Толкување цитати од било која духовна книга

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
За да може полесно да се разберат некој цитати од духовните книги, ќе посочам на две битни нешта кој во приказните завземаат значајно место.Тие често се поими од секојдневниот живот ,но истота така и од фолклорот,традицијата и културата.
Време. Вечност
Прегледај го приврзокот 297479 Прегледај го приврзокот 297482

Овие поими во едноставна споредба преставуваат жена(време) и маж (вечност)

Времето најчесто преставена како град , напуштена или оставена жена ,а може и како блудница.
Со вечноста се поврзува бог

Пример.

Трета книга Ездра 2
1. Вака вели Господ: <„Јас го изведов овој народ од ропство, му дадов заповеди преку Моите слуги – пророците, кои народот Мој не сакаше да ги слуша и ги отфрли Моите совети.
2. Мајката што ги родила им вели: »Одете деца, зашто јас сум вдовица и напуштена.
3. Јас ве одгледав со радост и ве отпуштив со плач и со тага, зашто згрешивте пред Господа, вашиот Бог и го извршивте она што е лошо пред Него.
4. А сега што можам да направам за вас? Јас сум вдовица и напуштена; одете, деца, и барајте милост од Господ.»
5. Оче, Тебе Те повикувам за сведок против мајката на синовите, кои не сакаа да го пазат Мојот завет; 6. предај ги на засрамување, а мајката нивна – на распаѓање, за да исчезне нивниот род;

Суштината е дека, времето е темел на едно општество , тоа поставува некаков ред како би функционирале сите во него.Во цитатот се вели дека оние кој живеат во времето ословувајќи ги како нејзини деца дека самото општество кое се развивало не ги користеле заповедите кој им биле дадени.
Времето(календарот)била оставена од мажот и ги советува своите деца да бараат милост од вечниот.

Мојсе користи поинакви зборови , но суштината е иста.
Втора книга Мојсеева

1. А потоа влегоа Мојсеј и Арон кај Фараонот, па му рекоа: “Вака вели Господ, Бог Израилев – ‘Пушти го народот Мој, да празнува празник во Моја чест во пустињата.’“

Во тоа време фараонот се сметал за бог кој е на земјата.Како тој да е маж на времето!
Во денешно време за споредба овој цитат би изгледал вака.

Дедо мраз, пушти го народото Мој , да празнува празник во Моја чест во пустињата!!

Пустина е термин за внатрешно доживување каде се губи секоја материјална вредност,се ви е пустина-небитно.Останувате вие и вашиот бог.

Изгледа смешно и не разумно, но терминот дедо мраз сосема одговара на фараон, бидејќи луѓето го поставиле како симбол за почеток и крај, т.с. како тој да е маж на времето(календарот)

Јован гледал вака.
Откровение 17

3. И ме одведе со духот во пустина: и видов една жена како седи на црвен ѕвер, кој што беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови.
4. А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, драгоцени камења и бисери; во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино.
5. А на челото ѝ беше напишано името: „Тајна, Вавилон големиот, мајка на блудниците и на земните гнасотии.”


Го гледа времето како блудница која го јава човекот(седумте глави ги опишав на друго место).
Времето (календарот)во кое не се пазат закони,каде се намножува неправдата, се негуваат сите нечисти особини и нив им се придава значење,а праведните страдаат , луѓе кој имале визија упатувале или прорекувале опомена за негово рушење кое се споредува со голем град.

4. И чув друг глас од небото да вели: „Излезете од неа, луѓе Мои, за да не учествувате во гревовите нејзини, и да не се заразите од раните нејзини;


Потполно исти видувања Мојсе и Јован,но искажани поинаку.
Мојсе се обраќа кај фараонот за да го пушти народот, додека Јован ги повикува луѓето да го напуштат градот како не би се заразиле.
Пробајте да излезете од времето!
Да се потсетиме од каде треба да излезете , бидејќи отпочна нејзиното рушење.
Излезете од времето, таа блудница која ви е на грбот и со мака ја носите, осудена е на пропаст.

Духовните се судат со духовното,а телесните со земното.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Свето Евангелие Според Јована 2

15. И кога направи бич од врвци, ги истера од храмот сите, и овците и воловите; а на менувачите им ги растури парите и ги испреврти масите;
16. па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го тоа одовде, и од домот на Мојот Отец немојте да правите дом за тргување!”
17. Учениците, пак, Негови тогаш се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.”
18. А Јудејците одговорија и Му рекоа: „Со каков знак ќе ни докажеш дека можеш да го правиш тоа?”
19. И им одговори Исус и рече: „Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам.”
20. А Јудејците рекоа: „Овој храм е граден четириесет и шест години, а Ти за три дена ли ќе го подигнеш?”
21. Но Он говореше за храмот на Своето тело.


Значење.

Невидлив дом за невидлив бог е времето т.с. календар, место во кое луѓето ќе доаѓаат за молитва.
Но, каде што има голема фрекфенција на луѓе тоа е добро место за трговците кој домот за молитва го претвориле во место за трговија(продавници, пазари и менувачници)

Исус вели дека ќе го сруши календарот и за три дена ќе подигне нов.
Како што е и напишано никој не сватил што сакал да каже.

И денешните градови на кој столбови им се 12-те месеци од календарот не се дом за молитва туку трговија , се спротивни на општество во кое треба да живеат луѓето.

Урнете го календарот и за три дена нов ќе изградам. :)

„Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.”
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668

3. Ова е волјата Божја: да бидете осветени, да се воздржувате од блудство,
4. и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и чист,
5. а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога,
6. и да не престапува и го измамува во тоа братот свој; бидеји Господ за сето тоа се одмаздува, како што ви зборувавме и сведочевме порано.
7. Оти Бог не нè призва кон нечистота, туку кон светос.
8. А кој го отфрла тоа, тој отфрлува не човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Дух Свети во нас. “
- Посланине до Солунјаните, I

Блудство - In Middle English, also "sex between husband and wife for recreational purposes; idolatry, perversion, heresy." As a crime, formerly classified as single adultery (with an unmarried person) and double adultery (with a married person).
Но може да се однесува и на разните мисли кои го брануваат умот... во секој случај не смеете да имате рекреативен секс со никој! Нема светост во тоа, според новиот завет.

својот сад - телото (раџа јога)
похотна страст - може да се однесува и кон водење љубов но и кон зауздување на умот да не влијае ги разгорува страстите кои се нереални
братот свој - сите луѓе се браќа
Светост - секој бог на Земјата е поврзан со светост
отфрлање на бога - не може да се отфрли, само може да се заборави или затрупа од страсти неконтролирани.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Медуза - грчка митологија

kip-meduze.jpg

Медуза (грчки: Μέδουσα) била една од трите горгони во старогрчката митологија, ќерка на Форкис и Кето. Таа била чудовиште со женско лице, и наместо коса на својата глава имала змии.Медуза и нејзините сестри имале способност со својот поглед суштеството да го претвараат во камен. Се сметало дека таа била најстрашна од сите горгони и единствената смртница.

Медуза била убиена од Персеј, а од нејзината крв се родил Пегаз. Дури и по смртта, таа била опасна, зашто нејзината отсечена глава можела да го претвори во камен секој што ќе ја погледнел.

Извор

Легендата вели дека Медуза некогаш била убава свештеничка на Атена која била проколнат за кршење на заветот за целибатот. Таа не се смета за божица или олимпиец , но некои варијации за нејзината легенда велат дека таа соработува со еден.

Кога Медуза имаше афера со богот на морето Посејдон , Атена ја казнува. Таа ја претворила Медуза во застрашувачко чудовиште кое наместо коса има змии.. Секој кој својот погледот би го насочил кон очите на Медуза беше претворен во камен.

Херојот Персеј бил во потрага да ја убие Медуза. Тој и ја отсекол главата ,користејќи го својот штит како огледало. Подоцна ја користел главата како оружје за да ги претвори непријателите во камен. Сликата на главата на Медуза била поставена на сопствениот оклоп на Атина или прикажана на нејзиниот штит.
Извор

Некои научници веруваат дека нејзината „монструозна“ форма претставува делумно распаднат човечки череп со заби кои почнуваат да се појавуваат низ усните што се распаѓаат.

Извор

310-neshta-shto-ne-ste-gi-znaele-za-grchkata-mitologija-kafepauza.mk_.jpg

Значење.

Со ликот на Медуза во грчката митологија е преставена ВИСТИНАТА.
Персеј ја барал вистината (Медуза) за да ја одбрани својата мајка од непријателите.
За да и ја отсече главата тој го користел својот штит(срце) чисто исполирано во кое можел да ја види како во огледало вистината и да и ја отсече главата.Иако отсечена, вистината не ја изгубила својата моќ на скаменување, така да секој кој ќе го впери погледот кон вистината се скаменувал.
Покажувајќи ја отсечената глава ,тој ги скаменил сите свој непријатели!

Персеј(гол човек), ја вратил главата кај Атина, која ја ставила на својот штит(срце)!

Многу интересно метафора е употребена во грчката митологија.
Страшна е вистината,кој е тој јунак што може да ја погледне во очи? :coffee:
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Пандора (на старогрчки Πανδώρα, што доаѓа од зборовите πᾶν “сè” и δῶρον “дарба”, “сè-надарена”) била првата жена. Според грчкиот поет Хесиод, Пандора била создадена така што секој од грчките богови ј давал необични дарби. Како дел од казната на човештвото поради откривање на тајната за огнот, Зевс му наредил на Хефест да ја обликува Пандора од земја, а сите богови ј давале “примамливи дарби”.[

Според митот, Пандора отворила ќуп (pithos), денес преведен како “Пандорината кутија”, и ги ослободила сите зла на човештвото, оставајќи ја само надежта внатре во ќупот откако го затворила.

На сите добро позната приказна.
Значење.

Ќупот(кутијата) ја симболизира утробата на жената.А штом ја "отворат" (изгубат невиност)од ќупот излегуваат сите зла.Доволно е да фрлите поглед во светот за да видите колку зло роди утробата на жената.
Сепак, жената може да го спаси светот од злото,ако го "отвори" ќупот за да излезе надежта.

Приказната е многу слична со битие и првиот грев,а и Исус кажува, дека постојат две раѓања во животот на човекот.
Првиот е телесен ,а вториот духовен.Важно е дека и двете раѓања ги извршува жената.

Убавината во старогрчката митологија е што користат општи поими како во случов надеж.Со што не се прави селекција по верска основа.
Надежта е дел од секој човек како нешто кое им дава истрајност и вера дека може да се успее.
Но,ако на поимот "надеж" му се даде лик и име, тогаш настанува групирање.

Жена ќе ја роди надежта или со други зборови го раѓа Исус(имиња има повеќе,но мислам дека Кукулкан повеќе му одговара)посредник помеѓу бог и луѓето.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668
1676648154036.png
Оваа книга е во Класа А од изданијата на A.'.A.'. и со тоа е една од „Светите книги на Телема“.​

"Многумина се воздигнаа, бивајќи мудри.
Тие рекоа: „Барајте ја трепетливата Слика во местото кое е вечно златно, и соединетете се себе си со Тоа.“
Многумина се воздигнале, бидејќи биле будалести. Тие велеле:
„Симнете се долу во мрачниот красен свет и бидете венчани со тоа Слепо Суштесво од Слуз“.
Јас кој што сум над Мудроста и Лудоста, се воздигнувам и ви велам:
постигнете ги двете венчавки. Соединетете се себе си со двете.
Внимавај, внимавај, Ви велам, додека го барате едното и го загубите другото.
Моите адепти стојат исправено; нивните глави се над небесата, нивните нозе се под пеколите."
- LIBER TZADDI VEL HAMUS HERMETICUS SUB FIGURÂ XC (преведена на македонски јазик)

Описот на оваа книга во официјалните документи на A.'.A.'. гласи:

“Приказ на Иницијација, и навестување за оние кои се подобни за истата.
XC. Цади значи јадица. ‘ Ќе ве направам рибари на луѓе ‘ “
Liber 207: Кратка содржина на Официјални Инструкции на A∴A∴

Мислам дека стиховите го даваат начинот на иницијација на една индивидуа (патот е секогаш различен бидејќи и искушенијата се различни). И тоа не е целта, туку методот на иницијација.
Го објаснуваат начинот на кој човекот не може ништо да постигне ако не е урамнотежен и ако ги нема разрешено комплеските на неговата најдлабока внатрешност, ако го нема достигнато „пламенот кој што гори во срцето на секоја ѕвезда“ - парафраза од „Книгата на Законот“.

Исто така се предупредува да не се заслепи човек и да го турка едното, а заборавајќи на другата страна и така губејќи го патот низ лавиринтите на своите искушенија и својот универзум.
Како што вели Кроули:

Неурамнотеженоста е зло. Можете да ја погледнете „Книгата на Рамнотежа“ во која многу подлабоко е разработена оваа идеја.
Заслепеноста раѓа фанатизам и се губи патеката која води „навнатре“ или „нагоре“ кон божественото.
Бхакти јога како љубов кон божественото ако се замени со фанатизам - е најлошото нешто што може да се случи на патот!

На крајот стои кои се адептите на новото време: за тоа мислам дека нема потреба од објаснување.

П.С. над Мудроста или Лудоста е поврзано со Дрвото на животот и го дава симболот на оној што е НАД сето ова на Земјата. За ова треба премногу објаснување и потребно е човек да има познавања од кабала и херметичка философија.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Лука 11

23. Кој не е со Мене, тој е против Мене; и кој не собира со Мене, тој растура.

Зборови кажани од позиција на гол Човек кој во приказните е именуван како Исус.
Тој гол Човек е содржан во секој човек, но прекриен со лушпите кој ги собира во текот на животот, името, нација , религија, култура, фолклор и традиција.

Кога би ги отфрлиле тие лушпи, ќе видите дека во секоја духовна филозофија , религија или митологија се зборува за тој гол Човек искажани во различни приказни.
Од исток до запад за "Мене"(Човек) зборат.

По плодовите ќе ги познаете.

Кој не е со Мене, тој е против Мене; и кој не собира со Мене, тој растура.

Растура на евреи, израелци, христијани, кабали, бројки, букви,свети книги .колку лушпи -толку поделби.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668
1679260173919.png

„Тебе кој што сеуште талкаш во Дворот на Профаните не можеме сеуште да ти откриеме се;
но многу лесно ќе разбереш дека религиите на светот се само симболи и превези на Апсолутната Вистина.
Исто како и философиите.
За адептот, гледајќи го ова одозгора, не постои потреба да избира помеѓу Буда и Мухамед, помеѓу Атеизам и Теизам.

Мноштвото се менува и поминува; едното останува.
Исто како што дрвото и јагленот и железото согоруваат во еден голем оган, само ако таа печка има натприродна топлина;
така и во алембикот на оваа духовна алхемија,
ако само зелаторот доволно дува врз оваа печка сите системи на земјата се проголтани во Едното Знаење.

Сепак, како што огнот не може да биде запален само со железо,
на почетокот еден систем може да биде погоден за еден трагач, друг за друг.“


- Liber Porta Lucis svb figura X


Во првата реченица не треба да се сфати тоа како навреда кон оние кои не стапнале на патеката на иницијација! Многупати тука сум зборувал дека иницијацијата е повик од внатре - и за нејзе е одговорен само и само човекот кој го слушнал тој повик или не... никој друг!

Многумина така ја разбираат оваа мисла, како исмевање или надменост на адептот и тоа е апсолутно погрешно, а тоа може да го разберат само ако не ги понесе умот и го прочитаат следниот текст кој што следува: адептот нема потреба да исмева некој или да се чувстува надмоќен или повеќе просветлен во однос на неиницираниот или оној што сеуште шета во дворот на профаните...

Ако го прочитате мојот текст кој што го разработува Големото дело и неиницираните, ќе сфатите дека реално - секој чекор навнатре е просветлување! Секој човек стои сам а под него и над него е бесконечната Бездна за Надминување!

Ако ја гледаш таблата на животот, на системите, на философиите одозгора - реално и нема што да се игра или бира во однос на Земјата :)

Мноштвото постојано се менува... религиите доаѓаат и одат, учењата доаѓаат и одат, системите на уредување на човештвото доаѓаат и си одат (преку војни и крв), иницијациите и искушенијата што е најбитно - се менуваат како што се менува и човештвото! Постојано во позадина едно та исто нешто се предава со еони, постојано исти учења за напредува - само симболите се менуваат во однос на она што го велат адептите: неизговорливото!

Секој што стапнал на патеките на иницијација знае дека многуте системи се создадени и оформени за да одговараат на секој човек и се алатка со која човекот ќе го направи првиот чекор кон излегувањето од дворот на профаните и ќе зачекори на патеката на иницијација, која е служење! :)

Затоа и во „Книгата на Рамнотежа“ стои стих кој што вели, ќе парафразирам: „во вистинските религии не постојат секти. Внимавајте да не го колнете името на богот кои другите го препознаваат неизговорливото“

Ќе праша некој зошто не отворено за тоа „неизговорливо“ нешто, туку со симболи... одговорот е лесен: симболите го содаваат тој систем на почетокот за да не се ограничува трагачот на самиот старт - секој симбол си го наоѓа својот толкувач на патеката кој го води кон следниот симбол...

Тишината е големиот Чувар на Вистината и ништо друго... симболите се само патокази!

На крајот или на средината или некаде по патот се среќаваат осамените адепти и создаваат системи, патокази за идните аџии низ пустината на иницијација!
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Откровение на светиот апостол Јован Богослов (17)
„Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница, која што седи над многу води;
2. со неа блудствуваа земните цареви, и со виното на нејзиното блудство се опија жителите на земјата!”
3. И ме одведе со духот во пустина: и видов една жена како седи на црвен ѕвер, кој што беше полн со богохулни имиња и
имаше седум глави и десет рогови.
4. А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, драгоцени камења и бисери; во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино.
5. А на челото ѝ беше напишано името: „Тајна, Вавилон големиот, мајка на блудниците и на земните гнасотии.”
6. И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и од крвта на сведоците Исусови; и се зачудив многу, кога ја видов.


п.с.Ѕверот кој што го јава блудницата / времето(календарот) е човек со седумте промени од бебе до старец гледани во една целина!
Седумте промени/глави кој ги доживува човек во текот на животот......

Human life can be divided into several stages, each with its own unique characteristics and milestones. The exact number of stages may vary depending on the perspective and cultural context, but generally, human life can be divided into the following parts:

1. Prenatal stage: This stage begins at conception and ends with birth. During this stage, the fertilized egg develops into a fetus, and all major organs and body systems begin to form.

2. Infancy: This stage begins at birth and lasts until around 2 years of age. During this stage, the child learns to crawl, walk, and talk, and begins to develop social and emotional skills.

3. Childhood: This stage begins at around 2 years of age and lasts until around 12 years of age. During this stage, the child continues to develop physically, cognitively, and socially, and begins to acquire more complex skills and knowledge.

4. Adolescence: This stage begins at around 12 years of age and lasts until around 18 years of age. During this stage, the individual experiences significant physical, emotional, and cognitive changes, and begins to develop a sense of identity and independence.


5. Early adulthood: This stage begins at around 18 years of age and lasts until around 40 years of age. During this stage, the individual establishes a career, forms intimate relationships, and begins to take on more responsibilities.

6. Middle adulthood: This stage begins at around 40 years of age and lasts until around 65 years of age. During this stage, the individual may experience physical and cognitive changes, and may begin to reassess their goals and priorities.

7. Late adulthood: This stage begins at around 65 years of age and lasts until death. During this stage, the individual may experience further physical and cognitive decline, and may face challenges such as retirement, loss of loved ones, and declining health.


10 рогови се прстите на рацете со кој човек прави добро и лошо.
Времето е таа "жена" која ја носи човек на својот грб.

Во откровение се зборува за многу едноставни работи,но не можете да се видите себеси во една целина од своето раѓање до својата смрт, туку мислата ви е моментална од периодот во кој постоите , носена со временски интервали од минато, сегашност и иднина.
Не така, умот надвор од времето да биде и погледнете.

Времето е "мајка" на блудниците и земните гнасотии, затоа во срцето на човек ќе му биде всаден гнев со кој ќе ја распарчат таа блудница.

"Излезете" од времето за да не загинете е пораката која ја носи откровение, бидејќи доаѓа ново небо , новиот Ерусалим во кој нема сонце и месечина(нема симболи според кој се пресметува времето).
Најдете ја светлината , новото небо во вас внатре.
Ако не, гневот во срцето ќе расте.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
Во старогрчката митологија, Атена (грчки: Ἀθηνᾶ, Athēnâ, или Ἀθήνη, Athénē; дорски: Ἀσάνα, Asána; латински: Минерва) била божица на цивилизацијата, т.е. на мудроста, женските вештини, ткаењето, занаетот и дисциплинарните страни на војната (насилството и крволочноста биле Аресов домен). Нејзиниот пандан во римската митологија била божицата Минерва. Според некои толкувања, името Атена претставува инверзија од Анате, што на сумерски значи „Кралица на небото“. Најчесто се претставува со шлем, копје и штит со главата на Медуза.
il_570xN.2730869823_l2dx.jpg

Атинината мудрост се поврзува со техничкото знаење потребно во ткаењето, металургијата, но исто така и со лукавоста (метис). Нејзини симболи се утот и маслиновото дрво. Првите приказни за Атини зборуваат за неа како божица на птиците. Првобитно е замислена како божица со крилја, а дури и во некои митови и самата била птица - ут. Затоа е чудно што подоцна во митовите, нејзините пораки доаѓаат преку орли, соколи и сл. Нејзината најдобра пријателка е Ника, божицата на победеата. Атина се појавува како заштитничка на многу грчки јунаци, вклучувајќи ги Херакле, Одисеј и Јасон.

Извор

Значење!

Позади ликот на старогрчката божица Атина се крие умот, но не билочив ум, туку божјиот ум.
Самата приказна кажува се.
Родена од главата на Зевс, името и е "Божица на небото" место каде "летаат" мислите ,затоа се појавува како птица.
Преставена е со шлем на главата, копје во раката(машки концепт) и штит со глава од Медуза(вистината).

Никогаш не била мажена, што кажува дека не припаѓа никому , со што никој нема да "зачне" во неа било каква идеа-мисла од која ќе се "роди" нешто.
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
308
Поени од реакции
134


Библијата е нај правилна.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668
Библијата е нај правилна.
Сето ова супер, библијата закон, другото е ужас ама пред да пишуваш на тема, прочитај со која цел е отворена и што е самата тема!
Ете што е напишано на почеток:

Едноставна тема во која секој кој има свое лично толкување за цитати од било која духовна книга може да го напише тука.

Убаво е да се слушнат различни толкувања кој произлегуваат од лични доживувања , сваќања и размислувања.
Значи тука ти си бираш цитат од библијата или што и да е и кажуваш од „Лично искуство“ нели, што ти разбираш и како тоа највистински е кажано во библијата!

Тука бараме тои мисли, што ти мисли умот за овие нешта....

Благодарам за вниманието :)

П.С. Дури и авторот на темава понекогаш промашува и си толкува и митологии, што немаат врска со свети книги во денештно време, ама пак ајде, така се малку освежува темата дека сепак паганизмот не е заминат :)
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
П.С. Дури и авторот на темава понекогаш промашува и си толкува и митологии, што немаат врска со свети книги во денештно време, ама пак ајде, така се малку освежува темата дека сепак паганизмот не е заминат :)
Хепта, и митологијата произлегла од духовни приказни во кој се раскажува за богови, полубогови, титани и други суштества кој се плод на духовно расудување.

Ликот е перде позади кој се крие одреден поим од секојдневниот живот на секој човек.

Се менуваат само приказните и имињата од Зевс, Атина,, Кербер, Медуза до Мојсе, Исус, Митра, Кукулкан и др.а човекот со своите промени , емоции и спротивни вредности од својот живот е ист.
За жал повеќето го живеат името,нацијата, културата и традицијата во еден општествен систем во кој диховноста е филозофија и религија која треба да се следи , наместо да се доживува.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.668
Ако тоа е твое лично убедување - ок, темата е за тоа, секој да си каже што мисли за нештата поврзани со светите книги - нема да дебатираме за тоа...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.488
Поени од реакции
1.061
"Излезете" од времето за да не загинете е пораката која ја носи откровение, бидејќи доаѓа ново небо , новиот Ерусалим во кој нема сонце и месечина(нема симболи според кој се пресметува времето).
Најдете ја светлината , новото небо во вас внатре.
Ако не, гневот во срцето ќе расте.
Исаија 60
19. Нема повеќе сонцето да ти биде видело на денот, ниту сјајот на месечината – ќе ти свети; Господ ќе ти биде вечна светлина, и твојот Бог – твоја слава.
20. Нема да заоѓа веќе твоето сонце, ниту твојата месечина ќе се потемнува, зашто Господ ќе ти беде вечна светлина; ќе се свршат дните на твоето тагување.

Откровение 22
5. И ноќ нема да има таму, и не ќе имаат потреба од светило, ниту од сончева светлина, бидјеќи Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе царуваат во веки веков.

Сите пишувале за едно исто.
А тоа е , временскиот интервал кој е сраснат во мислата на човекот како бариера , може да се надмине.

Мислата треба да има вакво движење,каде главата на змијата е движечка сила на животот во кој нема крај(смрт)
ouroboros.png.jpeg

А не вакво , каде постои минато , сегашност и иднина. Има крај-смрт.
istockphoto-1043110674-1024x1024.jpg


Пета книга Мојсева 30
19. Ви сведочам денес со небото и со земјата: живот и смрт ти предложив јас, благослов и проклетство. Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое:
20. да Го сакаш Господа, твојот Бог, да го слушаш гласот Негов и да се приврзеш кон Него, зашто тоа е твојот живот и долгоденствие; така ти ќе живееш на земјата, за која Господ Бог им се беше заколнал на татковците твои – Авраама, Исака и Јакова, дека ќе им ја даде.”
 

Kajgana Shop

На врв Bottom