое мислење или предлог. Инаку, бадијала не спомнувај ни Устав ни закон.

Пак не посочуваш никакво место, кога и каде се случило масовно исклучување, па настанале "СТРАШНИ" последици! Дај кажи кога и каде, да прочитаме и да коментираме. И пак се појавуваш како душегрижник (ама само за арамиите), демек инсталациите биле стари а кај новите слабо димензионирани!? Со што ќе ни докажеш дека е така? Едно нешто знаеме СИГУРНО, а тоа е дека во секој стан - новоградба, согласно со Законот за градба, пропишано е ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се обезбеди електрична мрежа, т.е. приклучок во секоја соба кој ќе овозможи СИГУРНО загревање на собата со електрична енергија. Ајде претпостави дека имало хаварија во системот на снабдувачот со парно и дека ќе му треба барем 1 месец да ја нормализира состојбата. Дали ќе користиш струја за затоплување? Уште поважно - дали сите потрошувачи ќе се префрлат на дрво, јаглен, гас, нафта - ама не и ел. енергија? Јасно е што ќе избере убедливото мнозинство. Тогаш нема ли да "рикне" ел. систем, или нема ли да се потврдат твоите црни прогнози?

На крај, премногу, неосновано и неаргументирано настапуваш и упорно се трудиш да ни го наметнеш својот став, само затоа што е твој. Уште еднаш ќе ти предложам, направи го експериментот и почувствувај како те греат твоите исклучени соседи. Ем ќе заштедиш и пари, а јас ти нудам таа заштеда да ти ја дуплирам. Единственото мое барање е истото - направи, експериментирај и искрено пренеси ги твоите искуства овде пред сите, ЈАВНО. Но, сите знаеме дека нема да го сториш тоа! Не ти е ќеф твојот з..... да ти изѕемне. Ти не можеш и не сакаш да се мрзнеш ниту 2-3 минукти а камо ли цел ден да се смрзнуваш.
 
Невидени лаги се пласираат тука, греењето никаде во светот не е по принцип на џубокс, тоа може да е само ладењето летно време. А да не одиме подалеку, имаме ехЈу комшии, а и Блгарија, ги разбираме нивните текстови, има убаво како е. А пример за комплетно откажување имаше уште пред 2 зими на телевизија, станбена зграда на ул,Владимир Комаров, големи проблеми со електричната инсталација... Нема да ме чуди повторно дека се приклучиле уште тогаш...
А паушално ти е дека треба да обезбедат во новите згради инсталација што овозможува електрично греење на станот, туку напротив, општина Аеродром не дозволува технички прием ако зградата не се поврзе со БЕГ и не се воспостави пробно греење 15 дена; мислам дека е така и во другите општини каде има магистрален цевковод на БЕГ...
Пак да напоменам, друг проблем е цената на централното греење, метрологијата, а дека има проблеми има. Еве имаат луѓе не само диви туку и легализирани пренаменети тераси во соби, а БЕГ нема евиденција за зголемени површини на станивите... Тука треба комшиите да пријавуваат, но наш народ молчи и си плаќа поскапо.
И недај боже да стегне -25 како што имаше пред 10-15 години, ќе видиме како ќе поминат исклучените згради, тие што се греат на струја...А не сме спремни ни на дрва, не само загадувањето, туку и оџаци нема секаде а и каде што има не се во функција...
 
Невкусно е од тебе да кажеш дека некој лаже, а притоа немаш контра докази! Ама тоа е прашање на лична (не)култура, како што велат - Или имаш или ич немаш! Галиба не си излегол никаде подалеку од МК, а ако случајно си бил или си пиел или си зркал по женски. Џубокс принципот како термин го применив за да ти се РАЗДЕНИ, ама бадијала е.
Се повикуваш на туѓи закони а не ги познаваш домашните! Зградите изградени пред повеќе од 50 години се градени според тогашни стандарди и прописи. Самите станари од тие згради се должни да си ја средат ел. инсталација. Денес имаш други, НОВИ законски прописи, соодветни на денешницата и на идните 50-100 години. Затоа денес МОРА да се обезбеди, меѓу другото, и соодветна електрична инсталација. И уште една глупост - ниту една општина НЕ СМЕЕ да преиспитува или да не почитува закони. Општината е локална самоуправа а законите ги носи законодавното Собрание. И повторно ТИ МИСЛИШ и очекуваш дека МОРА да биде како што ти мислиш! Затоа имаш проблеми во разбирањето на материјата.

Прошетај на Википедија и научи што е МЕТРОЛОГИЈА! Дивоградбите но и легализираните делови од зградите се надлежност првенствено на општините и оттаму произлегува голем дел од проблемот со греењето, оти тие кои што се приклучени вистина ТРОШАТ повеќе топлинска енергија од онаа што ја плаќаат, односно еден дел воопшто НЕ ПЛАЌААТ според реално загреваната површина! За овие луѓе НИКОЈ во државава воопшто не размислува, а камо да преземе законски санкции против нив! Ти здушно ги напаѓаш исклучените а оние кои објективно ти брцаат во џебот ги толерираш! Тука си во право и ајде дај предлог што да се направи со нив, зашто ти ПЛАЌАШ за нив, ама ништо не преземаш!

Во зградите со нефункционални оџаци одговорноста и обврската за нивно чистење е пак само на сопствениците - никој друг! А кај новоградбите законска обврска е дека МОРААТ да имаат оџаци - демантирај ме и прикажи слики од такви згради БЕЗ ОЏАЦИ!
 
Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Колку е по квадрат парново? Или не е секаде исто, има варијабли некои, како иде?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom