За да може полесно да се разберат некој цитати од духовните книги, ќе посочам на две битни нешта кој во приказните завземаат значајно место.Тие често се поими од секојдневниот живот ,но истота така и од фолклорот,традицијата и културата.
Време. Вечност
Овие поими во едноставна споредба преставуваат жена(време) и маж (вечност)
Времето најчесто преставена како град , напуштена или оставена жена ,а може и како блудница.
Со вечноста се поврзува бог
Пример.
Трета книга Ездра 2
1. Вака вели Господ: <„Јас го изведов овој народ од ропство, му дадов заповеди преку Моите слуги – пророците, кои народот Мој не сакаше да ги слуша и ги отфрли Моите совети.
2.
Мајката што ги родила им вели: »Одете деца, зашто јас сум вдовица и напуштена.
3. Јас ве одгледав со радост и ве отпуштив со плач и со тага, зашто згрешивте пред Господа, вашиот Бог и го извршивте она што е лошо пред Него.
4. А сега што можам да направам за вас?
Јас сум вдовица и напуштена; одете, деца, и барајте милост од Господ.»
5. Оче, Тебе Те повикувам за сведок против мајката на синовите, кои не сакаа да го пазат Мојот завет; 6. предај ги на засрамување,
а мајката нивна – на распаѓање, за да исчезне нивниот род;
Суштината е дека, времето е темел на едно општество , тоа поставува некаков ред како би функционирале сите во него.Во цитатот се вели дека оние кој живеат во времето ословувајќи ги како нејзини деца дека самото општество кое се развивало не ги користеле заповедите кој им биле дадени.
Времето(календарот)била оставена од мажот и ги советува своите деца да бараат милост од вечниот.
Мојсе користи поинакви зборови , но суштината е иста.
Втора книга Мојсеева
1. А потоа влегоа Мојсеј и Арон
кај Фараонот, па му рекоа: “Вака вели Господ, Бог Израилев – ‘
Пушти го народот Мој, да празнува празник во Моја чест во пустињата.’“
Во тоа време фараонот се сметал за бог кој е на земјата.Како тој да е маж на времето!
Во денешно време за споредба овој цитат би изгледал вака.
Дедо мраз, пушти го народото Мој , да празнува празник во Моја чест во пустињата!!
Пустина е термин за внатрешно доживување каде се губи секоја материјална вредност,се ви е пустина-небитно.Останувате вие и вашиот бог.
Изгледа смешно и не разумно, но терминот дедо мраз сосема одговара на фараон, бидејќи луѓето го поставиле како симбол за почеток и крај, т.с. како тој да е маж на времето(календарот)
Јован гледал вака.
Откровение 17
3. И ме одведе со духот во пустина: и
видов една жена како седи на црвен ѕвер, кој што беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови.
4.
А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, драгоцени камења и бисери; во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино.
5. А на челото ѝ беше напишано името: „Тајна, Вавилон големиот, мајка на блудниците и на земните гнасотии.”
Го гледа времето како блудница која го јава човекот(седумте глави ги опишав на друго место).
Времето (календарот)во кое не се пазат закони,каде се намножува неправдата, се негуваат сите нечисти особини и нив им се придава значење,а праведните страдаат , луѓе кој имале визија упатувале или прорекувале опомена за негово рушење кое се споредува со голем град.
4. И чув друг глас од небото да вели: „
Излезете од неа, луѓе Мои, за да не учествувате во гревовите нејзини, и да не се заразите од раните нејзини;
Потполно исти видувања Мојсе и Јован,но искажани поинаку.
Мојсе се обраќа кај фараонот за да го пушти народот, додека Јован ги повикува луѓето да го напуштат градот како не би се заразиле.
Пробајте да излезете од времето!