Првите неколку пати е интересно, смешно е кога Тони се зафркава со гостите али колку повеќе го гледам се поглупо и поглупо ми е. Тони цело време мисли дека кажува некои јаки смешки, а уствари на повеќето од нив само тој си се смее (и тоа премногу гласно).
Тоа со Цаци и оџачето на ништо не личеше искрено мене ми падна незгодно шо го гледав, а можам да замислам само како и било нејзе. Ми се згади, ако она ни е најдоброто шоу тешко нас. Тони треба да се страми и јавно да се извини за тоа што го кажа, а не пак да се гордее и да се чука в гради како ја заќуте. Не знам, јас веќе одамна се откажав од шоуто и во догледно време не планирам пак да го гледам