Сакаш да кажеш дека прстените се ѓаволска работа и Исус ќе ги убива прстите?
Прво Исус не убива никого.
Да победи да, но не и да убие.
Како второ, ѕверот е вонвременски опишан.
Кога нешто се опишува надвор од времето се земаат сите промени кој ги доживува и се гледаат во една целина. ЕДНА ЦЕЛИНА!!!!
Никој не се родил онаков како што е сега, зборам за возрасен човек... туку поминува неколку периоди и сите тие се различни со одредени карактеристики, затоа ѕверот има седум глави и десет рога.
Опис на човек од своето раѓање до својата старост.
Зошто не си го осознаете секој дел од себеси?
Проучете се, секој дел од своето тело, секоја емоција.. библијата зборува само за човек, тоа си ти и секој друг.
Не треба да ги кревате очите кон небото или да прочитате еден куп книги, доволно е себеси да се анализирате и осознаете.
Тоа што е во мене истото е и во вас, ништо поразлично.
Променете го начинот на кој што гледате за да можете да видите.
Пистелот дава застрашувачки опис каде користи зборови во кој читателот не сака да се препознае со што поставува спротивност со длабок јаз помеѓу добро и лошо каде читателот одбира страна.
Како што и ти одбра и постави прашање со термин ѓаволски, нешто од кое се бега.
Не така, вие сте образ на живиот бог, кога велам жив мислам во вонвремеска рамка, ако времете ви давам чуство дека сте живи овде и сега, тогаш мртво е детето кое некогаш сте биле, а велиме бог е бог на живите, а не на мртвите. Тогаш, погледнете временскиот интервал колку длабок јаз направил помеѓу животот и смртта, доброто и лошото, ѓаволи и ангели.
Токму затоа понатаму во текстот се вели.....
16. А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат.
17. Оти Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се договорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо.
18. А жената, која што ја виде ти, е големиот град, кој царува над земните цареви.
Ќе го руши времете, она кое е причина за големите разлики кои не можете да ги прескокнете.