Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
14 ноември 2015
Мислења
13
Поени од реакции
4
Господа членови,почитуван воведничар на темата пајак сакам да истакнам неколку работи во врска со оваа тема:
1.Темата е малку конфузно направена од страна на воведничарот и скам да кажам дека очигледно ги убедува скопјани дека и тие што немаат плаќаат парно.Како може тоа тие што немаат нешто да плаќаат?Па нели вие(ние) овде дискутираме за Скопје ама неои не се од скопје и не осеќаат тоа дека скопјани плаќаат парно греење.
2.Парното греење е за сите скопјани па тие што не плаќаат да си ги сечат цефките кои минуваат низ нивните станови и нема да плаќаат тогаш,така направија одреден број на скопјани односно тие кои не сакаат да плаќаат парно греење
3.Топлификација работи многу оддамна и многу од порано се плаќа парно па така по оваа точка 3 не треба да се дискутира
4.Случајот топлификација не е криминал,туку топлификација си работи слободно одкога е отворена до ден денес,но повеке скопјани нека си дискутираат зошто плаќаат висока цена на парното дали заради продажбата на ЕСМ или нешто друго.
 
Член од
10 август 2010
Мислења
66
Поени од реакции
33
Ресурсите кои многу ВИСКО профитното предпријатие БЕГ сега и досега ги користи се купени и монтирани одпорано и биле и се Инвестиција во сопственост на поранешната комунална фирма „Топлификација„ која сега си ги „изнајмува„ , најверојатно за пари кои ги добива како „надокнада„ за опремата купена со заеднички пари на граѓаните на Скопје.
Тоа се прави со помош на „јатакот„ од Власта вика РЕГУЛАТОР чиј „личен доход„ или ПЛАТА , е директно зависен од цената која ќе ја „регулира„ со некаква си Формула.
Таму (најверојатно) се вметнати НЕРЕАЛНИ ТРОШОЦИ кои однапред се калкулираат и ЦЕНАТА е таква каква што се „наплатува„.
Годинава сметките ни се ИСТИ или слични како лани а цената на ИНПУТот е само 40% од ланската цена на гасот...според чија цена се „пресметува„?.
Како припомош тука е „активиран„ и ХИДРОМЕТРЕОЛОШКИОТ ЗАВОД...со прогнозите за идните и можни температури во Скопје.
Затоа ...минатиов месец кога грееше зимското сонце становите кои се на СЕВЕР беа исклучечни од греење дури до 18 часот.
И сега читам дека оствариле висок „профит„ (велат 25%).
Минатиот месец сам си догревав на струја...она што БЕГ ми го ускратуваше поради ОГРЕАНОТО Сонце,
И не може повеќе БЕГ да работи со менаџерски ПЛАТИ кои постојат во светот , а да користи ресурси кои им припаѓаат на корисниците и тие не можат Опремата да им ја наплатуваат според реални проценки...преку Паралелен кориснички РЕГУЛАТОР.
Треба да се оформи КОМУНАЛНА ФИРМА чија делатност ќе биде реално ГРЕЕЊЕ на становите за да не се случува корисниците да се греат и на струја и да плаќаат за додатно греење на ваква фирма која ќе се однесува вака со корисниците.
.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Ова се зборови на Градоначалникот господин Коце Трајановски:

Денеска на почетокот на грејната сезона ги пуштаме во употреба котелите на гас во СУГС„Арсени Јовков“, каде што учаат околу 2. 000 ученици, дел од проектот за гасификација на две училишта, кој изнесува 15 милиони денари, а го опфаќа и СУГС „Зеф Љуш Марку“. Според пресметките, се очекува да се заштеди околу 50 отсто од финансиските средства кои се трошеле за греење и повраток на инвестицијата за околу 4 години. Досега гасификација е спроведена во две средни училишта, односно во СУГС „Здравко Цветковски“ и во СУГС „Георги Димитров“, а во тек е изработката на проекти за газификација на уште седум средни училишта. Изработката на проекти ќе заврши до средината на следниот месец, кога ќе распише тендер за гасификација на СУГС „ Д-р Панче Караѓозов“, а потоа и на: СУГС „ Марија Кири –Склодовска“,„ Владо Тасевски“, „Панче Арсовски“ и на другите средни училишта коишто локациски се поблизу до постојната транспортна мрежа со гас. Градот Скопје и во иднина ќе продолжи да вложува во гасифиција на средните училишта на Град Скопје“, истакна градоначалникот Трајановски.

http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/sprovedena-gasifikacija-vo-dve-uchilishta-vo-skopje

Со еден збор - Коце ги спаси овие училишта од калориметри, ангажирана моќност, „ либерализација “ плаќање двојни цени, мамење и ограбување, неквалитет и што уште не.
Алал да му е!
се е релативно.. во БиХ имаме спротивна работа, некој граѓаните сакаат топловодно греење бидејќи ги дереле со висока цена на гасот...
Дадов пред некој ден пример за училиште во Хрватска кое е префрлено на греење со пелети...[DOUBLEPOST=1448005333][/DOUBLEPOST]
се е можно во нашиот правен систем... а зошто пак граѓани што се на приземје да плаќаат струја и одржување на лифтовите ???
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.251
Поени од реакции
78.886
се е можно во нашиот правен систем... а зошто пак граѓани што се на приземје да плаќаат струја и одржување на лифтовите ???
Затоа што струјата во влезот и подрумот ја користат и они. Лифтот го користат кога идат на погорните спратови.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Затоа што струјата во влезот и подрумот ја користат и они. Лифтот го користат кога идат на погорните спратови.
синот е во нова зграда од преклани. Првата година се грееа на струја, ходникот и скалите во зградата беа грч ладни. Од лани се на парно, сега ходникот и скалите се топли. А низ скалишниот простор проваѓаат вертикалите од парното. Правилно е секој вклучен на парно да има калориметар и од состојбата на главниот калориметар да се одбијат состојбите на калориметрите по становите. Тоа е загуба на топлина во зградата која треба да се подели на сите станови еднакво.
Друго решение е да се исклучат сите од централниот систем. А колку што знам, секаде во регионот нема поединечно откажување од централното греење... еве да видиме како е во Србија, Хрватска, Блгарија ?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.251
Поени од реакции
78.886
Скроз ти е погрешна тактиката со споредби со регионов, на сите теми, да се обидуваш да го одбраниш лоповлукот кој оваа власт систематски го спроведува врз сопствениот народ. Вака никој не постапува кон својот сопствен народ.
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Некои од овде присутните активно чествуваат со свои дискусии давајќи свој придонес во битката со "топлите браќа". Некои други можеби не се директно засегнати но сепак даваат свој придонес со тоа што покажуваат интерес за темата. Посебна почит кон нив.
Важно е да се осознае една работа - тоа дека покажуваш интерес и грижа за соседот, пријателот, колегата ... Тоа е дел од граѓанската борба кога институциите на системот НЕ ФУНКЦИОНИРААТ!!! Или уште полошо - кога поединци од власта со нејзина злоупотреба остваруваат незаконска добивка!
Ако размислуваш само за своите проблеми, не се трудиш да ги разбереш туѓите проблеми, самиот себеси си чиниш лоша услуга. Зошто? Ако не се солидаризираш со туѓите проблеми и покажеш волја да им помогнеш на страдалниците - НЕМАШ ПРАВО да побараш поддршка и помош од другите кога тебе ќе ти "дожеже на газето"! Токму во тоа е суштината на граѓанската борба - да биде коректор на власта.
А начини и форми за граѓанска борба има премногу. Само ако сакаш дури и самиот ќе измислиш нешто што ќе биде забележано и ќе помогне во постигнување на зацртаната цел - заштита на граѓанските и човекови права.
Оттука, ги повикувам оние кои не се засегнати и упатени во нашиов проблем да не заземаат ничија страна додека добро не се информираат за да можат и да изградат релевантно мислење. Ако прашаат - ќе им се одговори темелно. И убеден сум дека ќе им се раздени каде лежи кваката. И дека ќе се придружат во нашата борба. А кога тие ќе имаат сличен проблем нека побараат помош, нека објаснат, нека не убедат со аргументи - СИГУРНО ќе ја добијат мојата поддршка. И не само мојата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве една второстепена пресуда од Апелација со кој е потврдена пресуда против исклучен
На страна 3 во вториот пасос можете да прочитате
„ Во прилог на горенаведеното е и Решението У. бр. 125/2012 од 22. 05. 2013 година на Уставен суд со кое се потврди обврската исклучените потрошувачи да се задолжени со плаќање.... “
На страна четири во вториот пасос можете уште еднаш да прочитате:
... “ согласно Решението У.бр. 125/2012-0-0 од 22. 05. 2013 година на Уставен суд на РМ со кој се потврди исклучените потрошувачи да ... “

Секој правник или студент на право знае дека Уставниот суд никогаш ништо не потврдил, бидејќи нема надлежност за „ потврдување “. Но еве, судиката тоа го вели не еднаш туку два пати во една иста пресуда. Се наметнува заклучокот дека таканаречената судика воопшто не е правник туку партиски војник кој од партиски штаб, дирекно станала судија и тоа на Апелација.
Затоа прочитајте ја пресудата. Прочитајте го името на судиката. Запомнете го и „ славете го “ нејзиното име
 

Attachments

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.251
Поени од реакции
78.886
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Седницата на Собранието на РМ која ќе ае одржи во вторник на 01. 12. 2015. ќе биде разгледан во прво читање предлогот на Павле Трајанов за измена на Законот за енергетика
Тој предлог гласи вака:
ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА
ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА


Член 1


Во Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија" број 16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15 и 192/15), во членот 120 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:


"(4) Домаќинствата кои немаат склучено договор од член 118 на овој закон или не биле корисници на топлинска енергија или престанале да бидат корисници на топлинска енергија, не плаќаат надоместок.“

Член 2


Регулаторната комисија за енергетика во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на овој закон, ќе ги усогласи прописите со одредбата од член 120 утврдена во член 1 од овој закон.



Член 3


Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија".
http://www.sobranie.mk/materialdetails.nspx?materialId=8cfb2ec9-2cb3-4894-a5b6-1ad6e4fb352a
............................................
Законот е ставен како 37 точка на дневниот ред што значи дека можеби нема да биде разгледан на први, туку можеби на втори или трети декември
http://www.sobranie.mk/sessiondetails.nspx?sessionDetailsId=f7eae64e-7604-4ada-8516-465fd1c22dd2
..................................
Кога Собранието ќе расправа за овој Закон ќе се собереме пред Собранието
Кога ќе биде тоа, ќе ви јавам кога ќе имам информации за точниот термин
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Собранието одби да го разгледа предлогот на Законот на Павле Трајанов по скратена постапка
Еден пратеник од власта тоа го објасни вака:
„ По гласањето, реагираше Роза Топузовска Каровска со забелешка дека „не е чесно Трајанов да поднесува вакво решение сега, по дури четири години откако битката за овој проблем е почната“.

- Битката против монополот на БЕГ, да не се плаќа за нешто што не се користи беше одамна почната. Не е чесно после четири години да се поднесе ваков предлог, укажа Топузовска Каровска. “

Очигледно Власта мисли дека сме ние нечесни. Ако нека мисли, ние во сабота ќе бидеме повторно на протест против Владата

http://www.utrinski.mk/?ItemID=21B54C6FC6D28A4B9384719E8B9E3930

http://vecer.mk/ekonomija/ostanuva-da-se-plakja-nadomestokot-za-parno-i-koga-ne-se-koristi
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Ај сега ова да го разгледаме. Во колективни станбени згради има во скалиштето вертикални цевки за топла вода, а кој се топли и го греат скалишниот простор. Е сега пример, зградата е со 50% продадени станови. Кога немаше парно, ходникот и скалите беа грч ладни . Од лани е пуштено централно, за непродадените станови партиципира сопственикот ( фирмата), како надомест за греење, така и за лифтови, струја во зградата, чистачка.
Ако би останало исклучените и неповрзаните да не плаќаат ништо, тоа сигурно би ги зголемило сметките на поврзаните за 10 - 15%.
Веќе напишав порано во еден пост, уште за време на Топлификација, во една станбена зграда карши Паркот - авионче во нас.Н.Лисиче, имаше случај самата Топлификација да ги повика пред почеток на грејна сезона последните Мохиканци ( неоткажаните) кој останале само 15% од зградата, дека сметките ќе им бидат огромни и дека препорачува и они да се исклучат..



 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.841
Претпоставувам дека доколку станарите кои се исклучени воопшто не би се грееле, сметките на поврзаните би биле уште поголеми.
Иреал, Ѓорѓи, колку и да ве има, разбирате ли дека овој народ не е во можност да плаќа недоволно добро и економично греење, радиодифузна такса, парите да ги дава во ветер? Ако сум јас задоволен од квалитетот на греењето и ако ми е тоа најповолна опција, зошто би го откажувал? Не гледам ништо лошо незадоволните од некоја услуга да пробаат да ја откажат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom