Толкување цитати од било која духовна книга

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Едноставна тема во која секој кој има свое лично толкување за цитати од било која духовна книга може да го напише тука.

Убаво е да се слушнат различни толкувања кој произлегуваат од лични доживувања , сваќања и размислувања.

Многу групи се држат до единствени и не променливи толкувања кои ги презентираат за вистинити, а следбениците без многу размислувања ги прифаќаат .

Додека други сметаат дека толувањата не се изговараат ниту се пренесуваат на други, бидејќи различни доживувања и духовни сваќања можат да наштетат во индивидуалниот духовен развој на поединецот.

Ќе ги занемариме и двете работи , толкувања на цитати според вашите лични убедувања се добродојдени на оваат тема.

Сите духовни книги се напишани во метафора, компарација и скриени симболи со одредени значења.Некој ги разбира буквално, други се задлабочуваат во умствено расудувања.

Како и да е, толкувањето духовни книги е само за слободноумните..па повелете!
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
7. Даниил гледа во сон четири светски царства.

2. И почна да зборува Даниил, па рече: „Видов во ноќното свое видение, а таму, четири небесни ветра се бореа над големо море,
Данаил видел човеково постоење во една слика,безвремено од своето раѓање до својата старост.
Морето е со двојно значење умот и матката утроба од која се раѓаат ѕверовите, небесните ветрови се мислите.Четири и тие ги опишува подолу во ликови на ѕверови.

3. и четири големи ѕвера излегоа од морето, секој поинаков од другиот.
4. Првиот беше како лав, но со крилја орлови: гледав додека не му ги искубаа крилјата и потоа беше кренат од земјата, се исправи на нозете како човек и му се даде човечко срце.

Првиот период од човековото раѓање - бебе кое е со метафора на лав, нема посилен од него, секој човек се менува кога во рака ќе го држи бебето , го омекнува срцето , во мислите е величенствено со висока "позиција" на небото- мислите,чуствата и емоциите, крилата го означуваат токму тоа.
Како поминува време ,а тоа (бебето ) расте и му ги кубат крилјата (високите мисли паѓаат пониско, почнува да разбира, разликува , зборува, а со тоа го впива и светот кој ќе го отслика од своите родители) додека не застане и се исправи на своите нозе, со човечко срце- навлегува во светото на дуалноста, на тоа се мисли кога се вика човечко срце.


5. И ете, уште еден ѕвер, втор, сличен на мечка, стоеше од едната страна и имаше три ребра во устата негова, меѓу забите; нему му беше речено ова: „стани и јади многу месо!”

Следниот период на пубертет, хормоните работат..трите ребра во устат се метафора за жена (нели Ева е создадена од реброто на Адам) силата е во младите затоа се споредени со мечка!

6. Потоа видов, пак, уште еден ѕвер, како леопард: на грбот имаше четири крилја од птица, и четири глави имаше тој ѕвер, и му беше дадена власт.
Следниот период од човековиот развиток, со особина на брзина и желба за успех.

7. Потоа видов од ноќните виденија и ете, четврти ѕвер, страшен и ужасен и многу силен; имаше големи железни заби; тој јадеше и здробуваше, а остатоците ги газеше со нозете; тој се разликуваше од сите поренешни ѕверови, и имаше десет рогови.
8. Ги гледав тие рогови, и ете, меѓу нив се појави уште еден мал рог, а три од првите рогови беа со корен, истргнати пред него, на тој рог имаше очи, како човечки очи, и уста што зборува надуено.

Последниот ѕвер е опис на маж, возрасна личност , созреана во целост.
Роговите се раце,нозе , нос и уши,додека трите со еден корен е машкиот орган, вкупно десет,а оној малиот кој се појавил е јазикот!
Интересн момент е што токму тој рог кој зборува надуено (машкоиот орган) е прична поради која ѕверот ќе биде здробен, поради зборовите кои ќе ги говорел(читај плукал)

Сликата или мозаикот на тоа што преставува човек , расцепкано во делови и за секој поединечно со своите особини и крактеристики преставени во една приказна која всушност е опис на човек- маж.
На земјата нема поголем ѕвер од човекот!


 
D

dARK_ElementaL

Гостин
што е тоа “духовно“ “духовност“?
Ова прашање не е за тука. Имаш тема "Дискусија за атеистите, христијанството, исламот и останати убедувања". Префрли се таму и прашај.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Ова прашање не е за тука. Имаш тема "Дискусија за атеистите, христијанството, исламот и останати убедувања". Префрли се таму и прашај.

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
Зошто да не е за тука? Во сам наслов има "духовна книга" ме интересира да појасни за што станува збор.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Зошто да не е за тука? Во сам наслов има "духовна книга" ме интересира да појасни за што станува збор.
Ете ти го првиот пост ти кажува за што е темава. На духовни alf мислел на религиски книги кои во одредена религија се сметаат за духовни и свети: библија, куран, тора, талмуд, авеста, денкарта...

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ова прашање не е за тука. Имаш тема "Дискусија за атеистите, христијанството, исламот и останати убедувања". Префрли се таму и прашај.
Ете ти го првиот пост ти кажува за што е темава. На духовни alf мислел на религиски книги кои во одредена религија се сметаат за духовни и свети: библија, куран, тора, талмуд, авеста, денкарта...
Интересно што секогаш сакаш да си во право и секогаш да си последен. Ниту си во право ниту ќе бидеш последен. Прашањето е на место и без коментари натаму офтопик, да не фрчат казни.

Пинг: @Nekojx
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Зошто да не е за тука? Во сам наслов има "духовна книга" ме интересира да појасни за што станува збор.
Nekojx,

ти што велиш, што означува зборот „духовност„?
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
што е тоа “духовно“ “духовност“?
Духовноста е состојба на свест во која едно лице е посветено на развојот на сопствениот дух. Зборот доаѓа од латинскиот: spiritus = дух, или спиро "дишам".

Духовноста може да биде, но не мора, поврзана со религиозна посветеност на Бога. Концептот на духовноста е тесно поврзан со религијата, но може да означува и ментална состојба во која едно лице го свртува вниманието кон она што не е во неговата околина. На пример, справувањето со филозофијата или пишувањето поезија е дел од не-религиозните форми на духовност.

Да се биде духовна личност значи да се стави духовна, метафизичка и нематеријална пред минливи, световни и материјални работи.

Извор
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Вигјанабајрава Тантра, Учењето на Шива. Само извадокот од книгава го имам, Волшебно нешто на оваа тема.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
2. Даниил го толкува сонот на Навуходоносора.

27. Даниил му одговори на царот и рече: „Тајната за која царот прашува не можат да му ја откријат на царот ни мудреците, ни маѓапесниците, ни јасновидците ни гледачите.
28. Но на небесата има Бог, Кој открива тајни; и Он ќе му отркие на царот Навуходоносор сè што ќе се збидне во последните денови. Твојот сон И она што го видела главата твоја на твоето легло, е ова:
29. Ти царе, на леглото свое си мислеше што ќе се случи после, и Оној Кој отркива тајни, ти покажа што ќе се случи.
30. А мене таа тајна ми се откри, не за да бидам помудар од сите живи, туку за да му биде откриена на царот смислата, и за да ги узнаеш мислите на срцето свое.
31. Твоето видение, царе, е вакво; ете, некаков си голем, огромен беше тој лик, стоеше пред тебе во голема светлина, и погледот му беше страшен.
32. Главата на тој лик беше чисто злато, градите и рацете од сребро, додека стомакот и бедрата негови беа бакарни.
33. Потколениците железни, а нозете дел железни, дел глинени.
34. Ти го гледаше, додека еден камен не се откачи од планината сам, удри во идолот, во неговите железно – глинени нозе и го скрши.
35. Тогаш заедно сè се раздроби: железото, глината, бакарот, среброто и златото станаа како прав на летно гумно; ветрот ги однесе, и трага од нив не остана, а каменот што го разби идолот стана колема планина и ја исполни целата земја.
36. Ете, тоа е сонот, а сега да кажам пред царот и што означува тој.
37. Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава,
38. и во рацете твои ти ги предал сите човечки синови, каде и да живеат тие, сите ѕверови земни и птици небески и те поставил за господар над сите нив, – ти си таа златна глава.
39. По тебе ќе се крене друго царство, помало од твоето, а и трето царство, бакарно, ќе владее над целата земја.
40. А четвртото царство ќе биде цврсто како железо; оти како што железото троши и дроби сè, така и тоа железо што крши сè, ќе дроби и ќе уништува.
41. А тоа што си ги видел нозете и прстите на нозете направени дел од грнчарска глина и дел од железо, тоа царство ќе биде разделено и во него ќе остане само нешто од цврстината на железото, бидејќи си видел железо, измешано со грнчарска глина.
42. И како што прстите на нозете беа дел од железо, а дел од глина, така и царството ќе биде делум силно, а делум слабо.
43. А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа значи дека тие преку човечкото семе ќе се измешаат, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не е слеано со глината.
44. И во деновите на тие царства небесниот Бог ќе подиегне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно.
45. Бидејќи ти виде дека каменот што падна од планината сам, го раздроби железото, бакарот, глината, среброто и златото. Великот Бог му даде на царот да разбере што ќе се случи потоа. И верен е тој сон и точно е неговото толкување!”


Уште еден цитат во кој се опишува човек со сите негови промени од бебе- златна глава, дете - сребро, период кога е пред пубертет - бронзено или медовно време, пубертет и созревање - железно време и последното период на взаемен живот помеѓу маж и жена кој ќе се помешаат со човечко семе ,но нема да се слеат едно во друго, царство кое ќе бие делумно јако , делумно слабо .
Во деновите на тоа царство ќе се подигне друго царство кое ќе го сруши сите други...тоа е периодот кога човек се наоѓа во утробата на мајката, царство кое не е спомнато како дел од другите.
Многу слично опишувал и Исус кога велел дека има храна која вие не ја знаете, дека не е од овој свет, компаративен опис на тоа царство кое ги руши другите.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.623
Поени од реакции
11.657
Бидејќи не смеете и не можете да толкувате света книга пред други (тешко да разберете ова, но што е тука е) бидејќи не ни е грижа вие како ја разбирате истата ако не знаете да ја ползувате истата во животот и во смртта, темава е смешна. Никој од вас не потрошил ниту 15 години во проучување на религиите, праксите и сите тие симболи кои доаѓаат многу пред соодветните пракси за кои сте се фатиле...
Ете ви едно објаснување... за дел од Новиот Заевт! :)
На многумина нема да им се допаѓа бидејќи ќе се напнат со идејата дека кога некој зборува за Исус негативно или го исмева сето тоа, тие мора да се навредат заради тоа.
Бидете за цел живот навредени, како што сте решиле да бидете и „бедни по дух“ и живејте вечно во таа замка.

 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Времето т.с календарот и неговото пресметување е многу застапено во библијата, на многу места е различно метафорички опишувано.
Првично е прикажано како храм за невидливот бог, понатаму како жена која нема маж (оставена од бог) т.с. вдовица ,како нешто кон кое луѓето му служат, како блудница, град ,зодијакот- печат на челото и др.
Еве неколку цитати во кој се зборува за календарот / времето.

Трета книга Ездра (2)
1. Вака вели Господ: <„Јас го изведов овој народ од ропство, му дадов заповеди преку Моите слуги - пророците, кои народот Мој не сакаше да ги слуша и ги отфрли Моите совети.
2. Мајката што ги родила им вели: »Одете деца, зашто јас сум вдовица и напуштена.
3. Јас ве одгледав со радост и ве отпуштив со плач и со тага, зашто згрешивте пред Господа, вашиот Бог и го извршивте она што е лошо пред Него.
4. А сега што можам да направам за вас? Јас сум вдовица и напуштена; одете, деца, и барајте милост од Господ.»
5. Оче, Тебе Те повикувам за сведок против мајката на синовите, кои не сакаа да го пазат Мојот завет; 6. предај ги на засрамување, а мајката нивна - на распаѓање, за да исчезне нивниот род;


Послание на светиот апостол Павле до Галатјаните (4)
8. Но тогаш, бидејќи Бога не Го познававте, им служевте на богови, кои по својата природа не се богови;
9. а сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна, како тоа пак да се враќате кон слабите и лоши стихии, на кои пак сакате одново да им служите?
10. Гледате на деновите, месеците, времињата и годините.


Откровение на светиот апостол Јован Богослов (14)
8. И друг ангел се појави по него, велејќи: „Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство!”
9. И трет ангел по него наиде, зборувајќи со висок глас: „Кој ќе му се поклони на ѕверот и на ликот негов, и прими белег на челото свое или на раката своја,
10. тој ќе пие од виното на јароста Божја, вино неразводнето, излиено во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур пред светите ангели и пред Агнецот.


Откровение на светиот апостол Јован Богослов (17)

1. Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте чаши, и зборуваше со мене, велејќи ми: „Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница, која што седи над многу води;
2. со неа блудствуваа земните цареви, и со виното на нејзиното блудство се опија жителите на земјата!”
3. И ме одведе со духот во пустина: и видов една жена како седи на црвен ѕвер, кој што беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови.
4. А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, драгоцени камења и бисери; во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино.
5. А на челото ѝ беше напишано името: „Тајна, Вавилон големиот, мајка на блудниците и на земните гнасотии.”
6. И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и од крвта на сведоците Исусови; и се зачудив многу, кога ја видов.


Откровение на светиот апостол Јован Богослов (18)
2. И извика силно, зборувајќи со висок глас: „Падна, падна Вавилон големиот, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врталиште на сите нечисти и гадни птици; оти со виното отровно на своето блудство ги напои сите народи.
3. И царевите земни блудствуваа со неа, а трговците земни се збогатија од нејзината голема раскош!”
4. И чув друг глас од небото да вели: „Излезете од неа, луѓе Мои, за да не учествувате во гревовите нејзини, и да не се заразите од раните нејзини;


п.с.Ѕверот кој што го јава блудницата / времето(календарот) е човек со седумте промени од бебе до старец гледани во една целина!
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.623
Поени од реакции
11.657


Сликата подолу е мое сликовито кабалистичко објаснување во однос на Дрвото на Животот на соодветниот текст, без неговото подлабоко значење во однос на практичната примена - бидејќи сепак ова се мои размисли - не сакам да западнете во догматизам. :)
Има на блогот референци кади би можеле да продолжите да истражувате...

Цитатот на сликата е од книгата наречена „Книгата за Срцето обвиткано со Змија“
или нејзиното целосно техничко име е LIBER LXV LIBER CORDIS CINCTI SERPENTE SUB FIGURÂ אדני која е A.'.A.'. Издание во Класа А.

Класа А се всушност Светите Книги на Телема. Повеќе за класите ќе прочитате тука.

Накратко името на книгата е Liber LXV. Римските броеви ги знаете!

ADNI или Адонај = 65 = 11: supreme Lord; The Lord (divinity). (G .'.D.'. 6 + 5 = 11: the formula of completion of the Great Work).

За целосно разбирање на овој извадок е потребно премногу пишување, а и многу искуство за да не се залута во симболизмот премногу па да се бара нешто што сепак не постои!
Ако не ги знаете патеките на Дрвото на животот, заедно со сефироти, заедно со боите, со кабалистичките светови итн итн ...

Tешко дека ќе најдете било каква смисла во оваа слика, дури и да содржи истата милион зборови ако не почнете да ја проучувате светата кабала!
Но можеби ќе ве поттикнам да истражувате и да научете дека секогаш има beyond...
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Вториот ѕвер кој е опипшан во откровение....
Откровение 13
11 И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев.
12 И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена.
13 И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето.
14 Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да напра
ват лик на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив.

Спомнав предходно дека првиот ѕвер кој излегува од морето се однесува на човек-маж , вториот ѕвер кој излегува од земјата се однесува за жена....силен акцент во описот е даден на двата рога како јагне мало ,се мисли на женските гради.
Оној кој ги опишувал двата ѕвера , добро ја разбирал телесната поврзаност, сензуалоста и сите поединости кој влијаат на врската помеѓу мажот и жената.
Нештата ги гледа од позиција на микрокосмос.
Оној кој излегува од морето, е опис за солената вода од која се раѓа човек ,вториот излегува од земјата ,со што се задржува почетната приказна дека жената е создадена од мажот (земја).
Со едноставни зборови , женскотот тело има голема сила , додека кај мажот , тоа му е голема слабост..ова е кажано во сексуален контекст.
Па одтука, жената ќе ги заведе жителите на земјата со својата убавина и ќе направи сите да му се "поклонат" на машкиот орган (сексуалниот нагон)!
Многу слична приказна како и битие.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom