Тоа што не ме убива, ме прави посилен

С

Сатори

Гостин
~*~

Барав, барав слична тема, ама ќе да нема.

Неодамна, негде порчитав: „Важно е да се научи како се паѓа“.
Ова се однесува на луѓето кои не можат да се сносат со проблемите, луѓето кои се научени само да победуваат и да бидат на врвот..
Кога нешто лошо им се дешава, тие ептен запаѓаат во депресии, ептен се разочаруваат од животот, и мислат дека нивното „паѓање“ да речам, е крај на светот.
Според вас, значи, вие, како гледате на проблемите кои ги носи животот?
Како губите?Дали се повлекувате во самите себеси и на некој начин почнувате да тоните, исчезнувате, паѓате во депреси или пак сметате дека сте доволно јаки и не го прифаќате и признавате поразот?

Дали поразот ве ослабува, ве опаѓа или пак ве прави појаки?
Јас сум типичен пример за личност која сака секогаш да е во право и секогаш се да биде по мое, да се доминира во секоја можна веројатна ситуација.
Но во животот не е возможно секогаш да правиме шах-мат, се случува и некој нас да ни ја земе кралицата и да ни го бутне кралот.
Затоа додека бев помлада, постојано плачев, се лутев, викав кога нешто не излегуваше така јас како што сакав, бев депресивна, фрустрирана ...
Потоа сфатив дека од тие битки што ги губам учам повеќе од тие што ги добивам, а искуството е важно во животот и во секоја наредна битка која ќе се одлучиме да ја водиме или некој ќе не турне во неа.
Секогаш мораме да знаеме до каде можеме да летаме за падот да не не убие. :angelcic:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Па зависи каков е проблемот. Ако е нов и тежок нормално е малку да ослабнам се додека не го “рекогносцирам’’ за да подоцна станам посилен и го решам дали со помош или без. Ако е мал и непознат едно искуство повеќе - без губење на силата. Ако е познат го решавам.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Ваква тема ми беше на ум:)
Да, ме прави посилна , во секој случај...Многу имам размислувано за ова...Се што лошо ни се случува, се случува со некој причина, знак од Господ кој не предупрадува да се подобриме во некоја работа, за да продолжиме посилно да чекориме во животот:)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Ме прави посилна и поискусна. :)
Најубаво учиш од сопствените постапки, било да се тие погрешни или не. Ако сега нешто сум згрешила, боже мој па човек сум. Се соочувам со фактот дека тоа завршило неславно, и продолжувам понатаму. Паѓањето во депресија и самоубиствените нагони нема да ми го решат проблемот, а ниту пак другите кои ќе следат по него.
Она што не ме убило, ме прави посилна да продолжам понатаму и да не се откажувам.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ова испаѓа најубаво се учи се да си почувствуваш на сопствена кожа, додека можиш да трпиш...
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Da ,me pravi posilna.Sum doziveala mozebi premnogu porazi,no nedozvoluvam da me ubie nisto,zasto svativ deka ocajuvanjeto i kukanjeto ne go resavaat problemot,tuku samo se gubi vreme i energija i deka koga togas ke mora da stanes i da go prodolzis patot.Toa e zivotot,na nekoi raboti mozes da vlijaes,na drugi ne..Nauciv deka e podobro sto pobrzo da i se pogledne na vistinata vo oci,kakva i da e,da se priznae porazot,makar i sama sebesi ,da se odbidam da ja minimiziram stetata,ako mozam, i da ne doznae nikoj po moznost.Ponatamu se znae,prodolzuvam so nadez deka po dozdot doaga sonce,posilna i poiskusna.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Некако сум пререален човек, па со тоа одамна имам сфатено дека животот е навистина тежок и со повеќе порази отколку успеси. Тоа мислам дека е клучниот момент што од мене направил личност која знае да паѓа и уште подобро да станува.
На проблемите кои ми ги носи животот гледам најнормално. Не сум од камен па ништо да не ме трогнува, нервира или расплакува, но тоа не ме прати долго време. Лесно се враќам во нормала, си наоѓам било каква утеха, па продолжувам да живеам нормално додека не станам и престане да ме боли падот.
Најчесто, ако се наредат повеќе проблеми во еден ден (а често се случува тоа), со стегнати заби трчам дома, се преплакувам со преиспитување на секоја лоша и добра страна од ситуацијата во која сум, си легнувам, па веќе другиот ден сум во ред и најоптимистички настроена, со нови решенија и идеи.
Тоа ваљда значи дека поразот ме прави појака. Не појака во наредните мои реакции, туку појака во себе, да можам полесно да го прифатам другиот до него.
Башка, врежано во мене ми е тоа дека после дождот доаѓа сонце и обратно. Според тоа, во најголемите успеси сум доста приземјена и резервирана, а во најголемите падови сепак позитивна, очекувајќи пресврт, кој секогаш го има.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Па би рекол дека тешко признавам пораз и секогаш ми е крајно криво но не дозволувам тоа да ме уништи.Добивам уште поголеми мотиви за внесам повеќе труд во тоа што сакам да го постигнам.Така да претпоставувам дека ме прави посилен или ако не ме прави посилен тогаш не ме ни уништува.
 
Член од
15 април 2008
Мислења
27
Поени од реакции
0
Секој пад т.е.неуспех го доживувам како можност за ново издигнување...
 
Член од
19 февруари 2008
Мислења
103
Поени од реакции
1
ako nekogaš na životniot pat padneš, stani istresija prašinata i prodolži ponatamu, zatoa što ne gubi onoj što padnal tuku onoj što ostanal da leži.

taka da ova e čista vistina-od iskustvo zboruvam
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
И мене оваа мисла не знам зошто ама многу често ми се врти во памет.

Некако ми стана мото со кое во последно време со кое живеам и ги совладувам препреките во животот.

И сигурен сум во тоа дека она што нема да ме убие дека дефинитивно ќе ме направи посилен, искуството и секојдневните ситуации ми потврдуваат дека е тоа така.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.782
Поени од реакции
11.336
Аха, мотивира ова нема што, покрај толку неуспеси и шитови мора да се оди пожустро спрема нив за да нема грешка, неуспех како минатиот пат или сл...:) Ме прави посилен, нема лабаво
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
36
Поени од реакции
2
Toa sto me ubiva me pravi posilen iam citano takva kniga i otkako ja procitav mi bese moto pa se do sega mislam suste mi e.To4no e vo sekakva misla na zborot spored mene zatoa sto koga bev pomala toa sto me ubivase me dokraj4uvase i dolgo vreme ne mozev da se izle4am dodeka vremeto ne go napravese svpeto no otkako uvidof mn raboti svativ deka nikoj i nisto ne mozi da me padni na dnoto zatoa sto kolku poveke se trydat da me boli tolku sum posilna i imam pogolema zelba da ima dokazam deka ne mi mozat nisto so sekoj nov udar straiot veke zaginal isto kako da go nemalo.Nau4iv da ne se nerviram za nisto onbaka smirebo da gi prifakam predizvicte i problemite kako da se sekojdnevie a na onie sto sakaat da me gledaat unistena ne im go pokazuvam toa go 4uvam vo mene i nikogas nema da im dozvolam da mi ja vidaat slabosta i bolkata moja a so toa sto ja ignoriram taa poleka isceznuva taka da spored mene to4no e Toa sto me ubiva me pravi posilen se do vrvot koga veke nisto nema da dopira do tebe koga ke otrpnis na bolka...
 
H

HCL

Гостин
What does not kill me, makes me stronger.
Friedrich Nietzche, Twilight of the Idols, 1888

Оваа реченица може да биде сватена на многу начини.
Убаво си рекол Ниче. Не е проблемот само околу тоа ако си паднал па ај сега дали ќе се кренеш. Туку и дека ако нема негативни работи, нема да има ни позитивни. Нема да знаеш што да ојачаш во себе доколку не се видиш неуспешен во тоа подрачје.

Него ај да не филозофирам, ќе треба 5 страни за ова да ги затупам, башка повеќе би требало да одат во филозофија него ли тука.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ниту еднаш до сега не сум паднала во депресија зарада пораз, а сум ги имала доста. Нити сум се чувствувала лошо ради тоа. Само ми доаѓала нервоза и сила за нареден пат да победам. Кај мене во животов нема победа-пораз-победа...,
кај мене е пораз па пак пораз па пак пораз ама кој ќе дојде после победа ептен е брилијантна...Таква сум, секогаш одам во екстреми. Затоа не паѓам во депресија. Битно е да на се откажуваме. А и среќна сум заради поразите што сум ги доживеала затоа што со секој пораз сме поблиску до победата и од секој пораз извлекувам искуство плус, а за мене искуството е многу поважно од победата. Победата кога тогаш ќе дојде.Не може се да биде црно, така функционираат нештата ама искуството пак не може да дојде во секој момент. Затоа сум среќна за секој пораз што сум го доживеала.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom